![]() |
|
Црна хроника |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 19> |
Автор | |||||||||||||||
Omar ![]() Сениор ![]() ![]() Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Обвинителството против Спасов поднесе обвинение во кое е наведено дека тој повеќекратно сексуално малтретирал две девојчиња на возраст од 11 години.
На тринаесет години затвор вчера е осуден велешанецот Дејан Спасов - Дел чо (72). Тој е осуден за полов напад врз две девојчиња во Велес. Судскиот совет на Спасов му изрече речиси максимална затворска казна која, според Казнениот законик на РМ, изнесува 15 години, и му го продолжи прит во рот до правосилноста на пресудата. Но осудениот педофил ќе се жа ли на изречената пресуда пред Апелациониот суд во Скопје. "Во законскиот рок од 15 дена по приемот на писмено изработената пре суда, ќе вложиме жалба", рече бранителот на осудениот . Спасов беше осомничен лани на 21 август. Тогаш го откри и приведе велешката полиција. По сослушувањето, тој му беше предаден на истражен судија. Му беше изречен 30-дневен притвор. Обвинителството против Спасов поднесе обвинение во кое е наведено дека тој повеќекратно сексуално малтретирал две девојчиња на возраст од 11 години. Според обвинението, тој децата ги запирал кога се враќале од училиште. За 40 денари ги намамувал двете сестрички близначки во неговиот стан или во подрумот на зградата во која децата живеат за да му го задоволат сексуалниот нагон. Пред нив се соблекувал гол, ги допирал по телата и ги принудувал на орален секс. Педофилот потоа им се заканувал ни ко му да не кажуваат, и им ги давал парите. Станарите на зградата го откриле педофилот. Осудениот Дејан Спасов - Делчо од 21 август, лани, се наоѓа во притвор во зат во рот "Скопје" во Скопје. Овој случај на полов напад врз дете во Велешко е четврти по ред минатата година. IZVOR "VEST". ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
orlov ![]() Сениор ![]() ![]() army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Делчо го осудиле на стари години. Во ред. Се огрешил и мора да оди во затвор. Само кога ќе осудат и стрпат во затвор настран поличар, или некој криминоген политичар со кои за жал Македонија изобилува? Последниве две години ги судат политичарите ,,наши,, а во ДИСПОЗИТИВОТ на пресудата стои: - Се осудува на уште еден парламентарен мандат. А, тој кутриот што ќе прави, закон си е закон и мора уште 4-ри години да шета по кулоарите на парламентот со можност да направи уште едно кривично дело и да заработи уште една пресуда..........колку за да биде под суво.....нели надвор некогаш врне, дува ветер, има тропски горештини од типот на елементарни непогоди. Затоа и такви им се прессудите. |
|||||||||||||||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Pacifist ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: Switzerland Статус: Офлајн Поени: 1618 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Си го искасапила сопругот со помош на синот
Деловите од екстремитети пронајдени пред три години во црна најлон вреќа близу градскиот пазар во Штип се на Бранко Тренев, утврдила ДНК анализата. Го отрула, а потоа го искасапила неговата 40-годишна сопруга Марика. Таа на полицијата и го признала делото и се пожалила на малтретирање од страна на сопругот. За да го спречи тоа, по една семејна караница во пластично шише што тој го чувал близу креветот, му ставила отров и заминала на работа. „Утредента, во раните утрински часови кога се вратила, го нашла починат во креветот, по што го одвлекла во купатилото, и најпрво со кујнски нож и секира го исекла на покрупни парчиња, а потоа истиот ден продолжила во кујната и помошна просторија, го исекла и на поситни парчиња кои ги спакувала во најлонски ќеси и ги ставила во замрзнувачот“, изјави Снежана Санева, портпарол на СВР Штип. Синот, кој од почетокот знаел за убиството, и помогнал на мајка си во наредните 40 дена, во различни делови од градот да ги фрлаат ќесињата во контејнери. За да го прикријат отсуството измислиле приказна дека Бранко отишол да работи на црно во Италија. Да бидат поуверливи, синот од телефон со странска СИМ картичка испраќал пораки до најблиските. Дека татко и е мртов не се сомневала ниту неговата ќерка. „Шофер беше, сега извесно време го нема човекот, не знаеме каде е. Слушам некои кажуваат за Италија, некои за затвор, јас не знам. Беше во Италија, рекоа дека избегал таму“, велат колегите на Бранко Тренев. „Во странство е тој Бранко“, рече жител на Тркање. Соседите на Треневи исто така не можат да поверуваат дека вакво злосторство се случило практично пред нивни очи. „Тивка личност, мирна си беше жената, многу мирна, за ова не знам“, изјави сосетка на Треневи. Без оглед на рамнодушноста на Марика, полицијата три години не симнувала очи од неа. Но, истрагата ја интензивирале дури во последните пет месеци. |
|||||||||||||||
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
orlov ![]() Сениор ![]() ![]() army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
СУДБИНАТА ПУСТА ДА ОСТАНЕ............и таа е дел од ,,ЖИВОТОТ,, ........ на народот,,,,,,,,,,,,,,ако воопште го има............. |
|||||||||||||||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
LouWeed ![]() Сениор ![]() ![]() I AM THE KING OF ROCK&ROLL Регистриран: 28.Мај.2005 Статус: Офлајн Поени: 13012 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Марија Радуловиќ, поранешна мис на Македонија е најдена мртва во нејзиниот дом во Куманово. Според првичните информации се работи за самоубиство со бесење.
36-годишната манекенка Марија Радуловиќ вчера се обесила во семејниот стан лоциран на булеварот „Трета МУБ“ во Куманово. Од СВР Куманово соопштија дека добиле информација од случајни минувачи кои го виделе телото на девојката на балконот од станот. Радуловиќ го извршила самоубиството во 16:15 минути. Марија Радуловиќ е позната македонска манекенка и фото модел, која градеше меѓународна кариера. |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Што се случува?
Се самоуби уште една манекенка Поранешната манекена и одбојкарка Милена Петковска (26) од Велес
била пронајдена мртва завчера во куќата на својот татко во велешкото
село Новачани. Според првичниот увид, Петковска се самоубила со бесење.
Полицијата за случајот ја известил сосед на семејството Петковски.
Полициската патрола извршила проверка во куќата и на таванот го
пронашле безживотното тело на девојката. |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Popi ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Neznam shto se vrti vo glavite na ovie mladi lugje ama sigurno e deka se nekoi nezdravi misli.
![]() Za Marija se shushka deka imala nekoi psihichki problemi ushte predhodno....ama za ovaa Milena nemam chueno neshto takvo. Ako prichinata za nejzinava "destrukcija" bila nesredeniot ljuboven zhivot so tatkoto chlen na nekoja kriminalna grupa, sepak ne e prichina za vakva odluka da "go sredi" nejziniot zhivot. A ushte poveke koga ostava svoe dete samo da se snaogja vo zhivotot shto samata taa mu go dala, bez da go prasha dali saka ili ne.
![]() Mnogu chesto nie lugjevo koga sakame neshto/nekogo velime "bi umrel za tebe".......a nikoj ne se zaprashal dali toj istiot I KE ZHIVEE ZA NEGO?
![]() |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Omar ![]() Сениор ![]() ![]() Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
ПО ЕДНОГОДИШНА ИСТРАГА ЗА УБИСТВОТО НА БИТ-ПАЗАР Уапсен чичкото што го уби внукот Џевџед Камбери од Скопје минатата година среде бел дена меѓу тезгите на Бит - пазар го уби неговиот внук Исљам Ајдиновски (30) ![]() Против него е поднесена кривична пријава за убиство, а се очекува истражен судија да му одреди и притвор.Од него е одземен и пиштолот со кој тој го убил Ајдиновски и бил предаден на вештачење. Убиството се случи лани на 15 ноември, околу 10.20 часот меѓу тезгите на пазарот кога Камбери се сретнал со неговиот внук Исљам Ајдиновски и започнале меѓусебна расправија поради претходно нерасчистени семејни односи и нетрпение. Во еден момент Камбери од појасот го извадил пиштол и од непосредна близина испукал неколку проектили во телото на Исљам, кој од здобиените повреди починал на самото место, а Камбери избегал. |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Pacifist ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: Switzerland Статус: Офлајн Поени: 1618 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Еден починат по тепачка во Шутка
Едно лице починало по тепачка што се случила синоќа во скопската населба Шуто Оризари. МВР информира дека околу 23,30 часот по претходна расправија меѓу М.А.(29) и Азир А.(54), настанала тепачка. Во тепачката се вклучил и братот на Азир А., С.А.(46), при што си размениле удари со тупаници. Во еден момент на Азир А. му се слошило и паднал на земја, по што од екипа на итна медицинска помош е пренесен во Воената болница во Скопје каде што е констатирана смрт. Извршен е увид на местото на настанот, а по наредба на истражен судија телото на починатиот е предадено за обдукција. МВР работи на целосно расчистување на случајот. ....................................................................................................................
covekot e pogoden so sekira ... nio izgleda A1 ne e informiran kako sto treba ...
|
|||||||||||||||
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Omar ![]() Сениор ![]() ![]() Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
КАЈ ГЕВГЕЛИСКОТО СЕЛО МРЗЕНЦИ Тело на маж во Вардар Засега неидентификуваното тело било закачено на дрво, во фаза на распаѓање ![]() Телото го нашол жител на селото Негорци, кој пријавил дека во реката Вардар, закачено на дрво, имало човечко тело во поодмината фаза на распаѓање. Полицијата веднаш излегла на самото место, по што повикале специјалци за да го извадат телото од водата. Според првичниот увид на самото место, се работи за тело на засега непознат маж на возраст од околу 40 години, висок околу 165 сантиметри, со црна коса. Бил облечен во бела маица и кафеави панталони со бели чорапи. МВР работи на откривање на идентитетот на мртвиот маж, а по наредба на истражен судија телото е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Pacifist ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: Switzerland Статус: Офлајн Поени: 1618 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
Уапсени 42 лица во „Операција Југославија“
Шпанската полиција во Операцијата Југославија уапси 42 лица од подрачјето на поранешна СФРЈ, меѓу кои и Македонци, осомничени за кражби во над 500 станови. Полицијата во Мадрид и Тарагона приведе криминална група од 42 члена од Македонија, БиХ, Црна Гора и Хрватска, кај кои се пронајдени најмалку шест килограми накит и 200 илјади евра. Според весникот Ел Паис, полицијата верува дека групата во изминатата година извршила провали и кражби во над 500 станови, а официјално е обвинета за 90 грабежи, пренесува Макфакс. Сите уапсени веќе биле казнувани, објави полицијата, додавајќи дека со нив живееле 33 малолетни лица, кои се предадени на соодветна институција за згрижување. Истрагата во која учествувале 240 полицајци, почнала во јануари, од кога се следи организацијата, за која властите веруваат дека има ограноци и во Франција, Италија и Португалија. Претставникот на полицијата што ја водеше операцијата истакна дека групата била цврсто хиерархиски организирана, со строго поделени улоги. Најниска позиција имале дваесетина жени, Ромки, кои влегувале во становите. Крадената стока „ја переле“ низ илегални активности, со купување на недвижности и со меѓународни трансакции. Шефовите на организацијата поседувале големи куќи, а секој од нив имал и по седум скапи автомобили. Провалите и грабежите ги извршувале во работно време во станови од средна и пониска класа, бидејќи тие се послабо заштитени. Полицијата соопшти дека на својата интернет страница ќе објави фотографии на украдените предмети меѓу кои има над две илјади парчиња накит, за да можат оштетените да ги препознаат. .............................................................................................................
lele strasna operacija ... JUGOSLLAVIJA ....
![]() |
|||||||||||||||
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 19> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |