|
Хороскоп |
Внеси реплика | страница <1 7879808182 157> |
Автор | ||
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
jasen
Јасен (Амбиција) - необично атрактивни, го ценат животот, импулсивни, посакувани, ценат критика, амбициозни, интелигентни, талентирани, сакаат да ја предизвикуваат судбината, често егоисти, верни љубовници, понекогаш паметот им го надвладува срцето но врските секогаш ги сфаќаат озбилно. |
||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Хороскопски водич да останете во форма Барате начин за да симнете килограми? Секој знак е насочен кон различни физички активности, па одредени видови вежби различно влијаат нa различни хороскопски знаци. Ова се некои основни совет за секој хороскопски знак. Овен – Пијте многу вода. Како огнен знак потребни ви се повеќе течности отколку на просечна личност. Еден од начините се вежбање јога. Исто така ќе уживате во планинарење, велосипедизам, скијање и трчање маратон. Вас ве прават среќни спортови на отворено. Бик – имате бавен метаболизам и уживате во рутинските работи. Вежбајте паметно. Пилатес, фитнес, аеробик и домашни справи. Ако имате чувство за ритам, испробајте се и во танцување. Близнаци – Секогаш претерано ги напрегате нервите, па за да спречите дебелеење морате редовно да се релаксирате. Ваша слаба точка се белите дробови па вежбајте дишење. Секоја вежба мора да ви биде забавна инаку нема да се придржувате до планот. Ролајте. Рак – Најмногу ви одговараат вежби кои можете да ги правите во домот. Парите вложени во домашни справи и двд-а нема да бидат залудни. Пливањето е исто така одличен спорт за вас. Лав – било кој спорт каде може да го покажете телото е добар за вас. Пливање – со точно изработена програма, фитнес, аеробик и трчање. Во исхраната избегнувајте ги маснотиите. Девица – Секојдневни прошетки се одлична вежба за вас. Имате доста енергија па навечер можете да се одлучите за танцување. Пијте доволно вода, затоа што тоа го спречува уморот. Вага – Наутро правете лесни вежби за телото, за истегнување на мускулите на грбот. Обидете се со степ аеробик и пливање. Медитирањето е добро за да ви го смири умот и нервите. Скорпија – За вас се идеални маратонските спортови. Внимавајте само да не претерате. Ако имате проблеми со емоциите – не ги прикривајте со фитнес. По природа дишете плитко па вежбите со дишење се нужни како подготовка за сите спортски активности. Стрелец – трчање, одење, скијање и планинарење. Сакате да се движите низ просторот, па вежбањето во теретана не е избор за вас. Ако не вежбате доволно можни се проблеми со `рбетот. Јарец – Ваша најслаба точка се колената, па не треба да ги преоптеретувате. Наместо да трчате обидете се со одење или пливање. По природа сакате да планинарите, а може да се обидете и со качување по карпи. Водолија – Вие обожавате спортови. Едрење, скијање, пливање... но, мора и да вжбате пред екстремни спортови. Теретана е одличен избор за вас. Риби – Воден знак сака водени спортови. Можете да уживате и во трчање на плажа или воден аеробик. |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Жална врба (Меланхоличност) - прекрасни личности но меланхолични, атрактивни, духовни, сакаат се што е убаво и вкусно, сакаат да патуваат, сонувачи, неуморни, комплицирани, искрени, може да се влијае на нив но е тешко да се живее со нив, посакувани, добра интуиција, често патат заради љубовта, потребен им е партнер кој ке им пружи потпора.............. |
||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
lav
|
||
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
||
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
krokodil...
|
||
Incredible Blue
|
||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Што порачува годишниот хороскоп за 2012?
Астролошката 2012 година почнува со сè уште силното влијание на Јупитер во Бик, чие ретроградно движење кон крајот на декември ќе предизвика мали проблеми во финансиите, но веќе во првите денови од годината Јупитер се враќа во нормалната патека и влијанието повторно станува исклучително позитивно. Јупитер ќе ја обележи целата година, особено кога во почетокот на јуни ќе влезе во знакот на Близнаци, донесувајќи финансиски просперитет на сите полиња, а особено добро влијание ќе почувствуваат медиумите, комуникацијата и технологијата. Но, нема сè веднаш да зазалени затоа што со влегувањето на Сатурн во Скорпија во октомври, државните институции ќе продолжат со комплицирање и одолговлекување, така што државните финансии и понатаму ќе трпат лошо влијание, а тоа ќе се одрази на услугите во јавниот сектор и стандардот на граѓаните од целиот свет. Лошите вибрации ќе се почувствуваат најмногу во текот на февруари, кон крајот на јуни и почетокот на јули, така да се препорачува во тие месеци повнимателно да се ракува со парите. Ваквата констелација особено ќе ги погоди земјените знаци, Девица, Бик и Јарец, така што на тие знаци им се препорачува целата година да внимаваат на финансиите. Уран ќе се погрижи се да не биде толку тмурно. Оваа планета на инвентивност и забава, од своето скривалиште во Овен, ќе ги осветли медиумите и комуникацијата, така да можеме да очекуваме нова експлозија на разни гаџети со уште поголеми можности и помали цени, што ќе ги развесели сите љубители на технологијата. Нептун во Риби и понатаму ќе предизвикува верски контроверзии, ќе поттикнува немири и револуционерни збиднувања во целиот свет, подгревајќи ја така атмосферата кон крајот на годината и фамозниот 21 декември, ден околу кој се кршат копја со години. Сепак, првиот значаен датум е 6-ти јуни, кога Венера ќе направи редок транзит преку Сонцето и ќе исфрли женски водач, политички или спиритуален, кој ќе донесе големи промени на светско ниво. Да се вратиме на 21 декември, кога на небото ќе се случи ретка констелација позната како Прст Божји, триаголник на Плутон, Сатурн и Јупитер кој би требало да донесе некој вид на промена. Бидејќи Сатурн и Јупитер владеат со случувањата кои ги предизвикува човекот, може да се очекува некој потег на суперсила (или на оние кои така се чувствуваат) која ќе делува на целиот свет. Спасоносна улога би требало да одигра Венера, која ќе ги ублажи последиците, а донекаде и Плутон, чија што енергија би требало да го смени размислувањето на светот и да осигури такво нешто никогаш повеќе да не се повтори. |
||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||
saguaro
Сениор Регистриран: 25.Август.2011 Статус: Офлајн Поени: 482 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Де кажете нешто повеќе за Јупитер и шкорпионките!
|
||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Еве накратко Шкорпија/ Шкорпионка во 2012 година Во првите два- три- четири-пет месеци на 2012 г. а можеби и подолго Уран сè уште ќе престојува во риби и други морски животни, значи вашиот сектор на романса, страста и други сексуални благодети. Постојано ќе ви се случува нешто на љубовен план( читај сексуален). Ама баш нон-стоп, 24/7. Во еден момент ќе бидете најсреќната, најзаљубената и најзадовол(е)ната личност на цел свет и пошироко, а во друг ќе копнеете за нешто повеќе, нешто поинакво, потврдо, поголемо. Откако на 31 март Уран ќе влезе во овен и други тревопасни животни, ќе сакате поголема стабилност и сигурност (од крадци) во вашиот живот. Ќе ви биде доста од луди авантури и луди секојдневни ситуации. Сега ќе сакате некој којшто цврст(о) ќе стои до вас и во добро и во зло и во арно и во лошо се додека парите не ве разделат. Тоа е еден од знаците дека постојано растете како личност и се развивате и ширите во сите можни насоки и делови. Вашата желба за зближување односно здушување со партнерот/рите ќе биде уште посилна откако
на 4 јуни евентуално 4 јули на Уран ќе му се придружи и Јупитер и
уште неколку помали планети, комети и маглинки. Ако сте со статус сингл
тогаш уплаќајте само сингл на кладилница. Во овој период можно е да
започнете врска со личност од друга држава, нација и вера. Пр: Црнец,
Кинез, Мексиканец, Црна Арапина и слично. Од крајот на август- септември па сè до 25 декември или католички божиќ по нашки, Јупитер
ќе се движи
ретроградно или гзечки по нашки во бик или крава доколку сте припадничка
на поневештиот пол, вашиот сектор на сериозните врски и јазичиња. Во
овој период
најверојатно, море скоро сигурно какво најверојатно, повторно ќе ви се
појават чувства кон некој од вашето
блиско и/или подалечно минато, а заради подобра иднина и меѓусебна
соработка и разбирање. Да не кажам просперитет што би рекол премиерот. Ако не сте во врска( се мисли на официјална, меѓународно призната врска а не само секс и други телесни задоволства), бидете особено внимателни со кого ги спојувате усните во периодот од 1 јануари до 5 Фебруари а посебно на отворен простор. Прво од проста метеоролошка причина да не ви се залепат усните од ладното време а исто и тогаш Нептун, планетата на фантазиите, тајните и други мистични заврзлами, ќе престојува во риби и другите гореспомнати морски животни, вашиот сектор на страста и романсата. Нема да можете јасно да ги гледате намерите на луѓето и можно е , море скоро сигурно, да направите погрешен избор по кој знае кој пат исто како во Изборот на Лара или Љубов и Казна и слични серии од Шпанско-Турско-Индиска продукција. Пари нема наредната година, така да не се замарајте џабе.!
Важна напомена: Хороскопот престанува со важење заклучно со последниот ден на регуларниот дел на годината, односно првиот ден од крајот на светот, истиот најавуван за следната година некаде за Ноември кога голем метеор навлегува во земјата. Буквално. Реклама: Доколку сакате хороскоп за Вашиот знак за идната година или минатата, по ваша желба, обратете се со пост во оваа секција. Нашата редакција на чело со дежурниот астронумероагроуфогинеко и кој знае каков друг лог Гонзо® ќе се обиде да ви одмогне. |
||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||
Феникс
Сениор http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
jas sakam vakov horoskop..ako moze pohitno mi e
|
||
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Бидејќи не доставивте комплетна документација околу барањето тоа нема да се разгледа во целост. Доколку сакате ист таков хороскоп слободно можете да го прекопирате. Е ако ви е ептен хитно еве накратко општо нешто за Вашиот преценет знак( две точки идат тука ама ми ги нема нешто на тастатурата) Риба/ Риб/ Риби/ Рипчиња/ Рибици Рибите се управувани од две планети – Јупитер и Нептун или Сатурн беше. Доколку е само една риба таа е управувана само од Јупитер или Марс понекогаш. Во римската
митологија Јупитер е цар на боговите и особено божиците , Нептун - владетел на океаните, морињата и речните корита а Сатурн е само Сатурн , ништо особено.
Јупитер исто така управува, раководи и организира со стрелец, јарец и девет други знаци, но додека рибите ја претставуваат
женската страна, стрелецот ја претставува машката. Или во превод стрелат ја боде рибата на одредени места . Породените во овој знак се идеалисти(види википедија) и во повеќето случаи нивните желби
се нејасни. Таман ќе дознаеш што сака таа ќе се предомисли. Симболот на овој знак се две риби на скара, кои се печат на тивок оган. Едната риба ја симболизира реалноста, она колку имаш(значи ништо), а другата мечтите или она колку сакаш ( значи све). Ако
вашиот знак е риби, вие имате силно развиена институција или како и да се викаше и секогаш сте лаком газ. Еден дел од вас секогаш сака да „исплива“ и да
избега од реалноста а другиот не сака па не. Накратко рибата ни се води ни се тера. Вие сте многу креативни, а вашата фантазија особено сексуалната е идеалното скривалиште во моментите кога сакате да избегате од реалноста а и од мажот, швалерот или кој и да ви скока по живци . Љубител сте на танцувањето особено на шипка, филмовите особено со ххх предзнак, поезијата и народната изворна рибарска музиката( Лихнида, Сокол пие вода и сл). Секој претставник на овој знак треба да има дневник покрај својот кревет за да ги запишува имињата на своите партнери, бидејќи ги заборава а и затоа што најдобрите идеи кај рибите идат додека тие спијат.Иако поголемиот број на тие идеи не се за во јавност. |
||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
лелееее...ами и мене ми е хитно
водолија во подзнак рак,м? |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
pHp
Сениор Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во овој нашиов сум Стрелец, во подзнак Бик.
Ведски хороскоп: месечев знак Риби Сончев знак:Овен Кинески хороскоп :Петел Кој е сега точен? Ниту еден не ме одсликува.... |
||
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако е ептен хитно...Еве и ќе иде со покрупен фонт ради Вашите години...
Водолија измиксана со рак( се става 250гр рак) Нема да можете да се пожалите кога станува збор за вашиот љубовен живот, а богами ни да се пофалите зошто подобро чаршијата око да ти извади отколку муабет. Страшниот Марс до средината ќе влезе во вашата/иот( се мисли на знак без грешни мисли ќе ве молам) и ќе ви донесе многу страст и понекое бебе. Не само што ќе бидете позаинтересирани да тргнете во потрага по задоволства, туку и ќе имате многу лојални обожаватели- паразити кои нема да сакаат да се одвојат од вас. Можна е групна забава 2+1 или 3+1 па и 4+1 во екстремни случаи. Само без тепачки да не биде Штипска работа. Доколку не сте во врска, уживајте во комплиментите и флертувањето кои неоспорно ќе доведат до подлабоки чувства некаде со длабочина од 12-15 цм. А ако сте во врска, одврзувајте се што поскоро, ем не е ин, ем штета е убаво цвеќе да го мириса само еден нос. Но, особено внимавајте со „невиното“ флертување. Сигурно не сакате секојдневно да се справувате со жалбите на комшиите и полиција да ви доаѓа на врата. На 1 јануари штом се разбудите и освестите од пијаната ноќ, среќниот Јупитер ќе влезе во овен( малку звучи геј а), вашиот сектор на комуникацијата и флертувањето, и ќе остане таму до мај, јуни, зависно од гостопримливоста на домаќинот. Во текот на тие неколку месеци ќе уживате во извонредно добар и квалитетен љубовно/сексуален живот. До почетокот на септември децата ќе појдат на школо, ќе се прави зимница а и седум планети ќе поминат низ ракчето, па можно да имате чувства за повеќе од една личност.Види делот за генг бенг погоре. Сепак, не седете на два стола затоа што ќе ве убие промајата помеѓу нив. По 14 јуни Јупитер ќе премине во вашиот сектор на домот и семејството.Е тука пазете се што правите за да не се заебете, па после да плачете по форуми. На 31 ноември сексапилниот(јебозовниот) Марс ќе влезе во девица,( олееее тоа сакам да го видам) вашиот сектор на интимноста. Забавата под чаршафите ќе се зголеми, правопропорционално со тоа и вашето либидо. За поголемо уживање може и без чаршаф, ма да препорачлив е јорган или јамбулија ако немате греење.
Совет Бидејќи и Водолија и Рак имаат нешто врска со вода, би требало почесто да се бањате. Најмалку секоја втора сабота. Најсигурен знак дека ви треба бањање е кога ќе влезете во преполн автобус и абтоматски се создава празен простор на метар околу вас. |
||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||
Феникс
Сениор http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
||
Внеси реплика | страница <1 7879808182 157> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |