IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КОЈА РЕЛИГИЈА Е ВИСТИНСКА?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КОЈА РЕЛИГИЈА Е ВИСТИНСКА?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4748495051 55>
Автор
Порака
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2015 во 01:16
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Noor Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2015
Статус: Офлајн
Поени: 16
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Noor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2015 во 18:50
Мир вам!

За да се вратам на првото прашање со кое е започнато овој пост, тие што сакаат да дознаат која е вистинската религија, ќе изложам основни информации за основните книги на религиите и нивното стојалиште кон Божјите пратеници, со цел сами да пресудите која е вистинската.

Во светот 5-те најголеми религии се: Христијанството, Исламот, Хиндуизмот, Кинеската народна религија и Будизмот.

Религиите кои го прифаќаат Авраам како Божји пратеник спаѓаат во групата на Авраамските религии. Во Авраамските религии влегуваат: Јудаизмот, Христијанството и Исламот. Авраам е истотака познат и како татко на монотеистичките религии (религии кои промовираат верување во еден и единствен Бог, створител на се). Хронолошки ќе ги истакнам трите религии според нивната појава:

Јудаизмот: Припадниците на оваа религија ја прифаќаат Еврејската Библија како божји збор. Таа во Христијанството е познато како Стар Завет (без девтероканонските книги). Освен пишаниот Божји збор кој е содржан во Еврејската Библија (позната и како Мазоретски текст кога се мисли на Библијата на неговиот оригинален, еврејски јазик), тие истотака веруваат и во оралните зборови кои Бог му ги кажа на Мојсеј во планината Синај, а кои не се запишани во Еврејската Библија. Така еврејците тие зборови почнале да ги запишуваат и го создале Вавилонскиот Талмуд. Пред тоа беше создаден и Палестинскиот Талмуд, за кој дел од еврејците веруваат, а дел од нив ја спорат неговата автентичност. Овие се основните книги на Јудаизмот.

Тие не го прифаќаат Исус Христос како нивен Месија и го сметаат како лажен, а за пророкот Мухамед да не ни збориме. Но сите претходни Божји пратеници како Авраам, Давид, Мојсес и други ги прифаќаат. Тие сеуште се на очекување на (според нив) вистинскиот Месија кој ќе ги упати во вистинкиот пат.

Христијанството: Втора по ред религија после Јудаизмот е Христијанството. Христијаните како основна книга го имаат Светото Писмо (Библијата) која е Божји збор и составен од Стариот и Новиот Завет. Христијанството не го спори Стариот Завет (Еврејската библија) и нивните божји пратеници, бидејќи Исус вели во Матеј 5:17 “Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот (Тора) и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам„. Затоа и Стариот Завет е интегрален дел од Христијанската Библија. Во зависност од тоа во која деноминација се наоѓа христијанинот, некои од нив ги прифаќаат девтероканонските книги (а овие пак отсуствуваат во Еврејската Библија) како што се на пример католиците, а некои други пак не ги прифаќаат.

Што се однесува до пророците, Христијанството ги прифаќа сите претходни Божји пратеници, вклучувајќи го и Исус како нивен Месија, како спасител на луѓето, како Божји Син. Но пророкот Мухамед не го прифаќаат, кај некои деноминации се нарекува уште и како лажен пророк (исто како што и Исус се нарекува во Јудаизмот).

Исламот: Последната вера во зинџирот на монотеистичките вери е Исламот. Муслиманите го имаат Коранот како основна книга која е Божји збор соопштен на пророкот Мухамед преку ангелот Џибрил (според библијата Гаврил). Исламот истотака не е нова религија со нов систем, туку е дојден како потврда за сите претходни книги и сите претходни Божји пратеници бидејќи Господ вели во Еш-Шура 42:13 “Он (Господ) за вас ја одреди (или ја пропиша) верата која беше пропишана и на Нух (пророкот Ное според Библијата) и она што тебе ти го одредивме (о Мухамед), и она што го пропишавме и на Ибрахим (Авраам), и на Муса (Мојсеј) и на Иса (Исус). Бидете истрајни во верата и во неа да не се разединувате ... Господ ги избира (на прав пат) тие што Он сака и ги упатува тие што му се обраќаат нему„. Од тука се гледа дека станува збор за истиот Бог, и Богот на Мојсеј, и на Исус и на Мухамед е истиот тој Бог. Христијанството истото го вели за Јудаизмот, дека нивниот Бог е истотака и богот на Христијаните (Таткото од Светото Тројство). Исламот истото тоа го вели, дека станува збор за истиот Бог, Аллах, па затоа секоја последователна вера е потврда на претходната вера. Бидејќи Исламот е последна вера и Мухамед е последниот пророк, а тоа го гледаме и во Коранот и во фактот дека и до ден денеска не дошле нови Божји пратеници, Господ во Коранот вели во Ел-Маиде 5:3 “...Денес ви ја усовршив вашата вера, го исполнив благодатот Мој, и како вера Исламот ви го избрав„. Во однос на Исус, Исламот го третира како еден од најмоќните пророци (не како Господ), дека тој е Месијата и дека неговото раѓање е Божјо чудо кој е роден без татко, туку само од Девицата Марија, како што патем и Библијата истото го кажува. Да не се верува во Исус значи негирање на Коранот, што повторно се дознава дека Коранот е потврда на поранешните книги, но освен потврда таа е и последната Божја објавена книга.

Стариот и Новиот Завет се објавени во одредено време, место и општество и важело за тоа време, место и општество. Од друга стана, Исламот е објавен за целото човештво и за сите времиња, независно дали живееме во времето на божјите пратеници или во денешно (технолошки развиено) време. Интересен е фактот што луѓето кои се следбеници на Јудаизмот се викаат Јудаисти, следбениците на Христијанството се викаат Христијани, па вака според оваа логика тие што го следат Мухамед би требало да се викаат Мухамедани. Но не е така, бидејќи тие се викаат Муслимани. Зошто е тоа така? Бидејќи зборот муслиман во превод значи “оној кој својата волја му ја потчинува на Господ„. Значи, муслиманите не ја потчинуваат својата волја ниту на Јуда (еден од 12 синови на Јаков), ниту на Исус, ниту на Мухамед, туку на Господ. Пророците се следат, почитуваат, се сакаат, се зимаат како пример, но волјата се потчинува само на Господ, твојот створител, а тоа значи дека се што се случува во твојот живот, во овој свет, независно дали е тоа добро или лошо, тоа е од Господ. Тоа не учи нас Исламот.

На крај, за тие што се двоумат која вера е вистинската, Коранот дава одговор со тоа што Господ вели во Али Имран 3:19 “Единствената вера прифатлива кај Господ е Исламот„. А ваква одредба неможе да се најде ниту во Стариот, ниту во Новиот Завет. Затоа се вели дека ако постојат Стар и Нов Завет, тогаш Коранот е Последниот Завет.

Tогаш која е вистинската вера? Која вера е најсигуна? Дали да се верува во вера која дел од Божјите пратеници ги прифаќа а другите ги негира? Или во вера која ги опфаќа сите претходни Божји пратеници и го одредува последниот Божји пратеник и е усовршена да важи за целото човештво и за сите времиња? За овие прашања пресудете сами. Господ ни го дал паметот и логиката за да резонираме и да мислиме, па затоа ве поттикнувам да размислите со искрена намера и без предрасуди.

Мирот да е со вас!



Изменето од Noor - 08.Ноември.2015 во 08:57
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2015 во 22:33


Мирот Божји и врз тебе, Noor!

Единствениот Вистински и Вечно Совршен *БОГ, Неговото Вечно Совршено *Слово и Неговиот Вечно Совршен *Дух е Совршената Основа на Совршениот Монотеизам, на Кого упатуваат сите вистински старовремени пророци (пратеници), + сите вистински нововремени (новозаветни) Апостоли БОЖЈИ!

Таа Совршена Основа е безкрајно повеќе од секој Ангел, Пророк, Пратеник, Апостол, Книга, ... безкрајно повеќе од Рајот, Небата, земјата и се’ што е во ними!

Единствениот Вистински и Вечно Совршен *БОГ, преку Неговиот Вечно Совршен *Дух, пред околу 2000 години (под верното срце на Дева Марија, мома еврејка) во Јахшуах хаМешиах (Исус, Иса, Jesus, Gesu, ...) Го отелотвори баш тоа Негово Вечно Совршено *Слово!

Преку првиот земјен човек (Адам) дојде гревот, смрдеата, распаѓањето, смртта ... прогонот од рајот за човекот и човештвото (воопшто)!

Преку првиот Совршен Духовен Човек (Исус) дојде Совршената Вистина, Совршеното Спасение, ... и Совршениот Пат во Совршениот Рај, кадешто нема победници нити поразени, туку со Совршената Љубов се сите заразени!

Преку првиот Совршен Духовен Човек (Исус), Единствениот Вистински и Совршен *БОГ на човештвото (и на сите останати битија, вклучувајќи ги одпаднатите духовни битија) им даде и - се’уште дава - можност да се вратат во рајот, ако Му се поклонат (на Исус)!

За жал, одпаднатите духовни битија (предводени од сатанот, кој е нивниот водач) прави големи чуда (дури и лукаво злоупотребувајќи Го Името на Бога, Светите БОЖЈИ Ангели, Пророци, ...) како би Го негирал или девалвирал Отелотворението на Совршеното *Слово БОЖЈЕ (Исус) со што ги тера да се поклонуваат кон некои други (за ними) “свети и важни“ работи, но не кон Него (Исус), Кој е Отелотворението на Совршената БОЖЈА Волја!

Секој нов ден одново, е последно време човештвото и сиот одпаднат духовен свет да дознае, дека кој одбива да се поклони на Првиот Совршен Духовен Човек (Исус), свестно или несвестно Ја одбива Совршената Волја БОЖЈА и ја следи лагата на сатанот (шејтанот), со што се поклонува кон нешто друго!

Мирот и Благословот на Вистинскиот БОГ врз тебе и на сите кои се поклонуваат пред Совршената Волја БОЖЈА (Исус)

Амин

п.с. Поради Совршеното *Слово БОЖЈЕ и Неговиот Совршен *Дух (Кој што беше во срцето на безгрешниот Адам), мораа на почетокот сите ангели и битија да му се поклонат на земјиниот човек Адам, кој се огреши и се зарази себеси и сите наследници со гревот, смрдеата, смртта, ...поради што мораше и мораа да го напуштат рајот.

Новата БОЖЈА Заповед гласи: >>Секое битие на земјата и на небото кое што ќе се поклони на БЕЗГРЕШНОТО Отелотворение на *Совршеното Слово БОЖЈЕ (Исус) ќе биде помилувано и спасено, секое кое што ќе одбие и се поклонува на било што друго, самото се осудува на вечна пропаст (се’ додека не се одрекне од лагата, се покае и се поклони на Единствениот Вистински Спас Отелотворен во Исус)!

п.п.с. Во Исус нема ниту трага од грев, смрдеа, лага, смрт, омраза, крвопролитие, ... (како кај други луѓе луѓе и битија ) туку само *Духовно Отелотворение на *Совршеното СЛОВО БОЖЈЕ!





Изменето од spiros - 12.Ноември.2015 во 22:55
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2015 во 16:41
Креацијата во нејзината целост, како највисоко и единствено ниво на егзистирање, е апсолутна и неделива реалност. Набљудувано од тоа ниво, сите фрагментации се дело на човечкиот ум кој се обидува да го разбере Ултимативното. Луѓето создаваат разни концептуални модели со надеж дека така ќе го осознаат Единственото и при тоа некои од овие модели се поуспешни… но гледано од апсолутното Креациско ниво сите тие модели се подеднакво скромни.




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2015 во 18:23


Креаторот е највисоко и единственото Совршено ниво на егзистирање!

Или можеби само затоа што Креаторот (по правило, но со Еден исклучок) егзистира поинаку од креацијата, Неговото (Трансцедентно) егзистирање треба да го игнорираме и наречеме како неегзистентно, а со тоа и да Го прогласиме како ненајвисокото егзистирање, Кое всушност би трбало да биде и нашата крајна цел (целта на чедата БОЖЈИ)?



„Јас сум Патот, Вистината и Животот;
никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене!“   

Ев. Јован 14:6





Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2015 во 21:43
која е вистинска?

ниту една и секоја!

абе ајде

погледај во себе
едно е - не се две
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2015 во 22:25
Originally posted by outlook123 outlook123 напиша:

која е вистинска?

ниту една и секоја!

абе ајде

погледај во себе


Знам сестричке дека (и) јас сум патот, вистината и животот, но не сум така чист и совршен како Совршениот Пат, Вистина и Живот во Христа!

Знаеш ли што се случи на братот Ал-Халаџ, кога им рече на сунитите дека и он е патот, вистината и животот и дека Првородениот беше Крстосан, но не од страна на евреите?

Да сестричеке, тие го заковаја на крст!

Но, тоа воопшто не му сметаше да погледне кон местото на коешто Исус беше крстосан и да го понесе својот крст!   



Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Суада Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Април.2015
Статус: Офлајн
Поени: 311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Суада Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2015 во 00:56
Нека му е лесна земјата...
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам
Хехе
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2015 во 21:17
Originally posted by Суада Суада напиша:

Нека му е лесна земјата...


Во рајот му е вечна душата!

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Суада Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Април.2015
Статус: Офлајн
Поени: 311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Суада Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2015 во 21:34
Originally posted by spiros spiros напиша:

Originally posted by Суада Суада напиша:

Нека му е лесна земјата...


Во рајот му е вечна душата!

Е не... Не ќе да е така, Аллах кога ги пуштил Хава и Адем на оваа планета земја го затворил РАЈОТ.
Доаѓам тука-себеси се брукам...
Ми идИ во глава да си пукам
Хехе
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2015 во 22:26



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2016 во 23:25

Originally posted by Суада Суада напиша:

Е не... Не ќе да е така, Аллах кога ги пуштил Хава и Адем на оваа планета земја го затворил РАЈОТ.


Е, не си баш “ап ту дејт„! Нешто ново и актуелно си пропуштила! Новиот Тестамент!!!
Така (како што велиш ти) беше се’ до пред (околу) 2000 години, кога Совршениот БОГ Милоста Своја (наместо земја или билокаква поинаква материја) во Исус Ја Отелотвори и за секоја душа која што во Него верува (или ќе поверува), Вратата Рајска Ја отвори!

Јас сум Вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси;
и ќе влезе, и ќе излезе, и пасиште ќе најде!

Јов. 10:9



                        



Изменето од spiros - 02.Јануари.2016 во 23:26
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2016 во 23:34


Originally posted by Messenger Messenger напиша:

   




Ова важи за сите оние коишто тоа го велат, но вистинските Чеда БОЖЈИ не се фалат со себеси и со својата религија, туку само со ГОСПОДА!!!



„Кој се фали, со Господа нека се фали”!

1 Кор. 1:31


Или можеби имаш подобар предлог?



Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2016 во 00:55
Originally posted by spiros spiros напиша:




„Кој се фали, со Господа нека се фали”!

1 Кор. 1:31


Или можеби имаш подобар предлог?




Зошто би се повторувал со нешто кое веќе сум го рекол, а ти се сложуваш со тоа ???







Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4748495051 55>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.