|
ПОМОШ- ИДИВИДИ ОРДИНАЦИЈА |
Внеси реплика | страница <1 1920212223 48> |
Автор | |
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
vaka ......toa sho velish klin na vratot pri promena na vreme ......ili ednostavno na sekoj dva tri meseca povrzano so vreme ......
mozhe da dade takvi loshi vrtoglavici so samo podignuvanje na glavata ili naglo stanuvanje shto chovek ke pomisli deka ima nedajbozhe tumor na glava..... vakva rabota tochno fizijatarot ti kazha so poredovna fizikalna terapija...... NO !! mozhe i vaka ..... sekoj den najmalku pola chas da vezhabsh aerobichni vezhbi potencirano vrat-ramo....... sekoj vtor den da masirash vrat so razblazhen spirt..... i sekoj tret den na vrat da stavash diklofenak gel ..... i sekojdnevno da piesh samo Vit B6...... ova mozhesh vo podolg period da go pravish........da probash ??? |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ја да чукнам у дрво,куц-куц, за чудо, немам што да прашам,дури и глава не ме заболе од Нова Година од кога почнав со вежбањево (дрво-куц)
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
marija_magdalena ....fizichkata i seksualnata aktivnost se najdobri chuvari na zdravjeto......
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Така ќе да е
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
okolu sportot sto se odnesuva pred 10 god trcav po 9km. prestanav da trcam zasto poslednoto vreme pri krajot na trcajneto na taa dolga relacija pocnuvav da dobivam gusejne.dodtorot velese deka ne e nekoj poseben problem. no kako idese so vreme stazata na trcajne mi stanuvase pokratka a vremeto na pocnuvajne na gusejne pobrzo pa taka dojde moment koga trebase da istrcam 100 m za da pocnam da se gusam.istoto se slucuvase i so potejneto na pocetok se potev dovolno a na kraj voopsto ne se potev.posle pocnav i za normalno da sedam da koristam ventulin.pocnaa napadi na zolckata a volumenot na stomakot se zgolemi za tri pati.posle periot pocna se pojavuvaat povrajcajna .doktorite se trudea so sedativi da gi smirat napadite na zolckata i povrajcajneto so sedativi no se bez uspeh.na eho dr aco od pp vide osteten pankreas , dziger prepolna zolcka ,plikovi so tecnost vo zeludnikot i natalozana hrana vo crevata.i taka dolgo vreme se borev so zdravjeto se dodeka ne probav tableti za cirkulacija na krvta.so toa rabotata na bubrezite se zgolemi i celukopnata psihofizicka sostojba se promeni.posle zemav tecnosti za topejne na kamen vo bubrezi i zolcka i koristev masazer vibratone .vibraciite id masazerot gi masiraat site organi vo stomakot.podobruvajne na krajov imam golemo no ne sum krajno izlecen ako prestanam so tretman na bubrezite poftorno mi se slosuva.i moram da ti naglasam deka so vakcinata za svinski grip imunitetot mi se vrati vo normala. |
|
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
falati za sovetov. |
|
vodolija_89
Група Регистриран: 29.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 78 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zabe ja odrzuva ko streso go rasipuva ali toe mora da se svikni takov e zivotov
|
|
vodolija_89
Група Регистриран: 29.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 78 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ете еден мал коментар што може да ни покаже лабораториската анализа на урината......
посебно сакам dejanpp ти да го прочиташ......... и да разбереш дека имаш здрави бубрези и дека имаш едно обично воспаление да не кажам бактериска инфекција која мора да ја откриеш..... и правилно да ја лечиш........Како правило кое ќе го кажам е ....... дека анализата на урината е една од корисните скрининг методи чии резултати можат да дадат основни информации за состојбата на метаболизмот како и за состојбата на урогениталниот тракт...... Рутинскиот преглед на мочката е една од основните лабораториски анализи. Секој рутински преглед на мочката се состои од 3 дела:
Значи кај тебе имаме само и само големо количество на слуз..........што дефинитивно не насочува кон бактериска инфекција чии испитување мора да го направиш микробилошки и тоа со комплет направен антибиограм за да се види кој антибиотик е соодветен.....а не таму безвеза се пие кобајаги ,,силен антибиотик,, Панцеф.......а што ако не е соодветен ?? што ако само еден обичен антибиотик како ампицилин пример делува?? И друго велиме урогенитален тракт..од каде знаеш дека баш е инфекцијата кај бубрезите?? ете велиш при мокрење те пецка.....што ако е бешика или нешто друго???аа???и друго...многу е битно како се дава примерокот за анализа......мислам дека ама баш никаде не се советува пациентот покрај другото и како да ја собере урината правилно.....знаеш дека прво се мокри.......па некаде насредина на мокрењето се зема примерокот......затоа што првиот млаз може да биде ете да кажам ,,заразен,, надворешно......и затоа има правило кое иде вака.... За анализа на урината се зема првата утринска мочка и тоа во стерилен сад, при што претходно е потребна интимна хигиена на пациентот. Се зема не првиот, туку вториот млаз од првата утринска урина. Важно е да се собере мочката во адекватен стерилен сад, кој добро се затвара за да не дојде до контаминација на мочката со микроорганизми од надворешната средина. Изглед на урината: Нормално урината е бистра. Заматената урина укажува на зголемен број на бели крвни зрнца (леукоцити), односно е знак за некој воспалителен процес, како и за присуство на бактерии, габички, слуз и други елементи кои може да се најдат во седименотот на урината. Во тој случај потребни се и дополнителни анализи....... дали тоа си ги направил??? јас сум сигурна дека НЕ тоа е тоа што ти велам микробиолошко испитување.....Боја: Нормално урината има жолта боја. Бојата може да варира во зависност од внесената количина на течности и тоа од светло жолта до темно жолта. На бојата на мочката може да влијаат и зголемената телесна температура, потењето, повраќањето, проливот. Колку е урината поконцентрирана, толку и нејзината боја е потемна. Розевкаста боја на урината може да се јави, на пример, кога се консумира поголема количина на цвекло или капини.Темнокафената урина укажува на зголемено ниво на билирубин, што е најчест знак на оштетување на црниот дроб, односно знак за жолтицата. Некои луѓе имат и нормално повисок билирубин, па така да кај нив темнокафената боја на урината им е нормална појава......Црвената урина укажува на присуство на хемоглобин, што најчесто е знак за оштетување на бубрегот , поради што и се јавува крв во урината (најчесто камен во бубрегот) или разни воспалителни процеси, оштетувања на мочните канали и мочниот меур. Крвава урина може да биде и прв знак за присуство на рак на мочниот меур и мочните патишта. Присуство на крв во урината е алармантен знак и бара итно дополнително иследување со цел да се открие причината........ете како секој може визуелно да си дознае нешто за состојбата на телото само од бојата на мокрачата...... Реакција – нормално мочката има кисела реакција, pH се движи помеѓу 5 и 6. Алкалната реакција најчесто укажува на бактериска инфекција...... Специфична густина – референтна вредност е 1,012 - 1,025. И специфичната густина на урината варира во зависност од количината на внесените течности во организмот како и од способноста на бубрегот да ја концентрира урината........ Зголемената специфична тежина на урината може да биде знак за дијабет, хипертензија, пореметена функција на хормоните на надбубрежната жлезда, знак за оштетување на бубрегот. Може да се јави и при зголемен губиток на вода од организмот – повраќање, пролив, како и при висока телесна температура.Намалена специфична тежина на урината најчесто се јавува при зголемено излачување на урина, како на пример при внесување на големи количини на течности во организмот. Протеини во урина: Нормално нема присуство на протеини во урината, т.е. наодот за протеини во урината нормално е негативен.Протеините може да бидат присутни во урината поради зголемена физичка активност или за време на бременоста, кога тоа не е знак за патолошка промена или состојба. Појавата на протеини во урината, во сите други случаи, начесто е знак за некој воспалителен процес на уринарниот систем и бара дополнителни иследувања....... Гликоза во урина: Нормално нема присуство на гликоза во урината, т.е. наодот за гликоза е негативен.Присуството на гликоза во урината воглавно е поврзан со зголемените вредности на гликозата во крвта (над 10 mmol/L), што најчесто се среќава кај дијабетичарите. Ацетон во урина: Нормално нема присуство на ацетон во крвта. Позитивен наод на ацетон во крвта е присутен кај дијабетичарите. Билирубин во урина: Нормално нема присуство на билирубин во урината. Уробилиноген во урина: Нормално наодот е негативен. Позитивни резултати можат да бидат знак на оштетување на црниот дроб или на жолчната кеса. Нитрити во урина: Нормално нема присуство на нитрити во урината. Позитивиен наод на нитрити во урината е индикатор за присуство на бактерии во уринарниот тракт. Еритроцити во урина: - Нормално нема еритроцити или ги има многу малку, 1 до 2 во микроскопското видно поле.Наодот на поголем број на црвени крвни зрнца (еритроцити) во урината најчесто укажува на пореметување во функцијата на бубрегот или на мочните патишта и на можен камен или песок, може да биде знак за повреда, или за рак на органите на уринарниот систем. Свежи еритроцити: Нормално нема свежи еритроцити во урината. Позитивниот наод е најчесто знак на присуство на камен или песок во бубрегот или мочните патишта. Но, секое поголемо количество на еритроцити во урината треба детално да се испита, бидејќи можно е да е и знак за малигно заболување на органите на уринарниот тракт. Бледи еритроцити: Нормално нема бледи еритроцити во урината. Позитивен наод е најчесто знак за скоро прележана инфекција или за хронични заболувања на бубрегот. Леукоцити во урина: Нормален наод е до 5 леукоцити. Леукоцитите се наоѓаат во седиментот на урината, кога постои воспалителен процес и инфекција. Обично покрај наод на голем број на леукоцити, постои и наод на голем број на бактерии во уринатата, па во тој случај се препорачува да се направи и уринокултура со антибиограм. Цилиндри во урина: нормално ги нема во урината. Цилиндрите се форми кои настануваат во бубрежните каналчиња и го попримаат нивниот облик.Позитивен наод укажува на хронично бубрежно заболување. Во урината на здравите луѓе можат да се најдат само т.н. хијалини цилиндри и тоа многу ретко. Клеточни, гранулирани и восочни цилиндри се знак за патолошка состојба и нивното откривање има важност за поставување на дијагнозата или за пратење на текот на болеста. Наодот на вакви цилиндри во урината бара дополнителни понатамошни иследувања со цел да се постави дефинитивна дијагноза. Плочести епителни клетки: Нормално има мал број на плочести епителни клетки во урината. Овие клетки го обложуват уринарниот тракт. Нивното појавување во урината во било кој обем нема некое поголемо дијагностичко значење. Округли епителни клетки: Нормално нема округли епителни клетки во урината. Позитивниот наод укажува најчесто на оштетување на бубрегот. Бактерии во урината: Обично нема присуство на бактерии во урината.Може да има малку бактерии во урината, што не мора да значи и сигурно постоење на инфекција, туку на контаминација поради неправилно земен примерок.Доколку во примерокот од урината има многу бактерии (или како што тоа порано во лабораториските извештаи се наведувало како „маса“ на бактерии), тогаш тоа е веќе знак за сигурна уринарна инфекција. Во тој случај dejan pp се прави и уринокултура за да се изолира постоечката бактерија и антибиограм за да може да се даде адекватен антибиотик на кој е осетлива најдената бактерија во урината.............се разбравме dejan pp ухххх , колку податоци за нашето тело што велиме од една обична мочка Изменето од bijonse1 - 23.Февруари.2010 во 19:23 |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ми текнало да прашам за една работа која ме мачи-од кога знам за себе.
Имено, навечер сите луѓе нормално се покриваат и спијат, додека јас...додека јас...не можам да заспијам од студ. Да, од студ. Па така станувам, се дооблекувам (врз пижамите џемперче или уште еден пар пижами одозгора), чорапи, и легнувам. Па пак ми студи, станувам, доземам кебе, се увиткувам да не речам се енкапсулирам, па озгора јорган, а ако сум во куќа обавезно и јамболија Не страдам од слаба циркулација или такви ствари, но ова е многу непријатно, мислам за тој до мене да ме трпи по 100 пати да достанувам. А? Што ќе да е тоа? (инаку не трпам и студ надвор, ако е многу ладно како грч ме фаќа и ми се тресе вилицата ) Изменето од maria_magdalena - 03.Март.2010 во 00:17 |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
донекаде сме исти
Мене може да ми пристуде и летно време Не се дооблекувам пред спиење,од причина што во сон можам да се испотам,па да се разбудам со крива глава Сакама секогаш да ми е топло,никогаш нема да речам жешко ми е....и зимно време гостите мои бараат блузи на кратки,неможат да седат во толку жешко...... И не само што може да ми се тресе вилица,и ноктите ми стануваат модри Не знам до што е,ама таква сум од кога знам за себе Крвта и циркулацијата добри ми се |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Терморегулациската функција на кожата..... Според структурата и функцијата, кожата е специфичен надворешен орган кој целосно го обвиткува телото на човекот. Нејзината локација претставува заштитна бариера на телото од штетните физички и хемиски влијанија од надворешните опкружувања. Кожата, како важен орган со сложена структура на телото и бројни функции, во соработка со другите органи на човековиот организам обезбедува нормален и здрав живот. Од нејзините бројни функции е посебно важна терморегулациската, која на телото му обезбедува оптимален топлински минимум и нормална функција на телесните органи. Таа функција ја обезбедува преку капиларната мрежа низ која редовно циркулира топла крв. Зголемената телесна топлина се регулира и се контролира преку исфрлање на потта што ја произведуваат потните жлезди. Обратно, кога температурата на телото е помала од нормалната, потните жлезди се собираат и го намалуваат лачењето на потта. Кожата најдобро функционира на температурни услови меѓу 15 и 25 Целзиусови степени, со влажност на воздухот од 40 до 60 отсто. Како да се заштити кожата од временските услови што се карактеристични за зимскиот период, односно од зголемената влажност на воздухот, ниските температури и ветровите..... ....најважно е човековото тело да се заштити со удобна и топла облека и чевли. Тие овозможуваат да се создаде топлински слој меѓу кожата и облеката како еден вид изолатор, нормална циркулација на крвта и затоплување на целото тело. Обратно, кога облеката и обувките се тесни, се врши притисок врз телото и крвните садови, како резултат на тоа циркулацијата се намалува, поради што телото побрзо се лади и смрзнува за тие кои подолго време се изложени на надворешните влијанија....важно е исто лицето да биде добро нахрането, со цел да се создаде енергија во организмот која потоа се шири низ целото тело и го загрева........ Но, во случај на пониски температури и подолг временски период на изложеност на кожата на надворешните влијанија, таа може да реагира со два вида нарушувања, структурно и функционално. Структуралното нарушување (конгелација или смрзнување) е инцидентална појава лоцирана на определен дел или целосно на експонираната кожа. Оштетувањата на структурата на кожата можат да бидат изразени во три степени. Првиот степен се манифестира со бледило на кожата во почетокот, кое подоцна поминува во зацрвенето виолетова кожа со присутен оток, чуство на болка и нарушен осет за допир. По престанокот на изложеност на надворешните влијанија, промените на кожата поминуваат без последици. Кај вториот степен, кога е продолжено оштетувањето од првиот степен, надополнето е со поголеми или помали меури исполнети со бистра серозна течност. По нивното пукање останува соголена кожна површина со помала или поголема вдлабнатина, која по прекратување на надворешните влијанија и по лекување поминува со лузна. Субјективните симптоми на болка, печење и чувство на допир се поинтензивни. Додека последниот, трет степен се карактеризира со зафаќање на кожната структура и се изразува со изумрена (некротизирана) кожа, која на површината е темносива или црна, со наполно редуцирано чувство на допир и со силни болки. Лекувањето, во зависност од степенот на оштетување, е амбулантско или болничко, со затоплување на кожата, подобрување на циркулацијата, поттикнување на регенеративната способност на оштетеното ткиво, како и евентуална ампутација. функционалното нарушување........... Функционалното оштетување на капиларната мрежа настапува во студени денови со умерена влажност на воздухот. Ваквото оштетување е најчесто хронично и е поттикнато од конституционалната наклонетост на заболените индивидуи од разни ендокрини нарушувања, како што се астенија, неисхранетост, низок крвен притисок, тахикардија, рековалесценција и други телесни нарушувања. Заболувањето обично се јавува кај женскиот пол........ се најдовте некаде тука марија_магдалена & мрзла??? Во оваа група функционални реакции на капилараната мрежа се вбројуваат неколку видови заболувања. Првото заболување е акроцијанозата која се манифестира со студена црвеникаво виолетова боја на кожата која може да биде отечена, а кожата на рацете и дланките е со засилено потење. Лезиите се лоцираат на нозете и на рацете, а поретко на носот, ушите и лицето.Лицата со акроцијаноза имаат особина да растат брзо, често се нервозни и слаби, а имаат и придружни ендокрини нарушувања како, на пример, забрзан срцев ритам и намален крвен притисок... Второто оштетување се нарекува еритроцијаноза, а застапено е на потколениците и околу глуждовите и се манифестира со црвеникаво-виолетова боја на кожата, која е слабо ограничена од околната здрава кожа и е позабележителна кај женската популација....... третото оштетување е пернионес, кое е мошне распространето кај анемични и слабо хранети..... Манифестациите на ова заболување најчесто се јавуваат на грбот, прстите, а поретко на ушните школки и на носот. Се манифестираат со папулозни промени во форма на јазол или плоскати промени, кои се манифестираат со отечена сивовиолетова и студена кожа, придружени со чешање и болка. Најчесто се јавуваат во доцна есен и рана пролет, во средини со повремена и умерена влажност. Четвртото оштетување е наречено пруритус хеималис, чешање од студ придружено со болка во пределот на надворешната страна на долните екстремитети. Овој вид чешање се јавува најчесто кај алкохоличари и невротични лица.... Симптомите се силно изразени во вечерните часови пред легнување, а доколку заболените продолжат да ја иритираат кожата со непрекинато чешање, таа станува здебелена и груба. Последните оштетувања на кожата кај медицинските лица се познати како уртикарија е фригоре, невроермит и пруриго, заболувања предизвикани од студ во зимскиот период со тенденција да исчезнат налето. Уртикаријата може да се појави и при допир или со бањање во ладна вода............. |
|
stigmata
Сениор Регистриран: 06.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 183 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
nikada nije bilo kao sto je bilo
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Brz i efikasen lek za onie mazhi koi ochekuvaat poveke.....
,,sildenafil,, efikasno ja podobruva erektilnata funkcija bez razlika na pochetniot stepen na disfunkcija... preporachana doza e 50mg zemena po potreba eden chas pred zapochnuvanje na seksualnata aktivnost... ne se upotrebuva kaj lica pomladi od 18 godini.... ne e indiciran (upotrebliv) kaj zheni... da ne se koristi sok od grejpfrut pri primena na lekot... stabiliziranje i podobruvanje na erektilna disfunkcija kaj mazhite posle 8 nedeli.... |
|
Внеси реплика | страница <1 1920212223 48> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |