|
РАКОМЕТ - новости |
Внеси реплика | страница <1 45678 18> |
Автор | |
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ништо од "дил"со Сур
Македонскиот интернационалец Ацо Јоноски и натаму е во потрага по клуб каде ќе ја продолжи кариерата. По една сезона мината во екипата на Босна, Јоноски е во постојана потрага, преговори со разни екипи, а најблиску беше до враќање во Швајцарија и договор со екипата на Сур. Јоноски беше во Швајцарија, транираше со екипата, но дилот пропадна поради "најбитната"работа - парите. Сур не можел да даде толку колку што понудил и на Јоноски било да одлучи дали ќе прифати за игра за помалку пари или ќе си ја бара среќата на друго место. Втората варијанта била поприфатлива, па така сега одново е во потрага по клуб каде ќе настапува годинава. Јоноски пред да се договори со екипата на Босна, кој е неговиот последен клуб, една сезона играше во Швајцарија. Во екипата на Сент Гален, но не стигна да се покаже во вистинско светло поради честите повреди поради кои поголемиот дел од сезоната ја мина на терапии место на тренинзи. Пред тоа играше за македонските екипи Вардар и Пелистер. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
УТРЕ СЕ ИГРА ОДЛОЖЕНИОТ МЕЧ ОД ПРВОТО КОЛО, ДВАТА ЕДИНСТВЕНИ РИВАЛИ ЗА ТИТУЛАТА НА МЕГДАН ВО "КАЛЕ"
Вардар Про прв "сервира" Ждрепката уште во првото коло го смести дуелот меѓу единствените кандидати за титулата, Вардар и Металург. Првата пресметка е во среда, домаќин е вицепрвакот Вардар Про. Среда, 17 септември ВАРДАР ПРО - МЕТАЛУРГ 18:00 Сала: "Кале" во Скопје. Судии: Сашо Кркачев и Христо Бошковски Делегати: Неделко Неделковски и Драган Начевски Сезоната во машката Супер лига почна, се одиграа две кола, но официјалниот старт на Лигата беше во сенка на натпреварот на македонскиот првак во Лигата на шампионите и дуелот кој сите со нетрпение го очекуваат. Одложениот натпревар од првото коло во кој вицепрвакот Вардар Про на домашен терен го пречекува актуелниот првак Металург. Ова е четврта сезона во која битката за шампионската титула ќе се води меѓу овие два тима. Металург двапати се накити со шампионскиот пехар, на Вардар тоа му појде само еднаш од рака. Но, "црвено-црните" годинава важат за фаворити за освојување на шампионскиот пехар. Вардар "брцна" подлабоко во џебот, состави тим кој е значително посилен од ланскиот, одработе одлични подготовки на кои забележа убави резултати. Само двапати загубија "црвено-црните" во подготвителниот период, еднаш од Нордхорн и еднаш од ГОГ Свендборг. Но, затоа, пак, сега имаат во својата колекција "скалпови" од Иври, Пик Сегед, Босна... Металург од друга страна играше мошне променливо на подготвителниот период и нема резултати со кои може да се пофали, напротив. Запишани се и порази од анонимни екипи, тимови далеку од рејтингот на македонскиот првак. Скорот е негативен, но сликата барем резултатски ја поправаат двата официјални натпревари кои ги одиграа, со турскиот шампион Измир, преку кого дојдоа до пласман во натпреварите по групи во Лигата на шампионите. Ова го прави Вардар фаворит на првиот меч, иако тоа не мора да значи дека така ќе биде и на паркетот. Минатата сезона Металург играше одлично низ подготовките, па по тоа уште во првото полувреме од првото коло, за малку ќе се посрамотеше. Ланските дуели меѓу овие два тима беа единственото нешто вредно да се спомене од македонскиот шампионат. Самата битка за титулата повеќе од драматична, а Металург профитираше благодарение на победата од еден гол разлика во второто одмерување на силите, токму во "Кале". к*риозитет од лани е што и Вардар и Металург подобри резултати остварија играјќи на гости. Ова се однесува конк*ретно за битката за шампионската титула. Но, тоа беше лани, годинава, повторно, во принцип предноста на домашен терен си е предност која би требало да се искористи. За разлика од лани, сега Вардар прв "сервира", гостин е Металург, па со самото тоа и поголемиот притисок оди на плеќите на "црвено-црните", во пакет со улогата на фаворит која несомнено е на нивната страна. Играчки гледано, Вардар профитираше повеќе за време на преодниот рок. Нивно најголемо засилување секако е враќањето во тимот на Наум Мојсоски, македонскиот репрезентативец. Тој секогаш имал големо влијание во играта и беше еден од клучните играчи на сите дуели кои Вардар ги доби со Металург пред две сезони кога "црвено-црните" станаа шампиони. За разлика од лани, сега Вардар е одлично покриен и на позицијата лев бек. Анте Кукрика и Мите Караиванов се двата леви бека кои треба да донесат новитет, односно тоа што Вардар лани го немаше, шутеви од дистанца. Како и да е, се очекува најмногу време на теренот, на бековската линија да минуваат Радуловиќ, Мојсоски и Прибак. Марио Пејовиќ, црногорскиот пикер кој лани не покажа којзнае што, е заменет со Украинецот Владимир Кисил. Како тоа ќе функционира, треба да се види. Милан Косановиќ, српскиот голман кој дојде од Германија, би требало да ја донесе потребната сигурност на голот, која на Вардар лани му недостасуваше на клучните натпревари, со исклучок на финалето на Купот. Вардар во своите редови ќе има еден "одмаздник". Гоце Макалоски, крилото кое од Металург се пресели во Вардар и ќе има дополнителен мотив да се покаже и докаже не само на дуелите со Металург туку и на сите важни натпревари на Вардар. Докажување, но од други причини, како новак во тимот, ќе има и за крилото Ивановиќ, кое дојде од Партизан. Ракчевиќ, Прибак, Маркоски, Даскаловски, З. Мојсоски, Алушевски се играчи кои се добро познати, си ја знаат својата работа и знаат колку треба да дадат. Спротивниот табор, Металург задржа с$ што сакаше да задржи. Идејата тимот да биде истиот со едно екстра засилување пропадна со Сергеј Погорелов, кој требаше да донесе пресврт, нов момент. Но, тој беше далеку од можност да стане засилување, па мораше назад. Неговото место го зазема играчот кој на двата меча со Измир веќе почна да се "исплати" - Александар Станојевиќ. Така и Металург доби што сакаше, шут од дистанца од деснобековската позиција. Се чека на пролет да се приклучи и Ивановиќ и таа позиција ќе биде покриена. Вардар има еден, Металург два "одмаздника". Владо Недановски и Александар Јовиќ. Двата екс играчи на Вардар сигурно ќе имаат дополнителни мотиви уште на првиот дуел да покажат дека нивниот бивш клуб направил грешка. Металург дополнително ја засили голманската позиција. На лани одличниот Борко Ристовски му се приклучи Данило Брестовац и сега Металург ја има можеби најкомпактната двојка на македонски голмани. Се виде тоа на дуелите со Измир. За разлика од Вардар, кого немавме можност да го гледаме на официјален натпревар, Металург одигра два. Против послаб противник и очигледно со намера да скрие колку што може да се скрие за дуелите со Вардар. Колку е, пак, можно да се крие ова или тоа, можеби во целата таа приказна на играње со "пола сила" беше поважно да се заштитат играчите од некоја евентуална повреда. Турците играат прилично агресивно и опасно во Измир, во Скопје не беше опасна нивната игра до таа мерка. Но, не видовме многу од Металург. Не видовме практично ништо од најголемиот дел од играчите, лани носители, Ристовски, Шмигиќ, Лазаров... Многу јасно дека Металург со Вардар нема ни да се постави ни да игра како што тоа го правеше со Измир, но време да чекање - нема. Едноставно, сите ќе мора да играат на едно сосема поинакво ниво, за да има шанса Металург в среда. Што се однесува до важноста на натпреварот, тоа е, сепак, само прв меч кој нема да реши ништо. Ќе има уште три натпревари на кои ќе може да се надополни тоа што ќе се пропушти сега. Но, факт е дека екипата која ќе победи ќе биде во голема, огромна предност. Посебно, ако разликата е над 3 гола на пример. Лани само еден гол решаваше пред последната пресметка, но тешко дека ќе се повтори уште една таква изедначена сезона. Би било убаво за ракометната јавност да гледа мечеви со мала разлика, која малку од малку би го задржала вниманието на неутралните љубители и би надополнила, тоа што дербито се игра веќе во првото коло и што првенството ќе биде рано решено, најдоцна во првото коло од последниот круг. Лани битката за титулата безмалку ќе завршеше со општа тепачка, пред две години нешто слично. Годинава би било убаво за промена и за добро на целиот ракомет "клупите" да си седат мирни без оглед како се движат бројките на семафорот. Првото дерби ќе го судат Кркачев и Бошковски. Ова ќе им биде четвртпат да судат меч меѓу Вардар и Металург. Забелешки, грешки и незадоволство секогаш има(ло) за судењето, кој и да бил на "центарот". Веројатно исто ќе биде и сега. Но, немало преголеми тензии кога тие двајца ја делеле правдата, или со други зборови, никогаш директно не бил вперен прстот кон нив како виновници за поразот на некој од тимовите. За мир на клупите и сега ќе има два делегати. Драган Начевски веројатно ќе треба поголемо внимание да обрнува на клупата на Металург, а Неделко Неделковски истото тоа да го прави за клупата на Вардар. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вардар Про - Металург 27:27
Во нашиот ракометен шампионат се уште не е комплетирано првото коло, а веќе се игра натпревар за титула. Тоа е можно затоа што вицешампионот Вардар Про и актуелниот првак Металург немаат конк*ренција, па нивните четири меѓусебни пресметки ќе решаваат за тронот. На полувремето од денешната средба во салата „Кале“ беше 15:10 за Вардар Про. Црвено - црните дојдоа во водство благодарение на серијата од 6:1 во средината на првото полувреме за водство од 11:5, потоа само ја одржуваа предноста до крајот на полувремето. Очекувано во првото полувреме немаше голем број на погодоци, двете екипи праве доста грешки. Во првите осум минути од второто полувреме Металуг направи серија од 5:0 и го изедначи резултатот на 15:15. Се играше гол за гол до самиот финиш, во кој Вардар имаше предност од еден гол на 15 секунди до крајот, но Живковиќ погоди за Металург за конечни 27:27. Неманја Прибак беше најуспешен во домашниот тим со седум погодоци, Мојсоски и Ивановиќ потигнаа по еден помалку. Кај гостите најистакнати беа Шмигиќ со девет погодоци и голанот Борко Ристоски со 11 одбрани. Imaat sreka Metalurg kako i uvek!!! VARDAR SHAMPION!!! |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кавадарчани без шанси во "Кале"
ВАРДАР ПРО - В.В ТИКВЕШ 35:23 (17:13) Сала: "Кале" во Скопје: Гледачи: 50. Судии: Попов и Чаневски. Делегат: Неделковски Вардар Про: Косановиќ (5 одб, 1 сед), Даскаловски (13 одб), Кисил 3, Макалоски 4, Прибак 8, Вујовиќ 1, Симовиќ 7, Радуловиќ 2, Ивановиќ 3, З. Мојсоски 4, Алушевски, Кукрика 2, Маркоски 1 Седмерци: 3/4 Исклучувања: 8 мин. Ц. Картон: Алушевски (директен) В. В. Тиквеш: Паунов (12 одб, 1 сед), Филипов (1 одб), Китев 2, Левов 10, Златев, Плетварски, Булуков 2, Грозданов 3, Соколов 3, Најдев, Јанчев, Нешков 1 Седмерци: 1/2 Исклучувања: 20 мин. Цартон: Китев (3х2), Плетварски, Нешков (директни) Вардар Про го има истиот проблем кој го има и Металург во домашниот шампионат. Проблем за "црвено-црните" е да се мотивираат за натпреварите кои ги играат во националниот шампионат и им даваат шанса да помалите екипи да покажат заби, дури и да се понадеваат на изненадување. В. В. Тиквеш не беше блиску до изненадување, но можат да бидат задоволни кавадарчаните од партијата која ја пружија во Скопје. Првите 20 минути од натпреварот минаа во изедначена игра и резултатски и на паркетот. 10:10 беше во 20. минута од мечот. Вардар по тоа со серија од 4:0 колку толку "се одлепи", но на полувреме се замина со само три гола предност за вицешампионот. Во продолжението В.В. Тиквеш беше рамноправен уште десетина минути, а по тоа разликата во квалитет дојде до израз. Вардар имаше водство од 22:17, кога влезе во ритам (пред с$ Немања Прибак) и направи серија од 7:0 по која на кавадарчаните не им остана многу што да направат. На крајот, убедливи 13 разлика за домашниот натпревар, на меч кој не беше толку нервозен и груб, иако имаше дури 4 црвени картони. Плетварски прв заработи билет за трибината откако опцу еден од судиите. Истата судбина го снајде и Китев, кој имаше 3 исклучувања. На крај, судиите правецот кон соблекувалните им го покажаа и на Нешков и на Алушевски. За малку беше избегнат инцидент. Алушевски беше во залет кон голот кога Нешков неспортски и многу ризично го бутна кон мантинелата. Потегот беше опасен и Алушевски можеше сериозно да се повреди. За среќа, успеа да се исконтролира да не падне, но не и да ги смири нервите. Го бутна Нешков, овој падна и за неколку секунди сите играчи на двата тима беа на паркетот. За среќа, страстите брзо се смирија, па мечот продолжи и се доиграа последните десет минути. |
|
|
|
ZOTE
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 627 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Металург - Драмен 37-30 слики од уткамицата |
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" НА ДОМАШЕН ТЕРЕН УБЕДЛИВО ГО ПОРАЗИЈА НЕМОЌНИОТ БОРЕЦ МЛАДОСТ
Вардар сигурно до нов триумф ВАРДАР ПРО - БОРЕЦ - МЛАДОСТ 42:22 (25:11) Сала: "Кале" во Скопје Судии:Ѓорѓиев и Папуџиев од Скопје Делегат: Климкаров ВАРДАР ПРО: Митревски, Косановиќ, Ракчевиќ 6, Макалоски 3, Прибак 2, Вујовиќ 1, Радуловиќ 9, Мојсоски 10, Алушовски 7, Кукрика , Маркоски 2. Седмерци: 6/8 Исклучувања: 2 мин. БОРЕЦ МЛАДОСТ:Петров, Паунков, Крстевски, Кочов, Стојановски 4, Илиев 8, Лазаревски И. 2, Андреев 1, Лазаревски А. 1, Темелковски 3, Ивановски, Узунчев 3. Седмерци:1/3 Исклучувања: 2 мин. Ново, очекувано надмоќно издание на "вардарците" на свој паркет, овој пат против екипата на Борец Младост од Велес Ракометарите на Вардар про останаа недостижни за послабиот противник, доминирајќи во текот на целиот натпревар за конечен триумф од цели 20 гола разлика, 42:22. По дербито со ривалот Металург и по еден бод од нивниот меѓусебен дуел, "црвено-црните" се вратија со победа и одново се на првото место, благодарение на подобрата гол разлика од единствениот ривал. Избраниците на тренерот Вујовиќ одиграа организирано, сигурно, и брзо напаѓаа. По некаде 6 минути игра резултатот беше 7:1 во корист на домашните. Предноста продолжи да расте, а највисоката разлика за тимот на Вардар Про во првиот дел беше постигнат токму пред крајот од полувремето, а изнесуваше 14 гола (25:11). На самиот почеток од вториот дел од мечот ракометарите на Вардар про направија мини-серија од три гола (28-11), но веднаш потоа се вратија и велешани намалувајќи го резултатот на 28:14, во 37 мин. Во овој дел од мечот се виде малку похрабра игра на ракометарите на Борец без оглед на високото водство на фаворизираниот противник. Меѓутоа, недоволно за позитивен впечаток. "Вардарците" останаа неприкосновени за послабиот противник постигнуваа голови од сите позиции и рутински ја водеа средбата кон крајот. Иако победникот веќе беше решен, гостите се обидуваа да го намалат високото водство, но тоа тешко им одеше од рака. На овој меч кам-бек имаше голманот на Вардар про Никола Митревски, кој се врати на ракометните терени по паузата поради повреда на коленото. |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
В ЧЕТВРТОК, ВО СКОПЈЕ ДОАЃА КИЛ, ЕКИПАТА КОЈА ПОСЛЕДНИВЕ ДВЕ СЕЗОНИ ИГРАШЕ ВО ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Кавтичник: Металург може секого да победи дома ЧЕТВРТОК, 13.11.2008 Иако с$ уште е актуелен натпреварот кој во саботата го играше со
Барселона, Металург мора веднаш да се фокусира на тоа што следи. А
следи гостувањето на еден од двата најсилни и без двојби
најатрактивниот тим во моментов - Кил. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРОТИВНИКОТ НА ВАРДАР ПРО, ЗАСИЛЕН СО ИСКУСЕН РАКОМЕТАР ОД СЛОВЕНИЈА
Пунгартник потпиша за Кадетен Составот на Кадетен од Швајцарија ќе биде засилен со Роман Пунгартник од Словенија за дуелите против Вардар Про од КПК кои ќе се одиграат следните два викенди во Скопје и во Шафхаузен. Искусниот ракометар од Словенија веќе се договори со Швајцарците и тој ќе остане во овој тим до крајот на сезоната. Се работи за играч кој има големо меѓународно искуство и тоа ќе биде голем плус за оваа екипа на натпреварите против "црвено-црните". Во кариерата има многу титули, а има и во европските купови. Досега има играно и за тимови како што се Кил и Хамбург и оттаму Кадетен ќе биде засилен за дуелите со "вардарците". Затоа, пак, на дуелите со Вардар Про, Швајцарците најверојатно ќе бидат без Унгарецот Даниел Будај. Тој се повреди на еден од последните тренинзи и како што засега стојат работите најверојатно нема да биде во тимот ниту за едниот ниту за другиот натпревар. Според вестите од Шафхаузен тој би требало да се врати на тренинзите дури на крајот на овој месец. Се работи за повреда на менискусот која доколку не биде залечена најверојатно ќе мора да биде извршен и оперативен зафат за да се реши целата ситуација. Што се однесува до средбите од домашниот шампионат таму на последниот дуел Кадетен забележа победа од 25:21 (полувреме 12:12) на домашен терен против Криенс, а на табелата и натаму е втор зад Амичитиа која има бод повеќе. Против Криенс најефикасни беа Патраил и Линигер кои имаа по седум погодоци, додека Старцан имаше пет гола. ДУЕЛОТ ОД 11. КОЛО ОДИГРАН ПРЕДВРЕМЕ Нова победа за Вардар Т. ПРОЛЕТ - ВАРДАР ПРО 22:31 (11:17) Сала: Расадник во Скопје. Судии: Кркачев и Бошковски од Скопје. Делегат: Климкаров од Велес. ТИНЕКС ПРОЛЕТ: Чупаркоски, Цветкоски, Тренчоски, Иваноски, Спасовски, Димовски 3, Младеновски 2, Котески, Постоловски 9, Петрушевски 2, Матлиески 4, Стефанов 2, Василески Седмерци: 2/5, Исклучувања: 8 мин. ВАРДАР ПРО: Косановиќ, Митревски, Кисил, Макалоски 4, Прибак, 4, Вујовиќ 3, Симовиќ 2, Радуловиќ 5, Ивановиќ 1, Мојсоски 3, Алушевски 4, Мојсовски 4, Кукрика, Маркоски 1 Седмерци: 2/3, Исклучувања: 4 мин. Ракометарите на Вардар Про дојдоа до нова победа во првенството откако на дуелот од 11. коло против Т. Пролет овој пат полесно дојдоа до бодовите во Расадник. Вардар победи со 31:22 и заработи нови три поени. Вториот дуел од ова коло ќе се одигра денеска кога во СРЦ "Кале", МРК Вардар ќе ја пречека екипата на Преспа. Филипос минимално против Димос Екипата на Филипос Верија која е противник на МРК Вардар во натпреварот кој во недела ќе се одигра во СРЦ "Кале" од Челенџ купот на последниот дуел од домашниот шампионат успеа да дојде до победа од 26:25 против составот на Димос. Филипос победи како гостин на овој меч и сега после седум средби се наоѓа на 4. позиција во шампионатот на Грција, а има пет победи и два порази. Засега најдобар стрелец на екипата е Дејан Унчанин кој со 34 гола или 5,67 по натпревар се наоѓа на 16 место на листата на стрелците. На 18 позиција е Димитриос Бадис кој досега има 30 погодоци. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вујовиќ ја гледа својата екипа во следната рудна
Македонскиот ракометен претставник во Купот на победниците на куповите, Вардар Про, се подготвува за следниот натпревар од 3. коло против екипата на Кадетен Шафхаузен. Тренерот Веселин Вујовиќ вели дека ја гледа својата екипа како патник во следната рудна. „Годинава имаат изменета екипа, за разлика од онаа што играше со нас лани, но имаат и многу засилувања. Ние нема да калкулираме со бројот на головите кои ќе ги постигнеме. Одиме на победа, без разлика со колку голови ќе биде изразена. Нема фаворит на овој дуел, но Вардар Про го гледам како патник во следната рунда“, изјави Веселин Вујовиќ. Натпреварот ќе се одигра во СРЦ „Кале“, в сабота со почеток во 18 часот. Вујовиќ: Вардар Про го гледам како патник во следната рунда |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КПК, 3. РУНДА
ВАРДАР ПРО (МКД) - КАДЕТЕН (ШВА) 33:27 Сала: СРЦ "Кале" во Скопје. 2000 Гледачи, Судии: Петер Херцег и Петер Суди од Унгарија. Делегат: Владимир Ранчик од Словачка. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пораз на ракометарките од Хрватска
Најдобрите македонските ракометарки загубија убедливо од селекцијата на Хрватска со 37:27, во првиот меч на Панон куп турнирот во унгарскиот град Сомботели. Ослабениот состав на Владимир Глигоров, без болната Радуловиќ и повредените Андреева и Бајрамовска, имаше неуспешна прва контрола, пред претстојното Европско првенство што за десетина дена почнува во нашата земја. Шанса за подобрување на впечатокот, нашиот национален тим ќе има утре и в недела, во преостанатите две средби на турнирот, против домаќинот Унгарија и со Австрија. |
|
|
|
Trine
Нов член Регистриран: 07.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 26 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pobeda na Metalurg Skopjenad DHK vo Drammens hallen.
Fotograf Atle Olav Dahl. Navivachi na Metalurg Fotograf Katerina Dahl Изменето од Trine - 23.Ноември.2008 во 23:16 |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРЕТСТАВНИКОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО КПК, ВАРДАР ПРО, ПОВТОРНО ИСПАДНА ОД ШВАЈЦАРЦИТЕ Кадетен и годинава подобар КАДЕТЕН - ВАРДАР ПРО 33:25 (19:14) Уште
на стартот на средбата се виде дека домашниот состав се има подготвено
многу подобро за реваншот и дека ракометарите се решени и оваа година
да го остават Вардар Про без презимување во Европа. Кадетен поведе со
6:1 и овој резултат беше актуелен на средбата во 9. минута. Дури тројца ракометари не го дочекаа крајот на средбата одиграна
синоќа. Во 33. минута при еден дуел Маркоски и Пунгартник паднаа на
земјата, а од искусниот ракометар на Кадетен имаше обид за удар. По
сето тоа настана мешаница од која најдебелиот крај го извлекоа двајцата
ракометари кои и ја почнаа целата ситуација. Добија директни црвени
картони и се преселија на трибините. Шест минути подоцна на Маркоски му
се придружи и десното крило Ивановиќ, но овој црвен картон остана чуден
за сите бидејќи е доделен без објаснување и за прекршок за кој најмногу
би требало да се доделат две минути. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
HI)H(
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 22.Јуни.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 258 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
MAKEDONIJA
|
|
1 Година верен форумџија
|
|
Внеси реплика | страница <1 45678 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |