IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Турција (Анталија)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Турција (Анталија)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака
marija-92 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 333
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marija-92 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2009 во 03:43
Иам отидено у Анталија Белек и си поминав наАаАјубавоголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Кон врв
Tanjuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 120
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tanjuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2009 во 10:56
Кушадаси бев 2002 , многу е гужва на плажа, ама ние си одевме со едно мини бусче до Лонг бич и таму беше супер.
Инаку луѓето се многу гостопримливи и љубезни и посебно не сакаат нас.
А во Анталија не сум била, но, би сакала некогаш да отидам
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 22:59
      Анталија – најубавото од Турција
                                                                                                               










Анталија со години е еден од најпосетените турски градови. Тоа е место каде освен странски туристи летуваат и Турците.
Она што ја прави Анталија толку величествена е градот сокриен под прекрасните плажи, луксузни хотели кои ви нудат сѐ што ќе посакате, но и историски знаменитости кои ќе ја задоволат вашата желба да научите нешто ново.


Анталија е сместена во јужниот дел на полуостровот Анадолија, а нејзиното име значи сјајна ѕвезда на Средоземното море. На Анталија ѝ припаѓаат областите Каш, Алања, Манавгат и Кемер. Градот Анталија, главен град на истоимената покраина, има 603.190 жители, но летно време во текот на туристичката сезона, тој број се искачува на 2 милиони.


Анталија е многу живописен град, опкружен со планини, шуми, медитеранска клима и многу археолошки наоѓалишта. Од аеродромот во Анталија може да се отиде до било кој дел на таканаречената Турска ривиера, која ваквиот назив го добила поради природните и историски убавини кои ги поседува.


Анталија, градот во кој се измешани историја и култура, го заслужува називот „главен град на турскиот туризам“, како што многумина го нарекуваат.
Денес овој град живее во златното доба, бидејќи е трансформиран во културно и историско средиште со тематски хотели кои ја „претставуваат“ Венеција или катедралите во Москва.
Тука сеуште можат да се видат траги од византиската, римската и селџучката архитектура.


Иако има многу природни убавини, Анталија е најпозната по своите златни плажи. Плажите Клеопатра и Инцекум се наоѓаат во западниот дел од градот и се долги 2 километри. Плажата Клеопатра е позната по митот дека египетската кралица се капела на тоа место. Лара е вистински дел од рајот со своето тиркизно сино море, полни барови и ноќни клубови.
Што се однесува на сместувачките капацитети, Анталија изобилува со луксузни хотелски ресорти од кои нема потреба да излегувате во текот на одморот, бидејќи нудат буквално сѐ што ви е потребно: спортски центри, хемиско чистење, изнајмување автомобил, менувачници, лекарска помош и т.н.


Анталија има и многу богат ноќен живот. Особено во текот на летните месеци кога улиците и клубовите се преполни со туристи. Има и места со жива музика, а ако сакате рок, техно и хип-хоп, имате безброј опции. Овде ноќните клубови прават тематски забави, танцувачки перформанси, и отворени се до раните утрински часови. Ноќниот живот во Анталија е уште поатрактивен за време на одржување на Меѓународниот „ Golden Orange “ филмски фестивал. Изборот е навистина голем – можете да бирате од помирни места каде во пријатна атмосфера ќе го пиете својот пијалак, па до огромни дискотеки на отворено каде можете да лудувате до раните утрински часови.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,157 секунди.