|
Македонија “изгубено дете на мајка Блгарија“?! |
Внеси реплика | страница <1 789 |
Автор | |
taor
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 115 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Темата е веродостојна. Но Бугарската немоќ ги тера политичарите да глумат политика- или нешто во стилот ,,Трла баба лан........,,
|
|
,,WHAT'S UP DOC?,,
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бугарската националистичка партија „Атака“ вчера предупреди дека Македонија и Србија можат да станат членки на Европската унија само откако ги вратат териториите одземени од Бугарија по Првата светска војна. Димитар Стојанов, член на Европскиот парламент од „Атака“ ваквото барање го нотирал во писмо до амбасадорот на Србија во Софија.Лидерот на „Атака“, Волен Сидеров, потврди дека доколку Србија сака да и се приклучи на Унијата треба да ја врати територијата околу Димитровград и Босилеград во источна Србија, а Македонија да ја врати Струмица.
Барањата на Атака доаѓаат во време на подготовка за парламентарните избори следната година. На ваквите изјави се гледа како на засилување на реториката во бугарската десница. Атака е треторангирана партија, зад опозиционата ГЕРБ, партија на градоначалникот на Софија Бојко Борисов и социјалистите на бугарскиот премиер Сергеј Станишев. --------------------------------------------------------------------------------------------
Ова изгледа како не толку срамежлива најава за уште едно вето од нашите “мили“ комшии, овојпат источните...ако се дочепаат “атакувачите“ до власт...
Да се вратела Струмица на Бугарија... хахахаха...
И после ние сме ширеле национал-шовинизам, говор на омраза, непријателски пораки кон комшиите???...
|
|
BIB
Група Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Belgium Статус: Офлајн Поени: 68 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ne e lesno da si makedonec
|
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Состојбата по изборите во Македонија само привидно е смирена и земјата
се наоѓа во деликатна, па дури и драматична фаза од својот развој,
оцени првиот амбасадор на Бугарија во Македонија Ангел Димитров во
интервју за софиската агенција Бгнес. Според Димитров, основните
причини за загриженост, заедно со економската состојба, имаат политички
и социјално-психолошки карактер.
- Македонија не успеа, ниту покажа желба критички и докрај да го согледа своето минато. Растргната меѓу неопходноста од промени и напорите да го зачува образот од југословенско време, земјата остана плен на својата митологија и од неа формираниот новомакедонски национализам.Таквата состојба и' пречи на младата држава да најде рационални решенија за нејзините внатрешнополитички и меѓуетнички проблеми, и за остварувањето на нејзините меѓународни односи и надворешнополитички цели - изјави Димитров.Во врска со прашањето за името, Димитров оцени дека проблемот изгледа ирационален, но всушност се однесува на целокупното наследство и политичките димензии во него.Грчко-македонскиот спор директно ја засега и Бугарија, и тоа од три причини, смета Димитров. - Името Македонец, употребувано од македонските Бугари е дел од бугарското историско наследство, дел од географската област Македонија е во границите на бугарската држава, во која живеат и десетици илјади бегалци од сите нејзини краишта - наведе Димитров. --------------------------------------------------------------------------------------------- ...и повторно молчиме...до кога само ке трпиме да не плукаат, негираат, навредуваат и до кога само ке молчиме...? Ова изгледа е најнов вид на одбрана, македонски изум, додека сите и од сите страни не напаѓаат на безочен и дрзок начин, ние ке молчиме и остаруваме, пардон, остваруваме. Кога веќе еднаш ке се свестиме и ке смогнеме сила адекватно да одговориме на оваквите лаги и историски невистини навистина не ми е јасно, и што е уште понавредливо, текстов е независен, не е во склоп на кометар, туку си фгурира како вест, прекрасна вест! Не ми е јасно и зошто воопшто вакви навредливи текстови искачаат по медиумиве без адекватни коменари од уредникот или новинарот кој го објавува. И каде се сега да реагираат дотичните велештрумфови од МАНУ, или ова им е под чест да го коментираат? |
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ма тоа Бугарите можат да се носат у 3 бре.
Место да си гледаат тоа скапаната искорумпирана држава они стално изиграваат велики душебрижници за Македонскиот идентитет. Тоа зашто знаат дека Македонците си се башка народ па ги боли многу очигледно и сами шират лаги зашто сакаат да веруваат во нив. Само мора да се изнајде начи адекватно да им се возвраќа на ударите. И Македонците да престанат да зимаат бугарски пасоши и да си ги пишуваат родителите Бугари. Нема ништо победно да си ја продаваш националноста. Губиш секакво човечко достоинство. Па после овие ќе пуштаат афери колку Бугари имало во Македонија и те негира во секоја можна смисла. Изменето од GlenKlouz - 12.Декември.2008 во 13:53 |
|
Vercingetorix
Сениор Регистриран: 12.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 421 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште сонуваат за МАКЕДОНИЈА=БУГАРИЈА,ја немало нема ни да ја има како бугарска земја а народот да е бугарски.
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Македонија изгубено дете на мајка Блгарија".
Или обратно?! |
|
Внеси реплика | страница <1 789 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |