|
Захарија Василева Шумљанска |
Внеси реплика |
Автор | |
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 21.Март.2010 во 09:15 |
Захарија Василева Шумљанска е родена на 15 мај 1864 година во село Могила, битолско. Завршила гимназија во Пловдив во 1885. Долгогодишна учителка е во Воден, Едрене, Скопје, Солун и др. Ја помага ослободителната борба на населението во Македонија. По Илинденското востание организира сиропиталишта за децата на настраданите дејци во востанието. По Балканските војни живее во Софија и активно се занимава со добротворна дејност. Умира во 1937 година. Од времето кога беше во грчки затвор. Домот за сираци во Битола Захарија Василева-Шумљанска (1864-1937), која со својата енергичност, иницијативност, решителност и добротворната хуманистичка дејност зад себе остави неизбришливи траги. - Таа е основноположник на дом за сираци и дом за старци во Битола, веднаш по Илинденското востание, болница во Солун за време на Балканските војни и дом за сираци во Софија за илјадната емиграција од Македонија. Таа била покровителка и заштитничка на бездомните, гладните, сираците, болните, затворените, страдалниците. Таа не се задоволила само со учителскиот позив, туку дејствувала и формирала здруженија преку кои се овозможувало да се пројави секаква побудна иницијатива - вели Миновски. Захарија Василева-Шумљанска е родена во битолското село Могила. По завршување на учителската школа, работи во Воден, Скопје, Одрин и Солун. По женидбата со полскиот емигранг - австрски државјанин Јулијан Шумљански, наставник по природни науки во Солун, Серез и Битола, таа го формира домот за сираци во Битола наречен Сиропиталиште. Миновски успеал да разоткрие и низа други нејзини активности за згрижување на сиромашните. - Захарија како да била предодредена да биде иницијатор за преземање на сеопшта хумана и добротворна акција на несреќниците да им ги ублажува страдањата. И таа сама го има забележано следното: "Имав силна желба да работам за ублажувањето на горката судбина на бедните сираци, на кои штом помислував сакав да преземам се за да ја ублажам нивната положба". Захарија најпрво се обратила кај еден од највидните авторитетни битолчани, Николаки Робев, познат трговец и активен културен деец во борбата за употреба на свој јазик во училиштата и црквата. Тој не само што ја одобрил нејзината намера за отворање дом, туку ја задолжил својата ќерка Василка да и помага во работаат во која подоцна се вклучиле и битолчанките Дорева, Мирчева, Хололчева, Пенџеркова, Марија Џаконица, Екатерија Кецкарова, Донка Маџарова. Во почетокот во црквата "Св. Богородица" била отворена трпезарија во која се делеле бесплатни оброци за сите болни деца од градот. За да нема пречки во собирањето на доброволни прилози од страна на власта, Захарија добила одобрение од валијата Азим Беј, кој дури и дал доброволен прилог - пет турски лири. Во почетокот на 1906 година, трпезаријата била добро организирана и редовно давала оброци за сираците и бедните ученици, но Захарија започнала да размислува и планира за уредување на дом за сираци - сиропиталиште. Таа се движи насекаде и бара доброволни прилози кај фурнаџиите, касапите, рибарите, бавчанџиите. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нејзиниот сопруг Јулијан Шумњански по потекло од Полска инаку професор по биологија. Домот за сираци во Софија отворен по првата светска војна. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Каснакоски
Сениор Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Oд Тома Николов. „Спомени од моето минато“
Za Zaharija http://kroraina.com/knigi/tn/tn_38.html Celata kniga http://kroraina.com/knigi/tn/index.html Изменето од Каснакоски - 21.Март.2010 во 09:28 |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А од некој друг немаш,пример нејзините спомени ама од книгата„Борбите во Македонија и Одринско 1878 -1912 година„ во оригинал а не од овој сајт. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од весникот "Илинден", март 1938:
|
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Преснех спомените на Захариjа Шумльанска набрзо. Дано да е четливо:
Малце ги поправив... Изменето од чоли - 21.Март.2010 во 13:30 |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sekoja cest na ovaa golema humana licnost.
Bitola i e dolzna za nejzinoto delo. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |