|
Македонски Бугарин сака да стане член на Судскиот |
Внеси реплика | страница <1 45678> |
Автор | ||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Емилчо, Па токму тоа го пишувам во моите постови, ама кој да разбере?! Море разбираат само не им одговара, па се прават наудрени. Не дека ние незнаеме како треба, ама кога други ти мудруваат како треба да правиш, ќе ја подвиткаш опашката со цел да го зачуваш барем она што го имаш, а станеш и дел од ЕЗ. Да, НАТО го заборавив. |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не, проблемот е во тоа што ти делуваш по принципот на исклучивост. Според тебе Македонец може да биде и Албанец, и Влав и Србин но не и Бугарин. Совршена иронија на историјата. Меѓутоа, во тој случај, ако ги исклучуваме луѓето кои што се чувствувале или се чувствуваат како Бугари, тогаш по законите на логиката ќе треба да се откажеме од голем дел на македонската историја. Токму за тоа зборува и Денко Малевски на пример. И јас сум Македонец и ја сакам Македонија исто како и ти, само што разликата помеѓу мене и тебе е во тоа што јас не пишувам глупости од типот „Македонците им го дале јазикот на Бугарите, да не сме биле ние, тие немале да знаат да зборуваат“. И модерниот македонски и модерниот бугарски припаѓаат на истата подгрупа на јужнословенски јазици и се во ист сооднос како што се црногорскиот и српскиот. А сите тие фантазми и митомании да ги оставиме на страна. И во Бугарија се населиле Словени, и во Македонија исто така, и истите тие Словени со текот на времето развиле одлики кои што ги изделувале од останатите Словени, а им давале чувство на припадност кон ист народ. И точно е, историјата продолжува понатаму, и кој знае каде ќе не одведе, меѓутоа на црното да му се вика бело и обратно, не благодарам, тоа не е мој стил. Што се однесува до тоа дека Србите се откажале од претензиите кон Македонија, абе ти верувам, како не . Гледаш, и неговите ставови „до танчина“ се поклопуваат со тие на Цемович, меѓу другите. |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ама стварно не мки е јасно со кој памет некој може да постави странски државјанин како член на Судскиот совет ....... можно ли е на пример Кинез по државјанство да биде член на судски совет во Јапонија ? |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Рамковен и се е можно,нешто како скопско и се е можно
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас не делувам по принципот на исклучивост, туку напротив секој еден жител на Македонија може да биде македонски граѓанин, но само 2/3 од населението се етнички Македонци. Дури и македонските Бугари се македонски државјани т.е. Македонци. Мислам дека ги имаат истите права како сите други етнички заедници. Проблемот кај нив е што нивните ставови се поклопуваат со оние на бугарската политика и работат против државата во која се родиле, образувале, па богами и професионално изградиле. Таквите самите си заслужиле посебен третман и мониторинг. Во една прилика имав напишано дека сем остатоците од старите српски националисти, ројалистите и клерот во Србија се нема никаков проблем со засебноста на македонската држава и македонскиот народ. Тоа се гледа од самата политката, а и од она што се презентира по медиумите. Реков не се проблем Бугарите, проблем се бугаризираните. Не бараат ниту Србите, ниту Албанците ниту Грците да се потпише договор за контрола на јазикот на омразата. Немаат потреба од тоа, а ниту ние имаме таква потреба. Зошто така наречените словенкси Бугари имаат?! Да, денешните Бугари носат политичко име, јазикот кој го зборуваат не е бугарски (бугарскиот бил туркски), а културата предоминатно им е македонска, од причина што 30тина % од нејзиното население има македонски корени. Зошто и како тие станале Бугари се посебна тема на разговор. Вистинскиот Македонец се бори за Македонија и недозволува некој да го мокри и да вели дека врне. Тоа тебе некој ти го прави и ти го дозволуваш? |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Можеби и може, но да се случи тоа сигурно е дека кандидатот ќе го поминат низ сито и решето. Таквоит ќе треба да дува во иста писка. Изменето од Platenik - 24.Септември.2010 во 02:44 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа сакаш да се убедиш себе, или сакаш да ме убедиш мене можеби? Изјавата е дадена од македонски Србин кој што припаѓа на партија која што учествува во власта. Што повеќе сакаш од тоа? Таму тврди и дека во спорот за името тој ја поддржува Грција. А глем број од Србите сметаат дека ние во минатото сме биле Срби, ама Тито ги зафркнал Србите со тоа што од нивната „вардарсја бановина“ или „јужна Србија“ направил СР Македонија. Значи сметаат дека нашиот случај е ист како и со „муслиманската нација““ во Босна. Па не треба многу досетливост за да се види на која воденица ја тераат водата некои структури во Македонија, и тоа на доста прикриен и подол начин. Еден од тие начини е се разбира и создавањето на двојни аршини и невидена бугарофобија во Македонија. Просто нема потреба да ги споменувам стереотипите за Бугарите кои што ги има кај нас, бидејќи сите добро ги знаеме, а ако некој се чувствува како македонски Бугарин веднаш го доживуваме како опасност за нашиот идентитет. Епа нешто многу лабав идентитет е тоа тогаш. Точно е тоа дека тие имаат поинакво видување за нашата историја, меѓутоа како што видовме, со нивното видување во голема мера се согласуваат и водечките личности на нашата историографија, ако ги занемариме еуфемизмите и рационализациите за тоа што на пример Денко Малевски го нарекува „чист фалсификат“ и „ординарна лага“. Ако е тоа така, тогаш што ни се виновни тие? Виновна е комунистичката историографија која што, повторно ќе го парафразирам Денко Малевски „не можела да направи разлика помеѓу наука и идеологија, и таму каде што пишува Бугарин, слободно си заменувала со Македонец, а таму каде што веќе не можела, измислувала тајни бугарски агенти во чисто македонски средини“. Просто срамно е да се омаловажуваат Бугарите на начин на кој што го правиме ние, на пример срамно е тоа да се прави откако ќе се прочита „За македонцките работи“ за што чисто се сомневам дека и 10 % од Македонците ја прочитале таа „модерна библија на македонскиот народ“ а за која што и македонистите (мислам на научниците) имаат дилеми како да си објаснат некои противречности во неа. Ние се однесуваме, како да ти кажам, како да сме сервилни кон некого и му ја вршиме валканата работа, не покажувајќи никакво достоинство и став. Изменето од Pat - 24.Септември.2010 во 13:52 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
tanas_1902
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 346 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нешто нема логика во твоите пишуваниа! Прво зборуваш цитирам "Дури и македонските Бугари се македонски државјани т.е. Македонци. Мислам дека ги имаат истите права како сите други етнички заедници" - викаш има македонски Бугари после тоа викаш дека има бугаризирани а и оште има и само бугари. Ке биде убаво да ми покажеш еден македонски бугарин,еден бугаризиран и еден чист бугарин! Ако сакаш застани и ти до нив да видим ке сфатим разликата от првиот пат! |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
По стоти пат: 1. Бугари се Чувашите, Гагаузите, Татарите и им припаѓаат на туркската јазична и етничка група. 2. Бугаризирани се сите оние кои немаат врска со оние под 1, како Шопите, Македонците, Тракијците.... но ја имаат успешно завршено руската пансловенска школа за наводниот словенски карактер на најновата Бугарија. Значи најбројни се домородните Шопи, Пиринските Македонци и протераните (читај разменетите) Македонци од Егејскиот дел на Македонија. 3. македонските Бугари се во суштина бугароманите, оние кои се по род Македонци, ама несакаат да бидат исти како оние под 1, туку како оние под 2. Дали сега ти е појасно? |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не забегувајте премногу во историја и дискусии за потеклото на народите, за тоа имаме соодветен подфорум. Овде имаме јасна определба како Бугарин, на судија кој аспирира за член на Судски Совет. Дискутирајте за политичкиот момент. |
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Види сега, има голема разлика меѓу мене и тебе. Јас негледам ништо лошо во тоа што ти го нарекуваш омаловажување на Бугарите. Јас аслите Бугари не ги омаловажувам, туку ги оспорувам оние кои се сметаат за Бугари, а во суштина не се. Да допрецизирам, тие можат да бидат и Лапонци тоа е нивен проблем. Но, се додека нивниот однос, започнувајќи од политчкиот врв, преку корумпираната наука, медиуми, па се до поединци ја оспоруваат мојата татковина и македонскиот народна, јас ќе се чувствувам горд да ги омаловажувам нивните научни, културни, јазични или било какви други тези. Простотилокот и необразованоста нема граници, а таа држава и после 130 години постоење нема направено исчекор или сторено било каков интелектуален напор да излезе од романтичарскиот 19 век. Јас можам да ги разберам оние кои се развивале во рамките на руската творба, но неможам да ги разберам оние кои имале прилика да се развиваат во едни помодерни, подемократски услови. Јас би те запрашал, зошто ти како Македонец би имал потреба да се приклучуваш на некоја од постоечките пропаганди кои веќе со векови се водата против Македонија и нејзиниот народ? Зарем неможеш да видиш дека таа Бугарија прави се за да ја разнебити Македонија? Се здружува дури и со нејзиниот вековен непријател Грција. Јас како Македонец немам никаква потреба да фаворизрам некого, било тоа Бугарија, било тоа Србија или било кој друг. Мене како Макдонец ме интересира само Македонија. Ми се чини дека имаш разбирање за дилемите околу бугарштината и нивните ноторни лаги во врска со јазикот, културата и потеклото на Бугарите, а такво разбирање немаш за сопственит народ. Дури се чувстуваш навреден кога Македонците реагираат на инсинуациите на таканаречените Бугари. Ќе ми простиш, ама со таков двоен аршин не ќе може да се помине во Македонија. Незнам само што очекуваш, Македонците да се откажат од оние кои гинеле за слободата на Македонија или да речат е ние не сме биле Македонци, туку Бугари?! Во врска твојот коментар за српскиот националист, претставникот на српската политчка партија во Македонија, ниту сакам ниту имам намера да те разуверувам. Живееш во реалноста, а се надевам дека ги пратиш и српските, како што ги пратиш и бугарските медиуми. Се надевам дека ја пратиш и надворешната политика на двете земји и нивниот официјален став према Македонија. Како јас ги гледам работите Бугарија наспроти Македонија и Србија наспроти Македонија односот е 1000 према 1 во корист на Бугарија. Нема ден да не помине, без провокација, инсинуацијаа, негација или оспорување на македонската засебност. Такви националистички натрапници ги има насекаде, но се чини дека бугарскиот ангажман околу Македонија е без преседан. Читај убаво што ќе ти напишам, Македонија на Македонците и доста со тие пробугарски инсинуации, доста со тие етикетирања од типот србокомунистички, титоистички, коминтерновски, комунистички идеолошки доктрини.... Тоа е веќе излитена, празна фразеологија. Да имаш фобија значи да се плашиш од некого. Во Македонија нема фобија од Бугарите, туку во Македонија има антагонизам, омраза, нетрпение, недоверба према се што доаѓа од Бугарија. Тоа е директен резултат од односот кој политичкиот естаблишмент на руската творба го градел со години во однос на Македонија, без разлика каде тој седел на политичкиот спектрум. Значи упорно работеле со години да го стекнат она што го заслужуваат. Чест секому, вересија никому. Изменето од Анастеа - 25.Септември.2010 во 00:17 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прости Шефице, ама многу е лесно да се забега посебно кога се води разговор за таканаречените македонски Бугари и или некој бугарски граѓанин. Јас само велам дека во советот може да седи било кој, па макар бил и Бугарин, доколку ги застапува интерсите на македонската држава. Толку од мене. Јас реков да не забегувате премногу и темава од политичка да ја претворите во историска дебата. Она што не е во рамките на темата и ја води дискусијата во друг правец, ќе ви биде едитирано од постовите. Изменето од Анастеа - 25.Септември.2010 во 00:21 |
||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
||
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
прашањето е дали може некој СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИН да стане член на судскиот совет во некоја друга држава ? ............. лично сметам , и доколку постои некоја дупка во законот ( а доколку нема гробарот ќе ископа ) , не би смеело да се дозволи такво нешто .......
|
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
@Platenik
Јас не чувствувам органска нетрпеливост кон Србите на пример, и мислам дека можам да се пофалам и со добро познавање на српската историја, култура и јазик. Меѓутоа, тоа не значи и дека не сум свесен за лицемерниот однос на нивната политика токму кон Македонија. Па ќе ги заборавиме ли Вранишковски и Јеремиќ, меѓу другите, а да не зборуваме за радикалите или пак за ставовите на „некои“ македонски Срби? Ти од друга страна, заговараш, слободно ќе речам, налудничава „омраза и нетрпеливост кон се што доаѓа од Бугарија“ која што се граничи со фашизам. Па чекај, нели Бугарите беа клетите фашисти, или тоа е уште еден аргумент дека и ние сме „един дол дренки“? Уште една разлика, јас зборувам за конкретни аргументи, а ти постојано нудиш популистичка реторика од типот „или си со нас или си против нас“. Јас сосема се согласувам со Денко Малевски- не сакам мојот идентитет да почива на лаги, омраза и фрустрации. Сакам да сум модерен Европеец и граѓанин на светот. А таквите би требало да имаат отворен ум, и широко познавање на светската историја и култура воопшто, а не да веруваат дека сонцето се врти околу Македонија. Но не, немам бугарски пасош Изменето од Анастеа - 25.Септември.2010 во 00:26 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
Внеси реплика | страница <1 45678> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |