|
Мила Искреновиќ? |
Внеси реплика |
Автор | |
Tanjuska
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 120 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 02.Март.2009 во 12:45 |
Ајде некој нека ми каже каде може да се прочита нешто за кандидатката за градоначалник на Карпош, Мила Искреновиќ,знам само дека и Ранко Буба Мара бил носител на листата
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Барајќи нешто за Мила Искреновиќ, прочитав дека била еден од авторите на проектот „Крушево етноград“ .
Еве еден текст за неа од Утрински: Шармантната и енергична млада дама, Мила Искреновиќ, како независен кандидат ќе се обиде да ги освои симпатиите и гласовите на граѓаните. Нејзиното работно искуство во Швајцарија, во архитектонското биро на Херберт Полигер, каде што го “испекла” занаетот, и помогнало многу во нејзината работа во земјава како урбаниста - планер. “Ја познавам територијата на Скопје и проблемите во однос на градежништвото, организацијата на домувањето, каде треба да одат парите и што е приоритет во градот”, вели таа. Искреновиќ беше и главен уредник на списанието “Куќа”, специјализирано за архитектура, градежништво и дизајн, поради што има многу познавање и од оваа област. На прашањето зошто се кандидирала за градоначалник на Карпош, таа вели дека архитектите се најкомпетентни да бидат градоначалници, бидејќи најдобро ја познаваат проблематиката на градот. Што би направила Мила Искреновиќ за својата општина доколку биде избрана за градоначалник? “Карпош претставува една од спалните соби на град Скопје. Ова не е индустриска зона, ниту пак во општината има услови за локален економски развој. Во Карпош може да се развие туризмот во неколку значајни локации: Нерези и црквата “Св. Пантелејмон”, локалитетот Скупи, Хавзи-паша конаците во Бредовци и Аквадуктот кај касарната ,,Илинден“. Ова се четири објекти кои треба да се ревитализираат и да се стават во функција на туристички атракции”, вели таа. Искреновиќ смета дека на Карпош му фали објект, по кој општината ќе биде препознатлива, поради што ќе иницира изградба на соодветна скулптура и придружни содржини, по кои центарот на општината ќе биде впечатлив и препознатлив. Рекреативната зона во Карпош 4, според Искреновиќ, е погодна за изградба на водени површини, каде што ќе се разладуваат граѓаните во летниот период, а зоната во Карпош 3, таа ја замислува како идеален простор за поставување спортски терени. Искреновиќ не ги заборава проблемите со трите руинирани училишта во Општината и предлага нивно итно реконстриурање. |
|
Tanjuska
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 120 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве сама си најдов имала веб страна http://www.mila.mk/
|
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
interesno ime i prezime...mila li e? i iskrena li e?
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
Јордан Шумарот
Сениор Регистриран: 08.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 230 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
абе то не знам... ама знам дека можам да ја викам мила во оние моменти од ко ке фрлит искри од очине дури јас ја тапкам...ооллолл
Изменето од anastea - 05.Март.2009 во 00:49 |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |