|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 9192939495 157> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Конечно да изгрее сонце и на мојата улица иако не верувам во хороскопи . Сум задоволен од погоре напишаното .
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најголемите плачковци според хороскопотКолку често плачете? Дали сте од оние луѓе кои лесно знаат да се налутат и веднаш ќе почнат да ронат солзи? Нормално дека сите сме различни, не секој сака да покаже слабост пред другите луѓе и веднаш да почне да плаче, некои од нас во себе ја чуваат својата тага, нервоза, но и солзите. Солзите не се знак на слабост кај еден човек, туку дека тој можеби и премногу долго бил силен во себе. Колку често плачете? Дали сте од оние луѓе кои лесно знаат да се налутат и веднаш ќе почнат да ронат солзи? Нормално дека сите сме различни, не секој сака да покаже слабост пред другите луѓе и веднаш да почне да плаче, некои од нас во себе ја чуваат својата тага, нервоза, но и солзите. Солзите не се знак на слабост кај еден човек, туку дека тој можеби и премногу долго бил силен во себе. Најдобар начин да се ослободиме од стресот и напнатоста, можеби е понекогаш да пуштиме по некоја солза, велат тоа е здраво за нас. Кои знаци од хороскопот најмногу плачат? Кои се највисоко на листата на плачковци? 1.Рак - важат за многу емотивни знаци, нив може да ги расплаче и најмала ситница. Постојано можете да ги видите дека плачат, тие не ги кријат солзите од другите. За нив најдобар начин да се ослободат од стресот е да пуштат по некоја солза. 2. Лав - иако можеби ова не е верно за вас, лавовите и премногу често плачат. Можеби тие и долго време се прават силни пред другите, но факт е дека целиот стрес и болка, ги исфрлаат преку солзите. За нив солзите не се знак на слабост пред другите. 3. Близнаци - тие се многу емотивни знаци, се нешто знае да ги расплаче. Плачат и на филм дури, плачат кога ќе видат несреќни луѓе, мали деца и сл. 4. Водолија - премногу осетлив знак, емоција во секој чекор. Незнаат како да се помират со одредени нешта во животот, па најлесно им е да плачат, но не пред другите, тие плачат сами со себе, за нив солзите се знак на слабост. |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не нема на листава погоре
Какви пријатели се хороскопските знаци? Девицата со задоволство ќе им помогне на пријателите, но ретко кога самата ќе побара услуга. Скорпијата внимателно ги бира пријателите, додека Близнаците не ги интересираат здодевни луѓе. Па да видиме што вели хороскопот за пријателството и хороскопските знаци. Овенот своите пријатели ги носи во срцето Бикот е стабилен и верен пријател Близнаците не ги интересират досадни луѓе Ракот не сака било каков пријател Лавот е еден од најдобрите пријатели Девицата е прва кога е потребна помош Вагата ги доживува пријателствата многу емотивно Скорпијата внимателно ги одбира пријателите Стрелецот сака да дели совети За Јарецот пријателството е свето Водолијата често ги идеализира своите пријатели Рибите се грижат за своите пријатели |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поздрав за Шаци и Блу ако не ги мрзи да читаат Љубовен астролошки профил за женски биковиМажите имаат голем број причини зошто да ги обожуваат жените родени во знакот бик. За оние кои сакаат животот да го живеат со побавно темпо, жената-бик е вистинскиот избор за нив. Таа е сигурна и стабилна жена, која секогаш сака да знае во кој правец во животот се упатува и како се движи по него. Таа е решителна, упорна и трпелива личност. Ако нешто науми дека сака да го има, таа ќе пресмета, ќе го испланира, а потоа и оствари секој детаљ, сѐ додека не ја реализира нејзината замислена цел. Таа е мајстор за следење на нејзините зацртани цели, без разлика дали нивниот пат е напорен или досаден. Од оваа жена секогаш ќе знаете што добивате и што можете да очекувате, а таа ќе го очекува истото од вас. Жената-бик понекогаш може да делува контрадикторно. За да научите што таа навистина сака, ќе ви биде потребно трпение, пракса и голема издржливост. Таа е бавна, спремна и цврста жена. Доколку сакате да го освоите нејзиното срце, подобро обидувајте се само доколку имате силна волја да ја имате покрај себе. Доколку го издржите процесот на придобивање на нејзината љубов, на крајот ќе констатирате дека нејзиното големо срце е доволно вредно за сета мака. Таа своите чувства ги базира врз основа на факти и практичност. Таа има безгранична емоционална сила и има многу малку толеранција за некој кој не се согласува со неа. Некои претставнички на овој знак се чувствуваат понекогаш чудно во врска со себеси, како да се различни од сите други луѓе во светот. Поради тоа, убаво би било да ја потсетувате одвреме-навреме дека е само човек и дека е сосема нормално тоа што е исклучително уникатна девојка. Обидете се да ѝ покажувате сочувство секогаш кога ѝ е тоа потребно, но немојте да ја карате и прекорувате. И покрај тоа што таа е многу приземна и цврста, понекогаш знае да го изгуби трпението и нервите. Во тие случаи ќе биде најпаметно да излезете од просторијата, додека не „спадне прашината“. Не дозволувајте вашата гордост да преовладее во врската со оваа девојка. Кога некој ќе ја навреди, таа не се труди да возврати со иста мерка, туку едноставно ќе ја игнорира таа личност. Оваа жена ја вреднува традицијата и стабилноста. Како нејзин потенцијален партнер, вие морате да ѝ ги овозможите овие две работи. Таа е фиксен земјен знак, стабилна е, едноставна и нерасипана, но не може да трпи напнати и глупави ситуации. Жената-бик е нетолерантна кон оние луѓе кои немаат класа, навредуваат, сурови се и покажуваат простотилак во своето однесување. Кон неа морате да се однесувате културно и да ја третирате како дама. Првиот впечаток е пресуден кога станува збор за оваа жена. Доколку не може за неколку минути да сфати дека вие сте личност со исклучителен карактер и потенцијал, тогаш најверојатно со неа нема да добиете ништо повеќе од тој еден разговор кој сте имале среќа да ви се случи. Не можете веднаш да влетате во врска со жена родена во хороскопскиот знак бик. Морате првин да се спријателите со неа, пред воопшто да помислите на започнување романса со неа. Управувана од Венера, божицата на љубовта и убавината, оваа жена има особена почит кон убавите и сензуалните работи во животот. Благодарение на влијанието на оваа планета, женските бикови се маркантни, забележителни и екстремно привлечни. Тие имаат способност да го привлечат вниманието на повеќе мажи кога влегуваат во некоја просторија, така што доколку сакате да ве забележи, ќе морате некако да се истакнете во толпата. Таа ќе ве обожува доколку ги почитувате традиционалните романтични вредности и ја третирате како вистинска дама. Секс за една вечер или секс без обврски се невозможни опции за неа. Кога ќе се врзе со еден партнер, таа планира да остане со него на долг рок. Воедно, таа сака нејзиниот потенцијален партнер да биде рамноправен со неа. Доколку успеете да отидете со неа на состанок, немојте да мислите дека сте го положиле испитот и не треба повеќе да се трудите. Бидете промислени. Букетот цвеќиња се секогаш добар избор и ќе оставите добар впечаток кај оваа жена. Доколку е сезона на орхидеи или лилјани, направете мал букет и верувајте со него ќе соберете многу поени кај неа. Таа ќе се обиде да ја процени вашата искреност. Така што, држејќи ги цвеќињата во вашата рака, бидете искрени и директни со неа. Таа обожава добар муабет и ќе ве цени уште повеќе доколку сте одличен слушател. Женските бикови ја ценат својата приватност. Таа не чувствува потреба да ѝ покажувате добри гестови или јавно да ѝ покажувате внимание. Овие жени преферираат спонтани разговори и комплименти кажани од срце. Имајќи ги овие работи на ум, знајте дека оваа жена е многу посесивна кон работите кои ги поседува и кога ќе почувствува дека нејзината сигурност е загрозена, таа ќе почне лошо да се однесува со вас. Таа не би играла љубоморни игри, ниту би била во врска која е непостојана. Она што ќе ја одржи „загреана“ е партнер кој е лојален и сензуален колку што е таа. Играњето со емоциите на жена родена во знакот бик, ќе придонесе да ја изгубите засекогаш. За да ја однесете оваа девојка во кревет ќе морате првин да задоволите неколку нејзини критериуми. Лојалноста е нешто што на секоја девојка родена во хороскопскиот знак бик ѝ е многу важно. Можеби ќе ви биде малку потешко да ја придобиете нејзината доверба, но кога еднаш ќе успеете во тоа, тоа ќе биде засекогаш! Следен критериум кој треба да го задоволите е романтиката, која претставува неопходен составен дел од нејзиниот љубовен живот. Колку повеќе ја разгалувате со цвеќиња или разни подароци, толку повеќе ќе се вљубува во вас. Последниот чекор до нејзиниот кревет, е да бидете сензуални. Биковите се сензуални љубовници, па затоа таа ќе сака да ја почувствува вашата нежност и суптилност на нејзината кожа. Ако се потрудите да се чувствува добро додека ја допирате, таа ќе ве награди дупло! Обидете се бакнувајќи го нежно нејзиниот врат. P.S. Не заборавајте да се напрскате со некој добар парфем или млеко за тело со природен мирис (избегнувајте цветни мириси). Сексот со девојка родена во знакот бик, може да се опише како „слатко измачување“. Таа сака водењето љубов да биде бавно и многу интимно. Колку повеќе галење и допирање искуси во текот на ноќта, толку подобар ќе ви биде сексот со оваа жена. Таа ќе обожава да ве задева и да ве одведе до точката на кулминација, потоа нагло ќе ги смири страстите, за после кратко време пак да ве „запали“. Одвојте повеќе време за вистински да уживате во сексот со неа. Таа ќе сака да ја помине цела вечер во вашата прегратка и ќе биде желна да учествува во сите ваши еротски (неперверзни) активности. Наредното утро ќе ве остави запрепастени да се запрашате зошто некогаш воопшто сте сакале да имате „секс на екс“ и како толку многу ја покачивте вашата сексуална кондиција и енергија. И покрај тоа што оваа девојка ја цени стабилноста и традиционалните вредности, сепак одвреме-навреме сака да се „предаде“ и да се забавува во спонтани активности. Понекогаш сака да се предаде на своите импулси и сака покрај себе да има некој со кој ќе ги споделува тие импулси. Жените родени во знакот бик може надворешно да изгледаат како да се секогаш сериозни, но реалноста е дека и тие потајно имаат свои желби и потреби. Тие се свесни дека понекогаш треба да престанат да мислат само на своите обврски и сериозните работи и да поуживаат малку во животот, така што со задоволство ќе прифатат некои нови авантури, но ќе им треба повеќе време да сфатат дека треба да се олабават. За да ја задржите оваа жена на долг рок, морате да поседувате неколку карактеристики. Првата е дека треба да ѝ останете засекогаш верен и да ѝ овозможите емоционална стабилност. Воедно морате секогаш да ја третирате како вистинска дама, останувајќи секогаш учтиви, културни и на ниво. Исто така, таа сака да знае дали можете да се грижите за вашите финансии. Парите не се сѐ во животот на една жена-бик, но ѝ создаваат чувство на удобност и стабилност кога знае дека ги има. На неа ѝ е важно да знае дека нејзиниот потенцијален партнер ќе се грижи да носи леб дома за неа и идното семејство. Работете СО неа, а не ПРОТИВ неа доколку сакате да го освоите нејзиното срце. Бавноста и подготвеноста се заштитниот знак на биковите и таа ќе сака и вие да функционирате на истиот начин, без разлика дали ви е тоа во природата или не. Оваа жена обожава да биде надвор, бидејќи кога е во природа таа се чувствува како да е дома. Поради тоа, таа ќе ве обожува ако често ја носите на прошетки во паркови, шуми, планини, покрај езера, реки, мориња… Пожелно би било и да ве бива за готвење, бидејќи таа е голем гурман. Можеби освојувањето на нејзиното срце ви изгледа како многу работа, но на крајот таа ќе ви покаже дека навистина вреди. Сте одбрале жена која ги цени високите стандарди и високиот квалитет на живот. Таа е љубезна и стабилна личност, која секогаш и секаде ќе ве поддржува. Таа обожава сѐ да споделува со нејзиниот партнер и ќе оди во крајности за да го направи нејзиниот љубен среќен. Не сака да игра игри и не сака сплеткани ситуации. Она што го видовте во неа кога првпат ја забележавте, е жена која вреди цело богатство и која ќе ви подари љубовно богатство за возврат. Изменето од Анастеа - 25.Април.2013 во 23:59 |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова ептен на долго и на широко...
епа нека им е со среќа на тие што тргнале на лов по бик |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве и од мене поздрав до сите бикчиња
Идеалниот спорт според хороскопскиот знак БикТешко дека некогаш ќе го видите бикот како се заморува без некоја особена причина. Тој ќе се бави само со оној спорт во кој ќе се заљуби. Обожава да вози ролери, да оди на пилатес и јога, но најдобар спорт за него е танцувањето. Во танцувањето дефинитивно најмногу уживаат претставниците на овој знак. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Какви книги сакаат хороскопските знаци?
Било да сакате да читате, или да подарувате книги, дознајте како влијаат ѕвездите на нашиот книжевен вкус. Овните не сакаат романтични приказни, Биковите можат и без книга, a Близнаците сакаат да ги купуваат. Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Романтичните приказни, романите чиј што заплет се случува во сон... тоа е она што го сакаат Рибите. Фантазиите, бајките, научната фантастика и филозофијата ќе го задржат вниманието на Рибите. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Спортот ми го погодиле ама изборот на книгите јок. |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Идеалната дестинација според хороскопскиот знак
Ако сте во дилема околу тоа која дестинација да ја одберете за ова лето, пробајте да одберете место кое најмногу ќе одговара на вашиот хороскопски знак. Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
vivi1
Сениор Легенда Регистриран: 20.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 18941 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ne procitav za denes
|
|
vivi
|
|
BiBi_G
Сениор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 27.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 3175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
5 романтични квалитети кои ги има секој хороскопски знакНашиот хороскопски знак, зборува многу за тоа на кој начин ја доживуваме и изразуваме љубовта, како се чувствуваме во однос на љубовните врски и каков го сакаме сексот. Без разлика дали сте веќе во врска или сте во потрага по љубов, прочитајте ги петте романтични квалитети кои ги поседува секој хороскопски знак. Овен1. Сексот со овенот никогаш нема да стане досаден, а бидејќи претставниците на овој знак се неверојатно издржливи, тоа значи дека нема никогаш кратко да трае. 2. Овните не ги држи долго лутина, па кавгите со нив бргу завршуваат и бргу се забораваат. 3. Тие обожаваат спонтаност, па честопати ќе ве изненадуваат со случајно избрани подароци, љубовни писма и авантури. 4. Можете секогаш да сметате на овенот дека ќе се бори за вас. 5. Немате
потреба да се грижите дека вашата врска со овенот ќе стагнира и ќе
постане досадна. Животот со овенот секогаш ќе ви биде исполнет со
возбуда и авантура. Бик1. Биковите се најлојалните личности кои некогаш сте ги сретнале. Ако еднаш се приврзат за вас, никогаш нема да сакаат да се оддалечат од вас. 2. Нивната длабока сензуална природа, ќе ви се исплати во спалната соба. Тие сакаат да водат љубов долго, сѐ додека не се осигурат дека ве задоволиле. 3. Бикот ќе ве разгалува со екстравагантни вечери во луксузни ресторани, во комбинација со добро вино. 4. Никогаш нема да треба да се прашувате за мотивите или намерите кои ги има бикот, бидејќи тој е секогаш искрен и отворен спрема себе. 5. Во стресните мигови, бикот секогаш ќе биде покрај вас, ќе ви дава утеха и ќе се грижи за вас. Близнаци1. Близнаците се заинтересирани да разговараат на многу различни теми, па ќе сакаат да слушнат за сето она што ве интересира. 2. Со нивната досетливост секогаш ќе успеат да ве насмеат. 3. Никогаш нема да треба да се грижите дека ќе ви снемаат теми на разговор, бидејќи близнаците секогаш се спремни да ја анализираат секоја тема до детали. 4. Близнаците се многу дружељубиви луѓе, а тоа значи дека првенствено ќе ви бидат пријатели, а потоа љубовници. Вашата врска ќе биде забавна и постојано ќе флертувате еден со друг, дури и после долгогодишна врска. 5. Тие се вешти за секс разговори и имаат уникатна способност да ве „запалат“ дури и пред да легнете со нив. Рак1. Раковите се природно дарежливи луѓе, кои секогаш ќе водат грижа за вас. 2. Тие ќе ги сфатат вашите најдлабоки емоции и не се плашат да го демонстрираат она што го чувствуваат. 3. Една од нивните омилени работи во животот, претставува гушкањето и галењето со нивниот љубен/а во домашна атмосфера. 4. На раковите им е битно сексот да биде страстен, да прави да се чувствуваат исполнето и да значи нешто. 5. Тие
инвестираат многу време и енергија во нивниот дом, бидејќи сакаат да
делува гостопримливо, топло и удобно, па секогаш ќе сакате да останувате
кај нив на гости. Лав1. Нивната самодоверба и цврстина го/ја прават многу секси. 2. Бидејќи се грижливи луѓе кои го демонстрираат она што го чувствуваат, бидете сигурни дека никогаш нема да ви недостасуваат бакнежи, галења и љубовни прегратки. 3. Омилената работа на лавот е да се чувствува вљубено, па затоа можете да бидете сигурни дека тој нема никогаш да ја зема вашата врска здраво за готово. 4. Нивната страст, енергија и креативност, ги прави лавовите и одлични љубовници. 5. Лавот жестоко се бори за луѓето што ги сака, па покрај него секогаш ќе се чувствувате заштитено. Девица1. Девицата ќе биде секогаш покрај вас да ве поддржи, кога најмногу ќе имате потреба од тоа. 2. Нив им е значајна добрата комуникација и имаат разни интереси, па затоа никогаш нема да снемаат теми на разговор. 3. Девиците имаат нежна и осетлива страна, која им доаѓа до израз кога се во романтична врска. 4. Свесни за нивниот изглед, девиците секогаш ќе се трудат да изгледаат добро и педантно. 5. Тие тежнеат
кон перфекционизам во сите сфери од нивниот живот, што во превод значи
дека секогаш ќе се трудат да ви го овозможат најдобриот сексуален чин
што можат. Вага1. Вагите сакаат да им угодуваат на другите луѓе, а тоа воедно значи дека ќе сакаат да го прават и нивниот партнер среќен. 2. Вагите се многу шармантни и романтични луѓе. Без разлика колку време сте во врска со нив, тие никогаш нема да престанат да флертуваат со вас. 3. Предиграта е многу значајна за припадниците на овој знак, што значи дека тие ќе си дадат доволно време под чаршафите, сѐ додека не бидете комплетно задоволни. 4. Смирениот и мирољубив пристап на вагата, ја прави едноставна личност за во врска, со која кавгите ќе бидат сведени на минимум. 5. Тие
обожаваат да се чувствуваат удобно и сакаат да бидат опкружени со убави
работи, па ќе се погрижат и вие да се чувствувате така. Скорпија1. Страста и енергијата, во комбинација со интензивниот сексуален нагон, го прават сексот со скорпијата едно неверојатно искуство, после кое на сексот ќе гледате како на нова димензија. 2. Скорпиите не се плашат од интима. Напротив тие ја посакуваат. Конекцијата којашто ја имате со неа, секогаш ќе се продлабочува сѐ повеќе и повеќе. 3. Тие ги сфаќаат љубовните врски многу сериозно. Откако еднаш ќе се зближат со вас, тие ќе го предадат целото нивно битие на вашата заедничка унија. 4. Поради нивната мистериозна природа, секогаш ќе имате нешто ново да научите за нив. 5. Скорпиите се
страсни за буквално сѐ, почнувајќи од вечерата, до политика, па сѐ до
уметноста. Особено се страсни кога станува збор за љубовта. Стрелец1. Оптимистичниот стрелец ѝ пристапува на секоја врска, со отворен ум и најдобри намери. 2. Без разлика дали само им се допаѓате или сакаат да го поминат остатокот од животот со вас, бидете сигурни дека стрелецот секогаш ќе биде искрен со вас. 3. Нивната независност значи дека тие ќе се чувствуваат удобно во вашата врска, дури и додека не сте заедно. 4. Родени идеалисти, стрелците секогаш ќе го гледаат најдоброто во вас, дури и кога вие самите не го гледате. 5. Енергични и жестоки, стрелците секој сексуален чин ќе го сметаат за нова авантура. Јарец1. Јарците се во потрага по значајна љубовна врска, на која двајцата се посветени и предани. 2. Немате потреба да се грижите дека јарецот ќе „шара“ со погледот. Тој е фокусиран само на вас и никој друг. 3. Благодарение на нивната практичност, со јарецот ќе ви се случуваат минимум драматични ситуации. 4. Јарците не се плашат да бидат наметливи, што значи дека нема да се стегаат да ве земат во свои раце во спалната соба. 5. Без разлика
дали се соочувате со комплицирана ситуација на работа или едноставно сте
се разбудиле од кошмар, ќе можете секогаш да се потпрете на силниот и
отпорен јарец, кој ќе ви помогне да ја надминете ситуацијата. Водолија1. Во вашата врска со водолија, секогаш ќе се чувствувате како вашиот партнер да ви е и најдобар другар. 2. Водолиите живеат во свет на идеи, поради што со нив никогаш нема да ви недостасува тема за муабет. 3. Тие сакаат фер игри, а воедно тежнеат да бидат во рамноправна врска, во која двајцата партнери се среќни, исполнети и се грижат еден за друг. 4. Излегувањето со водолија, автоматски подразбира и подобрување на вашиот социјален живот. Претставниците на овој знак имаат еден тон пријатели и тие ќе сакаат да ве вклучат и вас во забавата. 5. Благодарение на нивната инвентивна природа, тие не се плашат да експериментираат со нови техники во кревет. Риби1. Рибите се романтични и длабоко сексуални луѓе, што значи дека сексот со нив ќе ве одведе на друга планета. 2. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги предвидат вашите потреби и веднаш да почувствуваат кога нешто не е во ред. 3. Рибите ќе ви покажат дека ве љубат и обожаваат на еден убав, поетичен начин. 4. Рибите не се плашат да се жртвуваат за нивниот партнер, бидејќи многу ја вреднуваат интимната врска која ја градат со нивниот партнер. 5. Рибите се во потрага по романса, па секогаш ќе се трудат вашата врска да биде слатка и полна со фантазија. |
|
NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE! |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
пресметајте во кој знак ви е Месечината
Изменето од LiDivio - 24.Мај.2013 во 18:07 |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што може да научите од секој хороскопски знак?
Овенот ќе ве научи да се борите за своите цели во животот, а Биковите никогаш да не се откажувате. Близнаците ќе ви укажат на тоа дека образованието е најважно, а Раковите ќе ве убедат дека ништо не вреди без стабилно семејство. Овен Од Овенот можете да научите како да се борите за своите ставови. Овој знак ви покажува како да се искачувате кон успесите, без запирање. Исто така, од Овенот може да научите и како да се сакате самите себеси и дека никој не е поважен од вас. Совет: Секогаш бори се! Бик Од Биковите може да научите како да уживате во животот. Хедоноизмот е во крвта на овој знак. Од Бикот ќе научите дека материјалното е најважно, но и дека треба да научите како своите желби да ги претворите во реалност, по секоја цена. Совет: Не се откажувај! Близнаци Од Близнаците ќе научите колку школувањето е важно. Овој знак ќе ви објасни зошто секоја книга вреди злато. Ќе ве научат да не зборувате премногу по телефон, само заради сметката. Совет: Читај и секогаш напредувај! Рак Од Ракот ќе научите колку е важно семејството. Тој ќе ве научи што е тоа грижливост и посветеност. Од него ќе дознаете дека не треба да бидете премногу размазени и детинести, бидејќи тоа понекогаш ги повредува другите. Совет: Никогаш не го заборавај семејството! Лав Од Лавот можете да ја научите вредноста на парите. Од него исто така ќе научите што е тоа добра забава и како се ужива во животот. Ќе дознаете и како да бидете горди на себе, но и да ги пофалите другите кога тоа го заслужуваат. Совет: Кога ќе ги изгубиш парите, задржи ја гордоста! Девица Од Девиците ќе научите дека чистотата е половина здравје и дека вашето здравје е вашиот живот. Здрав живот и среден дом се нивните приоритети. Читањето книги е исто така својствено за Девиците, па учењето во текот на целиот живот е задолжително. Совет: Внимавајте на деталите! Вага Од овој знак ќе научите дека сè може да се постигне со компромис, бидејќи овој знак е голем дипломат. Кога сте лути немојте да беснеете, туку гледајте како да се договорите со спротивставената страна. Научете дека добриот изглед и добрите манири се секогаш задолжителни. Совет: Не е тешко да бидеш добар! Скорпија Од Скорпиите ќе научите како да се изборите со животот и во најмрачните ситуации, во најголемите стравови, во немаштијата, па и со лажливите души. Како? Едноставно - ќе продолжите да живеете, бидејќи се што има почеток има и крај. И да, научете како да уживате во сексот. Совет: Никогаш не се откажувајте! Стрелец Стрелецот е знак кој секако може да покаже и докаже дека сите потешкотии во животот може да завршат со насмевка, но и поука. Штом заклучат дека нешто лошо се случило, не губат време туку продолжуваат понатаму. Од овој знак ќе научите како да бидете добро расположени, позитивни и да учите, напредувате и патувате. Совет: Биди позитивен! Јарец Од Јарецот ќе научите дека целото време е драгоцено, па затоа најпаметно е да го искористите најдобро што можете. Не ги одложувајте работите, бидејќи секако ќе мора да се соочите со нив. Научете дека морате да ги почитувате постарите, бидејќи и вие еден ден ќе го достигнете тоа ниво во животот. Совет: Искористете го секој ден! Водолија Водолијата ќе ве научи како да не гледате во минатото, туку да размислувате за иднината. Водолијата е знак кој ни укажува колку пријателите се важно, но сепак дека треба да бидеме независни во животот. Совет: Направи сега, не чекај до утре! Риби Од Рибите можете да научите дека романтиката е многу важна и дека го разубавува животот. Истото важи и за уметноста која мора да биде присутна во животот. Соновите се остваруваат, ќе ви кажат Рибите. Исто така, според нив личниот мир е нешто најдрагоцено. Совет: Прати ги своите соништа! |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Внеси реплика | страница <1 9192939495 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |