IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - ИНТЕРВЈУ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ИНТЕРВЈУ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ИНТЕРВЈУ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
    Испратена: 03.Јули.2009 во 18:25
NAPISETE GO VASETO ISKUSTVO OKOLU INTERVJUTO  ZA VRABOTUVANJE  DOOLKU STE GO IMALE.......

                                                                                                                                                                                                                                                              10 одговори кои треба да ги знаете пред да појдете на интервју за работа...


interview.jpgДенес кога конк*ренцијата е голема, потребно е добро да се подготвите за интервјуата за работа. Не е повеќе доволно цврсто да се ракувате со оној кој ве интерјуира и да направите контакт со очи. Потребно е да се направи динамична апликација и резиме, да направите истражување за компанијата каде аплицирате, да бидете убедливи и да ја развивате способноста да дадете сигурен и убедлив одговор на прашањата кои ќе ви бидат поставени. Иако никој не може да предвиди кои прашања ќе ги постави вашиот потенцијален работодавец, можете да рамислите како би одговориле на оние прашања кои најчесто се поставуваат:

1. Кажете нешто за себе
Вашиот работодавач сигурно не го интересира колку сте тежеле кога сте се родиле, кога сте научиле да ги врзувате чевлите или колку сте испиле претходната вечер. Него или неа ја интересира како ќе се вклопите во компанијата и какво е вашето работно искуство. Можете да одговорите на ова прашање така што ќе го прашате оној што ве интерјуира што тој би сакал да знае или би можеле да зборувате за вашето образование, за тоа дека можете да работите во тим или за она што мислите дека е битно за конкретната компанија.

2. Зошто мислите дека би требало да работите тука?
Иако можеби петмина кои изгледаат поспремни од вас чекаат надвор, мора да звучите убедливо, смирено и компетентно. Објаснете како вашето искуство ве подговило за работата. Нагласете ги квалитетите што мислите дека работодавачот ги бара, како на пр. дека имате исклучителна работна етика или фактот дека брзо учите.

3. Која е вашата најлоша карактеристика?
Специјалистите сугеририраат во овој случај да направите вашата доблест да звучи како недостаток: „Перфекционист сум“ или „Сите викаат дека работам премногу“, но некои сметаат дека ваквите одговори станаа клише. Затоа можете да споменете некоја помала, понезначајна маана како „Мислам дека сум премногу отворен на моменти, но се трудам да го поправам тоа“.

4. Каде се гледаш себеси по пет години?
Дајте му до знаење на оној кој ве интервјуира дека барате стабилно работно место и дека не планирате да го искористите конкретното работно место како привремено решение додека во меѓувреме сте во потрага по подобра позиција. Можете да кажете дека „Би сакал да бидам вработен во мала компанија како оваа, каде ќе можам да учам, допринесувам и да напредувам“.

5. Зошто го напуштивте претходното работно место?
Никогаш не зборувајте за вашиот претходен работодавач и колеги во негативно светло. Не обвинувајте ги нив за вашето заминување. Подобро, дадете некоја позитивна причина, како таа дека сте заминале за да искористите некоја друга поволна прилика која подобро одговара на вашите способности.

6. Опишете како сте решиле некој проблем кој сте го имале во вашиот живот.
Бидете подготвени со краток одговор кој покажува дека сте снаодлив. На пр. „Сакав да одам на приватен универзитет, но моите родители немаа пари, па така работев за да заштедам пари и за да можам да студирам на место по мој избор“.

7. Дали сте имале потешкотии да се согласувате со вашите претпоставени и колеги?
Мора да сте светец, па да сте немале никакви проблеми со луѓето со кои сте работеле. Можете да одговорите со: „Никакви поголеми проблеми. Се трудам да се согласувам со сите.“

8. Како се справуваш со стресот на работното место?
Работодавачот сака да знае дали ќе излеташ од вратата во првиот момент кога работите ќе станат стресни. Запрашајте се себеси дали можете да функционирате со зададени крајни рокови или потребно ви е креативно време за да бидете поефикасни. Размилете околу тоа како се справувате со стресот и одговорете искрено како на пр. „Се фокусирам на работата која ја работам„ или, „Се трудам да најдам слободно време за да вежбам во теретана (за да се ослободам од стресот“.

9. За колкава плата би работеле тука?
Наместо да кажете некоја точна бројка, кажете дека очекувате да добивате она што е стандардна плата за конкретното работно место.

10. Дали сакате да ме прашате нешто?
Секогаш имајте пар прашања. Тоа покажува дека сте направиле истражување претходно за компанијата. Прашајте нешто за моменталните проекти или проблеми на компанијата.задоволство



Изменето од bijonse1 - 03.Јули.2009 во 19:46
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2009 во 10:03
i na kraj , OBAVEZNO prilozete fotokopija od clenskata kniska na partijata civ clen ste i sekako , koja partija e vo momentot na vlast голема%20насмевка

Изменето од miroslav_g8 - 04.Јули.2009 во 10:04
Кон врв
defma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 716
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај defma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2009 во 20:28
добри препораки сигурно ќе ни бидат од корист

Изменето од defma - 05.Јули.2009 во 20:28
Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2009 во 14:21

   Над 50 македонски професионални консултанти во изминатите шест дена посетуваа интензивната  обука за сертифицирани менаџмент консултанти што заеднички ја организираа Проектот за конк*рентност на УСАИД и ТАМ-БАС програмата на Европската банка за реконструкција и развој.

Со тоа им се отвора можност да се стекнат со звањето „Сертифициран менаџмент консултант“ - СМК, што претставува доказ за највисоки стандарди во областа на консултантството и придржување кон етичките норми на професијата. Него го поседуваат помалку од 1 отсто од сите консултанти во светот.

- Македонскиот пазар има свои предизвици, а компаниите бараат нови начини на работа со кои ќе конк*рираат на светскиот пазар, што пак ќе создаде можност за нови вработувања. Затоа се потребни работници со знаење да формираат нови критериуми поради што се спроведе обуката со која се претставија меѓународно прифатените стандарди во консултантската професија. Тоа е особено важно со оглед на потребата за развој.

   И ова си треба..


Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
lilica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 548
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lilica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2009 во 14:58
EEEE, моето искуство кога бев на интервју: Се придржував на сите правила и прописи, и ме повикаа да работам, па излезе дека бараат луге само за семинар, да слуша, а да не добива плата! Затоа е убаво да си љубопитен и дрзок на моменти!
Кој бара ќе најде.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2009 во 15:02
..mene me biraale po lepota,ne mi trebalo intervju..!samo me prasa taa....zenet si?плазење
 
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2010 во 17:52
За да има содржинско интервју треба најпрво работодавецот да е професионален и да не е многу пристрасен при одбир на вистинскиот кандидат.
Од моите досегашни искуства со интервјуата најпрепорачливо е да се биде многу спремен кога се оди на разговор и твојот пристап да биде сигурен и непоколеблив. Многу мислење и думање не помагаат.
Човек треба да знае да се снаоѓа но не и да измислува нешта кои никогаш не ги искусил на работно поле.
Треба да се презентираш во најдобро светло, но притоа да не ја изгубиш скромноста. Никој не ги сака фалбаџиите.
Точно и прецизно треба да ги наведеш своите квалитети и способности кои се совпаѓаат со описот на работното место и да знаеш каде си дошол да бараш работа и за колку пари.
Треба да се биде ентузијастички и позитивно настроен, што не значи дека треба да рипаш како мајмун околу оној што те интервјуира и да го опсипиваш со непотребни комплименти.
И секогаш на крај треба да дадеш ветување дека ќе го дадеш најдоброто од себе како работник и да останеш доследен на тоа.
Ако ја добиеш работата треба максимално да се потрудиш да го оправдаш нивниот избор.
И никогаш не лажете на Си-ви-то, кога-тогаш ќе ве фатат на дело, освен ако добро не знаете да ги прикривате лагите. За вакво нешто треба да си махер и да си убеден во сопствените лаги.
Луѓе изгубиле и работа затоа што имаат наведено неисправни или лажни информации при конк*рсот и на интервјуто.
Ако работодавецот е правичен и ако вашите мотиви се искрени и навистина сакате да ја добиете работата, среќата ќе најде начин да ги замеша прстите освен ако немате масовна конк*ренција од луѓе кои се исто толку добри ако не и подобри од вас. Тогаш е тешко ама битно е да се искористи шансата. Секое интервју повеќе ти дава увид за профилот на работникот кој е во побарувачка и како треба да настапиш наредниот пат доколку не си бил успешен на претходниот разговор.


Изменето од Glenn - 17.Јули.2010 во 17:59
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
gOJDO Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Јули.2010
Локација: Eritrea
Статус: Офлајн
Поени: 115
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gOJDO Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јули.2010 во 09:40
Добри препораки, освен онаа под број 9:
Цитирај 9. За колкава плата би работеле тука?
Наместо да кажете некоја точна бројка, кажете дека очекувате да добивате она што е стандардна плата за конкретното работно место.


За жал кај нас, многу ретко газдите знаат да го ценат и валуризираат трудот на работникот. Ако не ја договориш платата ќе бидеш сватен како идеална прилика за експлоатиран за бадијала. Сумата која ќе ја договориш на почетокот е во принцип онаа која ќе ја земаш, евентуално некое незначително покачување по некое време.

Патем, секогаш треба да се има во глава сумата за која сакаме да ја работиме работата за која аплицираме. Посебно кога од едно работно место одиме на друго.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.