IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Mакедонската мафија?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Mакедонската мафија?

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Mакедонската мафија?
    Испратена: 21.Јануари.2010 во 17:19
Бомби, „зољи“, престрелки и сериозни пораки на мобилни телефони допрва ќе има бидејќи актуелната минивојна во скопското подземје ќе се разгори. Се очекува нападнатите, кои имаат и доволно луѓе и доволно оружје, да го возвратат ударот. Овие црни предвидувања беа искажани вчера од речиси сите наши извори. И оние во безбедносните структури и оние во подземјето. Според нивните кажувања, од лихварство и трговија со дрога скопското подземје секој месец инкасира и по неколку стотини илјади евра.

Тоа е една од причините поради кои деновиве настана пресметката за борбата за превласт и примат во подземјето. Во моментов во Скопје има неколку организирани криминални банди, од кои три се издвојуваат по својата моќ. Тоа се „арачиновците“, на Зија Асани, кои се држат на страна во овој судир и се реорганизираат и ги засилуваат своите редови, кои беа разбиени по неколкуте судири со противниците, но и во полициски акции. Според полициски извори, токму криминалната група на Џелал Ајети - Џељо, која неколку години беше најмногубројната и најсилна банда и правеше најмногу профит, е цел на овие пресметки. Од другата страна се групите околу Кољо Николовски, познат како Кољо Американац, и бандата од Дуќанџик, каде што како лидер се споменува Орхан Бајрами, која се формира пред неколку години и се занимава исклучиво со трговија со дрога, а сега си бара поголем дел од „колачот“.

До пред неколку години во Скопје постоеја уште три криминални групи, кои и поради полицијата и поради меѓусебните пресметки со криминална и политичка заднина, веќе не егзистираат на „сцената“. Тоа се кондовците на Агим Красниќи и нивните „лути“ ривали, бандата од Грчец под водство на Арслан Нуиши, кои беа експерти за изнуда и за кражби на луксузни возила. И уште една група, која веќе ја нема, беше лоцирана во Чаир и се истакнуваше по својата „храброст“ со продавање на дрогата на снабдувачи од Арачиново и во еден момент се „осамостои“. Оваа група беше и првата што влезе во отворен конфликт со арачиновскиот бос Асани и во престрелката на паркингот кај ТЦ „Мавровка“ ликвидираше еден од неговите синови. Одмаздата беше жестока. Повеќето од нив настрадаа во пресметки со ривалите и со полициските „алфи“, а извесно време беа и приоритет на МВР, кое уапси неколку члена и успеа да ги уништи. Некои од нив се приклонија кон тие што географски им беа најблиску - Дуќанџик. Токму крвавиот масакр во интернет-кафуле во Чаир, каде што беа убиени три деца, а ранети уште седум, беше одмазда за убиството кај Мавровка.

Она што произлегува само по себе е дека во Скопје навистина нема место за толку банди. Особено што некои ги загубија рудниците со пари откако беа затворени повеќето казина во градот, а рекетот почна да биде сé помалку исплатлив. Затоа сите се свртеа кон трговијата со дрога и по некое парче оружје.

Во моментот во јавноста се вртат две имиња како учесници во последните пресметки во скопското подземје, Џелал Ајети и Кољо Американац. Ако за Ајети и е познато дека е мета на други групи, за Кољо Американац ниту полицијата, ниту пак подземјето потврдуваат дека е втората страна во оваа војна. Тие не ја исклучуваат можноста дека тој соработува со некој од ривалите на Џељо кои во Скопје ги има навистина многу.

Ова е поткрепено со фактот што бомби пукаат во селото Арачиново и во дел од скопската населба Ченто, каде што не може секој ни да прошета, а камоли да постави или да фрли бомба и да си замине незабележан. Нашите соговорници велат дека тоа се лица од странство, Косово и Албанија, најмени од непријателите на Ајети.

Веќе неколку месеци Николовски (Кољо Американац) е надвор од Македонија, така што е многу веројатно дека тој ги влече конците од странство и е во честа комуникација со криминалците во Скопје.

Хронолошки гледано, отворените конфликти почнуваат пред две години со навидум безопасни и случајни физички пресметки, кои малку или воопшто не се третираат во јавноста. На тепачката во кафулето „Тренд“ беше одговорено со ракетирање на домот на Николовски. Следниот инцидент се случи во кафулето „Инсомнија“, кога, случајно или не, беше испукан к*ршум што му откина прст на Николовски. Тоа покрена нова лавина судири. Оттогаш беше и прогласена „воената состојба“, која со прекини од по три-четири месеци трае и денеска.

к*ршумот во „Инсомнија“ беше испукан од пиштолот на Дејан Пановски - Дешо. Подоцна тој беше пресретнат во влезот од зградата во која живеел и во него беа испукани седум к*ршуми. По двонеделна кома тој заздраве од повредите и во моментов се наоѓа на сигурно - во затворот „Идризово“. За оваа престрелка експресно беше осуден скопјанецот Бобан Ѓуровски, и тоа само врз сведочењето на Дешо дека Ѓуровски пукал во него. Следуваше уште една физичка минипресметка во кафуле на улицата Ленинова. Имаше и бомби поставени под автомобилите на Ајети и неговата десна рака и долгогодишен пријател Агим Шерифи. Неколку месеци подоцна се случи исчезнувањето на скопјанецот со прекар Овца, соработник на Ајети, а кратко време потоа Шерифи беше најден мртов на дива депонија над селото Арачиново. Увидот покажал дека се работи за класична ликвидација, бидејќи во него било пукано од близина, и тоа во градите и во главата. Шерифи беше познат по својот темперамент и брзата и лесна рака.

Сево ова финишираше со двете бомби во домот на Ајети и на неговиот близок соработник Јахија Ибрахими.

Најинтересно е тоа што МВР засега се држи на страна. Тактика или што? Наводите за пресметка во подземјето МВР не ги коментира, односно ниту ги потврдува, ниту ги демантира, а за сите наброени инциденти вели дека „истрагата е во тек“.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2010 во 17:20
Оваа е денешен текст од весникот „Нова Македонија„


Што се се случува во Република Македонија?
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2010 во 19:12
И Кољо и Џељо се личности кои долго време функционираат на криминалната сцена во Македонија....
Едно време подржани од владите на СДСМ и на ВМРО, а во последно време под закрила на албанските партии, тие и понатаму си ја вршат својата работа, без никој да проба да им застане на патот....
Искрено, верувам дека правдата сепак постои, и кога тогаш ќе им згазне на опашот на овие криминалци, на еден или на друг начин.....
Повеќето нивни "колеги" и соработници: Коруновски,  Тушевски, Агим Ајети, Пепиќ, Сеат.....и еден куп други веќе платија за своите дела.....намигнување
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.