IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7980818283 157>
Автор
Порака
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2011 во 20:34
Повеќе нема да ти барам хороскоп...
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2011 во 14:42
 
 

Во кој хороскопски знак започна вашата врска?

Овен (21.03. – 20.04.)

Тоа е период  на првиот хороскопски знак, а овенот го претставува детето во сите нас. Тврдоглав и страствен знак, кој често мисли само на себе. Овенот спаѓа во огнените знаци, така што вашата врска ќе ви биде страствена, но со него владее планетата на војната Марс, така што нема да фалат расправии. Позитивна работа е тоа што никогаш нема да ви биде досадно.

 

Бик (21.04 – 21.05.)

Среќни се оние кои ја започнале нивната врска во периодот на Бик. Тој е најсензуален знак во хороскопот, едноставно ужива во се. Оваа врска ќе биде исполнета со многу нежност, бакнежи, секси масажи и многу страст. Не толку добра работа е скржавоста на бикот, па ќе има моменти на нетрпеливост.

Близнаци (22.05 – 21.06.)

Овој период е вистинксо време за започнување на врска. Близнакот е знак за комуникација и затоа и оваа врска ќе трае затоа што сите проблеми ќе бидат надминати со разговор. Секогаш ќе имате за што да зборувате, и малку романтика нема да пречи. Врската ќе блеска од секси маилови, смс пораки и разни слатки пораки.

Рак (22.06 – 22.07.)

Секоја чест, избравте вистински тајминг за започнување врска. Ракот е знак за семејство и дом, и оваа врска има надеж да прерасне во нешто поосериозно. Лесно ќе ги искажувате вашите чувства, но понекогаш овие изливи на емоции ќе ве гушат.

 

Лав (23.07. – 22.08.)

Оваа врска ќе започне многу бурно и страсно но и ќе се излади многу брзо. Лавот е огнен знак, па врската ќе ви биде исполнета со многу возбудливи доживувања. За жал, таквата страст не трае долго. Ќе има многу драматични подеми у падови.  Да се биде дете во оваа врска, овде е правило.

Девица (23.08 – 22.09.)

Девицата е знак кој сака да се замара со детали, па така освен на датумот кога сте се сретнале првпат ќе се сеќава и на многу други детали. Но и девиците знаат да се препуштат на страста. Добра работа е тоа што нежност нема дда ви фали, но ограниченоста може да ви смета.

Вага (23.09 – 22.10.)

Вагата е добар знак за почеток на врска. Хармонија, заедница, љубов се основа на оваа врска. Лоша работа е тоа што самиот знак вага е многу неодлучен, па така и во вашата врска многу често ќе се најдете на раскрсница, што да правите и тоа додатно ќе ви создава нервоза.

Шкорпија (23.10 – 21.11.)

Шкорпијата е многу страствен знак, па така и врската започната во овој период ќе биде исполнета со многу страст и љубов. Тука сексот ќе биде на дневен ред. Лоша страна е тоа што ако нешто тргне наопаку, работите нема да завршат добро.

 

Стрелец (22.11 – 21.12.)

Добродојдовте во светот на авантурите! Оваа врска ќе ужива во страствени моменти. Ќе има од се по нешто, расправии и помирувања, па така нема да ви биде досадно. Лоша страна е тоа што за стрелецот травата е секогаш позелена на друго место, така што неверството ќе биде присутно.
Исто така, стрелецот сака патувања, па така доколку сте започнале врска во знакот на стрелец, подгответе се за различни авантури и далечни патувања.

Јарец (22.12. – 20.01.)

Доколку сакате долга врска, тогаш ова е вистинскиот период. Оваа врска е осудена на да трае подолго, но може да се случи да ви здосади, или да се изладат чувствата, затоашто јарецот е само по себе ладен знак.

Водолија (21.01- 18.02.)

Врските во знакот на водолија, ќе траат онолку колку еден на друг ќе си дадете слобода. Во оваа врска мора да се почитува слободата на партнерот. Може да ви фали страст, затоа ќе треба малку повеќе дасе потрудите. Водолиите се секогаш подготвени за аватнури и лудории, па затоа можете да пробате и bungee jumping!

Риба (19.02 – 20.03.)

Врската започната во знакот на риби, исполнета е со романтика и страст. Но ќе имате проблеми со прифаќање на реалноста, често ќе летате во облаци. Но во секој случај ќе знаете како да уживате во заедничкото време, слушајќи музика или гледајќи некој добар филм. 

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2012 во 16:09
 

Карактерот според хороскоп

karakterot-spored-horoskop-povekjeСигурно нема да ви биде прв пат да прочитате каков е карактерот на вашиот хороскопски знак. Но, сепак решивме да го споделиме со вас овој хороскоп...

 
...затоа што ние неверојатно многу се пронајдовме во него.

Овен – Агресивецот
Дружељубив. Симпатичен. Спонтан. Не се закачајте со него. Забавен. Одличен бакнувач. Екстремно шармантен. Сака врски и семејството му е многу важно. Овновите се познати по тоа што се дарежливи. Зависни сте од него. Секогаш мора да биде во право. Ќе се расправа со часови за да докаже дека е во право. Некои од најпрекрасните луѓе на светот се овен во хороскоп.

Бик – Скитникот
Агресивен. Сака да биде во долги врски. Сака да се спротивставува. Се бори за тоа што го сака. Знае да биде досаден за да привлече внимание. Екстремно дружељубив. Сака да им помага на луѓето. Добар бакнувач. Добар карактер. Тврдоглав. Се грижи. Знае да биде себичен и ако сака нешто ќе направи сè за да го добие. Сака да спие и е мрза. Единствен. Не се закачајте со него. Најатрактивните луѓе се бикови.

Близнаци – Близнакот
Фини. Љубовта му е најбитна. Добар слушател. Лесно ги збунува луѓето. Иако е љубовник, а не тепач, сепак ќе ве нокаутира. Не трпи никого. Соли памет и лесно се навредува. Лесно губи работи и е расеан. Саркастичен, детинест и љубопитен. Доверлив. Секогаш среќен. Многу гласен. Брблив. Дружељубив. Лесно простува. Сака да се бакнува. Има убава насмевка. Дарежлив. Силен. Најнеодолив.

Рак – Убавецот
Најдобриот бакнувач. Многу привлечен. Неговата љубов е единствена. Многу романтичен. Најгрижливиот човек што некогаш ќе го запознаете. Многу креативен, најчесто уметник или луд. Експерт за секс. Многу спонтан. Голем фрик. Многу забавен. Најприметлив на забави. Ќе ве прими во неговото срце и ќе останете таму засекогаш. Најстраствен љубовник. Не е тепач, но тешко на вас ако стигне до тоа. Некој кого треба да го имате крај себе.

Лав – Лавот
Одличен соговорник. Атрактивен и страствен. Опуштен. Најчесто среќен, но кога не е тогаш е намуртен и детинест. Неговиот проблем е сечив проблем. Предвидлив и некогаш монотон. Знае да се забавува. Во сè е добар. Одличен бакнувач. Дружељубив. Спуштен на земја. Зависни сте од него. Гласен. Сака долги врски. Зборлив. Не се закачајте со него. Редок да се најде. Добар кога ќе се најде.

Девица – Чекачот
Доминантна во врската. Секогаш некој ја сака. Сака да го има последниот збор. Грижлива. Паметна. Гласна. Лојална. Добар соговорник. Сè што некогаш сте сакале. Лесно ќе ја задоволите. Сака да ризикува. Мисли дека знае сè и најчесто е така. Ги почитува сите, но лесно ќе ја изгубите нејзината почит ако ја повредите и никогаш веќе нема да ја вратите. Не простува и не заборава. Една и единствена.

Вага – Досадниот
Фина со сите што ќе ги запознае. Нејзината љубов е единствена. Луда, забавна и слатка. Има единствен изглед. Најгрижливата личност што ќе ја сретнете. Но, не се закачјате со неа да не завршите со плачење. Вагата може да предизвика толку хаос колку што може да го спречи. Верен пријател до крај. Памети сè што ќе и направите. Секогаш треба да ја имате на ваша страна. Добра е во спортови и е фанатик по екстремни спортови. Многу креативна. Безнадежно романтична.

Скорпија – Зависникот
Екстремно шармантна. Сака да се шегува. Има смисла за хумор. Ќе проба сè наеднаш. Сака да ја разгалуваат. Енергична. Предвидлива. Одличен бакнувач. Секогаш го добива тоа што го сака. Атрактивна. Сака долги врски. Зборлеста. Сака да се забавува, но некогаш претерува. Го сака мирисот на парите, но колку што знае да ги направи толку брзо ќе ги потроши. Многу заштитнички настроена кон луѓето што ги сака. Вреден работник. Одличен пријател, но ако нешто згрешите, пријателството е завршено засекогаш.

Стрелец – Промискуитетниот
Спонтан. Добро изгледа. Редок да се најде. Одличен кога ќе го најдете. Сака долги врски. Има многу љубов да даде. Самотник. Лесно губи трпение и не трпи глупости од никого. Ако е лошо расположен, бегајте подалеку од него. Лесно се навредува и тоа го памети засекогаш. Сака искрено, но некогаш тоа нема да го покаже затоа што мисли дека тоа е знак на слабост. Има многу стравови, но не ги покажува. Многу затворена личност. Ги штити саканите по секоја цена и со секое средство. Детинест. Не се закачајте со него. Убав. Романтичен. Фин со сите што ќе ги запознае. Неговата љубов е единствена. Луд, забавен и сладок. Најгрижливот човек што некогаш ќе го запознаете. Одличен во кревет! Не се закачајте со него за да не завршите плачејќи.

Јарец – Страствениот љубовник
Фин. Снаодлив. Интелигентен. Секси. Мрчатор. Некогаш досаден. Мрзелив и сака полека да ги завршува работите, но кога ќе најде нешто што го интересира тогаш целосно се посветува. Горделив. Разбран. Сладок. Неодолив. Сака долги врски. Одличен соговорник. Секогаш го добива тоа што го сака. Кул. Сака да победува. Сака да готви, но повеќе би јадел во добри ресторани. Екстремно забавен. Сака да се шегува. Паметен.

Водолија – Непредвидливиот
Доверлива. Атрактивна. Добар бакнувач. Единствена. Сака долги врски. Упорна е. Ќе се нафати на сè. Се гордеат со себе за сè што ќе направат. Неуредна и неорганизирана. Мрчатор. Одличен љубовник кога не спие. Премногу анализира. Го сака миленичето повеќе од семејството. Знае да ги нервира другите кога раскажува некоја приказна. Непредвидлива. Ќе ги надмине вашите очекувања. Не е тепач, но не се закачајте со неа.

Риби – Животниот партнер
Грижлива и фина. Паметна. Сака да биде во центар на внимание. Многу организирана. Привлечна за спротивниот пол. Сака да го има последниот збор. Лесно се наоѓа, но тешко се задржува. Страствен прекрасен љубовник. Забавно е да се биде со неа. Премногу им верува на луѓето и затоа често е повредена. Секогаш се труди да ги направи вистинксите работи. Екстремно чудна, но во позитивна смисла. Има смисла за хумор. Внимателна. Сака да се шегува. Многу популарна. Добар пријател, но треба да внимава повеќе како ги избира.

Се пронајдовте ли?

Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2012 во 16:16

Ко за риби слободно нека се додаде не верува во ова,

 и претставува губење на време...

А највеќе се нервира да и речат типично за овој знак...лутинабарем јас така го доживувам хороскопов

Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2012 во 17:18
Originally posted by zamislena zamislena напиша:

 

Карактерот според хороскоп

karakterot-spored-horoskop-povekjeСигурно нема да ви биде прв пат да прочитате каков е карактерот на вашиот хороскопски знак. Но, сепак решивме да го споделиме со вас овој хороскоп...

 
...затоа што ние неверојатно многу се пронајдовме во него.


Се пронајдовте ли?




Нормално дека сите ќе се пронајдат кога се состои само од нај, одличен, супер, најдобар...Бидејќи сите си мислат дека нивниот знак е најдобар овој хороскоп е ко мелем на рана...Не знаеш кој знак е подобар...смеење
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2012 во 17:28
Ајде сега кажи си   дека и тебе  ти  годи  ....намигнување

еве го мојот  знак  .... и многу е точно  напишаното  трепкање



Девица – Чекачот
Доминантна во врската. Секогаш некој ја сака. Сака да го има последниот збор. Грижлива. Паметна. Гласна. Лојална. Добар соговорник. Сè што некогаш сте сакале. Лесно ќе ја задоволите. Сака да ризикува. Мисли дека знае сè и најчесто е така. Ги почитува сите, но лесно ќе ја изгубите нејзината почит ако ја повредите и никогаш веќе нема да ја вратите. Не простува и не заборава. Една и единствена............ангел
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2012 во 18:38
Еве го твојот знак...Прати ваму...голема насмевка

Девица – Чекачот
Доминантна во врската. Секогаш некој ја сака. Сака да го има последниот збор. Грижлива. Паметна. Гласна. Лојална. Добар соговорник. Сè што некогаш сте сакале. Лесно ќе ја задоволите. Сака да ризикува. Мисли дека знае сè и најчесто е така. Ги почитува сите, но лесно ќе ја изгубите нејзината почит ако ја повредите и никогаш веќе нема да ја вратите. Не простува и не заборава. Една и единствена.




Ауууууу....Изгледа и ја сум девица...изненадување
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2012 во 15:53
Хороскопските знаци и начинот на додворување

ко верувате во тоа дека сè е запишано во ѕвездите, погледнете го астролошкиот приказ за 12-те хороскопски знаци. Тие ќе ви помогнат да дознаете како се однесуваат кога се заљубени и кои методи на заведување ги применуваат.


Овен

Тој: Како роден освојувач, тој не врти многу, а очите му светкаат штом здогледа потенцијален „плен“. Не бира многу ниту место, ниту време, затоа што е премногу нетрпелив, па во напад тргнува истиот момент кога ќе ве здогледа. Директен е, шармантен, отворен, ќе ве засмејува со вицови и детали од својата биографија, сè додека не се согласите повторно да се видите со него (по можност уште истата вечер).

Таа: Исто така директна и секогаш подготвена да го заведе и освои оној што ќе и падне во око. Ќе го фати за вратоврска (ако ја носи) или брада, нежно ќе го привлече кон себе и ќе му рече со најшармантната насмевка на светот: „Ти си мој!“ Ако додворувачот и се допаѓа, ќе го пушти малку да се „крчка на тивок оган“. А потоа ќе му дозволи да ја освои. Доколку сте и досадни, тоа недвосмислено ќе ви го стави до знаење, така што со жената Овен секогаш сте на чисто.


Бик

Тој: Обожува да ве мерка, заведува, додворува и така да ве освојува - пополека. Задолжително ќе ве однесе на ручек, или вечера во својот омилен ресторан каде што сите го познаваат, ќе одбере најквалитетни специјалитети и најдобро вино, а цело време нема да симнува очи од вас, па на крајот ќе му јадете од рацете. Околу вашата маса ќе ги викне музикантите кои ќе пеат и свират ваши песни, а од продавачот на ружи ќе ги купи сите ружи – само за вас.

Таа: Одбира кому ќе му дозволи да се труди околу неа, да ја заведува и освојува. Неговиот изглед, шарм, став, однесување и џентлменски манири нема да ја остават рамнодушна, но затоа на оној што и досадува умее вешто да го откачи. За да и се допаднете на жената Бик, треба да имате самодоверба и пари, а при тоа да умеете и да ја заведете со поглед и допир.


Близнаци

horoskopskite-znaci-i-nacinot-na-dodvoruvanje

Тој: Неодоливо забавен, шармантен и толку информиран за сè, што ви доаѓа да го земете за рака, да го однесете дома и да им го преставите на домашните за да ги шармира и нив исто како вас. И додека вие го доживувате како потенцијално домашно галениче, тој веќе завршил половина работа во својата заводничка дејност, додека вие насмеани ја читате неговата порака на својот мобилен, веќе сте во неговата прегратка.

Таа: Изгледа како девојче, а често пати така и се однесува кога сака да ве заведе и освои. Како камелеон, ги прилагодува своето однесување, гардероба, па дури и ставовите кон вашите, или кон оние што би ви се допаднале. Флертувањето е составен дел од нејзиниот карактер, иако бргу губи интерес кога ќе види дека сте „загризале“. Ако постојано и бегате, жената Близнак ќе трча по вас.


Рак

Тој: Ракот и се допаѓа и на вашата мајка и на вашата баба (за другарките и сестрите да не зборуваме), а вам ви поминува убаво чувство кога само ќе ве погледне со оние свои очи како верно кученце кое ви се радува кога ќе ве види. Навистина, ќе се наслушате приказни за неговото детство, бабите, дедовците, тетките, колачите, што нема да му пречи, додека зборува за нив, занесено да гледа во вашето деколте. И кога во друштво во кафана ќе наздравува, бидете сигурни дека и тогаш размислува за вас.

Таа: Умее со секој маж, може да заведе и да освои кого и да посака, само ако сака. Женствена и грижлива, полна со разбирање и предизвик во исто време, ќе се потруди да уживате во погледот на неа исто колку што ќе уживате додека се сладите со тортата и колачите што ќе ги направи само за вас. Кога ќе ви зборува за децата на својата сестра и за нивните подвизи, ќе сфатите дека таа е вистинската жена за вас.


Лав

Тој: Лавот ќе се потруди да ве плени уште на првата средба со своите успеси на школските натпревари, спортскиот терен и како клинците од маало му се восхитуваат. Ако по некоја случајност ги прашате кој знак се, бидете сигурни дека ќе ви одговорат со: „А зарем тоа не се гледа?“. Џентлменските манири и чувството дека сите погледи се вперени кон вас кога сте со него, ќе направат покрај Лавот да се чувствувате како да сте на врвот од светот.

Таа: Плени со атрактивната појава, позата и ставот во кој ќе препознаете и малку глума и малку блеф, а сето тоа неодоливо ќе ви се допадне до таа мера што со восхит ќе го слушате дури и тропањето на нејзиниот накит. Сеедно дали косата ја собрала, или ја пуштила слободно да и паѓа по рамениците, таа својата глава ја држи како на неа да има круна. И тоа со невидена леснотија како да е нешто сосема природно. Иако ужива во восхитот на додворувачите и обожавателите, ќе ви дозволи да ја освоите само ако таа процени дека сте вредни за нејзиното внимание.


Девица

Тој: Девицата уште при првата средба ќе се потруди да ве восхити со познавањето на повеќето теми од областа на науката, економијата, автомобилизмот, градежништвото, но и со практичните детали од секојдневниот живот. Ќе ви објасни како да е тоа нешто најнормално на светот дека коцката мраз која случајно ја допрел ставајќи ја во вашата чаша, не може да биде извор на ниту една зараза поради својата ниска температура. Трпеливо ќе ве слуша додека му се жалите поради ниската плата и недоразбирањето со вашиот шеф, па многу бргу ќе сфатите дека верната Девица ќе биде тука секогаш кога ќе ви треба.

Таа: Прекрасна е, зборлива, по малку воздржана што прави да го заинтригира спротивниот пол, често манекенски градена, па лесно ги заведува и освојува мажите во кои се раѓа желба да ја сочуваат само за себе. Умее долго и внимателно да ве слуша додека и зборувате без разлика на која тема, а особено е чувствителна на туѓа мака и проблеми, па кај неа секогаш ќе имате рамо за плачење.


Вага

Тој: Пред било каков заводнички потфат, или освојувачки поход тој пред сè ќе се потруди косата да му биде беспрекорно чиста, а гардеробата доволно, макар и спортски, елегантна. Тој нема да се чувствува доволно добро за да ја заведе, ако не е задоволен со сопствениот одраз во огледалото. Крај него секогаш ќе се чувствувате како вистинска дама, а тој џентлменски ќе ви бакне рака, ќе ви го придржи мантилот, ќе ви отвори врата од возило, ќе ви подарува бонбониери и цвеќе и несебично ќе ви дели комплименти.

Таа: Како родена заводничка, задоволна е ако забележи дека уште на првата средба не можете да го тргнете погледот од неа, затоа што Вагата ужива кога околината и се восхитува, иако често пати глуми воздржаност. Поради вродениот шарм, мажите лесно ги освојува, па често пати и е непријатно кога ќе треба да одбие нетрпелив, здодевен, или наметлив додворувач. Не поднесува невоспитани и вулгарни додворувачи, па често пати умее на општо изненадување да возврати со иста мера.


Скорпија

Тој: Заведува со поглед и допир и нема жена која тој не може да освои, само ако сака. Неговата желба е посилна од сите пречки, непремостливи околности и невозможни ситуации, па дури и она што другите би ги попречило, за него ќе биде предизвик. Ниту неговиот изглед како ни неговите години никогаш немаат врска со неговата моќ на заведување и освојување. Скорпијата е вистински магнет за жени: доволно галантен, доволно таинствен и доволно упорен, па ретко која припадничка на спротивниот пол може да му одолее.

Таа: Одбира, заведува, освојува и оди понатаму, штом барем за миг престанете да ги задоволувате нејзините строги, пред сè еротски критериуми. Опасна е и прониклива, страсна и неумолива, жената Скорпија сака мажот кој што ќе го одбере, да биде нејзина сопственост, но проблемот се јавува кога има повеќе такви мажи. Немојте да се залажувате дека тогаш вие ќе ја оставите неа, бидејќи таа не чека да биде оставена.


Стрелец

Тој: Сака ветар во косата, избледен џинс, брзо возење и радио во кола „одвртено до даска“, па уште кога на патот ќе се најде и некоја згодна автостоперка, ете авантура или романса. Без разлика колку години има, мажот Стрелец секогаш е подготвен да ве заведе, а во освојувачки походи најмногу тргнува кога е на одмор, или кога е доволно далеку од дома.

Таа: Младолика е, ведра, елоквентна, влева доверба до таа мера што ќе се чувствувате дека отсекогаш ја познавате. Нејзината потреба од интелектуална полемика ви импонира без разлика на вашето образование. Истовремено, жената Стрелец дрско ве заведува со своите прекрстени сончани нозе кои ги исфрла во преден план, со вас планира патување, а сè уште доволно не ве познава. Вие сето тоа со воодушевување го прифаќате. А кој не би прифатил?


Јарец

Тој: Гори од желба да седи во ваша близина, само да ве гледа и да ужива, затоа што ќе се вцрви при случаен допир на вашата кожа. Не знаејќи како да ви покаже колку сте го маѓепсале, ќе биде неспретен и малку трапав, но неговите вистински заводнички способности ќе дојдат до израз кога ќе почнете било која тема што има врска со образованието. Тогаш вие ќе го гледате него со восхит и почит, потајно размислувајќи како ли се бакнува.

Таа: Вистински оган под мразот, баш затоа што е толку префинета и женствена, мажите во нејзината близина во почетокот ги збунува почитта што ја буди во нив. Жената Јарец, било да носи мини здолниште, или подвезици под романтичниот фустан, умее да ја разбуди фантазијата на секој маж кој има доволно трпение и упорност да ја заведе, освои и да ја победи нејзината срамежливост.


Водолија

Тој: Толку е шармантен и лежерен што при првата средба воопшто немаат чувство дека ве заведува, освојува, или прави нешто слично. Тоа што ви пали цигара, ви дотура пијалак во чашата, замислено молчи не симнувајќи го погледот од вас додека зборувате, ги одбива повиците на мобилниот телефон – сето тоа ви годи, а не сте ни свесни дека сте „уловени“. На крајот, мажот Водолија нема ништо да ви каже, но многу бргу ќе ја видите неговата порака на својот мобилен телефон.

Таа: Важно и е да умеете да ги следите нејзините идеи и начин на размислување. Затоа жената Водолија бира партнер сличен по нивото на образование, ставови и однесување, без разлика на врежаното мислење за нејзината ексцентричност и потребата за слобода. На нејзината суета и годи машката упорност и подготвеност сè да сторите за неа, па затоа никогаш не откажувајте се ако сакате да освоите жена Водолија, а таа за возврат ќе ви биде верна.


Риби

Тој: Не знае као да почне да ви се додворува, па делува по малку неспретно, што уште при првата средба предизвикува симпатии кај спротивниот пол. Ако е оженет, во друштво поради околината која миже да го „отчука“ кај жената, ќе глуми верен сопруг, но штом остане насамо со вас, ќе прејде во директен напад. И тоа секогаш со стил кој подразбира внимание и галантност.

Таа: Ужива во заведувањето уште со самата помисла на мажот кој и се допаѓа, иако ретко (скоро никогаш) нема да му признае. Ќе направи сè за да ве заведе романтична атмосфера, миризливи свеќи, секси долна облека, поглед пред кој мажите ретко можат да останат рамнодушни, а потоа таинствено ќе ви даде до знаење дека можеби сте успеале да ја освоите. И така до недоглед.


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2012 во 19:35

Значи според хороскопов еве ме менегазење од смеење

Ај да си гледам ја ракомет не ме бива за оваплазење

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2012 во 00:07
РАБОТИ КОИ ВАШИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК НЕ ГИ ПОДНЕСУВА

Овен

- Луѓе кои шутираат додека одат.
- Невозвратени телефонски повици
- Мобилни кои не функционираат
- Животни во кафез
- Луѓе кои твитаат онлајн чатови
- Луѓе кои многу брзо или веднаш не преминуваат на поентата
- Лоши и неталентирани танцувачи
- Доцнење на авиони, возови и автобуси
- Луѓе кои се облекуваат премногу обично
- Народна музика

Бик

- Луѓе кои претерано се фалат
- Неред и неорганизираност
- Облека која има дупки
- Лоши готвачи
- Кога некој ги игнорира во јавност
- Јавни говори
- Луѓе кои не користат дезодоранс
- Кога се предмет на шала
- Кога нема да испаднат доволно паметни
- Брза храна

Близнаци

- Луѓе без смисла за хумор
- Кога не се постојано во центарот на вниманието
- Расипани часовници
- Лошо вино
- Чевли во кои не можат да танцуваат
- Луѓе кои зборуваат полека
- Луѓе кои пешачат преспоро
- Песимисти
- Зависници

Рак

- Преголема топлина
- Волна која ги боцка
- Ако мораат да спијат на каучот
- Луѓе кои прерано доаѓаат на состаноци
- Луѓе кои не знаат да се облечат
- Кога луѓето ги критикуваат
- Насилни филмови
- Неблагодарни деца
- Губењето на очилата за сонце
- Луѓе кои наместо нив се во центарот на вниманието

Лав

- Луѓе кои се облекуваат подобро од нив
- Луѓе кои имаат подобри автомобили од нив
- Кога околината ги игнорира
- Кога некој ги провоцира да бидат љубоморни
- Кога е преладно
- Кога ќе покиснат
- Кога ги тераат да одат во црква
- Кога мораат да останат дома на сончево време 
- Кога ги предупредуваат да успорат
- Кога им приговараат дека не знаат да се додворуваат.

Девица

- Луѓе кои се неуредни и неорганизирани
- Луѓе кои не возвраќаат на повици
- Луѓе кои не носат часовници
- Луѓе кои не плаќаат данок
- Луѓе кои не одговараат на деловни мејлови
- Лубење време на Facebook
- Луѓе кои прават граматички грешки
- Луѓе кои премногу пцујат
- Емотивни кавги или сцени
- „Стенд ап“ комичари


Вага

- Луѓе кои им велат да ја намалат музиката
- Луѓе кои ја омаловажуваат брзата храна
- Ѓубре по улиците и парковите
- Луѓе кои се груби кон животните
- Луѓе кои не одговараат на повиците
- Љубовна авантура за една ноќ
- Лоши фризури
- Луѓе кои се дрогираат
- Луѓе кои се престроги спрема децата
- Луѓе кои ја ценат брзата храна

Шкорпија

- Луѓе кои земаат нешто на заем и никогаш не го враќаат
- Љубовници кои не доживуваат оргазам
- Кога партнерот ги прави љубоморен
- Кога е некој подобар од нив во работата
- Кога луѓето јадат без манири
- Трачарење
- Кога ги обвинуваат дека се неверни
- Луѓе кои премногу ја следат модата
- Луѓе кои тврдат дека имаат надчовечки моќи
- Фактот дека не можат да паркираат на местото за инвалиди

Стрелец

- Доцнење на возови, авинои и автобуси
- Ако не летаат со прва класа
- Сопатници на кои им е лошо на патувањата
- Луѓе кои премногу се жалат
- Луѓе кои се плашат да ризикуваат
- Кога ги обвинуваат дека не знаат со пари
- Кога луѓето од нив очекуваат да дојдат на време
- Насилство над животните
- Читања за кршењето на човековите права

Јарец

- Луѓе кои лудо тршат пари
- Луѓе кои бараат заеми
- Луѓе кои не враќаат заеми
- Луѓе кои не се доволно строги спрема децата
- Предузимачи кои не ги исполнуваат ветувањата
- Луѓе кои оставаат отворен апаста за заби
- Читање поезија
- Кога бараат од нив да бидат возачи
- Кога мораат да ги остават децата во куќата
- Лоши фризури

Водолија

- Кога луѓето досадно се облекуваат
- Брза храна
- Да говорат за своето минато
- Психијатри
- Трачеви
- Личности кои не се практични
- Луѓе кои не го собираат нередот на своите миленичиња
- Недостаток на лојалност
- Држење “свеќа” на некој пар
- Да ги извалкаат рацете

Риби

- Претопли места
- Губење на очилата
- Загадена вода.
- Луѓе кои се прегласни
- Луѓе кои не обнуваат внимание на аргументи
- Алкохоличари
- Кога не им дозволуваат редовно да ги гледаат вниците
- Кога мораат да носта очила за вид
- Автомобили кои трошат многу гориво
- Спори возачи

 

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2012 во 01:26
Девица   кул

- Луѓе кои се неуредни и неорганизирани
- Луѓе кои не возвраќаат на повици
- Луѓе кои не носат часовници
- Луѓе кои не плаќаат данок
- Луѓе кои не одговараат на деловни мејлови
- Лубење ( овде сигурно се мисли  на Губење )  време на Facebook
- Луѓе кои прават граматички грешки
- Луѓе кои премногу пцујат
- Емотивни кавги или сцени
- „Стенд ап“ комичари
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2012 во 17:20

Кој е вашиот најголем страв?


Овен 
Родените во знакот на Овен се луѓе кои не е лесно да ги заплашите затоа што секое заплашување делува како предизвик за нивната вродена храброст. Од време на време тие стануваат свесни за брзината со која минува времето и затоа често се плашат од старост, губење на телесната сила и моќ. На психолошки план, се плашат да не бидат игнорирани од околината и ако нивниот труд остане непризнаен. Во секој Овен постои потсвесен страв од затворање или било какво ограничување на физичката слобода, што кај претставничките на понежниот пол претставува главна препрека за неконтролирано изливање на огнениот темперамент. За Овните е својствено на стравот да реагираат насилно водени од мотото „нападот е најдобра одбрана“.

Бик 
Добро испланираниот живот кој го водат Биковите не остава многу место за стравови. Но, стравот од сиромаштијата, од губење на имот и лични работи е оној кој не ги заобиколува. Со оглед на тоа дека Биковите мора да контролираат се, овој страв ги прави поспори и претпазливи, па во склоп на тоа се замислуваат за секоја ситуација во која се очекува да постапат брзоплето. Во својот „имот“ ја вбројуваат и саканата личност, па затоа се вклучува и страв од губење на љубовта. Бикот спаѓа во најљубоморните знаци во зодијакот, што значи немаат самодоверба.

Близнаци 
Земајќи во предвид дека сѐ сфаќаат како игра, Близнаците не се особено плашливи. И ако се иплашат од нешто успешно го прикриваат тоа. Површните Близнаци се плашат од ситуации кога треба да завземат став или да ја изразат својата волја. Тие чувствуваат страв од сериозни, строги, одлучни и систематични луѓе, кои повеќе ги ценат делата од зборовите. Ситуација која мириса на авантура или опасност, повеќе ќе ги привлече отколку да ги исплаши. На психолошко ниво, Близнаците се плашат од старост, затоа што сметаат дека заради тоа би биле приковани на едно исто место и би зависеле од другите. Но, повеќе се плашат од самотијата и затоа цел живот го поминуваат во настојување да не останат сами со своите збркани мисли.

Рак 
Полесно е да се каже од што НЕ се плашат. Со оглед на тоа дека се многу приврзани за фамилијата и домот, на врвот на листата на стравови на типичните ракови е стравот од распаѓање на семејството. Самата помисла на развод, брачно неверство, губење или заминување на децата од домот на родителите и слични неволји, предизвикуваат депресија кај Раковите. Сличен, речиси параноичен страв, покажуваат од преселба, губење или оштетување на домот и постојано замислуваат какви се несреќи би можеле да ги снајдат во домот, а имаат богата фантазија. Раковите исто така се плашат од злоба, одмазда, предизвикување, караници и несогласување, а голем дел од својот професионален живот поминуваат во страв од надредените.

Лав 
Заедно со Овенот, Лавот е веројатно најхрабар член на зодиачката заедница. Правата причина за нивната значајност во општеството се крие во стравот од туѓиот презир, јавен срам или неуспех. Бидејќи им е важно туѓото мислење, Лавовите изведуваат јуначки дела само за да не излезат кукавици пред другите. Често изведуваат и некои прави подвизи за да се направат важни пред околината. Лавовите се плашат од ситуации кои ги водат кон промена на состојбата, особено ако динамиката на промената неможе да се контролира. Се плашат од можно издавање од пријателите или соработниците, и тој страв често преминува во параноја.

Девица 
Свесни за недостатокот на храброст, Девиците избегнуваат ситуации во кои треба да се однесуваат храбро. Темелно и долгорочно ги планираат сите можни проблеми и своите реакции на нив, па кога ќе се појави проблем спремно излегуваат со решение. Ако се работи за непредвидлива ситуација, стравот може потполно да ги блокира. Помислата за живот во неред и нечистотија како и дезорганизација е на листата на стравови кај Девиците. Цел живот мака мачат со хипохондријата и се плашат да ги изразуваат чувствата.

Вага 
Во потрага по животната хармонија Вагата повремено се соочува со луѓе кои не ги делат нејзините животни вредности. Страв од караници, тепачки, навреди и грубости, самотија и изолираност се примарни стравови кај Вагите. На интимен план, целиот живот се плашат од љубовно одбивање, разочарување и искористување, но тоа не ги плаши доволно и понатаму влегуваат од една во друга промашена врска. Попрво би прифатиле живот со некој манијак и перверзник отколку да останат сами. По Девиците, тие се вториот хипохондричен знак во зодиакот и се плашат од цела колекција на болести, почнувајќи од обична настинка па се до умислување на различни опасни пореметувања.

Скорпија 
На прв поглед изгледаат храбро, но позади ладнокрвната маска се крие суштество кое не е баш имуно на стравови, иако сакаат да остават таков впечаток. Нивен одбранбен механизам е мазохизмот, па затоа и не се плашат од насилство и опасности. Најизразен е стравот од сексуална полова немоќ, а веднаш потоа следат стравот од старост, зависност од другите и ограничување. Кај Скорпиите постои и страв од издавање и лажење, а во врска со тоа тие се плашат и од ситуациите каде би можеле да бидат жртва на неверство или раскинување.

Стрелец 
Во својот безгрижен и алтруистички свет, Стрелците пронаоѓаат малку работи кои им влеваат страв. Сепак кога се наоѓаат во ситуации кога им вршат притисок или им ја ограничуваат слободата, и тогаш овие ведри оптимисти чувствуваат страв. Не се рамнодушни и кога може да бидат жртви на неправда и насилство. Уште еден постојано присутен страв кај овој огнен знак е стравот од непризнавање на нивна заслуга за некој успех на работа или на друго место, доколку тоа им пречи во понатамошното напредување во хиерархијата. На психолошки план, кај Стрелците постои страв од општ неред, односно непочитување на законите, а во кризни ситуации Стрелците јасно покажуваат страв од загрозување на демократијата и граѓанската слобода.

Јарец 
Ладната организираност и ефикасност кај Јарците го прикрива долгиот список на стравови. Секој Јарец, помалку или повеќе пати од имагинарни стравови, кои се резултат на нивната песимистичка природа. Психолошки гледано Јарците се плашат од сплетки, разочарувања и предавства. На второ место е сепак стравот од несреќни околности кои по негово верување, влијаат само на него. Се плашат да не станат мета на потсмев од околината ако направат некој погрешен потег или исказ. Не прифаќаат и се плашат од туѓи шеги во нивно име.

Водолеец
Тие можат да се вбројат во храбри знаци. Тие се плашат, но пред се за општото добро. Се ужасуваат од појави кои се дел од секојдневниот модерен живот како - насилство, злочини, војни, глад, загадување, расна нееднаквост, верски проблеми и други состојби, без разлика дали некако влијаат врз нив. Ги мачи и стравот дека еден ден ќе треба да ги напуштат своите идеали и да станат подредени во хиерархискиот систем, а покажуваат и голем страв од постојано врзување за еден партнер.

Риби 
Дефинитивно најплашливиот знак - збир од стравовите на сите останати знакови. Тука се вклучени: телесно насилство, закани и навреди, самотија и одбегнување, болест и смрт, а посебно се плашат од духови, вампири и други чудовишта. Во склоп на околината во која живеат се плашат од неред и природни катастрофи, а и обична гужва и галама, предизвикуваат непријатно чувство кое се граничи со паника. И покрај бројните стравови Рибите имаат способност за пронаоѓање излез и во најтешките ситуации.
 
 
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2012 во 19:48
Бик

- Луѓе кои претерано се фалат
- Неред и неорганизираност
- Облека која има дупки
- Лоши готвачи
- Кога некој ги игнорира во јавност
- Јавни говори
- Луѓе кои не користат дезодоранс
- Кога се предмет на шала
- Кога нема да испаднат доволно паметни
- Брза храна

Така некако, но има и други работи кои не ги поднесуваме, мала е листаваплазење
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2012 во 11:28
Подарувајте според ѕвездите

Подарувањето е вистинската работа, а ако вистински ја израдувате личноста на која што и подарувате – нема поголемо задоволство.


Еве како советуваат ѕвездите да подарувате:


Овен

Припадниците од овој огнен знак е многу тешко да ги задоволите, особено кога се во прашање подароците. Овните ќе ги воодушеви сè што се вклопува во нивниот динамичен пристап кон животот. Жените овни ќе „паднат“ на брош, комплет ножеви, или црвено цвеќе. Машките припадници на овој знак ќе се задоволат со квалитетни патики, пикадо, слика, или влезница за некоја спортска манифестација.


Бик

Биковите по правило поседуваат развиен уметнички вкус и сакаат да бидат опкружени со убави и скапи работи. Жените родени во овој знак ќе се одушеват со злато, а ќе ги израдува и свилена ноќница, парфем, или бонбониера. Од друга страна, мажите родени во овој знак потајно очекуваат топол волнен шал, квалитетен паричник, чевли или папучи.


Близнаци

Близнаците се во постојана потрага по нови информации. Со нивната љубопитност тешко може да се спореди било кој друг хороскопски знак. Жените ќе ги освоите со претплата за списание, некое парче од квалитетна марка, или практична патна торба. Машките Близнаци ќе бидат одушевени ако им подарите најмодерен мобилен телефон, пар откачени чорапи или топли зимски ракавици.


Рак

Раковите се многу емотивни, па нема да згрешите ако им подарите романтична вечера за двајца, букет цвеќе, или нешто што сте направиле специјално за нив. Исто така ќе се израдуваат ако им купите некоја ситница за нивното хоби. Машките ќе се воодушеват со шише омилено вино, а жените со цвеќе што ќе може дома да го одгледуваат.


Лав

Лавовите себе си се сметаат за владетели. Купете им нешто со што ќе можат да ја искажат својата важност. Жените се опседнати со косата, па шампоните, регенераторите, чешелите од сите видови, се идеален подарок, а нема да погрешите ни со влезници за кино или театар. Машките ќе се израдуваат со бесплатна масажа, пенливо вино, капа или шешир.


Девица

Девиците се најпрактичен хороскопски знак, па очекуваат подароци кои што ќе можат да ги применат во секојдневниот живот. Жените ќе се израдуваат на нов комплет за маникир, или квалитетен препарат за подобрување на имунитетот од билната аптека. Мажите ќе ги воодушевите доколку им подарите прибор за нивното хоби или книга.


Вага

Вагите се хороскопски знак кој што има најмногу вкус и стил. Жените сонуваат за идеален партнер, па затоа купете им некој љубовен роман, ЦД со балади, или рамка за слика. Машките Ваги очекуваат нешто сјајно и елегантно, како што е игла за вратоврска, но нема да згрешите ни со парфем, или каиш.


Скорпија

Скорпиите имаат многу специфичена смисла за хумор кој другите често пати не го разбираат. Жените Скорпии ќе бидат задоволни со еротска долна облека или книга. Мажите мечтаат за егзотично домашно галениче, а ќе ги развесели и книга или некоја добра комедија.


Стрелец

Стрелците се најголеми патници, па ако им подарите патување, не можете да погрешите. Женските Стрелци ќе се воодушеват со масажа, медитација, патеписна книга, или одење во егзотичен ресторан. Мажите сакаат природа и спорт, па подароците од оваа тематика секогаш се добредојдени. Исто така и часовник е добар избор.


Јарец

Припадниците од овој знак се исклучително амбициозни. За да одберете подарок добро би било да знаете за какви амбиции станува збор. Жените родени во знак на Јарец не се многу оптоварени со трендови, па затоа подарете им нешто класично, кошула, чевли, календар, или планер. Машките родени во знак на Јарец очекуваат етикета и нешто сигурно, а приборот за бричење е идеален подарок. Во предвид доаѓаат и  актовка и часовник.


Водолија

Водолиите во секоја ситуација ќе ја истакната индивидуалноста, а нивното чувство за уметност најчесто се манифестира низ различен стил на облекување кој по сите правила е чекор пред постоечката модна колекција. Жените ќе ги одушеви масажер или МП3 плеер, како и комплет на масла за ароматерапија, а мажите ќе бидат задоволни со сè што е необично и неочекувано.


Риби

Рибите се многу емотивни, па затоа подарете им нешто инспиративно и убаво. Жените ќе ги израдувате со капа, масла и сол за капење. Мажите ќе ги израдувате со нешто поврзано со вода, како костум за капење или маска за нуркање.


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7980818283 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,563 секунди.