IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Наркоманите во Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Наркоманите во Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2011 во 22:20
Наркоманија
Posted on Август 25, 2010 by totalinternauta
Наркоманија или зависност од дрога е тешка болест. Заблуда е да само слаби личности можат да подлегнад под овој проблем. Секој е загрозен, а поготову тие што патат од други психолошки проблеми како што се депресија, социјална фобија и напади на паника.

Депресија сама по себе може да биде опасна. Не ретко, како последица на депресија, личност може да има суицидални мисли, кои што можат и да се реализират ако не се делува на време.

Да се излечи наркоманија не е доволно само да се симне од дрога веќе исто така мора да се излечи тоа што ја предизвикало зависноста.

Депресијата се јавува код луѓе кога е пореметено лачење на хормони како серотонин. Лекување на депресија се врши со медикаменти и терапија, кроз која пацијент се учи да се справува со животни проблеми со изменет, попозитивен став.

Депресија може да се врати и после лекување, а самото лекување може да траје дури не се најде добра комбинација на терапија и лекови кои што се викаат антидепресиви.

Личноста која што болува од депресија се често осеќа напуштено и осамено и може да и се чини како не постои излез од ситуацијата. Излез се тогаш бара во алкохолот или во наркотиците.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 17:59
Treba da se otvorat poveke institucii vo nasata drzava za zavisnicite od droga,mislam deka ke bide poarno dokolku na ovie ljuge mu se pomogne da se lecat,posto golem del od tie ljuge stanuvaat opasni za ljugeto posto mnogu od takvite zavisnici koga obicno nemaat pari kradat i gi napagaat starite ljuge so odzemuvanje na paricnicite kako mnogu slucaevi sto se imaat deseno kako vo bitola taka i niz cela drzava,zatoa mislam deka koga ke se otvaraat poveke centri za zavisnicite ke bide mnogu poarno kako i za niv taka i za nivnite roditeli......
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2011 во 23:49
Зависниците во манастирот во Црна Река ги лекуваат со тепање


Лекови на штитениците им препишува протереј, кој студирал земјоделство, "медицинските сестри" се овластени за претепување, а чувари се питбул териери и добермани. По овј начин на "лечење" се наметнува прашањето дали медицината, психијатријата и законодавството имаат каква и да е смисла, се вели во натписот во српскиот неделник "Време"


Штитеници во Духовно-рехабилитационен центар на Српската православна црква како дел од "лекувањето" се изложени на претепување со лопати, тупаници и клоци, пишува белградскиот неделник "Време", на чиј интернет сајт www.vreme.com има видеоматеријал од претепувањето штитеници во Центарот Црна Река, чиј управител е протерејот Бранислав Перановиќ.
Во овој случај се наметнува прашањето дали медицината, психијатријата и законодавството имаат каква и да е смисла, ако лекови на штитениците им препишува протереј, кој студирал земјоделство, "медицинските сестри" се овластени за претепување, а чувари се питбул териери и добермани, наведува "Време".

Неделникот цитира еден од штитениците кој ја минал "рехабилитацијата" во Центарот, што се наоѓа во близина на Нови Пазар.
"Во дворот на Центарот зависниците поредени во круг се принудени да гледаат како го тепаат непослушниот. Го тепаат со лопати, тупаници, метални прачки, ремени, со што ќе стигнат", тврди поранешен штитеник во Духовно-рехабилитациониот центар.

Друг соговорник за српско "Време" ја раскажал својата приказна, но потоа им рекол воопшто да не се објавува бидејќи имал страв од лицата кои работат таму. Тој се обидел да избега. "Ме фатија и ме претепаа како куче. Неколку пати се онесвестив, подобро да умрев веднаш отколку што поминав низ тој пекол", вели соговорникот.

На прашањето зошто случајот не го пријавил на полицијата, одговара дека не сака да има работа со нив и се прашува "Кому да пријавам? На полицијата? Полицијата многумина ги фатила и ги враќа токму тука".

Од разговорите со познавачи на состојбите внатре во црквата, како и институции и црковни лица на служба во и околу Нови Пазар, може да се заклучи дека Центарот имал сосема поинаква намена. Центарот го благословил и владиката Артемије, но кренал раце, кога видел дека работите излегле од контрола",
bez komentar e ova stvarno ljugeto barat spas da se lecat a sto mu se desava.....
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.