|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 8889909192 157> |
Автор | |
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
da... pomagala... edno 6, od zenski rod. Blondinki ili brineti, ne e vazno.
|
|
Incredible Blue
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Претерале малку..овојпат
|
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Me gajle... jas pak kje si svatam na moj nacin.
Nego, odamna ne si MI svarila kafe, Cali... |
|
Incredible Blue
|
|
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
i jas ne znaev deka srceto mi e v krevet...
chuden nekoj horoskop...
|
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЛЕТЕН ХОРОСКОП 2012
Овен Не може сите одлуки кои што ги донесувате да бидат совршени. Учете од своите грешки и обидете се одново се додека не успеете. Летото ќе биде исполнето со нови идеи, а ќе имате чувство како да се подготвувате за нешто големо. Бидете штедливи. Не дека треба да се откажете од сè, но имајте на ум дека треба да штедите за поголеми цели и подобра иднина. Ако сте во подолга врска ќе наидете на некои пречки, но важно е да им верувате на своите инстинкти. Исто така, верувајте му на чувството кога е во прашање нова љубов, без разлика што разумот може да ви сугерира поинаку, бидејќи никогаш не знаете како може ситуацијата да се сврти во ваша корист.
Лесно е да се падне во замката на себичноста и да не ги третирате другите онака како што заслужуваат, туку само да ја гледате својата корист. Обидете се да се однесувате кон другите онака како што вие би сакале тие да се однесуваат со вас. Следните неколку месеци ќе дојде до одбивање на некои начини на однесување или занемарување на некои аспекти од животот. Постои шанса една голема идеја да ве окупира и да ви одзема многу енергија. Малку повеќе жртвување и став со повеќе разбирање кон другите ќе ви донесе најголема корист. Внимавајте да не станете опсесивни, па водете се и со разумот, а не само со чувствата.
За лето како ова најважно е мозокот да ви остане прибран. Летото ќе биде забавно, а со бистар ум сите проблеми лесно ќе ги решавате. Со ваквата ситуација ќе знаете да се справувате. Немојте да се оптоварувате со ситници. Слободно игнорирајте ги малите работи, насочете се на големата слика. За да ви биде добро, не мора секој детал да биде совршен. Личностите и местата на кои што ќе одите може да бидат инспирација за вашата креативност, па летото е одлично за уметниците. Бидете самоуверени и ќе можете да ги остварите своите сни.
Слободно охрабрете се и целете високо. Ова лето е како создадено за остварување на соништата. Секогаш има место за подобрување. Размислете на што треба да поработите и што уште можете да научите. Бидете малку посебични. Делувајте водени од своите желби, но никако на штета на другите. Не треба да ги слушате другите за сè, но мора да ги почитувате. Немојте да се плашите од самотијата. Сепак, бидејќи ќе ве привлекуваат сеќавања од минатото, внимавајте да не паднете во депресија или негативна носталгија. Ќе имате можност да запознаете една мудра личност. Таа ќе ви даде еден. Или повеќе добри совети, па размислете за тоа.
Целите повеќе од вообичаено и тоа со добра причина. Неодамна нешто се случило што ќе има влијание на целото лето кое е пред вас. Прагматичната страна на вашата личност ќе биде активна ова лето. Знаете што сакате и најверојатно знаете како тоа да го добиете. Ова лето ќе има особено позитивни ефекти во вашата кариера. Барате работа или сакате да напредувате? Сега е моментот. Луѓето околу вас ќе ве подржат, а вие ќе знаете тоа да го препознаете, а по потреба и да го искористите. Можна е нова љубов, а долгите врски ќе напредуваат.
Вие имате среќа (но и несреќа) секогаш да ги видите добрите и лошите страни на секоја ситуација. Сеедно, ова лето ќе ви изгледа поведро од вообичаено. Во потрага сте по вистината. Ова лето ќе има големи филозофски и спиритуални мисли. Ослободете се од старите и непотребни работи и бидете личност каква што сакате да бидете. Истото се однесува и на луѓето што ве оптоваруваат. Немојте да се дружите со личности кои што ве депримираат или ви ја намалуваат самодовербата. Бидете им потпора на пријателите.
Лесно ќе наоѓате инспирација и ќе бидете многу креативни. Осврнете се на светот околу себе и барајте надворешна убавина. Уживајте во убавите слики и пријатните моменти. Очекувајте голема поткрепа, можеби дури и финансиска, но подршка сигурно и тоа од една жена. Сите врски ќе ви бидат важни ова лето, а ќе имаат влијание и на крајните одлуки. Потрудете се да уживате во секојдневието и во ситуациите во кои што ќе се наоѓате, без разлика дали сте во врска или сте слободни. Обидите да ги сортирате работите нема да вродат плод. Тоа не е ништо лошо бидејќи и така не може се да биде во совршен ред. Гледајте широко и потрудете се вкупниот впечаток да биде добар, а не секоја ситница на место. Сепак, фатете се за работа, бидејќи ако не се потрудите ќе бидете во голема збрка при крајот на летото. Ова лето нема да бидете многу сентиментални, па повеќе ќе ве интересираат практични работи. Ќе бидете насочени кон самите себе, па ќе се грижите за својот изглед повеќе од вообичаено. Пријателите ќе ви пружат вистинска поддршка, а вие обидете се повеќе да уживате во друштвото, затоа што ќе бидете омилени.
Истовремено сте многу друштвени и многу продуховени. Ќе се чувствувате возбудено, а своите мисли ќе посакате да ги делите и со други. Поддршка од родителите и пријателите нема да ви недостасува, само е важно да ги препознаете вистинските вредности, па уживајте во она што го имате, наместо да се оптеретувате со ситниците што недостасуваат. Дури и ако не сте романтична душа ова лето ќе ви донесе прекрасни моменти. Деловните идеи ги забележувате за да не ги заборавите бидејќи постои шанса некои од нив да се покажат вредни.
Ако повеќе ве воодушевуваат активностите со кои што се занимавате, едноставно завршете со оваа сезона и ослободете си го летото. Време е за самоиспрашување. Осврнете се малку наназад и размислете што можете да искористите, а што повеќе не ви служи. Сведете ги активностите и работите на оние кои што ви носат најмногу корист и во кои што уживате, а останатото исфрлете го за непотребно да не ви одзема време. Размислете за добротворна работа. Подобро ќе се чувствувате ако им помагате на другите. За љубовта нема многу да размислувате, но само затоа што сега е сè во ред.
Животот има многу патишта, па немојте себеси да си велите дека само еден е вистинскиот. Бирајте ги оние патеки кои што ви одат од корист. Ова лето ќе се запознавате себеси и ќе откриете нешто што до сега не сте знаеле за себе. Искуствата низ кои што сте поминале изминативе неколку месеци го зголемија доживувањето за постоење луѓе околу вас. Најпосле излегувате од капсулата и повторно станувате друштвени. Веројатно ќе поминете низ судири со една личност која што има поинкави уверувања, но запрашајте се дали таквите судири имаат смисол. Летото е одлично за кариерата, но ни љубовта нема да заостанува.
Немојте да се менувате поради другите. Обновете ги сопствените желби и работете на себе си. Веќе ги пуштивте корените и сè е подготвено за раст. Ново чувство на обврски навлегува во вашите односи. Тие чувства ќе се развиваат сè повеќе, а на крајот на летото веројатно вашата врска ќе премине на едно повисоко ниво. Давате сè од себе за во текот на летото да го исчистите и телото и духот. Ценете ги материјалните работи кои ги имате, но не дозволувајте да ви станат поважни од љубовта. Оние кои се слободни, ќе запознаваат многу нови луѓе, што ќе пружи и можности за нова врска. Немојте да бидете строги кон себе. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лав
Целите повеќе од вообичаено и тоа со добра причина. Неодамна нешто се случило што ќе има влијание на целото лето кое е пред вас. Прагматичната страна на вашата личност ќе биде активна ова лето. Знаете што сакате и најверојатно знаете како тоа да го добиете. Ова лето ќе има особено позитивни ефекти во вашата кариера. Барате работа или сакате да напредувате? Сега е моментот. Луѓето околу вас ќе ве подржат, а вие ќе знаете тоа да го препознаете, а по потреба и да го искористите. Можна е нова љубов, а долгите врски ќе напредуваат.... Многу точно ...! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хороскоп: Какви ќе бидете кога ќе остарете?Младост – Младите од овој знак не им даваат мир на родителите. Овие деца се полни со живот и секогаш се во акција. Ги интересира се, а најмногу самиот живот. Нема долго да чекаат за да се впуштат во она што ги привлекува, па зато е најдобро кон нив да бидете целосно искрени. Можат одеднаш да влезат во брак или пак да го одолговлекуваат и на крајот да го избегнат. По природа се индивидуалци и секогаш на својот сопруг или сопруга и подготвуваат изненадувања. Со нив животот е динамичен и никогаш неможе да ви биде здодевно. Старост – Можат да продолжат со брзиот ритам, ако здравјето им го дозволува тоа. Тешко дека ќе можат да водат мирен живот и ако им недостасуваат активноста и возбудувањето, можат да станат вистински давежи. Кога би можеле, овните до крајот на животот би се занимавале со спорт. Младост – Децата бикови се разгалени. Слабост им се слатките. Знаат да се додворуваат и да освојат со својот шарм. Ако живеат во благосостојба, тогаш се најреќни. Доколку живеат сиромашно, нивното детство ќе биде запаметено како многу тежок перод од животот. Во брак секогаш влегуваат од љубов, ретки се оние кои тоа го прават поради материјален интерес. Парите им се важни исто колку и саканата личност. Тие едноставно сакаат да уживаат во животот. Старост – Ако се збогатиле во текот на животот, староста ќе ја поминат уживајќи во стекнатото богатство. Не сакаат да делат по секоја цена. Доколку остарат во сиромаштија, можат да станат луѓе полни со горчина и незадоволство. Младост – Движењето и контактот се она што децата близнаци ги прави среќни. Од моментот кога ќе прозборат тие не ја затвораат својата уста. Ако се одлучат да се врзат со некоја личност, тогаш таа ќе мора да биде свесна дека на нив најмногу од се им е важен друштвениот живот. Патувањето и дружењето се двете работи кои овие луѓе ги прават најсреќни. Старост – Во деновите од староста важно им е да ги задржат своите контакти или да ги обноват оние старите, за да имаат со кој да разговараат. Доколку се осамени, тогаш се многу несреќни. Ако нивниот партнер е друштвен тогаш кога ќе остарат може да им биде многу забавно, бидејќи ќе можат да стекнуваат нови искуства, да патуваат, да се дружат... Младост – Ова интровертно и чувствително дете, не ретко ги загрижува своите родители. Со него треба да бидете внимателни и нежни, но не да го држите под стаклено ѕвоно. Во светот на возрасните треба да го воведувате постепено. Потребата за повлекување во својот свет на соништа и мечти е добра, но ако тоа го прави премногу често, охрабрете го за некои поотворени активности. Во бракот влегуваат од инстинктивната потреба да основаат семејство. Старост – Ако изградат стабилен дом и семејство, староста ќе им биде пријатна со голем број семејни собирања. Ако останат сами, ќе станат тажни и меланхолични. Овие луѓе паметат се, па поради тоа многу често живеат во минатото. Младост – Јас мора да бидам главен, а ако не сум, ќе им бидам на сите здодевен за да привлечам внимание – по ова се познаваат малите лавови. Ако не им го подарите своето внимание, тешко на вас. Некогаш треба и малку да ги приземјите и да ги подготвите дека нема да биде секогаш онака како што тие сакаат. Најголема навреда за нив претставува игнорирањето. Стапувањето во брак мора да биде помпезно и секогаш гледаат од бракот да извлечат некаква корист, па макар се работело и само за статус во општеството. Го сакаат раскошот, а уште повеќе славата. Старост - Најважно од се им е за нив да се слушнало и да се знае кои се и што се. Ако постигнале нешто во состојба се со часови да зборуваат за тоа. Но ако резултатите изостанале , се претвараат во луѓе кои се склони и да лажат само за да се покажат во светло во кое би сакале да се видат самите себе. Кога ќе останат сами и ќе започнат да го анализираат својот живот, нивната гордост никогаш нема да им дозволи да признаат дека не успела. Младост – Овие се отмени деца. Внимаваат на своето однесување и се обидуваат да бидат пристојни и добри. Најчесто се пример за другите, а родителите со нив немаат грижи. Пред да стапат во брак ќе го „скенираат“ партнерот и нивниот иден живот. Старост – Со текот на времето стануваат вистински аптекари. Ако имаат складен брак ќе водат уреден и организиран живот. Ситниците кои за другите не значат ништо, за нив можат да станат смисла за животот. Ако девицата во текот на животот пропуштила нешто многу значајно, во староста постојано ќе збоува и ќе приговара за тоа. Младост – Децата ваги се во состојба да шармираат се околу себе. На нивното лице секогаш има насмевка. Без никаков проблем склопуваат пријателства, а во однесувањето се секогаш одмерени. Проблемите настануваат кога ќе дојде време да се одлучи нешто. Доколку како родители сакате да им угодите, во тој случај ќе ве полудат со нивната неодлучност.Бракот е нешто најсвето во нивниот живот, бидејќи тие на него гледаат како на нешто што мора да се преживеат во двојка. Старост – Ако успеале во личните односи, најверојатно деновите од староста ќе ги поминат во пар. Ако останале смаи ќе се чувствуваат многу осамено и ќе се обидат да ја најдат својата втора половина. Младост – Додека се мали сакаат да ги срушат сите стари правила и да создадат сосема нови. Некогаш се премногу сериозни , а како деца не се емотивно зрели и можат многу лесно да западнат во замката на одмаздољубивост. Тука треба паметно да ги пренасочите, па ако е потребно и да ги запрете. Кога стапуваат во брак, се најсериозни. Доследни се и не трпат површност. Старост – Ако во текот на животот успеале да ги совладаат сите промени, ако постигнале нешто што за нив е важно, староста ќе ја поминат во длабоки размислувања за она што го оставиле зад себе. И во овој период од животот тие ќе бидат активни во спортот и ќе се занимаваат со проучување на смртта. Стрелец Младост – Ова се највеселите деца во зодијакот. Нема да можат лесно да се заситат од патувањата кои ќе ги доживеат уште во раното детство. Единствениот проблем со кој можеби ќе се соочат е вишокот на килограми, па затоа треба да им кажете стоп на слатките. Старост – Кога ќе остарат некои од нив се претвораат во вистински филозофи, кои секогаш знаат да дадат по некој мудар совет. Ако пропуштиле нешто значајно во животот, нема да жалат за тоа туку ќе се обидат тоа да го преболат со филозофијата и хуморот. Младост – Овој знак е обратно пропорционален од целата земјена топка. Во децтвото и во младоста тие се однесуваат како мали старци, премногу се сриозни, помалку крути и ладни. Но позади сето ова всушност се крие чувствителност, ранливост, амбициозност и потреба да се постигне нешто.Во бракот стапуваат промислено, за нив љубвта е пресудна за среќен брак. Старост – Сета онаа серизоност и зрелост која ја имаат во младоста, во староста и го препушта местото на опуштеноста и веселоста. Тие се како виното. Во младоста, стари, а во староста, млади. Младост – Овие деца најчесто се посебни или имаат некој необичен талент. Сакаат да изненадуваат со најразлични лудории кои нивните родители неможат ни да ги замислат. Најважно од се е да не им дадете премногу слобода. Понекогаш во брак стапуваат наеднаш и на сосема неконвенционален начин. Старост – Сакаат да го истражат сето она што не стигнале додека биле млади. Секогаш смислуваат нешто ново и забавни се. Тоа се оние случаи кога жена од 80 години полага за возачка дозвола или почнува да оди на часови по јога. Младост – Рибите се нежни деца кои често пати ја мешаат реалноста со сонот. Уметничката црта е нешто што треба да се негува кај овие деца но со мера. Треба да ги научите реално да гледаат на животот . Очекуваат брак од љубов и често пати ја анализираат саканата личност. Старост - Кога ќе остарат единствено што им останува е да се излежуваат. Можат да бидат збркани, а во зависно од карактерот и често пати знаат да одглумат. Има некои кои постојано се жалат и зборуваат за смртта, но ако имате некој таков покрај вас, обидете се да го смирите употребувајќи ги неговите фантазии. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
e ovojpat... preterale malku pojkje...
|
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хороскопските знаци во кафеанаИако е Овен, во кафеана се снаоѓа како риба во вода, без оглед на поводот. Кога ќе се напие малку повеќе, а тоа често се случува, почнува многу директно да се однесува кон преставничките на поубавиот пол. Иако е фокусиран на својот “плен” од женски род и понатаму го забавува целото друштво раскажувајќи шеги. Жената Овен е главна во кафеана, нарачува пијачки за целото друштво, игра и си ги порачува омилените песни.
Сонува да има своја кафеана, што и не е реткост, но ако нема тогаш има омилено место каде што сите го знаат, од келнери до готвачи. Ги собира музичарите околу својата маса и не ги пушта да си одат, но им дава голем бакшиш, нарачува песни и ѝ угодува на својата поубава половина или на жената која му се допаѓа. Жената Бик исто така ужива во кафеански амбиент, сака да запее, па караоке во некој ресторан е совршено за неа.
Со Близнаците можете да си поминете најубаво во кафеана без оглед дали таму одите како заљубена двојка или како пријатели. Мажот роден во овој знак знае да биде неодолив, бидејќи тој го знае она што другите не го знаат, имитира, пее, танцува и го забавува друштвото. Жената Близнак секогаш е во друштво на помлади од неа, не го држи партнерот на око, затоа што обично не е љубоморна и се забавува како дете, или подобро кажано како големо дете.
Иако тој ги сака домот и семејството, обично за Ракот втор дом е неговата омилена кафеана. Никаде не може така да се опушти како со чашка добар пијалак и разговор со пријателите, тој ќе запее, ќе заигра и така до доцните вечерни или раните утрински часови. Жената Рак знае да се фати на оро, но и да заигра танго. Таа сака да се опушти кога е со пријателите, но кога е со партнерот гледа само во него како да не постои никој друг околу нив.
Кралот на забавата, игрите и сите видови на прослави, Лавот умее сѐ да организира во својата омилена кафеана, каде музиката го поздравува со почит, а келнерите трчаат да му ја отворат вратата веднаш штом ќе го видат. Лавицата, атрактивна и провокативна, прво “ја снима” ситуацијата и го набљудува друштвото во кое се наоѓа, а потоа стапува на сцена. Тогаш сите очи се вперени во неа, кога таа е на нејзиниот “трон” – подиумот за танцување, знае дека е неодолива.
Знак роден за мерак и релаксација, а кој би рекол, кога мажот Девица секогаш е дотеран, пристоен и воздржан? Штом малку ќе се напие и атмосферата почнува да се загрева, тој е оној кој во кафеаната нарачува тури, им сипа пијачки на сите и го подигнува расположението до точка на вриење. Женската Девица ќе се преправа дека нејзината сестра-близначка лудувала минатата ноќ, а не таа.
Боем, џентлмен, хедонист – мажот Вага не може без да ужива со друштвото во кафеана, без разлика дали станува збор за најотмен ресторан или “биртија”. Тој инсистира да ја плати сметката, се грижи за тоа дали чашите се полни, не дозволува музичарите да се оддалечуваат од неговата маса, но им даваа и богат бaкшиш. Жената Вага избира отмени ресторани за трач партија со пријателките, но кога ќе се одлучи да оди во “биртија” – таму останува до зори. Зад нејзината воздржана појава се крие желбата за забава, па таа никогаш не гледа на часовникот.
Елегантна и бучна, магнетно привлечна за спротивниот пол, Скорпијата ужива во кафеанската атмосфера, правејќи се дека не ja забележaла личноста која ја “голта” со очите. Не дозволува да ја напуштите забавата кога вие сакате, туку кога таа ќе ви дозволи. Жената Скорпија секогаш го бира ресторанот, или знае “машки” да се напие или е тотален антиалкохоличар. Сепак, тоа не ја спречува да ужива во флертувањето со мажите со “подлабок џеб”, затоа што нејзин додворувач не може да биде било кој.
Ги обожава кафеаните, но само оние кои се на “добар глас” и каде што доаѓаат познати личности, вклучувајќи го и него затоа што мажот Стрелец секаде е омилен гостин. Знае да започне разговор на некоја “жешка” тема, но умее и да се контролира. Кога ќе се напие повеќе, не прави скандали. Жената Стрелец наизглед успешно се вклопува во било кое друштво и во било која кафеана, но сепак сака да ги менува рестораните и да испробува нови, бидејќи има авантуристички дух.
Жената Јарец, за разлика од вообичаеното мислење дека само работи, работи и работи, дека е стегната и воздржана, знае многу добро да се опушти во вистински кафеански амбиент, со црвено вино и добра музика, тогаш може дури и да заигра. Мажот Јарец, наизглед срамежлив и расеан, во кафеана останува да лудува до раните утрински часови и не им дозволува на другите да си одат порано. Некои од неговите пријатели едноставно не можат да го препознаат, особено колегите од работа.
Водолијата ги обожава кафеаните бидејќи таму го има она што најмногу го сака – пијалак, пријатели и флерт. Мажот Водолија е голем боем, ужива во добрата чашка додека музичарите му свират на увце. Жената Водолија знае да ја дочека зората во омилената кафеана во друштво на пријателките, додека нејзиниот партнер дома си игра на компјутер.
Мажот Риби се чувствува одлично кога е во кафеана, особено кога е во машко друштво бидејќи веќе се знае кој што сака да пие и колку може да испие, а и каква музика слуша. На кого му е грижа колку е часот, кога него му е толку убаво, како во некој свет од неговата фантазија. Жената Риби сака дискретни места, по можност во близина на река или езеро, со врвно послужување и џентлмени кои скокнуваат да ја услужат на секое нејзино движење. Од неа треба да се учи уметноста на боемските манири.
|
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕВРЕЈСКИ ХОРОСКОП
Иако еврејската астрологија има заеднички корени со хеленистичката, тие сепак се разликуваат. Историчарите тврдат дека постои поврзаност меѓу 12-те израелски племиња, 12-те апостоли и 12-те знаци во зодијакот.
Tale – Овен (21.03 – 20.04)
Личностите родени во овој знак се многу жестоки. Лесно се возбудуваат, па често немаат трпение и самоконтрола. Избувливи се и знаат да бидат груби, брзоплети и нетолерантни. Често избрзуваат со донесените одлуки. Во љубовта се љубоморни, но и полни со страст. Постојано бараат нови возбудувања. Жената родена во овој знак е елегантна, чесна, но и предизвикувачка, љубоморна и ја сака еротиката. Овој знак најмногу си одговара со вагите, стрелците, лавовите, а треба да ги избегнува јарците и раковите. Им одговараат професии поврзани со спортот, индустријата, градежништвото и металургијата. Во работата се постојано напнати, но затоа се добри организатори, педантни се и одговорни. Друштвени се, иако потешко се снаоѓаат во колектив. Се мешаат во сè и ги бранат своите ставови. Имаат многу доблести; чесни се, искрени, верни, точни, храбри, големи патриоти се и секогаш се на страната на вистината. Но, од друга страна, ја потценуваат опасноста, еднострани се, суетни, нетактични и нетрпеливи. Лесно може да станат жртва на сопствените амбиции. Šor – Бик (21.04 – 20.05)
Родените во овој знак се упорни и цврсто стојат на земја. Одлични се како организатори и реализатори. Доверливи се, отворени, чесни, храбри и толерантни. Ги сакаат природата и уметноста. Иако се нежни и емотивни, знаат да бидат и тврдоглави, горделиви и одмаздољубиви. Материјалисти се, уживаат во раскош и заради тоа се и мрзливи, бавни, па дури и посесивни и љубоморни. Во сè бараат сигурност. Кога ќе одлучат нешто, не ја менуваат одлуката. Многу им се важни љубовта и сексот. Во љубовта се верни и имаат разбирање за партнерот. Се држат до своите принципи и ги почитуваат правилата. Одлично се снаоѓаат во економијата и финансиите. Знаат во што да инвестираат и да заработат, но затоа уживаат и во трошењето и купувањето. Може да успеат како посредници, инвеститори и градители, но имаат талент и за сите видови уметност. Teomim – Близнаци (21.05 – 21.06)
Претставниците на овој знак се снаодливи, интелигентни, креативни и динамични. Нивната креативност произлегува од вродената љубопитност. Дружељубиви се и комуникативни, дарежливи и духовити. Но, исто така се и нетрпеливи, нервозни и нестабилни. Живеат двоен живот и растргнати се меѓу желбите и можностите. Најдобро се чувствуваат кога дејствуваат на сите фронтови. По природа се немирни и постојано брзаат некаде. Со партнерот остваруваат длабока врска која се темели повеќе на интелект, отколку на емоции. Нивниот љубовен живот е бурен заради честата промена на партнерите и заради постојаното флертување. Понекогаш имаат по две и повеќе врски. Во животот имаат многу познаници, но малку вистински пријатели. Ги сакаат парите, сакаат да патуваат и успешни се како трговци и слични динамични професии. Sartan – Рак (22.06 – 22.07)
Личностите родени во овој знак се интуитивни и интелигентни. Имаат смисла за уметност, романтични се, емотивни и сензуални. Ги сакаат домот и спокојството затоа што се трпеливи, суптилни и чувствителни. Знаат да бидат сонувачи, сомничави, егоцентрични и одмаздољубиви. Секогаш се во улога на заштитници, делат совети и кажуваат добронамерни лаги. По природа се толерантни и попустливи. Поседуваат голема енергија и може да се прилагодат на секоја ситуација. Најмногу ги ценат домот и семејството. Тешко воспоставуваат блискост со непознати. Со партнерот се отворени и внимателни. Сексуално се многу активни. Својата материјална состојба често знаат да ја прикријат. Штедливи се и рационални, но не се себични. Им одговараат професии поврзани со трговија. Arieh – Лав (23.07 – 23.08)
Родените во овој знак се привлечни, чесни, паметни, достоинствени, горди и елегантни. Многу се храбри и во секоја ситуација сакаат да доминираат. Може дури да бидат надмени, суетни и недостапни. Приврзани се со пријателите и соработниците. Лоши особини на овој знак се завидливоста, грубоста и насилноста во остварувањето на целите. Нарцисоидни се и егзибиционисти. Се сакаат себеси, ја сакаат славата и заради тоа понекогаш си го припишуваат туѓиот труд. Најубаво се чувствуваат кога се опкружени со обожаватели. Уживаат во луксуз, гламур и комфор. Ги сакаат накитот, крзното и вредните антиквитети. Во работата се амбициозни, објективни, внесуваат промени и затоа често се директори или шефови. Партнерот го опсипуваат со љубов, но истовремено од него бараат покорност. Полни се со страст и нежност, но знаат да бидат и сомничави и љубоморни. Betula – Девица (24.08 – 23.09)
Претставниците на овој знак се совесни, добри, образовани, рационални, вредни и скромни. Го почитуваат редот, точни се, големи критичари се. Нивната упорност се граничи со тврдоглавост. Секогаш се подготвени да им помогнат на другите. Срамежливи и лесно ранливи, понекогаш патат од комплекс на помала вредност. Принципиелни се и не го искажуваат незадоволството. Наивни се и осамени. Инсистираат на хигиена и уреден живот. Работата им оди подобро од љубовта. Го кријат чувствата заради што другите ги сметаат за ладни и одмерени. Познати се како ситничари и штедливи. Врската со партнерот е повеќе интелектуална. Во љубовта се верни и немаат потреба од менување на партнерите. Moznaim – Вага (24.09 – 23.10)
Припадниците на овој знак се добри и привлечни луѓе. Ведри се, друштвени, нежни и учтиви. Размислуваат логично и дипломатски и имаат чувство за правда и вистина. Ја сакаат естетиката. Динамични се, не поднесуваат грубост и конфликтите ги решаваат на мирен начин. Многу добро го разликуваат доброто од лошото. Овие луѓе се, исто така, и неодлучни, нестабилни, па дури и агресивни. Лесно се вознемируваат, ги бранат своите ставови и на сите работи гледаат преку призмата на емоциите. Во врската со партнерот создаваат мир и хармонија, а нивните чувства се рафинирани. Потребно им е внимание. Не се расфрлаат со пари и доста се економични. Одлични се како адвокати, судии, трговци и актери. Akrav – Скорпија (24.10 – 22.11)
Личностите родени во овој знак се храбри, бескомпромисни, енергични и паметни. Сериозни се, компетентни, верни, борбени и практични. Главни карактеристики за овој знак се магијата и таинственоста. Не бираат средства за да ја исполнат целта и знаат да бидат агресивни, ако е потребно. Агресивноста е дел од нивната природа, исто како и љубомората, посесивноста и егоизмот. Понекогаш имаат мрачна природа поради која стануваат незадоволни и лицемерни. Сепак, знаат да бидат вредни и принципиелни. Врската со партнерот им е длабока и емотивна. Верни се и не поднесуваат неверство. Нивната цел е материјалното богатство. Одлични се во работите кои бараат реконструкција, реорганизација и нови решенија. Познати се како револуционери, бунтовници и анархисти. Строги се и непопустливи спрема колегите. Kešet – Стрелец (23.11 – 21.12)
Родените во овој знак се интелигентни, луцидни, духовити, чесни, ведри и достојни за почит. Ги ценат слободата и независноста. Интуитивни се, сакаат да патуваат и да истражуваат. Уживаат кога се во природа. Слободоумни се и не поднесуваат фрустрации. Можат истовремено да бидат и материјалисти и идеалисти. Но припадниците на овој знак знаат да бидат и вообразени, егоцентрични и нарцисоидни. Лесно пламнуваат и тогаш стануваат груби. Не водат сметка за трошењето пари. Сакаат да бидат лидери и да се во центарот на вниманието. Тогаш се вистински ентузијасти и шармери. Во љубовта сакаат да доминираат и да имаат целосна контрола над партнерот, но важно им е тој да има разбирање за нивната слобода. Овие луѓе најчесто се спортисти или политичари. Gedi – Јарец (22.12 – 20.01)
Претставниците на овој знак се упорни, сериозни, реалисти со цврст карактер. По природа се затворени, имаат добар карактер, одлична меморија и ја прифаќаат одговорноста. Педантни се, се придржуваат до редот и не се одмаздољубиви. Некои од нив се агресивни, незгодни, саркастични, себични, неблагодарни и ладни. Не се амбициозни, скромни се и нивните одлуки се промислени. Знаат да бидат недостапни и затоа не се склони кон нови познанства. Нивните контакти се одмерени и на дистанца. Тешко се приврзуваат, но подготвени се да се жртвуваат за оние кои ги сакаат. Штедливи се, па дури и себични. Никогаш не се расфрлаат со пари и добро ја проценуваат секоја инвестиција. Одлични се како градежници, банкари, информатичари, трговци. Deli – Водолија (21.01 – 18.02)
Личностите родени во овој знак се хумани, горди, чесни и посветени на колективните интереси. Едноставни и грациозни, имаат широк дух и прилагодливи се по природа. Најчесто се оригинални, независни и најмногу ја ценат слободата. Како пријатели се искрени и солидарни, подготвени да се жртвуваат. Лоши карактеристики на овој знак се користољубието, завидливоста и снобизмот. Бунтовни се и не поднесуваат ограничувања. Тие се вистински борци за правда. Повеќето од нив се друштвени и се обидуваат да најдат разбирање со околината. Во работата се практични и материјалисти. Вложуваат во вредностите и подготвени се да ризикуваат. Можат да успеат како пронаоѓачи и банкари. Со партнерот градат рамноправен и пријателски однос. Во љубовта, како и во сè друго, најважна им е слободата. Dagim – Риби (19.02 – 20.03)
Припадниците на овој знак се интуитивни, привлечни, емотивни и инстинктивни. Имаат дарба за уметност и мистицизам. Тие се пожртвувани борци за правда. Нивните емоции се возвишени и затоа се романтични и големи ентузијасти. Својата духовност ѝ ја пренесуваат на околината. По природа се нестабилни, променливи и плашливи. Брзо го менуваат расположението, неретко се посесивни, повлечени и површни. Шармантни се и друштвени, сакаат да ги забавуваат другите. Во односите со семејството се нервозни и нетрпеливи. Внимателни се со партнерот и ги задоволуваат сите негови желби и потреби. Во љубовта знаат да трпат, да простуваат, но и да се осветуваат. Не се материјалисти и повеќе го ценат духовното богатство. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
d4 b3
Сениор не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
хм
груб егоистичен нарцисоиден материалист идеалист се мразам веке треба да се утепам Изменето од d4 b3 - 02.Јули.2012 во 01:37 |
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве еден интересен хороскоп напишан од мажи, а наменет за жени. Дали мажите навистина добро ги процениле карактеристиките на секој одделен хороскопски знак проценете сами. Овен Лав Стрелец |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
Внеси реплика | страница <1 8889909192 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |