|
Вашето сведоштво |
Внеси реплика | страница <1 23456 7> |
Автор | |
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако не ми веруваш мене роде, прашај којбило следбеник мухамеданов, ќе ти каже секој дека секој кој ВИСТИНСКИ е оддаден на БОГА е припадник на ИСЛАМОТ. Јас само сведочам дека само со ИСУСОВИОТ ДУХ, ИСУСОВИОТ ***** МИР, ќе биде совладан непријателот БОЖЈИ (шејтанот)! Не со адамовиот пат, не со мухамедановиот пат, ... туку со ИСУСОВИОТ **** ПАТ! Нема друго ИМЕ под небото повисоко од ИСУСОВОТО! Шалом! |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако уште еднаш употребиш "мухамеданов" - ќе те банирам.
Тоа е навредлив израз за припадниците од исламска вероисповед. Со горниов пост - уште повеќе потврдуваш зошто си тука и какви ти се намерите. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Halid ibn Velid
Сениор Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1145 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ооо..Ланетуллах!
Доста вече со тоа твоите Глупости,не треси зелени! Ако си спреман за дебата Буѕрум,кога сакаш,само Најависе,ке се најдеме на Св.Јован Бигорски,само ти кажи,кога и пиши тука..(Блиску жиувам) ова беше за Спирос! |
|
Хасан ел-Басри рекол:О Човече,ти си само збир на Денови,кога денот ќе замине и дел од твоето тело заминуват!!
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Халид и Темплариус - престанете со лични препратки!
Назад на тема! |
|
Do what is right, come what may...
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Попрецизен од швајцарски часовник!
А бе луѓе, браќа и сестри, како да не пишувам, како да не го фалам Името Негово?! Вчера останав покасно тука на форумов. Сабајле закаснив половина час за на работа и денес – поради тоа - не пладнував (што е кај мене обичај). После работа си легнувам малку да се одморам и му ја предавам душата во БОЖЈАТА Милостива Рака. Будилникот во 16:45 го наместив да ми ѕвони во 17 и 15, што значи половина час. Еден брат пред некоја година ми даде совет да неспијам преку ден повеќе од 40 минути. ЈАс заспивајќи му велам на Господа – сабајле закаснив на работа но покрај тоа се беше како подмачкано, те молам да не се успијам па да неможам вечер како што е редно и пријатно да спијам. Заспав како јагне. Кога половина час после тоа сум го исклучил часовникот и сум продолжил да спијам но точно 10 минути потоа во точно 17:25 точно 40 минути одкако легнав, влегува мојот татко по тело и извикува на цел глас: Еј чао рагаци! Каде сте што правите? Мојот телесен татко живее 17 километри подалеку од моето местоживење и евего предмалку дојде да ги поправа и реновира нашите скали што се преку 100 години стари. Тој е неверојатно вреден човек кој е роден на крајот на месец Март. ХАЛЕЛУЈАХ! Прекрасен си Ти Милостив Жив Господи! ХАЛЕЛУЈАХ! . Изменето од spiros - 13.Октомври.2008 во 17:59 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СВЕТОТ Е НАЈГОЛЕМО СВЕДОШТВО - ЉУБОВ!!!
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ГОСПОД знае што прави!
Вчера пак останав и пишував тука на форумов покaсно. Добив дури и опомена само затоашто критизирав на еден хумористичен начин одредени личности и заедници кои се ноторични против евреите и ги мразат како ... Душава ме болеше а срецево ми прескочуваше. Така и отидов да спијам. Колку може еден збор да повреди некого, тоа е едно чудо! Утредента (значи денеска) станав и како што е ред ... На работа стигнав а таму преполно со работа. Самиот поглед можеше да го отепа чоека. Во 8 часот требаше да ми стигне колегата и да ми помогне. Само што стигна му спремив за него работа, малку одстрана од таму кај што сме во нормални услови. Тој тамам што почна да работи, доаѓа шефот и ми го бара да му го ослободам, бидејќи во друго одделение биле исто преполни па таму да им помогне. На колегата му се навлажнија очите а јас со шега пробав да ја опуштам атмосферата, самиот незнаејќи како ќе се излезе на крај. Овој шеф никогаш досега не ме оставил вака на “цедило“! Не пререков нити еден збор. Околу 10 часот морав да контолирам програма за рапорт и печатам етикети. Фрлиф еден краток поглед на форум (БОГ нека ми прости што го направив тоа на работно место) и ја видов темата за Тоше. Напишав тоа што ми лежеше на срце. Добив уште еднаш – сега дури и официјално преку лична порака – опомена од модераторот. Ме болеше како да би ми ја дал еден брат кој верува и го исповедува Евангелието ХРИСТОВО. Одтаму отидов право на местото кое нормално го работи мојот колега. Почнав да го правам тоа што е негова работа и после неколку минути ја гледам газдарицата која многу многу ретко се сретнува тука. Таа беше облечена во работнички мантил, слично на мене. Како некоја девојка ми заличе покрај нејзините 50тин години. Жена која е сопственик на фирма од околу 3000 работници низ цела европа. Фирма кој важи за урнек во поширокиот регион. Дури и од азијатските земји доаѓаат да би научиле нешто околу еколошкото и економското стопанисување. Се поздравивме и почнавме да зборуваме. Таа жена со тоа ниво на образование и култура, со такво внимание, почит и мудрост ме удостои што ми го разубави не само денот туку и неделата. Зборувавме за фамилијата, за работата, за светот, за БОГА. Која вера и познавање на Евангелието излезе од нејзината уста – ме зачуди. Таа буквално проповедаше и подучуваше (без покриена глава) цитирајќи го ХРИСТА. Ја подсетив на тоа дека нејзината глава не е покриена а таа се насмеа и острами. Се поздравивме и посакав среќа и продолжив да работам мислејќи на БОГА и фалејќи го Неговото ИМЕ! Кога колегата не би бил денеска “прекомандиран“ во друго одделение јас сигурно со неа немаше да го водам овој духовен разговор. Му благодарам на БОГА што тој ми даде стрпление и доверба да не се попречам со шефот кога тој го стори тој потез. Така се надевам и Му се молам да ни даде на сите вера и стрпление за работите што веднаш не ги разбираме а од една друга перспектива и време ни постануваат јасни. Знам дека ова е багатела во споредба на губење на сакана особа или слично. Знам дека најверојатно не би можел еден ваков пример да ги утеши оние ожалостените на Тоше или другите ожалостени, но пак одсрце би сакал да пробам и да им викнам силно на сите натажени и обесправени: ВЕРУВАЈТЕ МУ НА БОГА ПОВЕЌЕ, ОДКОЛКУ НА СВОЈОТ УМ! Би сакал да можам да и кажам на една девојка што ја видов денес на телевизија која покажувајќи кон гробот на Тоше рече : “ Дојдов да му оставам цвеќе на неговиот вечен дом“ – Да и речам : Не драга сестричке, тоа не е Тошевиот вечен дом! Има повторно гледање! Има воскресување од мртвите! Верувај на Христа сестричке! ВЕРУВАЈТЕ МУ на БОГА, ПОВЕЌЕ ОДКОЛКУ НА СВОЈОТ УМ! АМИН Изменето од spiros - 16.Октомври.2008 во 23:07 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ај и ја да се исповедам за денес.
Деновиве на работа ми е крш. Секој со секој се кара како непријатели да сме си. Јас по грешка си го добив пред некоја недела ни крива ни должна така да на пик сум сега... Наеднаш работејки си ми текна дека синојка сретнав еден другар кој ми личи ептен на еден мој другар и си направив моабет со него како да е тој другиот. И почнав да се смеам како може таква утка да направам. Искрено само по една работа ги разликувам, што едниот закачува на буквата С. Иначе на изглед ми се ептен слични ...плави и двајцата и кец шишани. И откако еден колега ме праша што се смеам и почнав да му кажувам што се случи....колешката која ме обвини заедно со уште неколку души кај директорот пред некоја недела а јас реков дека со право не обвинува (по што ми се налутија колешките а и таа што не обвини ми се налути зашто застанав на нејзина страна изгледа а јас само правдата ја гледав) ми рече -А ти твоите другари по онаквото да не ги разликуваш??? Само се насмеав и продолжив да им кажувам на колегите...по што се изнасмеавме... Денот беше фул со работа..глава не кренав.... Откако дојде при крај една колешка секогаш што една друга ја креца у облаци дека највредна е (само за да ме омаловажи мене) уште имаше за работа а по пребројувањето сватив дека јас работев 3 методи а таа 1 и плус од таа 1 иста метода што ја работевме имав околу 300 проби повеке сработено. не завидувам не ситничарам...потписот стој кај што треба....само смешно ми падна како тоа неправдата е секогаш околу мене ... Дојдов дома....можеби јавно не кажав...баба ми е непокретна. Имаше удар. Од кревет не станува, а мајка ми пред 2-3 недели имаше операција...не смее многу да движи ниту да крева тешко. Буквално животот ми стана-оди на работа дојди прво види мајка оди нарани баба преоблечи измиј па напрај ручек па зачисти дома....сва среќа што сестра ми знае да ме замени....понекогаш. Дојдов после работа и тек дома ми се споија жичките. Си велам -секогаш ми велат морам да кутам зашто сум најмала-а зашто? мене не ме навредува некој да ме прај да не речам што??? не сум ли и јас иста како нив? од крв и месо? што се повеке од мене? кога сепак сиот товар на мене паѓа и на крај пак јас крива. почнав од нервоза да плачам зашто и да кажам на работа на главниот нема да верува а ако поверува само ке рече-Ане ти си најмала и ке кутиш. И пак истото ке се случува..ке ме вреѓа кој ке стигне. Од нервоза плачев ко детиште некое....дали од нервоза дали од болка не знам. Одам на работа ме стројат доаѓам дома проблеми и се ми е веке преку нос извадено. Мајка ми има еден лош пристап кога ке ме види таква тажна. Таа место да ме утеши таа мис е дере зашто сум била тажна (ко да ја мора кловн увек да бидам) ..после неа следеше тако ми кој ми држеше предавање како требали да ја издигнам таа што така ми рекла. Само без никој да ме видел... А после тоа моето сонце беше веке овде на мсн и ме утеши...единствената моја светла точка моментално ми е тој. А сега? Сега сум многу посмирена од преска...сега решив јас да се променам кога тие не можат да се променат...кога на добро со лошо одат...сега нема може да сум злобна како што заслужуваат ама нема на злото со добро да му враќам. Никогаш повеке! Сега си уживам со моето мило и со http://www.youtube.com/watch?v=PEHJY0T9RsQ |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мило - никој не заслужува злоба... кога ќе бидат злобни со тебе - ти врати им со насмевка. Само така можеш да победиш во таа битка.
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мило така и и вратив. Ама верувај нема да им правам ни лошо ама ни добро веке....
Зашто сите граници се преминати.. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никогаш не заборавај дека не им правиш добро само заради нив, туку заради себе... колку и да звучи ова чудно.
Се сеќаваш на поуката - кога ќе те удрат по левиот образ, заврти го десниот? Не е тоа за да бидеме покорни и да страдаме... а затоа што на тој начин го победуваме оној кој не удрил. Му покажуваме дека неговиот удар ништо не ни значи, затоа што телото може да страда, но не духот. Така и кај тебе - може емотивно да те повредат, но ако им вратиш - тогаш ти самата ќе си го повредиш духот и никој ништо нема да добие, а ти ќе изгубиш. Трпението и смирението се најсилното оружје. Гневот и суетата се најголемиот непријател кој можеме да го имаме. Затоа - насмевни се, помисли си само колку ли тежина имаат тие луѓе наоколу собрано штом се толку злобни и лоши, помоли се за нив, пушти си Тоше и биди среќна... затоа што тоа само од тебе зависи... |
|
Do what is right, come what may...
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знам сонце и целосно си во право. Па 3 години го правам тоа...
Се со убаво со мило да се помогне да се заврши .... Секогаш ми било во глава-кога ќе те удрат по левиот образ, заврти го десниот и дека Бог дава онолку товар колку што нашите плеќи можат да издржат...тоа ми е утехата ...Секогаш гледам оптимистички али ако ти се верува во мојот живот правда еднаш не видов...а пак се надевам ке ја видам кога тогаш. Веке на работа дури и за Тоше почнаа да ми префрлаат зашто 8 саати дневно го слушат година дена веке а за дома да не зборам....фала на советот |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Така е! Ана, знај дека кога на лошото со добро враќаш, ти си во стапките Христови (ЛОГОСАНАЛОГОС) а Благословот на ДУХОТ БОЖЈИ и Неговата воскресителна снага е се повеќе и повеќе врз и во тебе. Блажени се и ќе бидат солзите на праведниците! Издржи на ПАТОТ на МИЛОСТА! Многу среќа и да посведочиш и другпат за поубаво АМИН |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Блаженствен Мир и благ мирис!
Вечерва после работа бев во ближната гора да попешачам, да поодам малку. Сонцето зајде. Шабат ШАЛОМ, си помислив јас на зборовите кои ги изговарал ИСУС со Неговата пресвета уста. Чудесни моменти доживувам јас додека пешачам со Молитвата ГОСПОДОВА во моето срце. Но и кога седам или лежам со неа во мене. Преку МИЛОСТА БОЖЈА (ИСУС) се отвараат чудесни димензии на еден обичен работник кој работи (пред се ) со своите раце и нозе. Предсе еден Мир и еден благ мирис, кој е неопишлив прекрасен. Еден мир за кој не сум можел да поверувам дека еден ден ќе ме достигне. МИЛОСТА БОЖЈА е единственото со што се фалам и на чијашто верност и во вечноста ( дајбоже) ќе се надевам. Така пред неколку години се створија состојби со болести и умирачки на млади луѓе во мојата околина што мислев ќе протонам во една дупка на немир. Вомене мислев дека го слушам пеколот и сите проповеди на безмисленоста на човековото постоење. Како по обичај и на пладне си наоѓам време да одам и да починам на некое место каде што ќе можам да бидам сам со мојот ВНАТРЕШЕН ( и НЕБЕСЕН) ЛЕКАР. Но овојпат немирот беше толку голем што неможев да ...! Тогаш - во ИМЕТО ИСУСОВО - му заповедав на немирот со сите негови гласови и ветрови во мене да молкне. Бев вчудовиден како брзо и со кој интензитет, бурата во мене се претвори во неопишлив мир! Дотогаш такво нешто немав доживеано а и денес кога одев во гората со прекрасниот мир вомене, се сетив на тоа чудо и таму се решив да посведочам тука за ЧУДЕСНИОТ МИР ХРИСТОВ! Дајбоже секој човек да го доживее и се вљуби во тој надприроден МИР ХРИСТОВ, кој јас се повеќе и повеќе го посакувам и повикувам засекогаш да биде во мене и со тоа да се прошири Небесното ЦАРСВО и на земјава! АМИН Изменето од spiros - 17.Октомври.2008 во 23:48 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Внеси реплика | страница <1 23456 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |