|
Може ли христијанин да се зачлени во масо |
Внеси реплика | страница 123 12> |
Автор | |
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 14.Август.2008 во 00:22 |
Поттикнат од нашиот администратор Зидарски кој не крие и отворено кажува дека е член на масонска ложа го поставувам прашањето кое е топик на оваа тема и сакам да чујам одговор од повеќето христијански деноминации по ова прашање.
Изменето од deshad - 14.Август.2008 во 00:22 |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Христијанин може да стане што сака.....но не може никој да стане Христијанин.
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
да не мислеше, НО НЕ МОЖЕ СЕКОЈ ДА СТАНЕ ХРИСТИЈАНИН - или финтата е нешто друго војвотке? |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
мислам дека добро напишав друже.....
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
другарке,извини,ама не го разбирам смисолот на твојата реченица? ( може ќе да е од дремката која ме надвиснува).
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И мене ми се спие
Сакав да кажам... Христијанин може да отиде во Католици, масони, протестанти, па дури и во ислам. Но дали муслиман може да дојде во христијанство!? |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аха, сега се разбравме.
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ај сеа да си легнеме чим се разбравме..утре на работа...
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ок.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас малку доцнам со одговорот, ама еве и од мене.
Христијанството нема никакво ограничување што би забранило на некој кој е искрен, предан верник, да членува во било која организација, па и во масонската ложа. Масонството со своите принципи е во поддршка на Христијанските принципи, како и на основните човечки принципи на секоја една вера. Не е религиозно по својата природа, не нуди спасение, прошка, избавување, така што во ниеден аспект не се поклопува со улогата на верата и црквата кај поединецот. Она што масонството го поттикнува е меѓусебното разбирање, градењето на подобар свет, градењето на знаења - кое не гледам како би било во конфликт со било која вера... Инаку - многу деноминации имаат проблем со масонството, но сите тие проблеми доаѓаат од неразбирањето на основната суштина и имањето на сосема погрешна претстава за принципите и идеите, како и начинот на делување. До сега, не сум наишол на адекватно објаснета причина зошто да не може христијанин да членува во ложата. Изменето од zidarski - 14.Август.2008 во 01:15 |
|
Do what is right, come what may...
|
|
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Иако со ова сакаше да “поентираш“(ДА ПОКАЖЕШ ДЕКА ИСЛАМОТ Е КРУТА РЕЛИГИЈА КОЈА НЕ ДОЗВОЛУВА ПРЕМИНУВАЊЕ НА СВОИТЕ ВЕРНИЦИ ВО ДРУГА РЕЛИГИЈА) мислам дека многу сте во грешка а и самите си ја потценувате религијата со тоа што кажувате дека христијанин може да премине каде што сака. Па ако тоа е оправдување или пак величење на една религија дека е демократска и дека дозволува се, па и дека е најдобра, тогаш зошто одреден христијанин да ја менува истата? Според вашите ставови по ова прашање вие како да сакате да кажете или пак тоа би можел да го каже некој кој сака да ја смени религијата :“ затоа што христијанската религија ми дозволува, сега јас ќе преминам во ислам“?????? Луѓето ги менувале, менуваат и ќе ги менуваат своите религиозни гледишта и религии и тоа не треба да се оспорува. Тоа тие го прават секојдневно а има и “муслимани“ кои посапуваат така. И таквите “муслимани“ како у таквите “христијани“ се лошо третирани од средината во која живеат а ако вие мислите дека не сум во право ќе ве замолам да ми посочите еден пример каде што некој кој бил христијанин и преминал во ислам е срдечно прифатен од своите претходни соверници, пријатели и околината. Немој да се правиме лажни демократи и да си измислуваме прикаски за да убедиме некого. Вие треба да не убедувате со факти и на реална основа а не вака. ПА ние не сме паднати од марс па да не знаеме со каков гнев се гледа на таквите луѓе кај нас. ПА верска дискриминација и омраза постои насекаде низ државава, некои луѓе неможат да ги поднесат родените по вера муслимани а не пак некој кој преминал од христијанство во ислам. И сега за масонството и сите други такви организации. Па христијаните не преминуваат во масонство тоа според мене не е друга религија туку организирање на одредена група на луѓе со конкретни цели и задачи(кај некои од нив можеби тие цели и задачи се тесно поврзани со христијанството). Иако не знам многу за овие здруженија, нагласувам дека немам против тоа некој да си го организира животот онака како што сака па нека биде тоа и масонство. Тие си имаат свој свет, своја визија за него и право да гледаат на животот така како што гледаат. Малку ме збунува потребата од формирање на вакви организиации и поврзување на христијанството во нивните “програми“. Како муслиман свесен сум дека исламот е повеќе од доволен за еден човек да може да си го трасира патот до вистината. Исто така сигурен сум дека повеќето христијани ќе кажат дека нив не им треба некоја ложа за да им го подобри животот туку доволни им се библијата и христијанството за да го постигнат тоа. Оправдувањата кои сега ги давате тука а за кои немате целосно формиран став не ви држат и ќе ве замолам да признаете дека не само исламот има против и забранува преминување во друга религија, ложа, секта и сл. туку тоа не го прифаќа ниедна друга религија. Каде тоа се оправдува постоењето на христијански ложи, подгрупи-подрелигии субрелигии или како сакате вие наречетеги? Каде христијанството вели дека еден христијанин ако сака може да премине во друга религија а за тоа нема да има никакви полседици и нема да му се смета за грев? Вакви двојни стандарди имате насекаде во форумов,ама се надевам дека некој од вас ќе се освести и ќе си се прифати (ќе почне да се прикажува)онаков каков што е, а е човек кој греши, мрази, љуби, живее и умира исто како секој муслиман. |
|
чаир
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оној ШТО е член на масонска ложа тој не е Православен Христијанин тоа е јасно ко бел ден
|
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
Karamazov
Сениор Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 144 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ima premnogu predrasudi i mistifikacii okolu masonskoto dvizenje. Jas na niv gledam kako na klub na bogati i slavni licnosti, koi naogjaat razni nacini za da im bide malku pozabavno vo zivotot. Kjubrik vo "Oci siroko zatvoreni" se ima obideno da ja objasni osnovnata logika, pa i "psihologija" na ovie zdruzenija. Tie ne se bas "zagreani" hristijani, tuku prezemaat nekoi hristijanski nacela, poveke kako forma. Istoto go pravea i komunistite, odnosno marksistite i tie hristijanskata etika ja korisea za inspiracija na masite. |
|
tre, tri, tra
|
|
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хммм,само Чаир имаше доблест да го произнесе христијанско-православниот став по ова прашање онаков каков што е,иако не даде никаква Библиска поткрепа за тоа, додека од другите деноминации не прочитав ништо асално,или немаат доволно храброст на одредени прашања искрено да одговорат.
Еве уште нешто интересно што го прочитав на еден портал: ПРАШАЊЕ: Може ли православен христијанин да се зачлени во масонска ложа? одговор: На ова прашање ќе одговорам преку зборовите на самиот наш Господ, Спасител и единствен Учител Исус Христос. Тој на своите ученици, како членови на Неговата Црква (έκκλησία) им го вели следното: "Никој не може да им слугува на двајца господари; оти, или едниот ќе го замрази, а другиот засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамона. (Матеј. 6, 24)" "Не секој што ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во царството небесно, а само оној што ја исполнува волјата на мојот Отец небесен. (Матеј. 7, 21)" "А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред мојот Отец небесен (Матеј. 10, 33) " "Кој има уши да слуша, нека чуе!" (Матеј. 11, 15) извор: http://preminportal.com.mk/content/view/813/127/ |
|
Внеси реплика | страница 123 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |