|
Светот помеѓу двете светски војни |
Внеси реплика |
Автор | |
deefacto
Нов член Регистриран: 02.Февруари.2011 Локација: Italy Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 02.Февруари.2011 во 14:51 |
По поразот во Првата Светска Војна, Германија била принудена да го потпише Версајскиот договор во 1919, со кој морала да отстапи околу 14% од својата територија, била обврзана да се откаже од анектирање на туѓи територии и да го ограничи бројот на војници во сопствената армија на 100.000 војници, со што и официјално бил означен крајот на Првата Светска Војна, тогаш уште попозната како Големата Војна, војната што се сметала за војна што ќе стави крај на сите војни. Во 20 годишниот период од 1919 до 1939 светот претрпел огромни измени, особено на политичката сцена.
СССР По поразот на Руската Империја во Првата Светска Војна во 1917 во Русија се случиле двете руски револуции кои што ќе остават траен белег врз светот не само во 20 век, туку општо во целата историја не само на Русија и Европа, туку и врз историјата на целото човештво: Февруарската буржоаско-демократска револуција, со која царот Николај II бил принуден да абдицира и официјално бил ставен крај на повеќе од 200 години старата Руска Империја, и Октомвриската социјалистичка револуција, со која во Русија на власт дошле Болшевиците предводени од страна на Владимир Илич Ленин, по што бил создаден Сојузот на Советските Социјалистички Републики или СССР, уште попознат како Советски Сојуз. По смртта на Ленин во 1924, власта во СССР ја превзел еден од најбруталните диктатори познати општо на целото човештво, Јосиф Висарионович Сталин. Италија и Јапонија Во Италија дошло до првата појава на фашизмот по доаѓањето на власт на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини по Маршот на Рим во октомври 1922.[3] Во Кина, десничарската партија Куоминтанг започнала кампања за унификација на Кина. Унификацијата завршила кон средината на 1920-те, по што следела граѓанска војна помеѓу Куоминтанг и нејзините некогашни сојузници, кинеските комунисти. Граѓанската војна и неединството меѓу Кинезите биле искористени од страна на Јапонија, која што во 1931 го искористила Мукденскиот инцидент како повод за да ја окупира богатата кинеска област Манџурија, каде што ја формирала марионетската држава Манџуко, уште попознато како Пацификација на Манџурија, како своја база за окупирање на Кина,што требало да биде првиот чекор на Јапонија кон воспоставување на доминантна власт во Азија. Јапонската агресија врз Кина продолжила и во 1932, а особено во 1937. Германија 1934 1935 Германски војници на собири во Нирнберг во 1934 (горе) и во 1935 (долу). Во Германија, гневот од поразот во Првата Светска Војна, Големата економска криза од 1929 и невработеноста биле вешто искористени од страна на Адолф Хитлер и неговата Национал-социјалистичка работничка партија на Германија уште попозната како Нацистичка партија на Германија. И покрај неуспешниот обид за државен удар во 1923 од страна на Хитлер и нацистите, ефектите од економската криза од 1929 сеуште биле свежи, што предизвикало незадоволство кај германскиот народ и несогласување помеѓу политичките партии во Германија, поради што на парламентарните избори во јули 1932 нацистите и комунистите освоиле мнозинство од 52% од пратеничките места во Рајхстагот, поради што претседателот на Германија Паул фон Хинденбург морал да му даде мандат на Хитлер за да формира влада со што Хитлер станал канцелар на Германија. Во 1933 зградата на Рајхстагот била запалена, што било искористено од страна на Хитлер и нацистите за да ги обвинат комунистите и за да се забрани Комунистичката партија на Германија. Хитлер го убедил претседателот фон Хинденбург да потпише серија законски акти со кои што биле суспендирани повеќето граѓански права загарантирани со Уставот на Вајмарската Република, била воведена таканаречена "заштита" од комунистичките водачи, а еден од тие законски акти бил и таканаречениот Овластувачки акт, со којшто владата на Хитлер се стекнала со законодавни моќи. Во март 1933 Хитлер распишал нови парламентарни избори на кои што нацистите освоиле 43,9% од пратеничките места во Рајхстагот и заедно со нивните националистички сојузници имале мнозинство од 51,8%. Во јули 1933 бил усвоен актот со којшто бил укинат повеќепартискиот систем во Германија, а Нацистичката партија била прогласена за единствена политичка партија во Германија, со што Германија станала еднопартиска држава. По смртта на претседателот фон Хинденбург во август 1934, Хитлер си ги припишал на себе и ги превзел неговите претседателски права и обврски и се прогласил себеси за Фирер (водач) на Германија. Хитлер ја одржувал својата диктаторска позиција и власт во Германија преку тајната полиција Гестапо и паравоените формации СС и СА. По осигурувањето на власта во Германија, Хитлер започнал кампања за вооружување и подготвување на германските вооружени сили за подолго војување.[5] Ова ги загрижило Франција и Велика Британија кои што и онака изгубиле многу во Првата Светска Војна исто како и Германија и Италија.[6] За да се осигураат дека Италија нема да влезе во сојуз со Германија, Франција и дозволила на Италија да ја окупира Етиопија. Но ситуацијата станала сериозна кога во 1935 Хитлер ја вратил Сарската област под германска власт, која што била окупирана од страна на Франција со помош на Велика Британија во 1920. Со враќањето на Сарската област под германска власт, Хитлер прекршил една од точките на Версајскиот договор, која што гласела дека Сарската област треба да биде под управа на Друштвото на народите 15 години, по што требало да се одлучи дали ќе и биде вратена на Германија или ќе и припадне на Франција. Верувајќи дека ќе ја воздржат Германија од понатамошни освојувања, Франција, Велика Британија и Италија го формирале Стрезкиот фронт. Советскиот Сојуз, загрижен поради германските цели за окупирање на територии и од источна Европа пристапил кон договор за меѓусебно помагање со Франција. Но договорот никогаш не стапил насила официјално бидејќи бил заглавен во бирократските лавиринти на Друштвото на народите.[7][8] Во 1935 Велика Британија потпишала независен поморски договор со Германија со кој дошло до олеснување на германската морнарица од одредени обврски кои што произлегле од Версајскиот договор. Забележувајќи ги историските промени во светот, САД прогласиле неутралност со Неутралниот акт усвоен во август 1935, со којшто ја ограничиле помошта за своите сојузници во Европа и Азија.[9] Во 1923 Италија се обидела да го окупира островот Крф, а во 1924 го анектирала градот Риека. Во октомври 1935, Италија ја окупирала Етиопија со политичка поддршка од Германија, по што ги повлекла своите приговори кон Германија за да ја користат Австрија како сателитска држава.Во 1939 Италија ја окупирала и Албанија.Во целост спротивно на Версајскиот договор и договорите од Лоцарно, Хитлер ја ремилитаризирал Рајнската област во март 1936, на што наидел на многу мала реакција од останатите европски држави.Во 1938 Хитлер извршил присилно присоединување на Австрија со Германија, уште попознато како Аншлусот на Австрија.Исто така во 1938 Хитлер побарал Чехословачка да им загарантира поголеми граѓански права на германците кои што живееле во Судетската област, што го искористил како изговор за да ја окупира, за што добил амин и од Велика Британија, Франција и Италија со Минхенскиот договор потпишан во септември 1938 во Минхен, Германија, без присуство на претставници на Чехословачка.Подоцна, во март 1939 Хитлер ја окупирал цела Чехословачка. Со почетокот на Граѓанската војна во Шпанија во јули 1936 Хитлер и Мусолини го поддржале фашистичкиот генерал и иден шпански диктатор Франциско Франко и неговите сили во неговата војна против шпанската република поддржана од страна на Советскиот Сојуз. И двете страни ја искористиле војната за да ги тестираат најновите оружја и методи на војување. Двосмислената и доста помала помош од страна на СССР за шпанската република наспроти огромната воена помош од страна на Германија и Италија за Франко му ја донеле на Франко посакуваната победа во 1939 по што се прогласил себеси за регент на Шпанското кралство, ги укинал сите политички слободи, како и националните слободи на народите на Каталонија и Баскија. Со зголемувањето на тензиите следувале обиди за консолидирање помеѓу Франција, Велика Британија и СССР, кои што не завршиле успешно, во главно поради несогласувањата на Полска со ставовите на трите држави. Во овие околности, во август 1939 била склучена советско-германската спогодба за ненапаѓање, уште попозната како Договорот Молотов - Рибентроп,потпишана од страна на министерот за надворешни работи на СССР, Вјачеслав Молотов, и министерот за надворешни работи на Германија, Јоаким фон Рибентроп. Од друга страна, Германија и Јапонија ги зацврстиле пријателските односи и меѓусебната соработка, уште попозната како оската Берлин-Токио, прво со потпишувањето на Анти-Коминтерниот Пакт во ноември 1936 верувајќи дека комунизмот и Советскиот Сојуз се опасна закана за нив. Подоцна во мај 1939 бил потпишан Челичниот Пакт помеѓу Германија и Италија со што се зацврстиле пријателските односи и меѓусебната соработка помеѓу Германија и Италија, уште попозната како оската Берлин-Рим. Ваквиот сојуз бил потврден во септември 1940, кога Германија, Италија и Јапонија го потпишале Тројниот Пакт, со што станал уште попознат како оската Берлин-Рим-Токио. Од друга страна во 1937 Куоминтанг и кинеските комунисти се согласиле на привремен прекин на огнот во кинеската граѓанска војна поради јапонската агресија. |
|
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Браво эа напишаното - во кратки црти објаснето - браво!
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |