IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Ѓаволски Ѕид
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ѓаволски Ѕид

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Ѓаволски Ѕид
    Испратена: 15.Август.2009 во 19:08
МАКЕДОНСКИОТ КИНЕСКИ ЅИД
Малку познатитот македонски раритет "Ѓаволскиот ѕид” се наоѓа на петнаесетина километри јужно од Свети Николе, на јужната страна на ниската планина Богословец и покрај самиот десен брег на реката Брегалница. Од магистралниот пат Велес - Штип е оддалечен околу седум километри на југ и до него водат, наЈпрвин макадамски, а потоа излокан земјен пат и од намерникот бараат и добро теренско возило и добра физичка кондиција зашто и најупорните ќе мораат да изодат пеш околу еден километар. Восхитувачката глетка што ќе се отвори пред намерникот ќе биде доволна награда за неговата упорност. Неговата отмена слабо потемнета бела боја, грдандиозниот изглед, неговото мистично молчење без никаква резерва го одземаат здивот на секој намерник, без исклучок. Сино-зелените води на овде немирната Брегалница во неговото подножје, гордото молчење на врвот “Свети Јован” на планианта Богословец, далечните сиви планини само ја дополнуват оваа прекрасна и мистична глетка.

- Ѓаволскитот Ѕид,- ќе запише во своите спомени, пред отприлика сто години, д-р Александадр Балабанов, познат класичен филолог и универзитетски професор во Лајпциг,- е чудо какво не постои во светот, но, ние, Македионците, како и секогаш, не знаеме да ја цениме таа убавина и оригиналност.

Кога во веќе далечната 1970 година, познатиот археолог од Белград Милутни Гарашанин, случајно наиде на овој Ѕид восихитено изјави:
- Ова е неверојатно! Ова е генијално дело, сеедно дали на природата или на човекот! Ова е светско чудо!


Овој импонзантен ѕид е изразито забележителен во должина од петстотини метри во правец на протегањето на “Богослвоец”, и вдолж дес-ниот брег на Брегалница а негови траги можат да се забележат дури и пет километри кон запад. Траги од ѕидот можат да се забележат и на левиот брег на Брегалница кои асоцираат на единсвеност на Ѕидот. Просечната височина се движи од 10 до 12 метри, а широк околу 2 метри. Градбата е изведена со камени блокови со просечна зафатни - на од 4 кубни метри, а помеѓу нанесе-ните камења се наоѓа тенка, црвеникава врзивна материја вешто нанесена од вештиот грдител.



П о т е к л о

Околу потеклото на овој во секој поглед монумент постојат разни гледишта. Дел од науката тврди дека станува за природна појава, односно дека ѕидот настанал со ерозија на околното земјиште. Според нив како “автор” на овој Ѕид е неуморниот неимар - природата, која овде, како ретко каде создала ремек дело. Наспроти ова тврдење има научници кои тврдат дека станува збор за градба, а не за природен феномен. Кон ова тврдење тие го наведуваат фактот дека такви камења како на градбата не постојат во неј-зината околина, потоа неверојатната вештина во градењето и постоењето на тенок врзивен материјал со црвена боја. Истовремено ваквата претпоставка наметнува дилеми околу тоа како се изведувало градењето бидејќи ѕидот се наоѓа на изразито тешко пристапен терен. До него, велат тие, тешко се стиг-нува пеш и донесувањето на огромните камења кои тежат и по четири тона барало и соодветна техника и соодветно умеење на градителите. Всушност, велат бранителите на овааа теза, тоа е еден од елементите што овој Ѕид го прават мистичен.



П р е д а н и е.
НЛО приказни


Наспроти науката кај народот од овој регион постои верување дека градбата е дело на надеземни сили, односно на ѓаволот, па затоа и му дале име - Ѓаволски ѕид.
- Таков Ѕид може да изгради само нечовечко суштество,- на повеќе пати ни изјавуваше стогодишниот и веќе покоен дедо Стројман од светиниколското село Амзабегово.- Да ја прегради Брегалница на тоа место и да изгради толкав ѕид може само Ѓаволот. Може некој да ми се смее од вас младите, ама така е. Човек тоа не може никогаш да го направи.
Според легендата ѓаволот се обложил со Бог дека за една ноќ ќе изгради Ѕид и ќе ја пренасочи Брегалница преку ридот кон Овче Поле и ќе го поплави. Истата ноќ ѓаволот почна да го гради Ѕидот и тоа го правел со таква брзина што немало сомнение дека ќе ја оствари својата цел. Бог, откако видел дека заканата станува реалност и сакајќи да го спречи во намерата, пред време разбудил еден петел кој пропеал, па ѓаволот не успеал до крај да ја остари својата идеја.
- Ако не го разбудел Господ петелот,- дополнуваше дедо Стројман, денес ќе го немаше Овче Поле, ќе го немаше Азмабегово, овде ќе беше езеро.
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2009 во 19:09
Врз темелите на таа приказна се наметнало името Ѓаволски ѕид, кој истовремно ја изразувал немоќта на човекот да ја објасни велелепноста на градбата, да ја означи нејзината мистериозност и да предизивкува стравопочит. Сите тие три елементи кај месното население се присутни и денес.
Исто така, кај народот, во малку подревна форма, постои верување дека овој ѕид е дело на вонземјани и како факт се наведуваат приказни според кои во последните пет децении наводно над овој ѕид биле забележани педесетина НЛО. Пред три години, во повеќе наврати во наши слободни разговори извесен Дедо Иљо од селото Богословец тврдеше дека уште кога бил дете збележувал со неговите другари необични летала што мошне често го надлетувале Ѕидот што предизвикувало страв кај месното население..
- Необичните "ароплани” ги гледаа скоро сите од селото и кришум се крстеја. Не смееја да кажат на никого оти се плашеа да не ги прогласат за луди.
Приказни со НЛО - основа се особено присутни и последниве четири - пет години. Голем број на риболовци и ловци од овој регион се спремни да се заколнат дека мошне често видувале необични летала како го надлетувале Ѕидот, па дури и се спуштале до него.
- Пред три години, - тврди долгододишниот риболовец Злате,- цела ноќ над Ѕидот надлетуваа летала кои не испуштаа никакви звуци и фрлаа необична сина, но продорна светлина. Цела ноќ, од другата страна на Брегалница од страв завиваа волци и кучиња. Утрото додјоа некои непознати луѓе о Штип, најдоа некој необичен метал, го зедоа и си заминаа без збор.
Тоа особено често било во летните месеци, особено Август, најчесто ноќе, иако ги имало и дење. За ваквите необични и чести појави во 2000 година неколку пати се пишуваше и зборуваше и во повеќе медиуми во Македонија и странство.



О п а с н о с т

Кај трагачите на злато постои приказна според која ова е ѕид од римскиот период, односно дека тој крие еден тунел со неверојатно големо богатство. Тој тунел е вцртан и на одредени топографски карти што на наивните трагачи по богатство им ги продаваат вешти измамници од околните земји. Тој тунел, според нив, е главната причина што последните години диви копачи на богатство сî повеќе го посетуваат овој ѕид и го оштетуваат. Последниве две години предмет на вакво опсервирање и активности Ѕидот бил и на одредени НАТО војници кои со хелихоптери често се спуштале крај самиот Ѕид. Во август минатата година медиумтие пишуваа дека еден ваков НАТО- хеликоптер кренал огромна плоча од подножјето на Ѕидот и наводно очевидци тврделе дека при тоа е однесено големо богатвство. Исто така, на повеќе пати се забележани и диви копачи од соседните земји, така што тие стануваат најголемата опасност за состојбата на овој редок феономен.
- Ако не се спречат дивите копачи кои скоро секоја ноќ “вршлаат” околу Ѕидот барајќи измислено злато, наскоро, сосема наскоро тој ќе се сруши од теме,- предупредуваат група вљубеници во овој феномен што го краси дивиот простор зад Богословец.- Во тој контекст Ѕидот треба да биде ставен под заштита како национално богатство, да биде наша гордост.

И, за сето тоа време Ѕидот спокојно им одолева на забот на времето, на опасностите што му ги носи човекот и зрачи со сета своја велелепна убавина, грандиозност и мистериозност што го одземаат здивот и предизвикуваат вистинска стравопочит

Оваа слика е намалена. Кликнете тука за ја видите во оригиналната големина, која изнесува 750x500.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2009 во 19:39
"МАКЕДОНСКИОТ КИНЕСКИ ЅИД"


-a be, ...tuka malo sve изненадување...belosvetsko....koj....(da ne kazam shto.намигнување)..baraat makedoncite ...bilo kade...osven ...tyka!голема%20насмевка


Изменето од brza - 15.Август.2009 во 19:40
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
marco_antony Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11062
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marco_antony Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2009 во 21:08


интересно ...

ние не знаеме што имаме ...

на времето не учеа дека имаме се...
па дека немаме ништо ...

и сега се ни се испомеша...

ама добро е ...
се разбудуваме !!!

                             PARADISE MACEDONIA
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2009 во 23:19
Текстов ти е копиран од кајгана.ком,но за Ѓаволскиов Ѕид нема што да коментирам, бидејќи не сум доволно запознаен.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2009 во 23:44
"Текстов ти е копиран од кајгана.ком,......................"

e pa , shto?,збунетост...se e od nekade kopirano...retko neshto originalno da e...osobeno vo makedonskive mediumi..
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 00:25
Овде можете да најдете повеќе слики.
www.gavolskizid.com.mk
Кон врв
marco_antony Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11062
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marco_antony Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 09:45


Ја погледав страницата и мислам дека ...
НЕМОЖЕ САМ ЗИДОТ ДА СЕ ИЗГРАДИ И ОД ДВЕТЕ СТРАНИ ДА Е
ВЕРТИКАЛЕН !!!

СЕПАК ЕРОЗИЈАТА БИ НАПРАВИЛА ДА БИДЕ ТОА НЕКОЈА ФОРМА
КОЈА НЕМА ДА БИДЕ ПРАВ ЗИД ПО ДОЛЖИНА И ВЕРТИКАЛНИ СТРАНИ
НА ЗИДОВИТЕ ...

ОВОЈ ЗИД,
НАЈВЕРОВАТНО Е МНОГУ СТАР ...
И МОЖЕБИ КАМЕНИТЕ БЛОКОВИ ДА ИСПУКАЛЕ СО ТЕКОТ НА ВРЕМЕТО ...
ЗАРАДИ МРАЗОВИТЕ ...

ИНАКУ СЕ ГЛЕДААТ КАМЕНИ БЛОКОВИ ...
КОИ СЕ СТАВАНИ ВО РЕД ...

КАКО МОЖЕ ДА ИМАМЕ ТАКВИ СТРУЧЊАЦИ КОИ СЕ ЗНААТ ...
ПА И ПРИРОДНО ДА Е ...
ЗАСЛУЖУВА ВНИМАНИЕ ...

СЕПАК ИЗЛЕГУВААТ ВО СВЕТОТ НЕКОИ РАБОТИ ...
КАДЕ НЕ Е ИСТОРИЈАТА САМО 2000 ГОДИНИ ...

ИМАЛО ЦИВИЛИЗАЦИИ И ПОРАНО ...

                             PARADISE MACEDONIA
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 11:31
piramidi?...kineski zid?..svinji..uuppss.намигнување..sfingi?..kolos od rodos?!.збунетост..a, be ajde ...sve e toa..."machji kashalj" ...sprema nashiov fenomenalen zid..изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 12:24
Многу интригантно, супер е ѕидот, ремек дело е.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
aleksandar bt Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 02.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 25
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aleksandar bt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2009 во 18:53
prv pat slusam i go gledam ova i se vosxituvam na ubavinata i mora ova mesto da se poseti
Кон врв
Skopski Mason Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Skopski Mason Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2009 во 12:43
ПРЕКРАСНО место....мора да се види....ова ми даде идеа во октомври да го покажам Ѓаволскиот Ѕид на странски посетители.
Верувај во господ,верата е најмоќната страна...Alexander the Great been Great Freemason
Кон врв
james dean Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4476
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај james dean Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2010 во 00:02


Да, знам за ѕидот... и веќе еве неколку години "се спремам да го посетам".... Навистина е за восхитување...
Тоа е геоморфолошка форма и "чудо на природата", затоа не би требало да се крева околу него погрешна фама за некакви НЛО-а, вонземјани и слични чуда, како што е случајот со Наска и сл....
Но во секој случај ме чуди, зошто еден толку интересен "објект", не е се уште добро проучен од нашите научници...? Објаснувањето на неговото настанување би можела да биде добра докторска дисертација...


Кон врв
MAKEDONCISTE Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 29.Декември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MAKEDONCISTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2010 во 10:27
'KALIPSO ' TIE NE SE IZMAMNICI OD STRANSTVO STO NOSAT MAPI VO MAKEDONIJA TIE TOCNO ZNAAT DEKA IMA BOGATSTVO VO JAVNOSTA VAKVITE MAPI I MUABETI IZLEGUVAAT ODKOGA KE SE SVRSI RABOTATA .VO SITE VOJNI STO POMINALE TUKA OD MK SE IZNESENI GOLEM BROJ ARTEFAKTI ZATOA NIE MNOGU MALKU ZNAEME ZA TIE MESTA , NO NA PRVO MESTO E TOA STONEMAME LUJGE DA GO ISPITAAT TOA TIE SE MALKU I LESNO SE POD PLAJKAAT
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,235 секунди.