IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5051525354 98>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2012 во 11:50
Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.

Јован 3:16


ПОСЛОВИЦИ
Глава 7


1 Сине мој, чувај ги моите зборови и запази ги моите заповеди при себеси.
...

2 Пази ги моите заповеди, и ќе бидеш жив, и мојата поука како зеницата на своето око.

3 Заврзи ги на своите прсти, запиши ги врз плочата на своето срце;
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2012 во 21:01




Добро правите, ако го исполнувате Господовиот царски закон запишан во Светото Писмо: „Сакај го својот ближен колку што се сакаш себеси.“
Но ако спрема едни луѓе се однесувате подобро, а спрема други полошо, правите грев и според Светото Писмо вие сте престапници.
Дури и ако некој се придржува до целиот Закон, а згреши само на едно место, тој е виновник, како и оној што го прекршува целиот Божји Закон.
Зашто, истиот Бог, Кој рекол: „Не прави прељуба!“, рекол и: „Не убивај!“ Ако не си извршил прељуба, а си убил, ти си прекршител на Законот.
Зборувајте и постапувајте како луѓе што ќе бидат судени според милостивиот Закон на слободата!
Инаку, на Судниот ден Бог нема да биде Милостив кон оние што биле безмилосни спрема другите.
Милоста триумфира над осудата!



(Јак. 2:8-13)



Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2012 во 11:09
ПОСЛОВИЦИ
Глава 15


24 За разумниот човек патот на животот оди нагоре, за да се отстрани од пеколот, што е долу.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2012 во 11:11

ПОСЛОВИЦИ

Глава 14
7 Оди си од безумниот човек, зашто нема да запознаеш усни што зборуваат знаење.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2012 во 13:13




Но да Му благодариме на Бога, Кој секогаш ни дава победа во Исус Христос ...!



(2 Коринтј.2:14)



Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2012 во 11:13
ПОСЛОВИЦИ
Глава 1


24 Колку ве повикував, а вие одбивавте; ја испружував раката, но никој не ја забележа;

25 туку го отфрливте секој мој совет и не ги послушавте моите опомени.

26 Затоа и јас ќе се смеам на вашата пропаст, ќе се потсмевам кога ќе ве снајде тешкотија;
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2012 во 18:01






Исус и’ рече: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее!




(Ев.Јова 11:25)    





   
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2012 во 19:41



   

Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој не’ благослови со секаков духовен благослов од небесата во Христос, така што и не’ избра преку Него, уште пред светот да биде создаден, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта, предопределувајќи не’ за посинување за Себе преку Исус Христос, зашто тоа Му беше по волја, за да биде фалена славата на Неговата Милост, со која не’ дарува преку Својот Возљубен Син, во Кого имаме откуп преку Неговата крв, простување на гревовите по богатството на Неговата Милост.
Таа Милост Тој ни ја даде изобилно заедно со сета мудрост и разум, откако ни ја откри тајната на Својата волја според Своето благоволение што го беше положил во Себе од порано во уредувањето и исполнувањето на времињата, за да соедини се’ небесно и земно под една глава - во Христос.

   
(Еп.Колосј. 1:3-10)




Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2012 во 11:26

ВТОРА КНИГА МОЈСЕЕВА
Глава 15:26


„Ако го слушаш добро гласот на Господа, својот Бог, вршејќи што е право во Неговите очи; ако го насочуваш своето уво кон Неговите заповеди и ги држиш Неговите закони, нема да пуштам на вас никакви болести, што ги пуштив на Египетците. Зашто Јас Сум Господ, твој исцелител.”
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2012 во 11:43
1 ПЕТАР
Глава 1



22 Откако преку Духот ги очистивте вашите души во послушност кон вистината, за нелицемерно братољубие; љубете се истрајно еден друг од чисто срце,

23 зашто сте новородени не од распадливо семе, туку од нераспадливото живо и вечно Божјо слово.
...

24 Зашто „секое тело е како трева, и сета нејзина слава како цвет од трева: тревата се осушува и цветот и опаѓа,

25 а Господовото слово останува довека.” А тоа е словото, кое ви е објавено како Евангелие.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2012 во 11:32
ЈОВАН
Глава 3


31 Кој доаѓа одозгора, над сите е; кој е од земјата, земен е и зборува земски. Кој доаѓа од небото над сите е;

32 тој сведочи за она што видел и чул, но никој не го прима Неговото сведоштво.

33 Кој го примил Неговото сведоштво, потврдува дека Бог е вистински.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2012 во 11:14
ЕФЕСЈАНИТЕ
Глава 4


31 Секое огорчение, и јарост, и гнев, и викање и хулење, да бидат отстранети од вас, со секаква злоба.

32 Бидете еден кон друг добри, милостиви, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости вам во Христа.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2012 во 11:50
Матеј:

7:3 ” Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а не ја забележуваш гредата во твоето око?

7:4 Или, како ќе му речеш на брата си: ‘Дозволи ми, да ти ја извадам раската од твоето око; а, пак, ете, во твоето око има греда?’

7:5 Лицемере, извади ја првин гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш јасно, како да ја извадиш раската од окото на брата си.”

Лука: 6:41 А зошто ја гледаш раската во окото на својот брат, а не ја забележуваш гредата во своето око?

6:42 Како можеш да му речеш на брата си: ‘Брате, остави ме да ја извадам раската од твоето око!’ А сам не ја гледаш гредата во своето око? Лицемере, извади ја најнапред гредата од своето око, па тогаш ќе гледаш како да ја извадиш раската од окото на твојот брат
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2012 во 11:03
Псалм 1


1 Блажен е човекот кој не оди по советот на нечесните, и не стои на патот на грешниците, и не седи во седиштето на потсмевачите;

...
2 туку волјата му е во Господовиот Закон и за Неговиот Закон размислува дење и ноќе:

3 Тој е како дрво засадено покрај водни потоци, што донесува плод во свое време; неговите лисја никогаш не венат; сè што прави, во сè успева.

4 Нечесните не се такви, тие се како плева што ветерот ја разнесува.

5 Затоа нечесните нема да се одржат на суд, ниту грешниците во собранието на праведните.

6 Зашто Господ го знае патот на праведните; а патот на нечесните ќе пропадне.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5051525354 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,328 секунди.