IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Несоницата може да доведе до лудило
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Несоницата може да доведе до лудило

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Несоницата може да доведе до лудило
    Испратена: 11.Ноември.2007 во 11:56

Спиењето е една од основните потреби на човекот, а стресовите во текот на денот доведуваат до нарушување на спиењето. За среќа, постои начин како да го решите проблемот со несоницата.

Секој може да страда од несоница, но најчесто нарушување на спиењето се јавува кај жените, и тоа најмногу во периодот на менопаузата. Често ги мачи и болните, пушачите и алкохоличарите. Во последно време несоница се јавува и кај младите. Иако не можеме да ја наречеме болест, ниту пак е опасна по животот, несоницата сепак може да предизвика фрустрација, нестабилност, депресија, па дури и лудило.

Видови несоница

Постојат два основни вида несоница: хронична, која трае неколку дена, месеци, па дури и цела година, и несоница што трае неколку дена и обично е предизвикана од некои стресни ситуации (испит, венчавка и слично).
Несоницата може да се јави и во други форми. На пример, немирен сон со чести будења, по кои тешко повторно се заспива. Ова е карактеристично за лица по 40-та година. Будење во раните утрински часови по кое нема повторно заспивање е карактеристично за постарите лица или за луѓе со сериозни проблеми. Големи тешкотии при заспивањето, пак, обично се јавуваат кај помладите.

Симптоми и причинители

Несоницата најчесто е предизвикана од некои случки за кои воопшто не помислувате како на причинители, на пример, преселба, почнување студии, промена на климатски услови, депресија, грижи, тага, болка (една од најчестите причини), висок притисок, анорексија, никотин, кофеин, дрога и слично. Дури и таблетите за спиење можат да придонесат за нарушување на спиењето. Тоа важи и за таблетите за контрацепција, таблетите за слабеење, стимуланси и слично.

Како да си помогнете

Треба да вложите голем труд и да имате волја, но најважно од се е дека можете сами да си помогнете, на начин и во време што вам ви одговараат. Се разбира, може да побарате помош и од психолог или од лекар, но во повеќето случаи тоа не е потребно. Она за што треба да се подготвите е промена на начинот на живот.

Променете ја околината


Пред се потребен ви е удобен кревет во соба каде што нема врева. Најдобро е кога собата е изолирана, топла и затемнета. Но, тоа не е секогаш можно, зошто можеби имате „весели“ соседи, или вашиот партнер рчи, но секогаш постои начин некако да си помогнете.
Доколку креветот не ви одговара, веднаш заменете го со некој во кој ќе се чувствувате удобно. Посветувајте многу внимание на хигиената на спалната соба. Ако, пак, ви пречи светлината, сменете ги завесите или користете маска за очите. Нормално, доколку имате спротивен проблем и не можете да спиете во мрак, тргнете ги малку завесите од прозорецот за да влегува малку светлина од уличното осветлување.
Една од најголемите причини за несоницата е вревата, но ако не постои начин да ја спречување, проблемот ќе го решите со мали чепчиња за уши. Пред спиење можете да правите вежби за опуштање, а ако не ви помогне ништо од наведеното, поразговарајте со соседите да се обидат да бидат потивки.

Променете го начинот на живот

Доколку не ви пречат наведените причинители на несоница, а и понатаму не можете да спиете по осум часа, време е за некои промени во вашето секојдневје. За почеток треба да се откажете од сите стимуланси. Тоа значи дека треба да ги исфрлите кафето, чајот, алкохолот, никотинот, газираните пијалаци, зачините, таблетите за слабеење и слично.
Редовно вежбајте, воведете си рутина секоја вечер да спиете по 7-8 часа и секогаш станувајте во исто време. Еден час пред да отидете на спиење, опуштете се и физички и психички, подгответе си топла бања, вежбајте јога или прошетајте. Доколку мозокот ви работи 200 на час, запишете се што ви паѓа на памет и потоа заборавете на тоа. Заменете ги негативните мисли со позитивни и одете во кревет само кога сте навистина уморни. Избегнувајте да спиете преку ден, без разлика колку сте уморни. Не легнувајте си кога сте под стрес, по караницата со партнерот, не гледајте телевизија во кревет и не јадете во кревет. Исто така не е дозволено спиење пред телевизор ниту јадење многу доцна. И не кревајте паника ако не можете веднаш да заспиете.

Се разбира, не мора да ги примените сите совети. Одлучете кои би можело најмногу да ви помогнат и применете ги, а ако не ви помогнат, пробајте со другите. Додека се трудите да го решите проблемот со несоницата ни за момент не заборавајте ја својата цел.

Храна што може да ви помогне

Ако имате проблем со несоница, избегнувајте да јадете пред легнување. Најдоцна еден час пред спиење напијте се топло млеко со мед, изедете парче леб со мед, напијте се чаша чај од билки или пак топла вода со мед и со лимон.
Кон врв
Палестинец Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Палестинец Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2007 во 03:30
Еве се обидувам да полудам, ама слаба работа.
Кон врв
loptica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 173
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај loptica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2007 во 03:36
Ova e text za teska i konstantna nesonica so godini....
Ima golema razlika koga zamenis den za nok ili ti se poremeti bio ritamot....
Ima mnogu pricini za nosonica.....ama se zavisi kakava e i kolku trae.

NE MI ZAMERAJTE NA GRAMATICKI GRESKI....USTE UCAM TA-TO-OT...KE SE SNAJDAM VALJDA BEZ PADEZI...
Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Ноември.2007 во 14:49
Дали од несоницата ќе дојде до лудило постојат доста предуслови од биолошка природа.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 15:45
JAS  NOJCESKA  IMAV  NESONICA  I  ISPIV  EDNA  LENTA  KAFETIN  NISTO  NE  POMAGA
Кон врв
neo_wmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Angel of Death.

Регистриран: 29.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај neo_wmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 15:50
Порано ми се случуваше еднаш месечно да не можам да заспијам и по 3-4 часа обидување. Ех се случувало и моите за на работа да станат и пак да сум буден.
I love Daphne Millbrook.
Кон врв
sunshine_baby Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 256
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sunshine_baby Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 01:05
На добар пат сум значи...веќе цела недела...аман веќе!
Добри ми се условиве за заспивање,нешто во главчево не ми чини изгледа!А ми се спие,душа ми паѓа,ама пустото никако да заспијам...не можам крајот да си го фатам.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 11:07
Инсомнијата води кон самоубиство

Лицата кои страдаат од хронична инсомнија почесто размислуваат за самоубиство, за разлика од оние кои немаат проблеми со спиењето, тврдат американските научници.

Меѓу проблеми со спиење, спаѓаат прераното будење, тешкото заспивање, бдеењето во текот на нокта и слично, а што поголем е бројот на овие проблеми, толку почести се самоубиствените мисли, планирањето и обидите за самоубиство.

-Лицата со два или повеќе симптоми имаат 2,6 пати поголеми склоности за самоубиство за разлика од оние кои немаат ниту еден симптом, вели Марсин Војнар, автор на студијата.

Војнар нагласува дека лекарите треба предвид да ги имаат проблемите со сонот на нивните пациенти дури и тогаш кога тие не се психијатриски случаи.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во светот секоја година 877.000 лица си го одземаат животот, а на секое реализирано самоубиство доаѓаат од 10 до 40 обиди.


Досега експертите проблемите со сонот ги поврзуваа со зголемениот ризик за самоубиство само кај лицата со психички нарушувања и кај адолесцентите. Досега немаше прецизен одговор на прашањето дали поврзаноста на овие два феномена се однесува на општата популација.

Војнар и неговиот тим односот меѓу несоницата и самоубиството го проучувале кај 5.692 мажи и жени, од кои третина пријавиле дека во изминатата година имале нарушен сон, односно не можеле да заспијат или да го одржат сонот во текот на ноќта или да се будат најмалку два часа пред посакуваното време.

Откако предвид ги зеле факторите како што се користењето наркотици, депресијата, возраста, полот, брачната состојба и финансискиот статус, мичигенскиот тим дошол до заклучок дека зголемената склоност кон самоубиство најмногу се поврзува со несаканото рано будење.

Лицата со овој проблем биле двапати посклони кон самоубиствени мисли или планирање на самоубиство и трипати поспремни истото да го реализираат.

Истражувачите претпоставуваат дека недостатокот на сон негативно влијае врз когнитивните функции на луѓето, поради што доаѓа до послабо расудување и зголемено чувство на безнадежност.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 11:16
Originally posted by dejanpp dejanpp напиша:

JAS  NOJCESKA  IMAV  NESONICA  I  ISPIV  EDNA  LENTA  KAFETIN  NISTO  NE  POMAGA



so ima vrska kafetin so nesonica........
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 11:17
bounty batusko citaj lelelelee i nas ke ne snajde ova....
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 16:35
Originally posted by dejanpp dejanpp напиша:

JAS  NOJCESKA  IMAV  NESONICA  I  ISPIV  EDNA  LENTA  KAFETIN  NISTO  NE  POMAGA

Drug pat koga kje imash nesonica zami si nekoj sedativ(ama nemoj cela lenta molim te)
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 20:49
Hmmmm ..............ne bi se slozila so naslovot deka nesonicata moze da dovede do ludilo............nitu deka insomnijata vodi do samoubistvo.....

Nesonicata ili insomnija e posledica samo na psihofizioloskata sostojba na organizmot povrzano so emocijonalniot nemir sto se ostranuva bez lekarstva i tuka ne doagja zbor za doagjanje do ludilo ili samoubistvo .......
Sega , pazi vamu.....
Nesonica ili isomnija kako posledica na psihijatriski neuroloski poremetuvanja .....e , tuka e prilazot e veke poozbilen i medikametozen zatoa sto osobata veke ima psiholoski poremetuvanje koe veke samata priroda na bolest moze da predizvikauva ludilo i samoubistvo ....a samata nesonica kako neodmaranje na istosteniot organizam ja potencira takvata situacija........

Znaci ima razlika .......i ne mozete da recam primarnata nesonica od stres ili nediscipinirano spienje ,lekarstva za mokrenje ili slicno .......sto pogolema populacija koga togas ja ima oseteno da im dodadete simptomite od sekundarnata nesonica od psiholoskite poremetuvanje kade veke ima istorija na psiholoska bolest so posledica nesonica so sklonost kon ludilo i samoubistvo.......tuka veke imame bolni so odredena psiholoska neuroloska dijagnoza

Znaci ako zdrav covek da receme e pod stres , pie diuretici , ima X problemi , nesreden zivot i ete ima nesonica i kolku vreme da ne spie ke ima samo .......podocnajci,omalaksanost istostenost na organizmot voopsto ....ama nikogas velam nikogas sansa za ludilo i samoubistvo zatoa sto taa osoba psiholoski e zdrava i svesna ......

Dodeka sekundarnata nesonica zboruvame za covek so psiholoski promeni...............manijakalni, depresivni sizofrenicni ispadi ....toj veke moze da dojde do ludilo i samoubistvo poradi poremetuvanjeto , a nesonicata e dopolnitelno"benzin vo oganot"

Zatoa omladino ne se plasite deka moze toa VAS da vi se sluci ako ne spiete....edinstveno nema da bidete "ubavi" zaradi podocnjacite , izbusavenata kosa i mrzlivosta sto ke ve tera cel den , a da ne zboruvam deka nema nisto da naucite za vo skolo , faks , nitu da im pomognete na roditelite vo vasite obvrski doma                     


    



Изменето од bijonse1 - 07.Април.2009 во 20:59
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 03:48
Originally posted by Omar Omar напиша:

bounty batusko citaj lelelelee i nas ke ne snajde ova....


Ne, ne , ne.
Jas psihicki problemi nemam. Cela rabota so nespienjeto e povrzana so nacinot na zivot sto go vodam veke podolgo vreme, so toa sto pijam mnogu kafe, cigarinja, pienje alkohol i sl. Zgora na toa fizicki sum neaktiven i nemam nikakva rutina vo toa koga si legnuvam ni koga stanuvam.

Znaci psihicki problemi bate nemam, treba da se smeni nacinot na ziveenje.....toa za nekoja godina, zdravje
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 20:44
Originally posted by bounty_hunter bounty_hunter напиша:

Originally posted by Omar Omar напиша:

bounty batusko citaj lelelelee i nas ke ne snajde ova....


Ne, ne , ne.
Jas psihicki problemi nemam. Cela rabota so nespienjeto e povrzana so nacinot na zivot sto go vodam veke podolgo vreme, so toa sto pijam mnogu kafe, cigarinja, pienje alkohol i sl. Zgora na toa fizicki sum neaktiven i nemam nikakva rutina vo toa koga si legnuvam ni koga stanuvam.

Znaci psihicki problemi bate nemam, treba da se smeni nacinot na ziveenje.....toa za nekoja godina, zdravje


Bravoooooo!!   
Znaci ne postirav za gjabe ........
Go razbra mojot komentar ....
Sega uste da prevzemes merki vo pozitivna nasoka...
Postepeno pocni....ne cekaj dogodina....


Изменето од bijonse1 - 08.Април.2009 во 20:48
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.