IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8384858687 98>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2013 во 10:20
14 Зашто, Христовата љубов нè опфаќа,

15 кога дојдовме до заклучокот: еден умрел за сите, значи дека сите умреле. А Тој умре за сите, та живите да не живеат веќе сами за себеси, туку за Оној, Кој умре и воскресна за нив.

16 Затоа отсега и ние не познаваме никого по тело; иако Христа Го познаваме и по тело; сега веќе не Го познаваме така.

17 И така, ако е некој во Христа, тој е ново создание; старото помина, ете: сè стана ново.

18 А сè ова е од Бога, Кој нè измири со Себе преку Христа и ни ја даде службата на измирувањето,

19 зашто Бог го измири светот со Себе во Христа, не засметувајќи им ги нивните престапи и вложувајќи го во нас словото на измирувањето.

20 Според тоа, ние сме пратеници на Христа - на тој начин што Бог моли преку нас. Молиме во името на Христа: помирете се со Бога!

21 Оној, Кој не знаеше за грев, Бог Го направи грев за нас, за да станеме Божја правда во Него.


==2 Коринтјаните 5:14-21 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2013 во 10:59
1 И ми дојде Господово слово:

2 ”Човечки сине, пророкувај против Израелевите пастири, пророкувај им и речи им: ‘Господ Бог зборува вака: „Тешко им на Израелевите пастири кои се пасат сами себеси! Не треба ли пастирите да го пасат стадото?

3 Се храните со млеко, се облекувате со волна, колете дебели овни, а не ги пасете стадата.

4 Не ги поткрепувате немоќните, не ги лечите болните, не ги преврзувате ранетите, не ги доведувате назад заскитаните, не ги барате загубените, туку господарите со нив насилно и свирепо.

5 И така овците се распрснаа немајќи пастири и распрснати, им станаа плен на ѕверовите.

6 Овците скитаат по сите гори и по високите брегови; Моите овци се распрснати по сета земја, и никој не прашува за нив, нема никој да ги бара.”

7 Затоа, пастири, чујте го Господовото слово:

8 ”Животот Ми Мој, говори Господ Бог: затоа што моите овци им станаа плен и храна на ѕверовите, немајќи пастир, додека Моите пастири не ги бараа Моите овци, туку се пасат самите себе, а не го пасат Моето стадо” -

9 затоа, пастири, чујте го Господовото слово:

10 Господ Бог зборува вака: „Еве Ме против пастирите! Ќе ги барам Своите овци од нивните раце, и не ќе им дадам веќе да Ми го пасат стадото ниту самите себе да се пасат: ќе ги истргам овците од нивната уста, не ќе имаат веќе храна.”

11 Зашто вака зборува Господ Бог: Еве ме, Самиот ќе ги побарам Моите овци и Самиот ќе ги пасам!

12 Како што пастирот се грижи за своите овци кога ќе се најде покрај распрснатото стадо, и Јас ќе се погрижам за Моите овци и ќе ги соберам од сите места во кои што се распрснаа во денот на облак и мрак.

13 Ќе ги изведам од народите, ќе ги соберам од земјите и ќе ги доведам во нивната земја за да ги пасам по Израелевите гори, по сите речни долини и по сите населени места во нивната земја.

14 Ќе ги пасам по прекрасни пасишта, трлата ќе им бидат на високите Израелеви гори; таму ќе одмараат во добри овчарници и ќе пасат по сочни пасишта, по Израелевите гори.

15 Самиот ќе ги пасам Своите овци и Самиот ќе им дадам починка - зборува Господ Бог.

16 Ќе ја побарам загубената, ќе ја доведам назад заскитаната, ќе ја преврзам ранетата и ќе ја поткрепам немоќната, ќе бдеам над дебелата и силната - ќе ги пасам праведно.”

==Езекиел 34:1-16==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2013 во 14:17
13 Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.
==Јован 15:13 ; Библија==




Откровение
2:7 Кој има уво, нека чуе, што им говори Духот на црквите: „На оној, кој победува, ќе му дадам да јаде од дрвото на животот, кое што е среде Божјиот рај!”
2:11 Кој има уво, нека чуе, што им говори Духот на црквите: „ На оној кој победува - втората смрт нема да му нанесе штета.”
2:17 Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите: „На оној, кој победува, ќе му дадам од скриената мана, ќе му дадам и бел камен и на каменот напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, кој го добива.”
2:26 И на оној, кој победува, и ги пази Моите дела до крај, нему ќе му дадам власт над народите,
3:5 Кој победува, ќе се облече така во бели облеки и нема да го избришам неговото име од книгата на животот, но ќе го признаам неговото име пред Мојот Татко и пред Неговите ангели.
3:12 Оној, кој победува ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог и нема веќе да излезе надвор и на него ќе го напишам името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог - Новиот Ерусалим, кој слегува од небото, од Мојот Бог; и Моето ново име.
3:21 На оној, кој победува, ќе му дадам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Мојот Татко на Неговиот престол.
21:7 Кој победува го наследува ова, и Јас ќе му бидам Бог, и тој ќе ми биде син.

www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2013 во 10:50
1 Јованово: 5:4,5

зашто сè што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата која го победи светот: нашата вера.
Кој е тој, кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Божји Син?
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2013 во 14:44
Во минатото на местото од монасите живееле масоните а после масоните се одделиле од црквата.
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Ноември.2013 во 10:30
11 ”Достоен си, Господи и Боже наш, да ја примиш славата, и честа и силата, зашто Ти си создал сè, и заради Твојата волја суштествува сè и е создадено.”
==Откровение 4:11 ; Библија==

„Амин! Благослов и слава; и премудрост и благодарност; и чест и сила и моќ на нашиот Бог во сите векови. Амин!”
==Откровение 7:12 ; Библија==

2 И видов нешто како стаклено море, измешано со оган, и оние кои го победија Ѕверот и неговиот лик и бројот на неговото име, - стоеја на стакленото море и имаа Божји китари,
3 и ја пееја песната на Мојсеја, Божјиот слуга, и песната на Јагнето, велејќи: „Големи се и прекрасни Твоите дела Господи Боже, Сèдржителу! Праведни и вистински се Твоите патишта - Цару на народите.
4 Кој нема да се уплаши од Тебе, Господи, и не ќе го прослави Твоето име? Зашто само Ти си свет; сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе, зашто се покажаа Твоите праведни судови!”
==Откровение 15:2-4 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2013 во 10:40
Псалм 23

1 Господ *е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува,
2 Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тихи води,
3 ја поткрепува душата моја, ме води по патот на правдата заради името Свое.
4 Кога би тргнал и по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене; Твојот жезал и Твојата палка ме успокојуваат.
5 Си приготвил пред мене трпеза на очиглед на непријателите мои, си ја помазал главата моја со елеј; и чашата твоја ме напојува со блаженство.
6 И милоста Твоја така да ме придружува преку сите денови на мојот живот, и јас ќе престојувам во домот Господов засекогаш
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2013 во 10:32
ОДГОВОР НА МОЛИТВИ

1 Јован

13 Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Божјиот Син.
14 И ова е смелоста која ја имаме кон Него: дека нè слуша ако просиме нешто по Неговата волја.
15 И кога знаеме дека нè слуша, што и да Го молиме, знаеме дека ги имаме добиено молбите што ги побаравме од Него.
16 Ако некој го види својот брат да врши грев, што не води кон смрт, нека моли, и ќе му даде живот, имено на оние, кои не вршат грев што води кон смрт. Има грев што води во смрт, за тој грев не велам да моли.
17 Секоја неправда е грев, а има грев што не води во смрт.
18 Знаеме дека ниеден, кој е роден од Бога, не греши, туку родениот од Бога се пази себеси и лукавиот не се допира до него.
19 Знаеме дека ние сме од Бога, а целиот свет е во власта на лукавиот.
20 Исто така, знаеме дека Божјиот Син дојде и ни даде разум, за да Го познаеме Вистинскиот. И ние сме во Вистинскиот, во Неговиот Син Исус Христос. Тој е вистински Бог и вечен живот.
21 Дечиња, пазете се од идолите. Амин!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2013 во 12:27
БИБЛИЈАТА СТОИ ПРЕД СЕ ДРУГО

“Повикај Ме, и ќе ти одговорам и ќе ти откријам големи и недостижни тајни за кои што незнаеш ништо.” (Еремија 33:3 ; Библија)



Ниедно проучување не може толку да ја облагороди и да ја воздигне секоја мисла, секое чувство и секој копнеж како што тоа може да го направи проучувањето на Библијата. Ниедна друга книга не може да понуди такво задоволување на умот желен за сознанија ниту на срцето кое што ја бара вистината. Со стекнувањето на знаење за Божјата Реч и со слушањето на вистината, луѓето можат да се воздигнат од најголемите длабочини на незнаење и пониженост, и да станат Божји синови и да се дружат со безгрешните ангели...
Како воспитна сила Библијата е пред сето друго. Ништо не може да даде таква сила на секоја умна способност како напор да се сфатат чудесните вистина на откровението. Умот постепено се прилагодува на она на кое што постојано се задржува. Ако постојано е обземен само со неважните секојдневни случувања и грижи, умот отапува и слабее.
Со ширината и разноврсноста на својот стил и предмет, Библијата има по нешто со што може да го заинтересира секој ум и да апелира на секое срце. Нејзините едноставно изразени вистини опфаќаат начела што се возвишени како небото и кои што ја опфаќаат вечноста. Нема ситуација во животот, ниту развојна фаза во човечкото искуство за која што Библијата не содржи вредни поуки. Владетел и следбеник, господар и слуга, продавач и купувач, оној што дава на заем и оној што го прима заемот, родител и дете, учител и студент, - сите во Светото писмо можат да најдат поуки од непроценлива вредност.
Но, над сето друго, Божјата Реч пред нас го изнесува планот на спасението, покажува како грешните луѓе можат да се измират со Бога, ги изложува големите начела на вистината и должностите според кои треба да се раководиме во животот, и ни ветува божествена помош во примената на тие начела. Таа досегнува и подалеку од овоземскиот минлив живот, подалеку од кратката и мачна историја на човечкиот род. Пред окото на верата таа го открива широкиот видик на бескрајните векови - векови непомрачени со грев, незамаглени со тага и болка.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2013 во 10:39
1 Јованово: 5:4,5

зашто сè што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата која го победи светот: нашата вера.
Кој е тој, кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Божји Син?



Надевај се на Него, народе, во секое време, излевајте ги срцата пред Него: Бог е наше засолниште!

Псалми 62:8
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2013 во 12:31
Зашто, сите сте Божји синови преку верата во Христа Исуса, зашто сите, кои се крстивте во Христа, се облековте со Христа. Нема веќе ни Јудеец ни Грк, нема веќе ни роб ни слободен, нема веќе ни машко ни женско, зашто вие сите сте едно во Христа Исуса.
*Галатите 3:26-28

И славата што Ми ја даде, им ја дадов ним, за да бидат едно, како што Сме Ние едно
*Јован 17,22

Јас и Татко Ми едно сме.

*Јован 10,30
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2013 во 10:12
Јован 4:22 „Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците.“
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2013 во 13:04
11 ”Достоен си, Господи и Боже наш, да ја примиш славата, и честа и силата, зашто Ти си создал сè, и заради Твојата волја суштествува сè и е создадено.”
==Откровение 4:11 ; Библија==

„Амин! Благослов и слава; и премудрост и благодарност; и чест и сила и моќ на нашиот Бог во сите векови. Амин!”
==Откровение 7:12 ; Библија==

2 И видов нешто како стаклено море, измешано со оган, и оние кои го победија Ѕверот и неговиот лик и бројот на неговото име, - стоеја на стакленото море и имаа Божји китари,
3 и ја пееја песната на Мојсеја, Божјиот слуга, и песната на Јагнето, велејќи: „Големи се и прекрасни Твоите дела Господи Боже, Сèдржителу! Праведни и вистински се Твоите патишта - Цару на народите.
4 Кој нема да се уплаши од Тебе, Господи, и не ќе го прослави Твоето име? Зашто само Ти си свет; сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе, зашто се покажаа Твоите праведни судови!”
==Откровение 15:2-4 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2013 во 00:05

Генезис (Битие)

Глава 1:

27 Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско.  

31 И Бог виде сè што направи, и ете, беше многу добро. И бидна вечер, па утро - шести ден.


Глава 6:

5 Господ виде колку е голема човековата расипаност на земјата и дека секоја мисла во неговата памет секогаш е само зло.

6 Господ воздивна и се натажи во Своето срце дека го создаде човекот на земјата.

7 Господ рече: „Ќе ги истре**м луѓето што ги создадов од лицето на земјата - од човекот до ѕверот, ползачите и птиците во воздухот - зашто се покајав што ги создадов.


Зошто и нив? Што тие му згрешиле?

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8384858687 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.