IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7677787980 98>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2013 во 10:39
ВИСТИНСКАТА МУДРОСТ ДОАЃА ОД ГОСПОД


13 Кој е меѓу вас мудар и разумен? Со добро владеење нека ги покаже своите дела во мудра смиреност.
14 Ако ли пак во своето срце имате горчлива завист и карање, не се фалете и не лажете против вистината!
15 Тоа не е мудрост, која слегува одозгора, туку е земна, душевна, демонска;
16 зашто каде се зависта и карањато, таму е неред и секакво лошо нешто.
17 А мудроста која доаѓа одозгора, пред сè: е чиста, потоа мирољубива, блага, покорна, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна.
18 А плодот на правдата се сее во мир, за оние кои создаваат мир.Јаков 3
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2013 во 11:02
ХРИСТОС СЕ ЗАСТАПУВА ЗА НАС
1Јован 2

1 Чеда мои, ова ви го пишувам за да не грешите, а ако некој згреши, имаме Застапник пред Таткото - Исус Христос, Праведникот.
2 Тој е жртва за помирување на нашите гревови, и не само на нашите, туку и на гревовите на целиот свет.


Изменето од Blagoj_s - 06.Август.2013 во 11:06
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2013 во 10:35
Верно е словото и достојно - за полно примање: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, од кои сум прв јас. 1 Тимотеј 1:15



ПЕТАР НА ЧУДЕСЕН НАЧИН ИЗЛЕГУВА ОД ЗАТВОР.
Дела Апостолски 12


6 И кога Ирод сакаше да го изведе, истата ноќ Петар спиеше меѓу двајца војници, окован во двојни вериги, а имаше и стражари пред вратата кои ја чуваа занданата.
7 И ете, Господов ангел застана и светлина болсна во ќелијата. Тој го потчукна Петар отстрана, го разбуди и му рече: “Бргу станувај!” И веригите му паднаа од рацете.
8 Тогаш ангелот му рече: “Препаши се и обуј си ги сандалите!” Петар така постапи. И уште му рече: “Префрли си ја наметката и тргни по мене!”
9 И тој излезе и тргна по него, без да знае дека тоа што го стори ангелот се случува вистински, ами мислеше дека гледа привид.
10 Откако ги поминаа првата и втората стража и дојдоа до железната порта, која води во градот, таа им се отвори сама. И продолжија и втасаа на една улица, а ангелот веднаш исчезна.
11 А кога Петар дојде на себеси, рече: “Сега навистина знам дека Господ го пратил Својот ангел, и ме избави од Иродовата рака и од с? што очекуваше еврејскиот народ.”
12 Согледувајќи го тоа, дојде до куќата на Марија, мајката на Јован, наречен Марко, каде што беа собрани мнозина на молитва.
13 И кога чукна на вратата од тремот, дојде слугинката, по име Рода, да наслушне.
14 И кога го препозна Петровиот глас, од радост не ја отвори портата, туку втрча и јави дека Петар стои пред порта.
15 А тие & рекоа: “Ти бладаш!” Но таа и натаму тврдеше дека е вистина. Тие пак рекоа: “Тоа е неговиот ангел.”
16 А Петар продолжуваше да чука. И кога ја отворија портата, го видоа и се зачудија.
17 Тој им даде знак со раката да молчат и им раскажа како Господ го изведе од занданата и рече: “Јавете им за ова на Јаков и на браќата!” Потоа излезе и отиде на друго место.
18 А кога се раздени, настана голема бркотија меѓу војниците: околу тоа што се случи со Петар?
19 Кога Ирод го побара, и не го најде, ги сослуша стражарите и заповеда да ги погубат, па слезе од Јудеја во Цезареја, каде остана да живее.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2013 во 10:31
ЗА ЧИСТ ХРИСТИЈАНСКИ ЖИВОТ

1 Коринтјаните 6

9 Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство? Не измамувајте се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци),
10 ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство.
11 И некои од вас беа такви. Но, се измивте, и се осветивте, и се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос и во Духот на нашиот Бог.
12 Сè ми е дозволено, но не е сè полезно. Сè ми е дозволено, но не сакам нешто да завладее над мене.
13 Храната е за стомакот, а стомакот за храната; Бог ќе ги уништи и едното и другото. А телото не е за блудство, туку за Господа, и Господ за телото;
14 а Бог, Кој Го воскресна Господа, ќе нè воскресне и нас со Својата сила.
15 Не знаете ли дека вашите тела се Христови членови? И така, ќе ги земам ли Христовите членови и да ги направам членови на блудница? Да не биде!
16 Или не знаете ли дека оној кој ќе се соедини со блудница е едно тело со неа? Зашто рече: „Обата ќе бидат едно тело.”
17 А кој се соединува со Господа, еден дух е со Него.
18 Бегајте од блудство! Секој грев, што човекот го прави, е надвор од телото; а блудникот греши против своето сопствено тело.
19 Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси?
20 Зашто скапо сте купени. И така, прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2013 во 11:24
ВИСТИНСКО И ЛАЖНО ПОКАЈАНИЕ

„Зашто, жалоста по Бога донесува покајание за спасение - за кое не се кае, а жалоста на светов донесува смрт.” - 2 Коринтјаните 7:10

Во ова глава, Павле споменува друго писмо кое го имал напишано кон црквата во Коринт, поточно за определен грев за кој што коринтјаните биле виновни дека го извршиле. Овде пишува за ефектот, што неговото претходно писмо го предизвикал, донесувајќи ги кон вистинско покајание. Тие жалеле на библиски начин. Тоа било доказот дека нивното покајание било вистинско.

Зашто, ете, тоа што се нажаливте по Бога, ви создаде вам не само голема сериозност, туку и одбрана, и негодување, и страв, и копнеж, и ревност и казнување. „Покажавте во сe дека сте чисти во тоа дело.” (стих 11)

Во овие стихови, Светиот Дух зборува за два типа на жалење за гревот, едниот донесува покајание кое води до спасение, другото донесува смрт. Во последно време често бев воден да го прашам Бог, зошто има толку многу лажни религии и христијани, и се обидов да го најдам коренот на проблемот. Голем број на луѓе мислат дека се христијани, но дека не се, е добро познато - освен ако Библијата лаже. Зошто тогаш толку многу се заблудени? Зошто тогаш толку многу, кои што се непоправливи грешници, си мислат дека се покајале? Без сомневање, едната причина е недостиг на јасно учење за основните основи на верата, особено за недостигот на јасност за вистинското и лажно покајание.



ЛАЖНО ПОКАЕНИЕ

Лажното покајание се вели дека е жалост на светов. Тоа е жал за гревот предизвикана од светски размислувања и мотиви, без согледување на вистинската природа на гревот. Промената предизвикана од жалоста по светов е плитка и површна. Личноста може да ги гледа непосакуваните последици од гревот од светска гледна точка, и може да го исполнат со загрижување. Може да согледа дека ќе има големо влијание на неговиот самореспект, или трошење на неговите пари, или неговиот живот ќе биде доведен во опасност; може да се загрижи дека некоја од неговите скриени постапки ќе се открие, и ќе биде посрамотен. Многу е чест случајот, луѓето да имаат таков вид на жал, кога некое светско размислување е во основата на сето ова.

Лажното покајување е основан на себичност. Може да биде едноставно некои силно чувство на жалост во умот на личноста, заради тоа што направил, затоа што ги гледа лошите последиците за него. Го прави несреќен, или го изложува на гневот Божји, или ја посрамотува неговата фамилија и пријатели, или му наштетува на некој друг начин. Сето тоа е чиста себичност. Може да чувствува силна грижа на совеста, многу голема - но сеуште да нема вистинско покајание. Може да чувствува страв - длабок и голем страв поради гневот Божји и болките во пеколот - но сепак да биде чисто себично. Преку целото време може да нема таква работа како замразување на гревот во срцето, и не следи промена на срцето, која што да го следи опросведочувањето на умот, за бескрајното зло на гревот.





Изменето од Blagoj_s - 09.Август.2013 во 11:24
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2013 во 09:36
Дела Апостолски 3:19
Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, та од Господовото присуство да дојдат времиња на освежување,

Амос: 5:15
Мразете го *злото, сакајте го доброто и поставете правосудство



Марко: 1:15
“Времето се исполни и царството Божјо наближи, покајте се и верувајте во Евангелието.”



www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2013 во 10:22
Римјаните: 5:9,10

Сега, откако сме оправдани во Неговата крв, многу повеќе ќе се спасиме од гневот Божји преку Него.
Зашто, ако сме помирени со Бога преку смртта на Неговиот Син, додека бевме непријатели; толку повеќе - веќе помирени - ќе се спасиме во Неговиот живот.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2013 во 10:16
Евреите: 13:5
Нека вашето однесување биде слободно од среброљубие. Бидете задоволни со она, што го имате, зашто Тој рече: „Никогаш нема да те напуштам, ниту ќе те оставам!”


Исаија 61:1

„Духот на Господа Бога е на Мене, зашто Господ Ме помаза, Ме испрати да им донесам Радосна Вест на бедните, да ги излечам скршените срца; да им проповедам слобода на заробениците и ослободување на оние во темница;
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2013 во 08:54
Одамна ја немам прочитано библијата и, многу работи сум заборавил.
Колку што се сеќавам во неа тој секогаш е со лоша воља, се нешто забранува, постојано прети со некакви закани, со некакви казни,  со убиства, со страдања, жртви, крв  ... но не само што прети туку и ги извршува, постојано поддржува и помага војни (се разбира на сопствениот народ) ...
Неможам да се сетам, каде во библијата пишуваше дека бог бил расположен, дека се насмеал, дека се израдувал или дека тоа им го препорачува на луѓето?
Затоа би ги замолил читателите доколку ги најдат тие стихови, да ги пишат.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2013 во 11:05

1 Јован 3

1 Гледајте каква љубов ни дал Таткото: да се наречуваме Божји деца. А тоа и сме! Затоа светот не нè познава нас, зашто не Го позна Него.
2 Возљубени, сега сме Божји деца, и уште не се откри што ќе бидеме; но знаеме: кога ќе се открие ќе Му бидеме слични, зашто ќе Го гледаме Онаков Каков што е.
3 И секој кој ја има оваа надеж во Него, се очистува самиот, како што е и Тој чист.
4 Секој кој врши грев, врши и беззаконие; и гревот е беззаконие.
5 И знаете дека Тој се јави за да ги отстрани гревовите, а во Него нема грев.
6 Секој кој останува во Него, не греши; секој кој греши, не Го видел Него, ниту Го познал.
7 Дечиња, никој да не ве заблудува. Кој врши правда праведен е, како што е Тој праведен.
8 Кој врши грев од ѓаволот е, зашто ѓаволот греши од почетокот. Затоа се јави Божјиот Син, за да ги разурне делата на ѓаволот.
9 Секој, Кој е роден од Бога не врши грев, зашто Неговото семе останува во него; и не може да греши, зашто е роден од Бога.
10 По ова се познаваат Божјите деца и ѓаволските деца: секој, кој не врши правда и не го љуби својот брат, не е од Бога.



И така, што да речеме на ова? Ако е Бог за нас, кој ќе биде против нас?
32 Оној, Кој не Го поштеди ни сопствениот Син, туку Го предаде за сите нас, како не ќе ни подари сè друго со Него?
33 Кој ќе ги обвини Божјите избраници? Бог ли, Кој ги оправдува?
34 Кој е оној кој ќе ги осуди? Христос Исус ли, Кој умре - но уште и воскресна - Кој е од десната страна на Бога и Кој се застапува за нас?
35 Кој ќе нè одвои од Христовата љубов? Неволјата ли, или притеснувањето, или гонењето, или гладот, или голотата, или гибелта или мечот?
36 Како што е напишано: „Заради Тебе нè убиваат постојано, нè сметаат како овци за клање.”
37 Но во сè ова победуваме надмоќно преку Оној, Кој нè возљуби.
38 Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите,
39 ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ.РИМЈАНИТЕ 8
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2013 во 10:14
Јован: 3:15 та секој, кој верува во Него да не загине, но да има вечен живот.
3:16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
3:36 Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божијот гнев останува врз него.”


Јован
6:27 Работете не за храна што се расипува, но за храна што останува за вечен живот, а што ќе ви ја даде Човечкиот Син, зашто Бог Таткото Го потврди Него за тоа!”
6:40 Зашто тоа е волјата на Мојот Татко, секој што ќе Го види Синот и поверува во Него - да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.”
6:47 Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене има вечен живот.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2013 во 10:19
Псалми23


1 Господ е Пастир мој; ништо нема да ми недостасува,
2 На зелени пасишта Тој ми дава починка; При тивки води - ме води.
3 Ја освежува мојата душа, ме води по патеките на правдата, поради Своето име.
4 Ако тргнам и низ долината на смртната сенка, нема да се уплашам од злото, зашто Ти си со мене. Твојот жезал и Твојата палка ме утешуваат.
5 Приготвуваш трпеза пред мене, пред погледот на моите непријатели. Ја помаза мојата глава со масло, мојата чаша се прелева.
6 Навистина, благоста и милоста ќе ме следат, низ сите денови на мојот живот. И јас ќе престојувам во Господовиот дом засекогаш.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2013 во 10:29
2 Солунјани: 3:16

А Самиот Господ на мирот да ви даде мир секогаш и на секаков начин. Господ да биде со сите вас!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2013 во 10:23
ЕВРЕИТЕ 13

8 Исус Христос е ист вчера, и денес, и довека.
9 Не дозволувајте да ве заведат со разни и туѓи науки, зашто е добро срцето да биде зацврстувано во благодат, а не со јадења, од кои немаа полза оние, кои живееја преку нив!
10 Ние имаме жртвеник, од кого немаат право да јадат служителите на Шаторот
11 Бидејќи телата на животните, чија крв првосвештеникот ја внесува во Светилиштето за гревовите, се изгоруваат надвор од станот,
12 затоа и Исус, за да го освети народот преку Својата крв, пострада надвор од градската порта.
13 И така, да појдеме кон Него, надвор од станот, носејќи ја Неговата мака,
14 зашто тука немаме траен град, туку го бараме идниот.
15 И така, преку Него да Му принесуваме постојано на Бога пофална жртва, односно: плод на усните, кои го исповедуваат Неговото име.
16 А не заборавајте ги: добротворството и делењето со другите, зашто со такви жртви Му се угодува на Бога!
17 Бидете им послушни на вашите водачи и покорувајте им се, зашто тие бдеат над вашите души како оние, кои ќе одговараат за тоа; за да го прават тоа со радост, а не со воздишки, зашто тоа не би било полезно за вас.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7677787980 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,283 секунди.