|
КОНТРАДИКЦИИ ВО К'УРАНОТ |
Внеси реплика | страница <1 56789 14> |
Автор | ||||||
zavit
Нов член Регистриран: 23.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 0 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Му кажав на пријателот:
Можеби денешниот разговор за научните вистини за к*р’анот ќе бидат многу поинтересни од нашите досегашни расправи со оглед на тоа дека твоето занимавање со науката и твоето инсистирање во се исклучиво врз научни основи и докази. Овде треба да се каже и она што го кажал к*р’анот за небото, Земјата, звездите, планетите, спермата, зачнувањето и формирањето на човекот во време кога за науките: астрономија, геологија, автомистика итн. не имало никаква трага, а науката ги открива во нашето време. Меѓутоа, к*р’анот со овие прашања се занимавал и не ги разглобовал до детали, како што го прави тоа да речеме потесната научна дисциплина, бидејќи к*р’анот во прв ред е книга за верувањето, која има за цел да го уреди човечкиот живот и да воспостави најдобри човечки односу помеѓу луѓето. Од друга страна, ако к*р’анот , по некој случај по овие нешта навлегувал во финесите, тогаш тие на кои им се обраќал би ги довел во мачна состојба, , бидејќи би им зборувал со јазик што не го разбираат. Затоа к*р’анот во приопштувањето на вистината го користел методот на укажување и обрнување на вниманието кон фактите кои допрва требале да бидат откриени и да ги објаснат самите науки по стотици години, што се заедно најјасно им укажувало на генерациите што доаѓале дека к*р’анот е Божје дело и Божја објава на луѓето:
„Ние на нив бргу ќе им укажеме на знаците Наши на нештата, а и на нив самите. Тогаш на нив сосема јасно ќе им биде дека к*р’анот е вистина. Зарем не е доволно тоа дека Создателот твој е во се сведок” (Фуссилет, 53). Затоа што оние на кои им се обраќал к*р’анот не се задоволувале само со Божјето сведочење дека к*р’анот е Негово дело па затоа било нужно тоа да им го покаже со свои знаци. Вака Аллах џ.ш. вели во својата Книга.
Уште од првиот ден к*р’анот од ден на ден открива се повеќе и повеќе јасни докази и потврди. Така на пр. Во врска со тркалезноста на Земјата дошле два ајета во кои е употребен зборот „теквир” за да што посликовито го досегна спуштањето на ноќта и денот како две полутопки: „ со ноќта го покрива денот, а денот го воведува во ноќта” (Ез-Зумер, 5)тука потоа е ајетот, кој го опишува уредувањето на земјата:”...а потоа Земјата ја уредил.” (Ен-Назиат, 30). Зборот “духа”, кој е употребен во овој ајет е единствен во речникот што означува во исто време и простирање и замотување. А земјата како што е познато, навидум е таква, со тркалезна односно јајцевидна форма.
Наоѓаме и ајети во кои се зборува за пливањето на ридиштата во висина односно за пливањето на Земјата, бидејќи таа со нив прави целина:
„И ги гледаш ридовите зад облаците за кои мислиш дека мируваат, а тие всушност летат како и облаците, Ова е дело на Аллах, кој се совршено создал и средил” (Ен-Немл, 88). Ридовите што изгледаат неподвижни и мирни всушност пливаат во вселената. Во овој ајет постои и едно мошне кратко укажување и на еден друг факт. Имено, станува збор за формирањето на материи на атоми како што се облаците составени од капки. Сето ова е кажано споредувајќи ги ридовите со облаците.
Во к*р’анот ги наоѓаме и ајетите со кои се кажува за смената на денот и ноќта, и за нивнотот прецизно одредено време од почетокот на создавањето што ќе тече се до крајот на нивното траење:
„Ниту на Сонцето му треба да ја достигне Месечината, ниту на Месечината да го претекне денот” (Јасин, 40). Тука се и останатите ајети во кои се покажува топчестата форма на Земјата како и кога е збор за почнувањето на денот и ноќта заедно и во исто време уште од постанокот како две полутопки. Кога Земјата би била рамна денот и ноќта би доаѓале еднакво еден по друг. Кога ќе дојде Судниот Ден Земјата повторно ќе биде во исто време и во ден и во ноќ како шт било и при создавањето:
„Па кога Земјата ќе се облече во убавини и прекрасна зелена одежда, а нејзините жители ќе се уверат дека можат од неа да соберат плод, тогаш ќе дојде нашата одредба дење или ноќе, па Ние сето тоа ќе го пожнееме и присобереме за да не остане никаква трага, како вчера да не ги било” (Јунус, 24). Во Божјите зборови „дење или ноќе” се наоѓа потврдата за ова време кое не можеме поинаку да го објасниме, туку така што едната страна на Земјата е засенета со Сонцето , додека другата е изложена на Сонцето и со нив е осветлена што призлегува од топчестата форма на Земјата. Затоа е кажано: „...А ниту ноќта да го претекне денот” (Јасин, 40). Тука е и бројното спомнување на Истокот и Западот во ајетите:
„...го земам за сведок Господарот на Истокот и Западот” (Ел-Ме-ариџ, 40); ..Тој е Создател и Господар на двата Истока и двата Запада”, (Ер-Рахман, 170). Ако Земјата не е она што е би бил само еден Исток и Запад. Човекот, како што вели к*р’анот, ќе му каже на својот шејтан на Судниот ден:
„..Да имаше среќа па да бевме еден од друг одалечени, како што е одлечено местото на излегувањето на Сонцето од местото на неговото заоѓање” (Ез-Зухур, 38). На земјата нема одалеченест што е поголема од сончевето излегување и заоѓање, освен ако е земјата е со тркалезна форма. Во контекст со овие ајети спаѓаат и ајетите во кои се зборува дека небата имаат многу патеки, подрачја и патишта:
„...И небата со многу патишта” (Ез-Зиријат, 7).
„...и небата што враќаат...” (Ет-Тарик, 11), т.е. кои враќаат се на Земјата се што се крева: водената пареа ја враќаат во дожд, разните тела со земјината тежа, радио-брановите со одбивање од јоносферата, како што се враќаат и инфрацвените топлински зраци со одбивање и така ноќе ја загрева. Како што небата го враќаат она што во нив се „исфрла” од „надворешниот свет” и на тој начин се заштитува и чува земјата од смртоносните торпеда на вселенските зраци и убиствените ултравилоетови зраци. Како такви небата се кров на Земјата.
„Го сторивме небото кров што е цврсто чуван” (Ел_енбија, 32); „И небата ги кренавме со сила и моќ Наша и Ние сме во состојба се да храниме и одржуваме” (Ес -Заријат, 47).
Во овој ајет се зборува за т.н. нужно ширење на вселената.
Во времето на објавата на к*р’анот се сметало дека е атомот најмал дел на материјата, кој како таков е неделив. к*р’анот доаѓа и сосема прецизно зборува за помали делови на материјата од атомот, за составните делови на самиот атом. к*р’анот е инаку прва книга што кажала дека атомот не е најмал:
„Нема да избега на Божјето знаење ниту еден атом тежина на небата и на земјата ниту она помалу или поголемо од тоа” (Себе’, 3).
Сета ова изјаснување на к*р’анот на задивувачки појави во вселената како што е топчестата форма на Земјата, составот на природата на вселената и атомите, и тоа во време кога за нив никој немал ни најосновни претстави, сосема јасно зборуваат за боженственото потекло на к*р’анот. На ова го додаваме и луцидниот говор на к*р’анот за зачнувањето на човекот и неговото формирање, за спермата и за нејзината единственост во одредувањето на полот на новороденчето: „Тој е оној што го создал парот машко женско, од човечката вода..” (Ен-Неџм, 45).
Станува збор, значи, за еден билошки факт кој станал познат дури во нашето време. Имено, ние денес велиме дека главата на спермата ги содржи факторите на детерминацијата на полот. к*р’анот уште во она време зборува за споредувањето на јаболчниците и отисоците на прстите, во контекстото на говорот за проживувањето по смртта:
„Мисли ли човекот дека Ние не можеме да ги собереме неговите коски? Напротив, Ние можеме повторно да ги уредима јаболчниците на неговите прсти” (Ел-Кијаме, 3-4), т.е. ќе ги отелотвориме дури и јаболчниците на неговите прсти и ќе ги уредиме какви што биле...
Многу подоцна е откриено дека тие кај сите се различни.
к*р’анот нагласува дека најслабата куќа е на пајакот. Аллах џ.ш. вели куќа, а не конец на пајакот, бидејќи е познато дека пајаковиот конец е посилен четири пати од на него сличниот конец. Станува збор за слабоста на куќата, а не на конецот, бидејќи пајаковата куќа е лошо сокривалиште за тој што ќе се прибере во неа, страпица за оној што ќе падне во неа од посетителите странци. Таа е дури гибелна и за останатите членови на фамилијата на пајаци, оти женката на пајакот го јаде својот мажјак по оплодувањето. Таа ги јаде и своите млади по нивното раѓање, а младите се јадат меѓу себе.
Пајаковата куќа е најдобар пример за лошо скривалиште и лош крај, коко што вели к*р’анот. Слично е со оној што бара скривница вон Божјата. За тоа говорат овие велинченствени к*рански зборови.
„Пример на овие што место Аллах џ.ш. земаат други заштитници е како примерот на пајакот кој себеси си направил куќа како престојувалиште, а навистина најслабо престојувалиште е пајаковата куќа(мрежа) кога тие би го знаеле ова”(Ел-Анкебут, 41). Крајот на овој ајет е каректаристичен Аллах џ.ш. вели:„... кога тие би го знаеле ова” навестувајќи го тоа дека луѓето еднаш ќе го разберат ова. Општо е познат фактот дека многу откритија на овој план се од понов датум.
Во к*р’анската глава„ Кехф” еден ајет во превод гласи: „Тие останаа во пештерата триста и уште девет години”(Ел-Кехф,25). Денес е познато дека 300 години по сончевиот календар изнесуваат во ден, минута и секунда 309 години по месечевиот календар. Во главата „Мерјем” Севишниот Аллах џ.ш. ја изнесува ситуацијата на Мерјема кога и е времето за породување па нашла скривница под стеблото на датулата посакувајќи смрт...па била повикана да го потресе стеблото и да ги изеде свежите датули што ќе отпаднат:
„...Па породилните маки ја принудиле да дојде до стеблото на една палма. Таа кажала:-Ех, да беше среќа да умрев и да не го дочекав и да бев заборавена потполно. Па е повикана со зборовите:-Не се жалости?Ти дал твојот Создател Господар под тебе поток да протекне. Растреси си го стеблото палмино. Ќе се посипат врз тебе свежи датули, па јади и пиј и нека ти се очите весели!” (Мерјем, 23-25).
Зошто баш станува збор за датулите.
Најновите научни истражувања велат дека датулата содржи во себе материја што ја стега матерката, го олеснува породувањето и го спречува крварењето по породувањето слично на окситоцин, и материјата што разнежува, а добро е познато во медицината дека растителни разнежувачи со своите чистења на каналите го олеснуваат и осигуруваат породувањето. И ова значи, и врз овој пример ја согледуваме големината на Божјите зборови и за совршеноста на к*р’анот како Божја објава:
„Не може да му дојде никаков недостаток ниту промена пред или по него” (Фуссилет, 42).
„Кога тој би бил од некого друг освен од Аллах, тие би нашле во него несложување и непотполност” (Ен-Ниса, 82).
Ако к*р’анот не беше со боженствено потекло тој не би бил совршен; едни ајети би побивале други, би имало грст контрадикции и други недостатоци, карактеристични за делата на човековиот ум и дух. Второ издание на некое дело се разликува од првото, оти неговиот автор додава нешто ново или прескокнува нешто од првото, било да се коригира себе, исправа грешки или внесува нови сознанија до кои дошол во меѓувреме. к*р’анот како Објава на Аллах џ.ш. на човештвото, сочуван е од сите грешки и недостатоци. Тој е совршен оти е дело на Совршениот. к*р’анот како таков можел да зборува за минатото, кое никој друг не го познавал, бидејќи за него немало пишани документи и за иднината, а и за она што таа го носи со себе. Донесуваме само неколку ајети во кои к*р’анот навестил настани што набргу и се случиле:
Во главата Рум, к*р’анот вели дека Римјаните, кои поднеле пораз во една битка, набргу ќе победат: „Поразени се Римјаните во најблиската земја, а тие потоа по поразот ќе победат по неколку години..” (Ер-Рум, 2-4).„Бид’а” -неколку- е неодреден број и со него во арапскиот јазик се означуваат броеви од три до десет. И навистина Римјаните по седум години победиле. За победата на Бедр к*р’анот вели:
„Наскоро таа дружина ќе биде поразена, ќе го сврти грбот и ќе избега” (Ел-Камер, 45). За гледањето за влезот во Мека на Мухамед а.с во к*р’анот стои: „Аллах му покажал и потврдил на Својот Пратеник со неговиот вистински сон...Навистина вие ќе влезете во Месџидул-Харам, ако Бог даде потполно сигурно некои со глави бричени, а некои со глави потстрижани”(Ел-Фетх, 27).
Така и било. Уште се одвиваат к*р’анските предвидување пред нашите очи. Ибрахим а.с. вака го молел Аллах џ.ш. :
„Наш Господару! Населив некои свои потомци во неплодна долина кај Твојот храм, кого Ти си го сторил свет... Наш Господару, стори тие правилно да го вршат намазот. Стави им во срцата на луѓето љубов кон нив и дари ги со плодови да бидат благодарни”(Ибрахим, 37). Ибрахим а.с. го молел Аллах џ.ш. да ги опскрби нив во оваа неплодна долина. Потоа дошло Божјето ветување дека животот ќе им го благослови и ќе ги изобили кога им наредил да им го оневозможат на мушриците посетувањето на Ќаба, а тие се исплашиле од економска блокада оти „жителите на Мека во својот економски живот се потпирале на добивките, кои ги добивале кога ходочастието во Ќаба било во тек” . Аллах џ.ш. ги смири со зборовите:
„Ако се плашите од сиромаштија, Аллах ќе ве збогати од Своите благодетие” (Ет-Таубе, 28). Ова ветување и ден денес се исполнува. Секој ден скока цената на нафтата, чии главни наоѓалишта се простираа под ова подрачје. Ако на ова му се придодадат наоѓалиштата на ураниум тогаш уште подобро се согледуваат „Божјите благодети” за кои станува збор во ајетите. Од друга страна к*р’анот говори за другите непознати светови. Тој го открива тајните на џините и на мелеците. Говори за нештата што се најнепознати и за кои нешто малку можат да знаат некои суфии, а и тие можат да знаат за тоа само она и онолку колу што к*р’анот вели дека можат да знаат и да видат. Туке е и последниот збор на к*р’анот за управата, етиката, раководењето, војната, мирот, економијата, општеството, бракот, правата кажани со ненадминат стил, автентичен израз, збор кој по своите естетски вредности претставува единствен феномен во историјата на јазикот воопшто. Ибну Аребија еднаш го прашале за тајното совршенство на к*р’анот па тој одговорил со еден збор: „Апсолутна вистина”, оти к*р’анските зборови се апсолутно вистинити, додека крајното нешто што можат да го постигнат писателите е релативната вистина, најмногу што можат да постигнат е субјективната вистина, која произлегува од гледањето на работите, чиј простор е секогаш ограничен. Секој од нас зафаќа само еден дел од вистината, додека останатите делови не одминуваат, се гледа од еден агол запоставувајќи го гледањето од останатите агли, од што произлегува дека се што ќе дојде поединецот е само дел од вистината. Само Сезнајниот Аллах џ.ш. е Тој што ја опфаќа апсолутната вистина и се. затоа и велиме дека к*р’анот е од Божје потекло оти дава апсолутна вистина за се.
Мухамед а.с го прашале за к*р’анот па тој им рекол:
„Во него е вест за она што било пред вас, просудување за она што е помеѓу вас и известување за тоа што доаѓа по вас; Тој е граница, не е шега, Тој е мудра опомена цврста Божја врска, вистински пат... Кој ќе го напушти и остави, пропаѓа, кој бара упата покрај него ќе залута. Тој не ги свртува умовите, не бара расправа; Учените не можат да се заситат со него, а неговите вредности не можат никогаш да нестанат и да бидат исцрпени”.
Ете, пријателу, тоа е нашата книга. И заради сето она што го содржи и порачува тој може да биде и само е со Божествено потекло. |
||||||
zavit
Нов член Регистриран: 23.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 0 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Пријателот рече:
-Не разбирам како си допушта Господарот Милозлив, за кого вие велите дека е благ, милозлив, благороден, дека многу простува итн., како си допушта ваквиот Творец и Господар да му наредува на својот пратеник Ибрахим да го заколе своето дете. Нема ли да се сложиш заедно со мене дека е тешко да се поверува во сето тоа?
-Од контекстот на к*р’анските кажувања за Ибрахим а.с. и за синот Исмаил јасно се гледа дека Божјата намера не била Ибрахим да го заколе својот син, а да го сакаше тоа Аллах џ.ш. тоа и ќе се случеше.
Меѓутоа познато е дека Исмаил не бил жртвуван како к*рбан. Од Ибрахим а.с. се сакаше тој да ја совлада својата страствена љубов кон роденото дете, да биде господар на своите чувства, да се ослободи од претераната врзаност за Исмаил, затоа што не е дозолено срцето на Божјиот Пратеник да биде врзано за некого друг во онаа мера во која е врзано за Аллах џ.ш. Срцето на Божјиот Пратеник мора да биде исполнето со неизмерна љубов кон Аллах џ.ш. Сето друго, како што се светот, децата, угледот, власта се од второстепено значење. Исмаил како што е познато, е роден кога татко му бил во длабока старост. Оттука е таа страствена љубов на таткото кон него. И тогаш Аллах џ.ш. го става на испит својот Пратеник, за да биде испитана неговата исправност на ова толкување. И што се случило. Доволно било Божјиот Пратеник само да ја прими Божјата наредба, за да веднаш пристапи кон нејзиното извршување. Меѓутоа, тогаш стига заповедта за замена на жртвата.
-А што мислиш за муџизите: Онаа на Ибрахим а.с.-неговото влегување во огинот, која не го гори, за стапот на Муса а.с. кој тој го престорува во змија и со него го расцепува морето, потоа за неговата бела рака. ..
Зарем сето ова не ти личи по пехливанска програма на некој циклус?
Зарем му е потребно на Бог да ја докажува својата величина со нешто што е само по себе апсурд, и претстваува кршење на редот и поредокот во природата? Зар не се токму редот, разумот, системот, дисциплината, со еден збор законите што владеат во природата најсилни докази за Божјата големина и моќ?
-Морам веднаш да ти кажам дека муџизата си ја разбрал погрешно. Таа според тебе е пехливанство, спротивност наредот и апсурдот. Меѓутоа, таа е нешто сосема друго.
Дозволи ми да ти го објаснам ова со пример. Да речеме кога во некој случај би можел да се вратиш 3000 години наназад и да го посетиш египетскиот фараон носејќи со себе транзистор со големина на ќибрит, кој пее и зборува. Што мислиш што би сториле фараонот и неговата свита? Нема сомнеж дека запрепастено би извикале дека е тоа муџиза вон сите закони, иако сите ние добро знаеме дека во тоа нема ништо чудно и натприродно. Затоа што се она што се случува во транзисторот се случува по законите на електрониката, и како такво е сосема разбирливо. Со какво чудење би те гледал Бабилонскиот крал кога би го посетил со телевизор во рака, кој емитува слики од Римската Империја, а Асирскиот Крал би бил сиот избезумен, и би аплаудирал кога би чул глас од грамофонската плоча, која си ја навил.
И поблиската историја ни забележила слични реагирања. Така на пример кога дошле колонистите во Африка и кога првиот авион атерирал во една џунгла, тамошните домородци во страв се поклонувале на земи, а потоа почнале да удираат во тапаните и да им принесуваат жртви, како да бил Бог пред нив, затоа што тоа што го виделе со сопствените очи било вон сите логични закони, кои тие ги познавале, иако ние добро знаеме дека летот на авионот се одвива по утврдени закони и дека на нив морало да се смета при конструирањето на авионот. Муџизата, значи, не е кршење туку е почитување на редот. Водата се крева низ стеблото на палмата, спротивно на силата на гравитацијата. Се работи за законот за компактност на водениот столб, законот за посебните влакна и законот за осмозичен притисок, кои ја влечат водата.
Ние никогаш не излегуваме од рамките на разумот и сфатливото. Чудењето на домородецот призлегува од непознавањето на природните закони. Такво е и твоето чудење пред Мусиното расцепување на морето и претворувањето на стапот во змија, оживувањето на Иса на мртвите, влегувањето на Ибрахим во огин кој не може да го согори. За тебе е тоа неможно, бидејќи ги крши законите. Ти тоа го сметаш за пехливанство, иако сето тоа се случува по Божјите закони, кои ги надминуваат законите кои досега сме ги откриле. Станува збор за еден повисок ред и случување, кои се сосема логични, иако нашата мисла не може да ја допре. Аллах џ.ш. не го нарушува редот со муџизите, туку ни ги открива Неговите повисоки нивоа.
Бехаије исто како и ти згрешиле одрекувајќи ги муџизите, бидејќи ги сметале за понижување на умот. Тие го отфлале дословното значење на к*ранот, но по нивните сфаќања Муса а.с. со својот стап не го раздвојувал морето туку неговиот стап го симболизирал Шеријатот кој ја раздвојува вистината од невистината, неговата бела рака според нив, ја олицетворувала раката на Доброто, Иса ги оживувал душите, а не телата, ги отворал хоризонтите на разумот, а не им го враќал видот на слепите. За нив сето тое било алегорија и к*р’анска симболика, затоа што сето тоа не можеле да го разберат.
Ние денес живееме во време во кое муџизите не е воопшто тешко да се појмат. Видовме како науката не одведе на Месечината. Ако тоа ни пошло од рака благодарејќи на нашето знаење тогаш е вон секаков сомнеж тоа дека Божјето знаење може да ни пружи поголемо знаење и моќ. Слушни го овој убав к*рански ајет:
О, дружино на џинови и луѓе! Ако вие мислите дека можете да се пробиете низ земските и небесни сфери, тогаш обидете се! Но, нема да можете да се пробиете низ нив освен со (Божја) помош и дозвола. (Ел-Рахман, 33). |
||||||
vd
Сениор Регистриран: 13.Јануари.2006 Статус: Офлајн Поени: 1539 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
продолжете, ќе добиете одговори во пакет за овие и за дргуите прашања, односно "контрадикциите" кои ги постирате на форумов. Значи .. продолжете со .. како што велите
|
||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
една контрадикција да има, доволно е да ОТПАДНЕ целиот ислам...
затоа бидејќи досега не добивме одговор на поставените прашања, не вреди да се оди понатаму... |
||||||
Miralem1
Сениор Регистриран: 10.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 1548 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Alija ra je rekao:Znanje je bolje od imetka.Znanje te cuva a ti cuvas imetak.Znanje je sudija,a bogatstvu se sudi,umrli su oni koji su gomilali bogadstvo,a ostali su oni koji su sakupljali znanje
|
||||||
hardcore
Сениор Регистриран: 20.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 268 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Nikoj nemoze na nikogo prisilno da mu ja vmetne negovata vera.(citat)
2:256---I neka nema prisila vo religijata..
9:3------I objaveno bese od alah i negoviot pratenik;....i objavi strasna kazna i grev za onie sto nema da go prifatat islamot...
Miralemce,bez filozofiranje,ovoj so"stoned finger",i nema sto da kaze,ama mojata cel e da se dokaze deka ogromni kontradikcii vo knigiceto vase IMA I NE PRAVETE GO SOVRSENO ZOSTO NE E OD BOGA....Ima i drugi raboti sto gi citas na forumov,a za koi nemas odgovor...Ne mozes da kazes deka ne se citaat in analiziraat vasi knigi koga citati davame,prevodite na knigite gi davame...Ne se toa knigi na makedonski prevod...angliski prevod se,a prevedeni od islamisti....
***Zavite,i drugite pocnaa so kilometarski referati,pa nisto....eve miralem stanuva pokonkreten pa moze da se cita i da se odgovara na postovite....ne dokazuvaj deka nisto ne znaes od prva,neznaenjeto go gledame kolkavo ti e ....
|
||||||
Studentski Klub
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Изгледа ни самиот не си свесен што пишуваш, само постираш што ќе ти кажат.
Тоа второто, не така како што си го напишал.
|
||||||
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
|
||||||
hardcore
Сениор Регистриран: 20.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 268 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
DA,DA....Eve poprosto....edniot stih veli NEMA prisila,a drugiot veli IMA prisila.Kolku za polesno da se razbereme...a mi kazuvaat muslimani ama progresivci,a ne kako vas....regresivni tirani(kako i samite sto ve narekuvaat). |
||||||
warrior
Група Регистриран: 24.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
хардкоре си ја читал ли библијата?
|
||||||
hardcore
Сениор Регистриран: 20.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 268 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
2.Koj bil prv musliman:
6:14,163-----muhamed
7:143---------mojsej
26:51--------nekoi egipjani
2:127,133----abraham
2:37----------adam
Ajde,warrior(djaall),odgovori,posto "studentive ne znaat,miralemco ne znae...samo da ne si ti eden od niv,a nikot drug da ti e???
|
||||||
rome
Сениор Регистриран: 10.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 492 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
Zaljubena vo Hristos nashiot Edinstven Spasitel
|
||||||
Studentski Klub
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 07.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 272 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Toa што го велиш не е вистина, а Исус не е Бог!!!
|
||||||
Незнаењето е најголемиот непријател на луѓето!
|
||||||
аџија
Сениор Регистриран: 25.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 5474 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ст. клубе...
имаме записи од преку 30 сведоци на Христовото воскресение, а имало преку 500 сведоци во тоа време, од кои најголем дел станале маченици за таа вистина. И сега треба сите нив да ги негираме, за да му веруваме на еден пустински лисец, кој патем, не само што не бил маченик за верата, туку ја искористил за свое лично богатење, за власт и за сексуални перверзии? јас ќе останам со светците, а не со лажгото... Второ, ако не било вистина, било потребно само едно едноставно нешто: - Римјаните или евреите да го покажат телото на Христос, и христијанството ќе умреше... Такво нешто како што знаеш, ниту се случи, ниту можело да се случи, бидејќи Христос Воскресна... |
||||||
rome
Сениор Регистриран: 10.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 492 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
oh Hristos neje Bog po na koja verba tvoja shto ne vervate vo Hristos kako spasitel?greshen si.
|
||||||
Zaljubena vo Hristos nashiot Edinstven Spasitel
|
||||||
Внеси реплика | страница <1 56789 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |