|
Фан клуб Лионел Меси |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Напаѓачот на Барселона, Лео Меси ја искористи приликата да оговори на прашањата на читателите на шпанскиот магазин „Спорт“.
Еден од обожавателите го запраша Меси дали планира да остане Барса по зваршувањето на кaриерата. -Кога ќе ја завршам кариерата само Бог знае што ќе работам, но би сакал да останам во клубот кој го обожавам, изјавил Меси. Уште едно занимливо прашање е тоа кого Меси го цени најмногу од Барселона. -Имам среќа што играм со група најдобри фудбалери. Тешко е да се избере еден играч, но сум пресреќен што играм заедно со Чави и Иниеста, рече Меси. Еден од читателите го запрашал Меси дали би преминал во Реал за двојно повеќе пари, на што Аргентинецот одговорил: -На тоа одговорив повеќе пати. Барса ми даде се', знаеја да ме чуваат. Многу и должам на Барселона и никогаш не ми паднало на памет да одам во ривалски клуб поради пари. Тука сум многу среќен, заклучи Меси. |
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДОАЃА МЕСИ ЏУНИОР
Антонела Рокузо, долгогодишната девојка на најдобриот фудбалер на светот - Лионел Меси, е бремена. Оваа вест ја објавија вчера речиси сите аргентински медиуми, велејќи дека Антонела е првата и најголема љубов на Меси, а интересно е дека и двајцата се од аргентинскиот град Росарио и се познаваат уште од деца. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лионел Меси е крал на “Ел Класико” дуелите Лионел Меси во 259 Ел Класико стана најдобар стрелец во историјата на дуелите помеѓу најлутите ривали Реал Мадрид и Барселона. Фантастичниот Аргентинец успеа да го надмине својот сонародник Алфредо Ди Стефано со постигнатиот хет-трик. Lionel MessiМеси до сега има одиграно 26 натпревари против Реал и има постигнато 21 погодок и 11 асистенции, а има и позитивен скор од 11 победи и 7 порази. Но тоа не е единствениот рекорд оборен на ова Ел Класико. Меси е единствениот играч во историјата кој постигнал два хет-трика на Ел Класико, и единствен играч на Барса кој постигнал хет-трик на Сантиаго Бернабеу. Реал Мадрид е омилената жртва на малиот Аргентинец. Меси најмогу погодоци има постигнато токму против Реал Мадрид 21, еден помалку има постигнато против Атлетико Мадрид. Еве ја листата на најдобри стрелци во историјата на Ел Класико: 1. Лионел Меси 21 (Барселона) 2. Алфредо Ди Стефано 18 (Реал Мадрид) 3. Раул 15 (Реал Мардид) 4. Цезар Родригез 14 (Барселона) 5. Франциско Генто 14 (Реал Мадрид) 6. Ференц Пушкаш 14 (Реал Мадрид) 7. Кристиано Роналдо 13 (Реал Мадрид) |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |