|
Финансиска криза во САД и Европа |
Внеси реплика | страница 123 10> |
Автор | |
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 09.Октомври.2008 во 10:26 |
Sto mislenje imate za momentalnata kriza?
Momentalno naj iskreno da napisam, deka ni samata ne znam sto da mislam za se ova.... cesto se prasuvam
za kolku vreme ke se oporavi? Licno ne veruvam deka vo narednite 5-8 godini ke se oporavi
kakov efekt ke ima krizata ? kako sto e zapocnata, se mi izgleda deka ke bide "domino-efekt"
koj e kriv? po moe "krivecot" e SAD... barem sega zasega
kolkava zaguba od ovaa finaniska kriza ke ima?
i mnogu bitno, (barem tuka vo svajcarija) , sto ke bide so zaroceni pari vo bankite i so samite banki i nivnite vraboteni
|
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сека, наместо ти е прашањето, но за жал сега за сега ни најголемите експерти не можат точно да предвидат колку ќе трае кризата и какви се ефекти ќе има. Според некои кризата конкретно во Америка ќе трае околу година-две, според некои пет, но едно е сигурно, дека ќе има подолгорочни ефекти. Кризата е од хипотекарен карактер т.е. од преголема побарувачка на недвижнини (откупување на хипотеките на кредитите) и наглиот пад на нивната вредност, одобрување кредити со лошо обезбедување... сето тоа предизвика домино-ефект. Последици ќе се почувствуваат и во економиите со брз раст и во индустриски најразвиените држави, а најпогодени ќе бидат банките кои директно соработуваат со америчките банки. ММф веќе излезе со проценка дека глобалните загуби од актуелната хипотекарна криза оваа година ќе бидат околу 1,4 билиони долари. Банките ќе мора да направат раконструкција во своето работење, за да ги подобрат своите биланси и да го зголемат капиталот. Неопходно ќе биде и мешање од страна на државите, во некои случаи. Иако, помошта од 700 милијарди долари за америчките банки нема да биде решение на проблемот, туку само привремено санирање на повредите.
Сигурно и швајцарските банки ќе почуствуваат последици, се зависи од конкретните случаи, едно е сигурно, каматните стапки ќе имаат тенденција на раст, некаде повеќе некаде помалку. Штедните мислам дека нема да бидат во опасност, тие кои се чуваат во комерцијални банки и се добро осигурани (барем во Швајцарија), а во кризата најпогодени ќе бидат инвестиционите банки.
|
|
Zajcef
Сениор TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште една депресија како во триесеттите-и таа почна вака...
|
|
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
|
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas licno ne veruvam deka so 700 milijardi dolari nesto ke postignat, nitu nekakvo saniranje, toa e samo edna kakpa voda na vrel kamen...
i licno ne veruvam deka "samo" 1.4 bilioni dolari ke bide zagubata....
Bankite...veruvala ili ne bas tuka vo Svajcarija, "normalen" zitel koi ima ustedeno nesto, treba da se grize za negovite pari, tuka sekoja banka samo ima osigurano 30 000 CHF (svajcarski franki), sto znaci nekoj ako si ima zastedeno 90 000, najdobro bi bilo vo 3 banki da si gi podeli parite za da bide siguren, vo slucaj da propadnat bankite, deka ke si gi dobie tie pari! Vo drugi drzavi sosema drugacie se osigurani pratite, primer svedska, ne e bitno kolku imas, site se osigurani....
No se prasuvam isto taka zosto Amerika ne prezema HITNO nesto? Mesecno davaat edem kup pari za vojnata vo Irak.... mesto da se povlecat i tie pari vo segasnava krica da gi vlozat....
|
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
Zajcef
Сениор TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ама ако се повлечат од Ирак нема да имаат навта за без париА ќе се повлечат тие кај да се само да Банкротираат
|
|
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
|
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
seuste zavisi koj ke ja prezeme vlasta.... edniot odma ke se povlece drugiot se dodeka ne bankrotira.... no mislam deka stvarno popametno bi bilo da se povlecat i tie pari vo nesto da se vlozat sto ima smisla... na primer vo momentalnava kriza
|
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
Zajcef
Сениор TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Меккејн ќе победи тоа е сигурно!Значи ќе оди до банкрот...
|
|
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
|
bojan81
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 16.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што мислите дали се спрема нова војна, по секоја голема рецесија посел некоја година се почнувале големи војни. Дали оваа рецесија сигнал дека ќе започнат воени дејствија од пошироки размери, и каде би биле тие. Единствени страни кои имаат големи финансиски судири се ресурсите на русија од една страна, кинеската индустрија која е во подем од друга и има огромна потреба за енерија и пазар и америка која се повеќе ги губи стратешките енергетски позиции кои ги имаше порано. И на крај дали мислите дека ние сме интересни во некој сегмент за да не зафати и нас. Можеби во тоа прегрупирање многу соседи од големите сили ќе добијат непристојни понуди за поделба на интересни свери на балканот со цел да застанат на нивна страна, и на крај доколку дојде до тоа дали ние треба уште од сега да се спремаме за такво нешто или сепак сега за сега е прерано за такви сценарија и мислите дека сепак оваа криза ќе се сведи на неколку годишна депресија по што светскиот пазар ќе се стабилизира.
Ме интересира кое е вашето мислење за сето ова |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Конкретно за Швајцарија, двете најголеми банки UBS и Credit Suisse сега за сега даваат отпор, но евентуален колапс не се исклучува. Во таков случај се предлага интервенција од централната банка доколку процени дека цел банкарски систем е во опасност и тоа преку инјектирање ликвидност на банката. Или доколку дојде до колапс на UBS, се предлага нејзино откупување од страна на Credit Suisse со цел да се спаси целиот швајцарски банкарски систем и да се спречи UBS да ја преземе некоја странска банка. Во тој случај би дошло (хипотетички) до отпуштање на работници, поради дуплирање на работни места. Евентуалниот колапс на UBS ќе доведе до губење на средства на некои од акционерите и сопствениците на сметки, бидејќи баш така како што викаш, од фондот креиран од банката ќе може да се исплатат заштеди до максимум од 30.000 франци... За сега стручњаците велат дека ризикот од банкрот на UBS е некаде 20-30%...
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
САД сеуште се способни да му го наметнат на светот ритамот на пулсирање на Вол Стрит, но евидентно е дека најверојатно ова ќе биде последната голема економска криза под знакот на американската хегемонија. Брзорастечките економии како Кина, Индија, Бразил, Русија... трпат огромни последици од американската рецесија врз нивните финансиски пазари, како и врз реалните економии, но на подолг рок трендот на брзо растење на нивните економии нема да се смени. Од оваа криза авторитетноста на американскиот економски модел излегува уништена. Крахот на Вол Стрит во 1929 год. најави една нова епоха, нови и револуционерни идеи: за надминување на кризата, Рузвелт воспостави универзален модел на регулирање на пазарите, кејнзијански модел за спасување на капитализмот од пропаѓање. Оваа епоха изгледа дефинитивно ќе заврши со оваа криза од 2008...
И кризата не е баш од вчера или од минатиот месец... Уште во 2004 год. SEC (Security exchange commission) формирана по големата депресија од 1930 годона за регулирање на акционерскиот пазар на Вол Стрит, на барање на големите инвестициони банки донесуваат одлука за поништување на лимитите на заложување утврдени со закон. Инвестиционите банки можеа да почнат со ослободување и користење на милијарди долари кои беа задолжени да ги чуваат замрзнати како резерва во случај на криза. И така, банките се впуштија во зделки со ризични кредити, па дојде до ова до што дојде...
Сега бараат и добиваат од државата пари за покривање на нивните долгови... Нормално дека тоа не може да биде решение на проблемот, туку само тампон за добивање на време, додека не се изнајде некоја стратегија за спас.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во извештајот на движењето на светската економија објавен синоќа, ММФ ја намали проекцијата за глобалниот економски раст на 3,9 отсто за тековната, односно само три отсто за наредната година.Оценка на ММФ е дека економскиот раст на најголемата светска економија САД ќе биде во надолна линија и се очекува годината да ја заврши со пораст од 1,6 отсто, а идната година тој да падне на само 0,1 отсто. Слична состојба се предвидува и за западна Европа, при што Италија ќе се соочи со негативен раст од 0,1 отсто, а со рецесија ќе бидат зафатени и Шпанија и Велика Британија.Според ММФ ниту една земја од седумте економско најсилни во светот (Г7) нема да оствари раст поголем од еден процент.Проценките на ММФ укажуваат дека земјите во развој во тековната година ќе остварат пораст од 6,9 отсто, а идната година околу шест отсто. Во Кина, поради падот на извозот, економскиот раст е намален на 10,5 отсто од ланските 12, додека идната година ќе падне на 9,3 отсто. Индија се очекува оваа година да ја заврши со раст од 7,9 отсто, а наредната со 6,9 отсто.ММФ предупредува дека финансиската криза која рапидно се шири и станува се поопасна, може да потрае подолго време и да има далеку поголеми последици од претходно очекуваното. |
|
seka
Сениор Guardian Angel Регистриран: 04.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4418 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mozebi nekoi "strucnaci" kazuvaat deka brzo, za skoro (godina dve) ke se oporavi ovaa kriza, no jas licno ne veruvam vo toa!
Akcijata na Wall Street nenormalno pagaat..... Vcera indeksot na DOW Johes e so zaguba poveke od 7% i padna pod 9.000 poeni za prv pat posle 2003 godina.
Slednite zrtvi na kreditnata kriza vo SAD se: avtomobilskata industria, osiguritelnite kompanii i energetski kompanii.
Dow Jonsons padna za 678,91 dob ili 7,3% ili na 8.579,19 bodovi....
Mene ova ne mi zvuci deka ekonomijata ke se oporavi za 2-3 godini.... nazalost
|
|
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta. |
|
biljana.madrid
Сениор Прилепчанка Регистриран: 22.Ноември.2007 Локација: Spain Статус: Офлајн Поени: 358 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Utrovo i Spanvive se razbudija so pad na IBEX 35 od 8% (nekade pa 7% pisuvase) i paga na 9.100 poeni. Za narednata godina IMF predvide negativen rast od 2 i nesto procenti, a ministerov za ekonimija predvide rast od 1 procent, ama ova politicharive kaj da se, eve i ovie tuka predvid intervencite od strana na povaznite centralni banki za spas, kako i namaluvanjeto na kamatnite stapki od strana na Evropskata Centralna Banka i padot na cenata na naftata... arno ama sabaljevo potslusnav deka pak EURIBOR skoknal (ne sum sigurna)...
Inaku na Spanija i odi loso ama jas uste ne gledam da prosat po ulica...Kako i da e potrosuvachkata na koli opadna mnogu i SEAT i FORD otpustija mnogu rabotnici, da recham deka toa bea edni od pomasovnite otpustanja... potoa kolaps dozivea i konstrukcijata... Spanija bese zemja kade sto najmnogu se gradeshe ama tolkava pobaruvachka nemase i na kraj napolu ne mu se prodade, pa imase mnogu bakrotstva i edna od pogolemite Martinsa-Fadesa bakrotira i togas pochna da se zboruva za kriza. Nevrabotenosta bese nekade 6-7 procenti i sega ripna na 9-10 procenti ( e mnogu sum losa so pamtenje brojki) a se ochekuva da dostigne 14% do krajot na ovaa ili na pochetokot na 2009. Vo momentov bez rabota ima okolu 2 milioni. Inaku Spanskata ekonomija bese vo kontinuiran rast od 1995 godina. Ama sega gotovo e....
MMF predupredi deka se naoga rabot na recesija i recesija ke bidi sigurno.... A kolku vreme ke trae.... Pa i mene ne mi izgleda deka ke zavrsi za skoro...
A sto se odnesuva za nas pa i nie nisto nemame i nema sto da izgubime, od nasevo poloso nemozi da bidi...moze da dojdat kaj nas MK na praksapa da mu pokazime kako se zivee so 200 evra i ke gi spasime od krizata.... Ova e nas moment da se pokazime...
Inaku mi e zal za ¨mojte prilepchani¨ sto nema mnogu rabota za niv vo Prilep iako koga bev tamu me izraduva sto ovde -onde imase po nekoja nova fabrika i mnogu luge (pametni) so privatni biznisi. Ama uste gledam partiski se vleguva na rabota, pa mnogumina od fakultet sto bea dobri studenti i poznavanja jazici i kom rabotat vo nekoj supermarket ili ne rabotat... Ama ova mozebi za vo druga tema... ne tuka...
Изменето од biljana.madrid - 10.Октомври.2008 во 10:26 |
|
Прилепчанка
|
|
mv
Нов член Регистриран: 10.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
moze i poloso da bide, da nemoze da si gi zememe parite od banka. dali nekoj ima informacija kakva e sostojbata so nasive banki?
|
|
Внеси реплика | страница 123 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |