|
Има ли вонземјани? |
Внеси реплика | страница <1 6263646566 67> |
Автор | ||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Историјата открива: Вонземјаните се тука со години?!Дали
сме сами во Универзумот или пак има тука уште некој кој повремено нè
посетува и мошне добро е запознаен со човечката раса? Ако се водиме по
многу нешта кои што се провлекуваат низ историјата, несомнено е дека
приказната за летечките чинии е многу повеќе од обична фикција.
Во близина на кинеско-тибетската граница,
таканаречените Дропа камења го обележуваат местото за кое што многумина
веруваат дека е античка локација на вонземјани. Група на истражувачи
додека ги истражувале пештерите на Хималаите пронашле мали гробови во
кои имало неколку необични суштества. На местото не биле пронајдени
надгробни камења, туку само дискови со големина на стапало кои имаат
дупка во средината. Хиероглифите ја раскажуваат приказната за Дропите
кои се урнале на Земјата. Тие се обиделе да се спријателат со околните
жители, но брзо потоа биле убиени и закопани бидејќи луѓето се плашеле
од нив.
Античките хиероглифи откриваат натприроден настан кој се случил во
Египет за време на владеењето на фараонот Thutmose III. Според
напишаното на небото најпрво се појавил еден огнен круг, а по неколку
дена се појавиле неколку. Круговите се издигнале нагоре, се упатиле во
јужна насока и исчезнале на хоризонтот.
Седумстотини години пред да започне да се
користи терминот летачка чинија, Јапонците виделе летачки објекти и тоа
во провинцијата Ки каде што се појавиле во близина на планина.
Јапонската влада дури и направила официјална истрага, но на крајот
излегла со објаснувањето дека станувало само за „ветер кој ги занишал
ѕвездите“
Богородица никогаш не изгледала поинтересно
особено кога во позадина е насликано нешто што по логиката на нештата
не би требало да е таму. На сликата „The Madonna with Saint Giovannino„
од Domenico Ghirlandaio се забележува необичен црн објект на небото кој
многу наликува на летечка чинија. Дали станува збор за обична дамка или
пак за доказ за НЛО останува непознато.
Уште една слика која предизвикува полемики.
Станува збор за „The Baptism of Christ" на која се прикажани Исус и
Јован Крстител врз кои паѓаат зраци од диск на небото кој совршено
одговара на денешната претстава за тоа како изгледаат леталата на
вонземјаните.
Три месеци од нападот на Перл Харбор,
жителите на Калифорнија постојано го мониторирале небото обидувајќи се
да забележат дали наближува некаков јапонски авион. На 24-ти февруари
стотици луѓе пријавиле дека виделе неидентификуван објект над Лос
Анџелес, по што сите борбени авиони се кренале во воздух, па дури и го
погодиле леталото. Но, по се изгледа дека не му причиниле никаква штета,
по што истото исчезнало од местото.
Во оваа година се случил најконтроверзниот
настан од модерната историја на вонземјаните. Тоа е уривањето на
неидентификуван летечки објект во Росвел, Ново Мексико. Иако никогаш не
постоеја силни докази за што точно станува збор, во 2012-та еден од
вработените во ЦИА откри дека леталото кое што паднало во Ново Мексико
„не било од оваа планета“.
Бети и Барни Хил решиле да возат до Канада ни никогаш не ни претпоставиле што ќе сретнат по пат. Парот наишол на вселенско летало кое откако им се доближило се нашле на 35 милји од местото каде што првично застанале. По настанот Бети започнала да има кошмари во кои сонувала како е под набљудување на сиви суштества. Нејзиниот сопруг под хипноза ги имал истите сеќавања. Овој случај е еден од оние кои се предмет на истрага до денешен ден. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
FosterThePeople
Сениор Регистриран: 17.Декември.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1147 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Секако дека не сме,не држи вода во толкав простор да сме сами.
|
||||
I just wanna feel real love.
|
||||
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
„Google Earth“ сними вонземјани на површината на Месечината?Снимката која се шири со неверојатна брзина покажува седум светлосни точки кои се подредени на тој начин што формираат агол од 90 степени. Некои сметаат дека тоа е база на вонземјани на Месечината. Истражувачот на паранормална активност, познат како “WowForReel” набљудувајќи ја снимката забележал нешто за кое верува дека се вонземјани. Објектот на видеото се прикажува во вид на седум светлосни точки кои се подредени да формираат агол од 90 степени. Тој појаснува дека досега не забележал ништо слично. |
||||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Може се,ама може и не се,но ваквите клипчиња имаат голема популарност во светот,доволно е еден портал ова да го прикаже и река народ навалува.
Само што темава е за Марс Ама пак не е лошо ако нема за Месечинката да ја направиме
|
||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||
Kastro
Сениор Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
da be ...sum se zbunil ....ja ne sum bas vesht so ova temive ....sega ke pobaram ako ima za mesecina tamu ke ja stavam
|
||||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
А зарем има с'е уште некој кој верува дека нема ???
|
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Mohenjo-daro е една од многуте теми за полемика дали нас во минатото не посетија вонземјани бидејки од археолошките ископини,артефактите и она шо е опишано во светите Индиски книги јасно дава дознаење дека не сме сами во универзумот.
|
||||
sikter
Сениор Регистриран: 01.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 650 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
i nema , .....ama samo na Zemjata.
|
||||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
,,,,sikter, si se zaebal gi ima i na planetava naša grevče,,,tuka se ama ne se od tuka,,, ,,, |
||||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
И да ги има премногу сме се натрипале во холивудски филм,како тоа ги опишуваме...
Барем Мичио така кажува,а јас генерално се согласувам. |
||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
А да си фатиме ние нова кампања...
Има да полудат грците,лупаме пропаганда дека сме од друга планета населени долго пред античките Македонци. Еве америве во "Anicent Aliens" веќе ја разгледуваат можноста за Кокино да е изградена од вонземјани. А како тоа таму не викаат...Еве им поздрав. |
||||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
,,,^,,,imit ,,,kako bi nemit,,,,,,ti ,,,jas ,,ninja,,,laki,,,i etc,,,,,
Изменето од pajser - 03.Август.2014 во 23:49 |
||||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||||
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Штом е поставено на Сител...Нит го гледам,нит го читам.
Само ќе ви пренесам дека постојат снимени биле на месечината. |
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од Valerija - 22.Септември.2015 во 08:23 |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Внеси реплика | страница <1 6263646566 67> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |