IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Историски дилеми
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Историски дилеми

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 74>
Автор
Порака
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2013 во 08:48
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

...На територијата на Бугарија под византиска власт, вклучително и областа за која говориме, зарем не живееле и бугарски Словени? Зарем не живееле и Прабугари таму? Не заборавај дека таа област била дел и од првата бугарска држава.


Трудно е да се говори за териториjа на Бугариjа на jуг од Балканот. Отделни реjони на Тракиjа са били под бугарска власт за определени децении, но не и за повеке време за да се говори што на неотделима част од бугарската држава. Во тие територии е имало Словени разбира се. Тие са биле придавани кон едната или другата страна - демек - били са разменна монето во дипломатските односи. Истото може да се види от договорот помегу Лав Арменец и хан Омуртаг - т. н. Сулеjманиски надпис.. Таму е запишано:

Втора глава за Словените, които са под императора: те да останат така, како беа заварени, когато стана воjната. Трета глава за останалите Словени, кои не са подчинети на императорот в краjбрежната област, той ке ги врати во поселбите им.

Изменето од чоли - 21.Мај.2013 во 08:51
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2013 во 15:17

Александар Македонски и цар Самуил зборувале ист јазик!?


http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=7715&utm_source=daily.mk


Македонците отсекогаш го зборувале јазикот што го зборувале и во 1525 година, кога професорот Винко Прибојевиќ ја пишувал книгата


    Винко Прибојевиќ, користејќи голем број цитати од грчки и латински писатели, тврди дека Македонците отсекогаш го зборувале јазикот којшто го зборувале и во 1525-та година, кога тој ја пишувал својата книга. Според него, Македонците живееле на овие простори и во 16-от век.

    Како исклучително учен човек за тоа време, одличен познавач на античката, класична историја е роден на островот Хвар, каде што завршил основно образование, Винко Пробојевиќ заминал најпрво на студии по теологија за подоцна да специјализира во Италија и да стане еден од најугледните професори по теологија во тоа време.

    Бидејќи бил добро упатен во историјата на Балканскиот полуостров, кој патем тој го нарекува Македонскиот полуостров, Прибојевиќ во својата книга користи голем број изворни податоци, кои ги собрал по тогашните библиотеки, архиви и доминикански манастири. Токму затоа во воведното обраќање до својот пријател Петар, Патрициј и заповедник на Галија, кој најверојатно го платил печатењето на книгата, меѓу другото бара книгата „да биде издадена за општа полза на сите, но без да се исфрлаат цитатите на писателите наведени паралелно со главниот текст отстрана“.

    И според цитатите, и според она што професорот го открил истражувајќи ја историјата, а врз основа на разликите во говорот меѓу Македонците и Грците, сосема е јасно дека Македонците никако не можат да бидат Грци, не знаат грчки, туку и тогаш, и секогаш, само својот мајчин, македонски јазик.

    Самиот Тукидид, ели Прибојевиќ во 1525-та година, кој ја пишува книгата, тврди дека „Македонија зафаќа простор од Византија, Тракија, Мизија и Илирија“, а „разликата меѓу Грците и Македонците веднаш се воочува од карактерот и начинот на живеење, а со таква спротивност во карактерите и обичаите не може да стане збор дека Грците и Македонците се ист народ“.

    Оттука, продолжува Прибојевиќ во својата книга од почетокот на 16-ти век, „кога атињанинот Диоскип требало да се пресмета во двобој со Македонецот Хорат, меѓу војниците на Александар, како што пренесува Квинт Курциј, Грците биле тие што го бодреле својот Диоскип.

    Зошто, вели Прибојевиќ, „ако Македонците биле Грци, грчките војници не го бодреле Македонецот Хорат, како што го бодреле Гркот Диоскип?“ Самиот Пробојевиќ поставува уште многу вакви прашања, користејќи изворни сведоштва што ги собрал истражувајќи за историјата на автохтоните народи на Македонскиот полуостров.


    Античките и средновековните Македонци зборувале ист јазик!?

    Во оваа исклучително интересна книга за Македонија и Македонците, професор Винко Прибојевиќ, користејќи голем број цитати од грчки и латински писатели, всушност потврдува дека Македонците отсекогаш го зборувале јазикот којшто го зборувале и таа 1525-та година кога тој ја пишува својата книга. Значи, според него, Македонците живееле на овие простори и во тоа време, во почеток на 16-от век, како што живееле и во вековите што претходеле.

    Ваквото тврдење на Прибојевиќ секако не и лежи на срце на македонската петта колона која тврди дека имало голема празнина, без Македонци, од времето на апостол Павле до книгата на Крсте Петков Мисирков во 1903-та година, односно дека Македонците исчезнале заедно со јазикот, обичаите, традицијата и својата историја. Дека тоа е обична измислица на оние што не се чувствуваат, и никогаш не се чувствувале Македонци, може да се види кај Прибојевиќ уште во 1525-та година, а не денес.

    Имено, тој тврди дека Македонците во тоа време, во времето во кое тој живеел, го зборувале 'истиот свој јазик каков што користеле и пред 1500 години, кога Грците не можеле да ги разберат што зборуваат па морало да се преведува'. Еве што вели професорот од Венеција од 16-ти век: „Затоа што некои писатели тврдат дека Македонците треба да се вбројуваат во Грци, како приговор изнесувам едно мислење на Квинт Курциј од неговата книга „Делата на Александар Велики“.

    Тој појасно од сонце го разликува македонскиот јазик од грчкиот, па како бел ден може да се види дека македонскиот говор никако не можела го разбере целата војска на Александар Велики, затоа што еден дел од неговата војска биле Грци. Така, кога на Македонецот Филота, син на Парменион, кој требало да се брани пред македонското Собрание, Александар му рекол: 'Филота, Македонците ќе ти изречат пресуда; те прашувам дали ќе им зборуваш на мајчин јазик', а тој рекол дека нема да зборува на мајчин јазик, затоа што сите нема да го разберат.

    Тогаш Александар веднаш додал дека Филота го мрази својот мајчин јазик“. Ако Македонците биле Грци, тогаш овој проблем воопшто не би бил проблем, зашто сите би зборувале грчки јазик. Фактот дека мајчиниот јазик на Македонците се разликувал од оној на Грците во војската на Александар Македонски, јасно покажува дека Македонците никогаш не се чувствувале Грци, бидејќи припадноста на еден народ, како што вели Прибојевиќ, најдобро се докажува со единственоста на јазикот, па „за припадници на еден народ ги сметаме оние кои уште од најрана доба заедно со мајчиното млеко го примаат истиот јазик“.

    Ако Македонците и Грците биле ист народ, смета Прибојевиќ, тогаш немало потреба Александар Велики да се нарекува крал на Македонците и Грците туку само крал на Грците. Значи, вели тој во својата книга стара пет века, бидејќи Македонците имаат свој јазик, а тој јазик не паднал од небо, јасно е дека тие отсекогаш па и денес, како што сведочи и големиот Филип од Бергамо, го имале истиот јазик што го говорат и сега.

    Ако е така во 1525-та година, кога е кажано и напишано од Прибојевиќ, тогаш сосема е веројатно дека Александар Македонски и цар Самуил зборувале ист јазик, оној што го зборувале Македонците отсекогаш. Според Прибојевиќ, Александар, Самуил и свети Климент, на пример, во 1525 година би се разбрале меѓу себе на својот мајчин јазик!


    Немало писатели кои верно би ги прикажале делата на Македонците!

    Според Прибојевиќ, „немало писатели кои верно би ги прикажале делата на Македонците“, па „голем дел од нивната најстара историја по Александар Македонски останала непозната“. Но, сепак, и оние податоци, кои, макар и против своја волја, како што вели, ги пружале другите автори, доволно јасно укажуваат на тоа дека ниту во воената слава, ниту во поседувањето на многу земји, подоцнежните таканаречени Словени не заостануваат зад ниту еден народ, туку, напротив, со своето славно потекло им заповедале на други народи.

    Записите на Јулиј Капитолин, Требелиј Полион, Флавиј Вописк, Секс Аурелиј Виктор, Еутропија, ѓакон Павле и многу други по нив, пишува Прибојевиќ, потврдуваат дека многу римски цареви и многу папи се таканаречени Словени. Но, кога и само накратко би ги раскажал нивните дела, вели тој, би морал да напишам многу томови. Притоа, вели професорот од Венеција, не можам молчејќи да поминат преку овие факти:„Кога битките биле на море или на копно, Словените секогаш или ги совладувале своите непријатели или во машка борба ја наоѓале својата смрт.

    Ништо кај нив не се смета пославно и подостоинствено од тоа да се победи или да се загине во јунашка борба. Затоа кога сакаат нешто да им веруваат, се колнат со зборовите "Да умрам веднаш, ако тоа не е така". Словените сметаат дека не е важно дали ќе загинат или ќе победат, доколку тргнат напред со својата желба за слава.

    Можеби е чудно, пишува Пробојевиќ, но сепак треба да се знае вистината дека дури и турскиот султан неверојатно многу ги ценел луѓето од македонско потекло, и затоа токму од нив ги именувал речиси сите главни команданти на војката, па така од нив формира силен одред од 20.000 луѓе за лична стража.

    Затоа, за жал, фактите зборуваат, особено во она наше несретно време, пишува Прибојевиќ во 1525-та годона, дека Отоманските окупатори, со помош на вакви одреди, совладуваат кралства, заземаат царстава, освојуваат утврдени градови и со сите сили настојуваат да го срушат римското царство и да ја сотрат вистинската вера.

    И не само Отоманската сега, туку и Малетачката република која била некогаш страв и трепет за своите непријатели, особено на море, најсилна била тогаш кога во своите редови имала словенски војници. Всушност, никој никогаш не видел овие народи, кои подоцна биле наречени Словени, да бидат млитави за борба или да веднат глава пред својот непријател“, завршува професорот Прибојевиќ.


    Римјаните измислуваа провинции само да го снема името Македонија!

    Во својата книга за Македонскиот полуостров и неговата историја, но онаа историја што не ја прекроиле или искривиле противниците на балканските народи, почнувајќи од антиката па сè до таа 1525-та година, кога ја пишувал книгата, Прибојевиќ изнесува стотици цитати и имиња на автори кои ги користи како извори за да ја поткрепи својата теза за прекинатата историја на народот кој на Балканскиот полуостров се доселил наводно дури во шестиот век.

    Според него, таканаречените Словени, се разбира под други имиња, отсекогаш биле тука, а преселбата е измислена само за да се поништи континиутетот на опстојувањето на древниот народ низ вековите. За Прибојевиќ, кој е роден на островот Хвар, сите поделби на овој дел од Европа биле правени само за да се поништи автохтоноста на народот што живеел на своите вековни огништа со илјадници години.

    Затоа тој тврди дека треба да се напушти старата поделба на покраини, која непријателите успеале да им ја врежат на таканаречените Словени, и повторно да се користи единствено точната и природна граница на народите што живеат, како што вели, на Македонскиот полуостров. Зборувајќи како Далматинец за Далмација, ја опишува и нејзината граница која на „запад оди до Истра, на исток граничи со Епир и Македонија, на север се простира до Босна и Хрватска, а на југ е Јадранското Море“.

    Тоа се границите кои отсекогаш биле природни граници на полуостровот и кои обичните луѓе на Хвар ги знаеле и во почетокот на 16-от век, како што вели Прибојевиќ. Иако Македонија како држава во тоа време не постоела, границите останале да се помнат како граници на Македонија. Интересно е тоа што Прибојевиќ никаде во својата книга не ја спомнува Бугарија и Бугарите како дел од таканаречените Словени на Македонскиот полуостров.

    Всушност, само на едно место има некаква асоцијација дека „целата земја до Црното Море е македонска земја која подоцна е прекрстувана со разни имиња за да се покрие трагот на вистината за Македонија“.


    Значајни факти за потиснатата Историја на Балканот

    Примерок од книгата на Винко Прибојевиќ, објавена во Венеција во 1532 година била пронајдена дури во 1922-та година од страна на академик Новак Грга, кој во 1951 година бил член на Југословенската академија на науките и уметностите во Загреб.







    Изменето од Messenger - 22.Мај.2013 во 15:26
    Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
    Кон врв
    чоли Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 15.Ноември.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 2973
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2013 во 05:53
    Во чест на Винко Прибоевич си смених потписот. Вервам што на модераторот ке му ареса
    Мунгос - цензорот на Мисирков
    Кон врв
    mungos80 Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)
    АНАРХИСТ

    Регистриран: 21.Октомври.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 4330
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2013 во 13:44
    Е арно де , книгата уште пред 2 години е дискутирана на форумот.
    “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
    Кон врв
    mungos80 Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)
    АНАРХИСТ

    Регистриран: 21.Октомври.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 4330
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2013 во 13:45
    Originally posted by чоли чоли напиша:

    Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

    ...На територијата на Бугарија под византиска власт, вклучително и областа за која говориме, зарем не живееле и бугарски Словени? Зарем не живееле и Прабугари таму? Не заборавај дека таа област била дел и од првата бугарска држава.


    Трудно е да се говори за териториjа на Бугариjа на jуг од Балканот. Отделни реjони на Тракиjа са били под бугарска власт за определени децении, но не и за повеке време за да се говори што на неотделима част од бугарската држава. Во тие територии е имало Словени разбира се. Тие са биле придавани кон едната или другата страна - демек - били са разменна монето во дипломатските односи. Истото може да се види от договорот помегу Лав Арменец и хан Омуртаг - т. н. Сулеjманиски надпис.. Таму е запишано:

    Втора глава за Словените, които са под императора: те да останат така, како беа заварени, когато стана воjната. Трета глава за останалите Словени, кои не са подчинети на императорот в краjбрежната област, той ке ги врати во поселбите им.

    Трудно е да говориме и за територии на Бугарија на запад но тебе не ти е трудно :)
    “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
    Кон врв
    чоли Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 15.Ноември.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 2973
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2013 во 14:17
    Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:



    Трудно е да говориме и за територии на Бугарија на запад но тебе не ти е трудно :)

    На запад е трудно... на jугозапад не е толкоз трудно.
    Мунгос - цензорот на Мисирков
    Кон врв
    чоли Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 15.Ноември.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 2973
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2013 во 14:20
    Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

    Е арно де , книгата уште пред 2 години е дискутирана на форумот.

    Верно е... ама сепак има луге кои не са чели темата. За нив еве линк: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=23900
    Мунгос - цензорот на Мисирков
    Кон врв
    mungos80 Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)
    АНАРХИСТ

    Регистриран: 21.Октомври.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 4330
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2013 во 19:29
    Originally posted by чоли чоли напиша:

    Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:



    Трудно е да говориме и за територии на Бугарија на запад но тебе не ти е трудно :)

    На запад е трудно... на jугозапад не е толкоз трудно.

    Ти гледај барам кај тебе да има Бугари, оти ако разгледаш тоа картите можеби и романци ќе најдеш кај тебе голема насмевка
    “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
    Кон врв
    чоли Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 15.Ноември.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 2973
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2013 во 07:53
    Мунгос - цензорот на Мисирков
    Кон врв
    mungos80 Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)
    АНАРХИСТ

    Регистриран: 21.Октомври.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 4330
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2013 во 18:35
    Да бре , а да видиш што вика папата при средба со нашите газење од смеење
    “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
    Кон врв
    д4б3 Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Lord OFF the topic

    Регистриран: 31.Јули.2013
    Статус: Офлајн
    Поени: 2580
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2013 во 09:36
    http://kicevo.mk/luka-gjerov3/

    Спомените на Лука Ѓеров, Трет дел

    мислам дека нешто е погрешено името

    Кон врв
    д4б3 Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Lord OFF the topic

    Регистриран: 31.Јули.2013
    Статус: Офлајн
    Поени: 2580
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2013 во 09:39
    http://kicevo.mk/luka-gjerov4/

    IV.

    По 17 август борбаша повторно почнува. Почнува палењето на македонските села. Капитулација


    пак гледам има малка дискрепанциа од оригиналот
    Кон врв
    д4б3 Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Lord OFF the topic

    Регистриран: 31.Јули.2013
    Статус: Офлајн
    Поени: 2580
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај д4б3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2013 во 09:50
    http://kicevo.mk/p1295/

    горе у лево
    Кон врв
    чоли Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 15.Ноември.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 2973
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2013 во 16:01
    Originally posted by д4б3 д4б3 напиша:

    http://kicevo.mk/luka-gjerov3/

    Спомените на Лука Ѓеров, Трет дел

    мислам дека нешто е погрешено името



    Не е Лука Ѓеров а е Лука Џеров
    Мунгос - цензорот на Мисирков
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 74>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,609 секунди.