|
Ќе излезете ли да гласате на претстојните избори? |
Внеси реплика | страница <1 7891011 12> |
Автор | |||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
моменталната плата на наставничките им е 22000 денари, колку им била порано и самиот знаеш кога штрајкуваа.
Јас работам во приватна фирма и толку не ни се мали платите, неможе во некој бутик што едвај опстојува на вработениот да му се даде поголема плата од 12000 денари, тој повеќе и не заслужува. |
|||
NRGMKD
Сениор THE EXTERMINATOR Регистриран: 18.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 7512 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Моментална плата на наставничките со полн фонд на часови е 18000 денари, а кај професорите во средно образование платата е 21 500 денари. А што праиме за градежните работници кои работат за 12000 денари? Еве не споредуваме бутик... Бутиците полека полека ги отпуштаат своите вработени и самите си работат.. не се исплати веќе да се има вработен во бутик...
|
|||
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
|
|||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Јас се согласувам со твојава споредба, не е возможно градежен работник да зема поголема плата од 12000 денари. А за бутиците е друга прикаска, ич не ми е мака што се во таква ситуција, од кога ги отворија поголемиве шопинг центри, видовме со колкава заработка им биле нивните партали.
|
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А ти знаеш ли друга фраза освен НЕ МОЖЕ и НЕ Е ВОЗМОЖНО? Зошто бе да не е возможно? Затоа што комшивкава моја сопственичка на маалска продавничка за прехрамбени производи плаќа 2 девојчиња по 11.000 и месечно и останувале 800 евра заработка? Не заслужуваат а? Затоа што работат по 9 а некогаш и 10 саати на ден? Зошто продавачките во бутици не заслужуваат повеќе? Немале заработувачка? Ма ајде, во она Рамсторон гледам нема човек без кеса да излезе, ако им направиш сметка колку дневно заработуваат сигурно за платите им се доволни само 2-3 дена работа.. Зошто да не заслужуваат градежните работници повеќе од 12.000? Затоа што работат и на дожд и на сонце и на минус 10 и на плус 45? Зошто тогаш овие тешки работни позиции на запад се најмногу платени (зборам за споредба со другите такви ниски позиции)? Затоа што не заслужуваат? Наставничките можеби добија зголемување од некои си 3-4000 денари, ама дупло сугурно не. Офтопик сме, може и на други теми да се дискутира за ова..
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
..кај се спремате бе?..кај ќе има избори?. имаше попис,па немаше попис. имаше коалиција ..па немаше. желба за влез во ЕУ....па нема,ќе се распаднела ЕУ. имаше држава...па држава во држава....па ќе ја има ли бе,па да одите на избори?. и ќе имате ли воопшто можност за избор?и што избори ќе бидат тоа?....не попишани!. |
|||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
тоа право од глупост за да гласаат на избори во сопствената држава го имаат скоро сите луѓе на светот. македонците меѓу последните тоа право го добија благодарејќи на комуњарите.
|
|||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ОК, темата не е кој колку заработува (зарем тие што заработуваат помалу треба да имат повеќе глас, а оние другите помалу глас или не треба да имаaт воопшто ? ), туку рамноправноста на граѓаните на Македонија. Не постојат две класи на граѓани (државјани) - едни повеќе граѓани и други помалу граѓани... Граѓани (државјани) со повеќе права и државјани (граѓани) со помалу права. Разлики нема меѓу граѓани (citizens) туку меѓу граѓани и луѓе кои добиле право да живеат и работат во државата, но немаат граѓански статус (lended emigrants). Така, на пример, беа на времето некои македонци од егејскиот дел на Македонија кои не земаа југословенско државјанство, но имаа право да живеат и да работат во Југославија. Таквите жители во државата немаат право да глaсaат и да бидат гласани. Oстанатите се рамноправни од тој аспект без обзир каде живеат. И тезата дека ако некој привремено не живее во Макeдонија бидејќи не е присутен таму и не може да ги репрезeнтира интерeсите на мaкeдонците не држи вода бидејќи и оние македонци кои живеат во Македонија не ги репрезeнтираат интересите на иститие кои тоа им го префрлаат тoа на оние кои се на привремно живеење надвор од татковината. И тие си гласат според своето разбирање и интереси што може да биде 100% спротивно од другите. Според тоа, ваквите разговори, за тоа дека имаме две класи на граѓани, од кои едните треба да имат повеќе граѓански права од другите, едноставно не држи вода.
|
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да, по службена должност оти сега даскалите не се повеќе даскали туку јавни службеници и една од задачите како јавни им е да се спроведувачи на избори т.е. се членови на избирачките комисии. Чим ќе бидам цел ден таму, ќе свртам зад параванот)
И кога шпекулирате со платите на даскалите-ај да нема шпекулации да добиете информација од извори “блиски до изворот“. Платите на просветарите за владеење на оваа политичка опција се покачени 20 % и не се како порано, туку по концептот бруто/нето во која влегува и некогашните хранарина и превоз. Аке еден почетник-даскал порано земаше 10 000 плус 2 300 хранарина и 900 превоз значи 13 200, сега со оние покачувања од 20% зема некаде околу 17 000 ај да речам 18 000. или некои си 300 евра. Повозрасните според стажот земаат нешто повеке. И се би било ОК ако во меѓувреме не настапеше кризата и слободата на формирање на цените па така од покачувањата не се виде некој бенифит, напротив отиде стандардот надолу-како и кај сите. И околу она-малите дуќанчиња. Не ги разбирам луѓето кои велат дека ја сакаат ВМРО и се да бидат тие доживотно на власт а, пропагираат пропаст и затворање на малите дуќанчиња Па нели се коси тоа со платформата на владата- проектите за развој на малото стопанство-та нели даваат кредити за -Отпочни свој бизнис!!!!! Не разбирам навистина-да посакуваш да се распадне она на што се ловат гласови и се добиваат избори. Па Тинекс, Рамстонг, Веро се големи и нудат илјадници “залажотки“ од типот со собрани 20 купони (еден купон за сметка над 350 ден) и доплата од 800 ден добивате 6 италијански ножеви, ама не можат сите да одат до овие маркети туку пазарат во маалските дуќанчиња оти немаат можност да соберат 20 купони оти ним пензијата им е 6 000 и во маалските гранапчиња сеуште се дава на пишанка. И после се лутите кога ви велат дека не ја знаете ситуацијата на терен и дека не треба дијаспората да гласа |
|||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Гледаме со различни очи, нели Сатијаго ама јас сум барем доблесен па се изјаснувам за кого ќе гласам
Да не го тупам....ама Ве замолувам да отворите Вие ваш приватен бизнис и да им дозволите на вашите вработените да рачунаат колку Вие заработувате и кој со какви кеси излегува и на тој начин да си ја добиваат платата. А да ние во моето семејство ги подржуваме проектите на владата па отпочнавме сопствен бизнис |
|||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тоа не е доблест, тоа е кршење на едно од правилата за гласање Демек гласањето е тајно, па зошто тогаш јас да ти кажам на тебе а и на сите тука за кого ќе гласам? Тоа е моја лична определба и не треба да те интересира тебе а и никој друг. Друга работа е што коментираш за коментатор, а не за темата. А ти кога ќе отвориш сопствен бизнис продолжи да ги поддржуваш проектите за отпочнување на мал бизнис иако со тие "проекти" на крај ќе излезеш повеќе во минус отколку во плус. Никој паметен не ги искористи бенефииите за отпочнување на бизнис, затоа што изгледа знаеле барем математика. Јас не и израчунав на комшивката, сметководителот си се грижи за тоа. А Сантијаго го поминал своето, не му требаат некои мали грантчиња за отпочнување на бизнис што благодарение на сите "поволности" за нови мали претпријатија утре ќе го затвори. Дал Бог, барем до толку за да не се задолжам уште повеќе на државава.
|
|||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Значи, ај да не речам.. ама понесмасен... трагично смешен... да не употре**м друг збор-ќе навредам некого, аргумент на ваква тема... не сум прочитал до сега... Значи не е битно знае ли, не знае ли како се живее таму... и каде е... и што е и како е... и 40 години нема појма, можеби заборавила и да збори Словенски... ама и било уставно право да гласа... А бе ни да се смееш ни да плачеш... да се крстиш само...
Тие стотина гласови... носат тројца пратеници... кур ве боли вас таму у ПМ... ние после го јадеме стапот... зошто вие изигравате патриоти на далечинско... пардон... вулгарен сум... си играте курташак со нашиве животи... мое загарантирано право е да гласам за кого сметам дека треба... затоа што јас живеам тука... и сите како мене... па ако сакам и за Амди ќе гласам... ама сам ќе си бидам крив... морееее, чудо од желба да се одлучува... за туѓи животи... |
|||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Сега е кршење на правилата за гласање, јас никого не прозвав или питав за кого ќе гласа...а вчера беше дека иселениците не знаат што се случува во нивната замја...аха да, па ние сме во времето пред нашата ера, па не знаеме ништо :) А за мојот фамилијартен бизнис не може ама баш никој да ми помогне ако јас сум неспособон...за информација прилично добро ни оди до сега... можда и јас кога би бил неспособен и би заработувал малку па мојата фамилија не може да преживее би реагирал на се негативно.... Изменето од Pavaroti - 15.Септември.2012 во 13:44 |
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
...samo,...izvini shto ke ti go modificiram krajot na ''tvojata dlabokoumna'' misla : .....t.e.....some small minds ....are for discuss by...great people! ...p.s....mozebi ne e bash po gramatichki angliski ama ,...siguren sum deka ke sfatish ( a i nekoi drtugi) shto sakaV da kazam! |
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Очигледно нешто никако да разбереме. Се работи за право на граѓаните. Како може да се говори за "давање право само на оние кои ја знаеле и живееле ВИСТИНСКАТА состојба" ??? На страна што такво нешто не постои во Уставот и Законот туку kоја е таа ВИСТИНСКА состојба ? Онаа твојата ? Oнаa на комшијата кој отворил бизнис и си го брка животот ? Или онаа на македонецот од дијаcпората кој директно вложува капитал во Македонија овозможувајќи на државата да стои во позитивно салдо или му праќа пари на твојот комшија да отвори бизнис ??? Можеш да ми докажеш дека ти ја знаеш ВИСТИНСКАТА состојба подобро од комшијата? Дека комшијата знае повеќе од тебе? Дека јас знам помалу од комшијата? Можеш да докажиш дека твојот школски пријател Петко ја знае подобро економијата од македонецот Alexander од Sidney ? Демек по некои коментаpи во темава излага оти Петко бил експерт за Алеxандар само затоа што живе во Велес. Значи тоа бил релевантниот фактор. А тоа пак значело дека македонецот од Австралија гласа за некого во Македонија за да му го свирне некому од зади. До тоа му дошло нели ??? Која е таа твоја ВИСТИНСКА состојба ? Твојата лична состојба е ВИСТИНСКАТА состојба во Македонија ? Ако е така тогаш гласај само ти и забрани им да гласаат на сите други граѓани. Или собери ги само оние кои сaкаат да гласаат како тебе и ним дади им право на глас, а на сите други забрани им - онака демократски. Бог да чува! Ќе повторам уште еднаш, не се работи за тоа кој што мисли, туку за точно одредени права регулирани со Уставот и Законот на државата. Ирелеватно е што мисли Мessenger и којсумјас кога си постои точно одредени закони, правила и прописи кои ги одредуваат овие нешта. Не може на којсумјас да му падне на ум да си ги смени овие работи затоа што не му биле по ќејф во даден момент мислејќи дека одредени македонски граѓани не се доветни да гласаат, а друг пат истото да го направи Messenger. Зошто тогаш воопшто имаме Устав и Закон ??? Изменето од Messenger - 15.Септември.2012 во 23:50 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Внеси реплика | страница <1 7891011 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |