|
Панихида на Гоце Делчев |
Внеси реплика | страница <12345 11> |
Автор | ||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Јас не реков дека не бил православен, реков дека нема документи дека бил. Ама за МПЦ тоа не е проблем. А за овие двајцата, како да ти објаснувам, разгледај ги малку нивните биографии. На пример молбите што Теодосиј Гологанов ги пишувал да го примат католичките или протестантстките цркви македонскиот народ во нивните паства, но бил предухитрен од Православната Црква која го маргинализирала. Или Партениј Зографски кој Православната Црква го ставила во своите зандани во Солун заради неговите идеи? Значи не крадете историја. Не бидете како грците. Срам вас било! |
||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
А пријавата кој ја пополнил?! Секако дека Гоце ја пополнил. Кој се потпишал на неа? Теодосиј Гологанов побарал да се возобнови Охридската Архиепископија и да се отргнат македонските Епархии од Бугарската Црква, па доколку треба и да се стапи во Унија со Папата. Тој дури и ја откинал скопската Епархија, но Бугарската Црква со помош на Турците го затворила и го интернирала, за подоцна да го однесе во Бугарија и да го стави под нејзина контрола, па повторно да стане Митрополит. Значи си бил Православен, нема дилема. А Партениј не е ставен во зандана поради верски идеи туку национални, не ги мешај работите. |
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Колку е само жално што за да се одреди дали Гоце Делчев бил православен верник или не, наводно мора да се трага по индикни показатели од типот во кое училиште учел Јас студирав на универзитетот "Св. Кирил и Методиј" па сепак не сум католик. И мене МПЦ ме брои како нејзин верник (затоа што моите ме однеле кај поп од МПЦ да ме попрска со вода како мал и имам некаков си документ ткн. "Крштеница"), па сепак не сум припадник на МПЦ, ниту ја споделувам нивната вера и убедувања. Да не должам, сите ја сфаќате поената. За да покажете и докажете (што би рекол Бране) дека Гоце Делчев бил православен верник вие треба да најдете еден куп негови православни изјави, вие треба да најдете документ каде што ќе пишува дека тој се молел, се причестувал, идел во православен храм на литургија, дека имал некоја слава, некој светец кон кого се обраќал пред опасните моменти во неговите мисии. Па барем во една негова заклетва да го спомнел Господ, барем една молитва да најдевме што тој ја напишал, некоја молитва пред некоја негова мисија, една молитва за Македонија... да најдеме било што што би ни асоцирало на православната вера во неговиот живот. Да најдеме дека тој се борел за интересите на православната црква.. па зарем таа не била на удар во негово време?Но ништо од ова. Во неговиот живот не гледаме никаква верска агилност, туку само национална, ослободителна, револуционерна. Зарем е можно еден православен верник толку умешно да ја прикрие својата вера до толкава мера за таа да не се види надворешно? Имало ли потреба или скриени/револуционерни мотиви за такво криење? Не.
Па вие не можете да докажете дека тој бил декларативен (само на збор или потпис) православен верник, а камо ли пак искрен, вистински посветен православен верник, а сега тука МПЦ некакви чевствувања, панихиди му прави.
Ако некој има право/доблест да го чевствува Гоце Делчев, тоа е државата, тоа сме сите ние - македонците, без разлика на верската припадност, затоа што Гоце се бореше за слободна Македонија, а не за православието, а не за тогаш непостоечката МПЦ или слично. Изменето од EvAngelos - 07.Мај.2009 во 01:00 |
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Колку и нелогично да звучам - Ев мислам дека за ова имаш право до некаде ... Добро се знае дека сите наши “македонски преродбеници“ се дело од масонски и протестански шеми во тоа време - погоре прочитавме за тој Теодосиј Гологанов - унијатот и останатите како него ... Значи треба да се разбере “духот на времето“ во тоа време и тогашната “западна мода“ ... значи е трендовски да си дел од некоја западнопротестанска организација или масонска ложа... Многу малку од нашите “патриоти“ не биле жртви на ова... Дали Синодот решил да прави панихида или не за тоа тие ке си одговараат... наместо да се занимаваат о духовна просвета и да го разбудат овој “помрачен народ“ тие се занимаваат со евтини национални “комунистички“ трикови... ДО КОГА???? Изменето од Tetratka - 07.Мај.2009 во 01:13 |
||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пријава за училиште? Детс ит? Теодосиј Гологанов побарал од протестантите и од католиците да им пристапи сосе својата црква. Тоа е документирано. Препознал дека Православната Црква (во која тој започнал како духовно лице се разбира) ги кочи македонците како духовно така и национално. Заради овие негови ставови, Православната Црква му го одземала чинот. Патениј Зографски бил ставен во притвор како заради национални, така и заради верски идеи. Прочитај уште еднаш. |
||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Еве ти една братска гушка за оваа дума што ја кажа
И јас прашувам побратиме, ДО КОГА?????!!!!!
|
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ако бидеме реални и ако тие таму се свестат - ние тука нема потреба никогаш да се расправаме за вакви глупави теми... а ке разговараме за посериозни богословски работи... Изменето од Tetratka - 07.Мај.2009 во 01:18 |
||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ќе побарам по документите и друго, ама никој од неговите соработници не пишувал на таа тема, сите говореле за слободна Македонија. А инаку Гоце бил и учител во егзархиско училиште, каде сите учители биле Правослвани Христијани. Ете ти уште еден доказ. Гологанов отишол со католиците да ја обноват Охридската Архиепископија откако видел дека Бугарската Црква врши денациоланизаторска политика и го бугаризира македонскиот народ, па ги скинал и свидетелствата, а на нив напишал македонски наместо бугарски јазик. Инаку зошто подоцна пак станал митрополит?! За Зографски те молам дај линк, документ нешто затоа што вака е рекла-кажала. |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Зошто македонски во наводници? |
||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Затоа што многу од нив се определувале различно и тоа “македноски“ е спорно - ти се занимаваш со историја и тоа многу добро го знаеш. Ставив наводници намерно, за да опфатам голем дел борци за слобода кој живееле на територијата на Македонија како територија а не како држава - Вардарска Македонија... Мислам дека редно е кај нас кога се дискутира за таа тема да се разбие стереотипот - бидејќи повеќето читатели под “Македонија“ ги разбираат границите на денешната современа држава - Република Македонија, која е само еден геогравски дел од територијата Македонија, каде што живеат етнички македонци. Изменето од Tetratka - 07.Мај.2009 во 01:32 |
||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Аргументот со училиштата не е аргумент, па тоа било нормално - впрочем и во протестантстките училишта од тоа време учеле многу православни, муслимани и други. Училиште е училиште, и не знам од кај ти таа теорија дека сите 100% биле православни. За Гологанов, ние можеме да спориме само за толкувањето на историските вистини, но не и за нивната фактографска точност. Ти тврдиш дека тоа го направил од патриотски побуди. Но сосема реална е можноста дека го направил и од верски побуди, имено ако сакал својот народ да дојде до Христа на за нив разбирлив јазик и во културен контекст на нивниот идентитет. Тие две работи се само различни толкувања на истиот настан. А можно е и двете да се точни. За Партениј Зографски немам линк, но прочитај ги обвиненијата против него пред Солунскиот Синод, ќе видиш дека добар дел од нив се со верска основа. |
||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Јас сум согласен со овие работи, бидејќи мислам дека се реална представа и слика како треба денес да се гледа на религијата и историјата. Во никој случај НЕ ПРИСТРАСНО!!! ВИСТИНАТА Е ЕДНА!!! |
||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ајде малку со факти, наместо со празни муабети...
Единствениот ЈАСЕН документ, во врска со вероисповедта на Делчев е уписницата во училиштето во Софија. Училиштето иако е водено од православни свештеници, не само православни се запишуваат, а има многу католици и протестанти (доколку некој има можност да оди во Софија во Националниот музеј, многу лесно може да се увери во тоа - јас заради проучување за документарен филм ги знам овие детаљи). Така што - Делчев (бидејќи татко му плаќал за школувањето) имал можност да се изјасни како што сака - но во пријавата е пополнето "Православен". Друг ДОКАЗ или ДОКУМЕНТ на таа тема НЕ ПОСТОИ. Доколку некој сака да го оспори - треба да приложи ДОКАЗ или соодветен ДОКУМЕНТ. Освен овој документ, постојат и неколку дополнителни факти кои може сериозно да се прифатат - писма, лична преписка меѓу Делчев и Јаворов (објавени во книга од Јаворов неколку години по смртта на Делчев, мислам дкеа ја има во два или во три дела и кај нас), каде има неколку писма кои се токму преписка околу православието, улогата на црквата и влијанието на немакедонските цркви во Македонија. Во тие писма може да се прочита, дека Делчев, иако социјалист по убедување и иако се противи на влијанието на немакедонските цркви во Македонија, сепак е со јасно православно верско убедување. Постои и уште еден напис кој може да се прифати како факт, но не е толку директен - тоа е биографијата на Гоце, напишана исто така од Јаворов, каде исто (иако многу накратко), се спомнува православието и улогата на православието во Македонија. Така што - за да може било што од ова што го велите да се прифати сериозно - треба да приложите било каков факт. Сега за сега - е само лага и е доста невкусно. Евангелос - вадењето на работи од контекст не зборува добро за тебе, а не за мене. |
||||
Do what is right, come what may...
|
||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Каде е тој документ да го видиме? Ова е рекла-казала работа.
Потоа, ако земаме биографии на Гоце, зошто да не земаме биографии кои тврдат дека бил атеист, и дека со библијата си правел цигари? Или пак како со „православните“ житија ќе правиме научна фантастика и суперхерои од обични смртници? Се уште се чека модераторите да реагираат по заканите за насилство од страна на макариос. Не ми се верува дека се уште нема ниту усна опомена за нешто што е кривично дело. Во што се претвори форумов? |
||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||||
Внеси реплика | страница <12345 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |