IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Догматот за Богородица
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Догматот за Богородица

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2007 во 17:26
Пријателчиња, само да ве потсетам дека избегавте од темата , мислам дека постојат соодветни теми за вашиот мубает и можете да си продолжите таму, или пак отворете си нови.

Аџија, јака ти душа како имаш живци да се замараш да реплицираш на вакви аргументи Smile
Баш пред некој ден, еден почна да ми докажува дека евреите не биле евреи, туку македонци и дека и Исус бил македонец LOL
Па марија била родена во 2 век, па Исус вака, Исус така... во Индија бил и научил Јога, и они се за тоа имаат докази, аргументи.. не знаеле за тоа порано, сега после 20века откриле ова она Smile
Се чудам каде одиме како народ со овој памет..
Господ нека ни е на помош и нека ни се смилува.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Чорбаџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1065
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Чорбаџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2007 во 17:57
Имало живци, немало, било вака или не сепак, факт е дека еврејскиот стар завет пропведа дека млада девојка ќе роди а не девица (за девица си постои друг збор), и дека грчкиот превод грешно го преведува како девица. Повикувајќи се на грешен превод, Марија станува девица во новиот завет.

Сосема едноставно.


Изменето од Чорбаџија - 22.Април.2007 во 17:58
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2007 во 18:07
Originally posted by Чорбаџија Чорбаџија напиша:

Имало живци, немало, било вака или не сепак, факт е дека еврејскиот стар завет пропведа дека млада девојка ќе роди а не девица (за девица си постои друг збор), и дека грчкиот превод грешно го преведува како девица. Повикувајќи се на грешен превод, Марија станува девица во новиот завет.

Сосема едноставно.


Сокрисе да не те слушне некој ке ти се смее
Преводт на стариот завет од еврејски на грчки (сптуагинте ) го извршиле 77 преведувачи овој преводот на грчки бил одобрен од великиот Синедрион во Ерусалим
Св. Симеон богопримец кога го преведувал Пророкот Исаија употребил жена мислејќи дека е грешка но му се јавил ангел Господов и му рекол дека трминот Partenos e pravilen и дека Спасителот ке се роди од девојка



Изменето од чаир - 22.Април.2007 во 18:11
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
Чорбаџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1065
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Чорбаџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2007 во 19:09
777 да беа, грешката е таа. И денес во Еврејскиот стар завет стои млада жена а не девица. Значи КОПИЈАТА се разликува од ОРИГИНАЛОТ.

Во писмата на Аристеес, кој Птоломеј 2ри му ги напишал на Елезаир , свештеникот на Ерусалм за “помош“ во преведувачи за да ја преведи Тората (законите) на старогрчки за потребите на Александриската библиотека во 282 година Пред Христа се почеток на приказната за Септуагинтата (преведени беа првите 5 книги) Во следните 3 столетија на старогрчки беа преведени и другите книги од еврејски. Фило ни потврдува дека НЕеврејските преведувачи - Грците,  уфрлиле во Септуагинтата сите текстови кои ги нашле напишани на еврејски, значи и оние кои не му припаѓаат на Тората. Против ова се побуниле Еврејските свештеници и го понудиле својот превод, кој (пошто биле в малцинство) бил одбиен.  Ориген (184-254 НЕ) напоредно ги зел ЕВРЕЈСКИОТ превод, ГРЧКИОТ ПРЕВОД, преводите на Акила и Теодон, па искомпилира своја верзија.  ЕВРЕЈИТЕ го ОДБИЈА преводот како НЕвалиден.

Јас велиш да се сокријам... хехе па ти онда треба полот да го смениш.




Изменето од Чорбаџија - 22.Април.2007 во 19:23
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2007 во 00:37
Навистина е тешко да се дебатира со некој, којшто полувистини и невистини, ги пласира како непобитливи факти, небаре човек ќе помисли бил таму и ги видел сите настани и ги зборува сите јазици од древниот свет.

Вистината, која гледам почна да ја избегнуваш е дека haereditas значи наследство, а толкувањето во моментов е небитно. Поентата е дека С. Завет, не само овде, туку како што посочив уште во првиот завет меѓу Бог и човекот (Авраамовиот), јасно му укажува која е целта на тој завет: благослов на сите народи.

Значи тоа што како што денес има православни етнофилитисти, кои, како што спомна Evangelos го прават и самиот Христос македонец, така имало и Јудаисти кои го извртувале С. Завет за своја дневно-национална политичка цел. Но објективна анализа на С. Завет ги замолкнува таквите тврдења.

Втората, крупна, полувистина или невистина, како сакаш, која ја пласираш, е дека Евангелијата паднале од небо, од луѓе кои појма немале за Исус, и така си пишувале романчиња... Тоа братче, можеш да му го продаваш на некој неук.

Точно е дека Евангелијта не биле потпишани, но тоа ништо не менува. Не е воопшто важно дали го напишал Матеј, или Лука, или Марко, иако постојат премногу историско-литературни докази за тоа.

За да демонстрирам колку си во криво, ќе се послужам само со еден пример. Писателот на Ев. по Лука  и на Дела на Апостолите, во неколку моменти низ Делата на Апостолите, наместо во вообичаниот начин на користење на третото лице при опис на настаните, несвесно почнува да зборува во прво лице еднина, и да вели „ние“ бевме таму, или направивме ова итн. Ова издава дека и самиот писател бил дел од живите очевидци и соучесници во случките.

Освен тоа, Лука и Јован, директно посочуваат дека настаните се опишани од очевидци. Додека Марко како најрано Евангелие, е неоспорно дело на некој  уште поблиску хронолошки до настаните.

И не зборувај со таква лековерна самоувереност, кога бил роден Исус, кога бил пописот, кога се напишани  Н.З. списи итн., небаре си бил on the face of the place... Реалноста е дека хронологијата не ја знаеме за Крушевската република, па сега 2000 години наназад ќе се враќаме...

И за крај, лажната пропаганда дека постоеле катаљон евангелија, ама овие им се бендисале на отците, НЕ ДРЖИ ВОДА. Не постоело НИТУ ЕДНО друго евангелие во првиот век, освен овие 4. Тоа е историски и научен факт.


Изменето од аџија - 23.Април.2007 во 00:38
Кон врв
Чорбаџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1065
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Чорбаџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2007 во 01:46
Многу зборови а (ни)малку факти. Али пошто овде е темата за Богородица, за кја фактички знаеме дека во пророштвата старозаветни НЕБИЛА (и сеуште не е) девица туку настанала многу подоцна по ПОГРЕШНОТО преведување на зборот МЛАДА ЖЕНА со ДЕВИЦА, а пошто не произнесе никаква критика и несогласување по фактите кои за таа тема ги дадов во погорниот пост (туку нафрли општи муабети за други теми) сметам дека ја расчистивме ова проблематика а за другите теми.. Лука... Матеј.. Марко.. Павле.. Светото троиство... Распнувањето... Проповедите.. одвојување на Христијанството од Јудаизмот.... ќе подискутираме на за тоа посебно отворени теми.


Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2007 во 15:59
Originally posted by Чорбаџија Чорбаџија напиша:

Многу зборови а (ни)малку факти. Али пошто овде е темата за Богородица, за кја фактички знаеме дека во пророштвата старозаветни НЕБИЛА (и сеуште не е) девица туку настанала многу подоцна по ПОГРЕШНОТО преведување на зборот МЛАДА ЖЕНА со ДЕВИЦА, а пошто не произнесе никаква критика и несогласување по фактите кои за таа тема ги дадов во погорниот пост (туку нафрли општи муабети за други теми) сметам дека ја расчистивме ова проблематика а за другите теми.. Лука... Матеј.. Марко.. Павле.. Светото троиство... Распнувањето... Проповедите.. одвојување на Христијанството од Јудаизмот.... ќе подискутираме на за тоа посебно отворени теми.




Да не се повторувам све прочитај зошто св. Дева Марија е Богородица
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=7227&PN=4


Изменето од чаир - 24.Април.2007 во 15:59
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
Чорбаџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1065
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Чорбаџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2007 во 16:44
Девица е плод на погрешен превод , и не била ни прорекувана како девица во стариот завет, е сега кога згешиле во преводот и наместо МЛАДА ЖЕНА како што пиши во стариот завет го превеле на грчки со ДЕВИЦА, та така и писателите на евангелијата (кои и да биле) поведувајќи се по тој погрешен превод на грчки (не се потпирале на оригиналот хебрејски) направиле прикаска за девственост на Марија иако .... тој би од СЕМЕТО ДАВИДОВО, значи митот за девственост и безгрешно зачнување се меша со реалноста и биолошката и генетската наследност и потекло на Исус. Значи она што Исус спрема старозаветните пророштва би требало да биди, крал на Евреите, легитимен наследник на престолот, нивен спасител, ослободител (но во физичка а не духовна смисла) и Исус Новозаветен кој е “духовен“ крал.
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2007 во 17:43
ги направи многу глупи евангелистите, кои демек не можеле да видат колкава контрадикторност има во тоа Исус да е роден од девица, а во исто време да е од Семето Давидово. Но за среќа денес Чорбаџија ќе ни расветли се... LOLLOLLOL

Не влегувај со толкава доза на гордост, историјата и науката, како и богословијата не се науки кои се проучуваат врз основа на претходно воспоставени претпоставки, кои потоа мораш да ги браниш по секоја цена. Отвори го малце умот и за обратната можност.

би било излишно сега, да постирам повторно еден куп на цитати од С. Завет, каде јасно е пророкувано дека новиот Месија ќе биде вечен Цар, духовен владар, оној кој ќе ги понесе гревовите на своите плеќи и ќе ги прибере Нееврејските народи кон Единствениот Бог... Би било излишно сега да повторувам што вели писателот на Евреите, кога ја објаснува пророчката улога на Христос како пророкуван Првосвештеник од редот на Мелхиседек, како оној кој еднаш принесува жртва засекогаш...

Мислам не би било лошо да ги прочиташ Стариот и Новиот завет, ќе ни биде полесно на обајцата да комуницираме... Wink
Кон врв
Чорбаџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1065
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Чорбаџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2007 во 18:09
Многу се радувам кога моите “финти“ се превземаат и користат, значи дека се интересни и “штосни“,а сега озбилно, библистика е наука која ја пручува библијата, нејзиниотр настанок, историја, трансформациите што ги доживеа низ вековите. Секој ден археологијата открива по нешто ново, во не мал број случаеви тоа се делови на евангелијата или текстови кои се однесуваат на Христијанството. Папируси, книги, свитоци, керамочки плочки, надгробни споменици на кои беа запишувани и сочувани до нас делови од светите писма. Новиот завет настанал многу по смртта на Исус и многу по смртта на Апостолите. Напишан врз основ на преданиа усмени, прикаски, раскази, анегдоти. Преправан и допишуван на соборите, отфрлани и уфрлани делови. Дали и колку има вистина во него е уште она што ги интересира научниците (но и верниците) Кога сега би го корегирале Новиот завет и во него внеле откриените документи тој би се разликувал од оној што го знамее ние.  Кога врз основ на пронајдените свиоци во Синајскиот манастир, Тишендорф (автор на седум изданиа на новиот завет) го направил осмиот, тој се разликувал од предходните на 3500 места. Значи постојат осетливи прашања во врска со Новиот завет тука се измешани анегдоти , митови,  легенди, прикаски... но и една тенка тенка нишка на вистина.

 Малце офф топик но самиот знаеш што и како живеела и опстојувала првата Ерусалемска хростијанска заедница и на кои основи се темелела. Кога би бил љубезен и да ми објасниш како и зошто таа прва заедница (по твое видување) својата порака и учење ги темелеше на тој начин?
Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2007 во 18:19
не малце, скрос офф топик... нема везе, лесно е да се даваат вакви паушални, генерализирани изјави од типот „додавано е изменувано е“, без конкретни докази и списи, да се разгледа што е случај во конкретниот настан...

не знам дали некогаш си налетал на оние нови завети на грчки, што имаат под текстот папирус апаратус, кој објаснува во кои ракописи има нешто „друго“ од тоа што е горе? ако си налетал, сигурно си приметил дека се работи во 99% од случаите за минорни, од миниорни по миниорни разлики од типот „исус рече“ или „рече Исус“, а дури и да се прифати БИЛО КОЈ манускрипт, ниту една догма или учење на Новиот завет нема да биде ни за јота променето...

Значи треба да се биде коректен, и да се признае до каде оди ваквиот сомнеж за списите, а до каде е тоа наша желба/изговор за неверието...
Кон врв
Чорбаџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1065
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Чорбаџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2007 во 20:12

За конкретни примери... па малку е овде простор, ајде само да се вратиме на Марија, значи во Хебрејскиот (оригинал) стар завет е Млада девојка а во преводот на грчки е девица.
Но пострашна е измената и уфрлањето на поимот за светото троиство и неговото единство. Имено експлицитно за светото тројство и неговото единство, наведено е во првото соборно послание кај Јован Богослов:
“Зошто Троица се, Кои сведочат на небото: Отецот, Словото и Светиот Дух. И троицеа се едно“ 5,7
Но интересно е дека за прв пат во ваков облик и со ваков текст се јавува дури во 16сти век, во светите книги. Од Вулгата па до 16сти век тој верс вели
"Quia tres sunt testimonium dant"
Или како самиот знаеш “Тројца се кои сведочат“ и толку, нема ни отец ми син ни свети дух... а камоли дека се ЕДНО. Значи на едно место во цел Нов завет се споменува единството на Троицата, и како гледаме тоа е уфрлен дел во негде 16сти век во новиот завет... пред тоа го нема. (Да не зборуваме за Павле и неговата случка на преображение од инквизитор во апостол кога имаме разлики во делата апостолски и кај самиот Павле кој што слушнал и кој што видел...........

 

Него не ми кажа за првата Христијанска заедница во Ерусалем и нивната историја, на што те потсеќа и кон што тежнее?

Кон врв
аџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 5474
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај аџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2007 во 09:51
проблемот со зборот Алмах, кој упорно го фураш и надувуваш, не е воопшто од таква димензија како што претставуваш. не можејќи да излезеш од својот 21-вековен ум, не ти е јасно дека во умот на еверјскиот писател/читател од древниот свет, млада девојка/немажена/спремна за мажачка/ значи ама апсолутно исто со девица. Ниту еден пат, зборот алма во Списите не се однесувана веќе омажена жена, а знаеме дека млада девојка, која не е омажена во умот на тогашниот човек е чиста девица, освен ако не се каже директно дека е блудница.

значи ова го решивме.

Со тројцата и без тројцата, повторно предимензиониран проблем. Првата или втората верзија, ништо не менува од христијанската догма. Значи тука нема конфликт на спротивставено или „чудно“ учење, туку некој си препишувач си додал појаснување, и толку.

И конечно повторно, хипотезата која не го признава генијот на писателот на Дела да увиди дали сопатниците на Павле чуле глас, или не чуле... Многу потценувачки, е да се верува дека оној кој така маестрално и генијално го составил записот, не бил до толку да му „чука“ да провери што напишал. Повторно, значи, целата „хајка“ се започнува со претпоставка, иако самиот текст нуди многу можности за објаснувње.
Кон врв
Чорбаџија Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1065
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Чорбаџија Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2007 во 10:08
Алмах, спрема еврејите е млада жена, Алмах може да има и 3 деца и да есе уште Алмах, млада девојка, но не е девица. Друг збор е девица. Према Алмах,Марија можеше да има 2 деца и да го роди Исуса но како девица - Не.

Тројца се едно, е основна догма на црквата. Ти велиш дека не важно што само на едно место се спомнува дека Троицата се едно, и тој додаток е од 16снаесети век а? А пред тоа врз основ на кој верс се докажуваше дека Троицата се едно а не тројца посебно?

Делата апостолски и писанијата на Павле ја опишуваат случката на Павловото преображение ... сосема контра едно на друго. Кое е точно

Зошто од Новиот завет во 4ти век е исфрлено Петровото Евангелие

Зошто од Новиот завет е исфрлено Никодимовото евангелие

Најстарите , првите христијани, имале некои свои начела, сфаќања, кои те замолив да ми дадеш свое видување, значи пак би те прашал еден опис или твое видување на првата христијанска заедница (Ерусалемската). Сепак тие биле најблиску и по времето на настанување и по место со Исуса, и верно ги следеле неговите зборови, па ако можеш нешто малку ооколу тоа.

Книгите од Новиот завет, растеле (во своите сказаниа) како што се одалечувале од Исусовата смрт. Во делата апостолски како и во послениата на Павле, немаме описи на чудата кои ги правел Исус, на воскреснувањатана мртвите, на одење по вода, оздравување на болни (та дури кај Павлета за такво нешто имаме и еден вид презир) (Коринтјаните)


Изменето од Чорбаџија - 25.Април.2007 во 10:11
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.