IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Демографската политика во Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Демографската политика во Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 00:15
Originally posted by ThePPPTrooper ThePPPTrooper напиша:

Давам предлог, доколку авторот на темата се согласува, да биде преименувана со некој посоодветен наслов, како на пример, Демографската политика во Македонија, или нешто слично, каде би ги разработиле сите демографски случувања.
Од се срце
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 01:42
Originally posted by ThePPPTrooper ThePPPTrooper напиша:

Каков е проблемот, политички или од поединецот не знам. Знам само дека ваквата 'централизирана' поставеност и штети на земјата и тоа на долгорочни патеки. Покрај тоа што слабее економски, земјата слабее и демографски. Плус, главниот град е преплавен, односно пренаселен, најдобар покажувач за тоа е моменталниот проблем со паркинзите. Наместо да се градат паркинзи и катни гаражи, се користи секое парче земја за да никне уште некоја зграда, се во служба на борбата за профит.

Некој што е студент исто така може да забележи и некоја социјална нетрпеливост, односно поделби на 'провонцијалци' и 'скопјани'.

Сето ова е започнато со миграцијата село-град, каде се уништени селата, но можеби главниот проблем е што повеќето и од селата се сконцентрирале во Скопје, наместо во најблискиот град.

mungos80, ако можеш да се средиш некако во Битола, одлично. Колку е убаво кога повеќето прилепчани би се средиле во Прилеп, битолчаните во Битола...итн...а во државата да има една демографска рамнотежа.
за жал, во право си за ова
а социјалната нетрпеливост се должи на непотребни предрасуди кои произлегоа во последниве години поради различниот начин на живот
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
ThePPPTrooper Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
АнтиКомунист..

Регистриран: 12.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 581
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThePPPTrooper Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 11:23

Those who wants to live, let them fight, and those who does not want to fight in this world of eternal struggle, do not deserve to live!
Кон врв
ThePPPTrooper Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
АнтиКомунист..

Регистриран: 12.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 581
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThePPPTrooper Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 19:17
Ќе може ли некој од постарите или поинформирани форумџии да го обајсни законот кој довел до запустување на селата и населување на градовите, мислам дека се викал Закон за аграрна реформа и колонизација, не сум сигурен, барав на нет, но нема некои поголеми информации...
Those who wants to live, let them fight, and those who does not want to fight in this world of eternal struggle, do not deserve to live!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 19:21
Да беа живи Колишевски и Мојсов можеби ќе добиеше некоја поконкретна информација....не%20знам
Ако воопшто постоел тој Закон...може и за тоа не лажеле...намигнување
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
ThePPPTrooper Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
АнтиКомунист..

Регистриран: 12.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 581
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThePPPTrooper Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 19:23
Морам да одам на гости сега, ќе барам кога ќе се вратам голема%20насмевка

Изменето од ThePPPTrooper - 12.Јануари.2010 во 19:23
Those who wants to live, let them fight, and those who does not want to fight in this world of eternal struggle, do not deserve to live!
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 19:47
Секако дека најсуштествена мерка која во областа на земјоделското стопанство изврши коренити промени во позитивен правец, беше донесувањето на Законот за аграрна реформа и колонизација на 23 август 1945 година од страна на Привремената народна скупштина на Југославија (ПНСЈ), како и на Законот за ревизија на доделувањето земја на колонистите и аграрните интерсенти во Македонија и Косовско-метохиската облат,<Исто таму, Год. 1, број 56, 5. VIII 1945; Архив југославије (во натамошниот текст АЈ), Београд, ф. 97-309.> донесен нешто порано од првиот, односно на 3 август 1945 година во Белград. Во него се третираше прашањето за колонистисте и аграрните интересенти во Македонија и Космет. Според него, колонистите и месните корисници на аграрната реформа извршена пред 6 април 1941 година на територијата на Македонија, го губат правото на сопственост на земјата што им била доделена, под одредени услови пропишани со овој Закон. Посебно значаен белег во овој Закон, како и на другите закони сврзани за аграрната реформа и колонизација, беше тоа што приоритет за добивање земја имаа пред се' безимотните и малкуимотните селани, инаку борци од НОВ, и семејства на жртвите на фашизмот.<Исто таму, Год. 1, бр. 68, 7. Х 1945 г. “Уредба за редот на првенството во одделувањето на земјата”, с. 667-668; АЈ, Београд, ф. 97/1.>

Одлуките за експропријација се преземени од локалните аграрни комисии на јавни расправи со актувно учество на заинтересираните страни што требаше да добијат земја. Според француски гледишта, аграрните комисии донесуваат одлуки во рамките и во духот на Законот за аграрна реформа.< Archives diplomatique... Nantes... vol. 8. Новите сопственици на добиената обработлива земја беа обврзани да ја обработуваат, а секакво оттуѓување, продавање или давање под наем беше строго забранет>

Според некои податоци, со аграрната реформа е создаден крупен земјишен фонд од експропријаните имоти на големопоседниците, од поседите на банки, манастири, цркви и друго, што најдобро го илустрира подолу изнесениот преглед.Според други податоци, во НР Македонија за распределба имало земја во износ од 71.000 ха за спроведување на аграрната реформа. Од тој фонд, 18.053 ха биле распределени на безимотните и малкуимотните селани во првата фаза, а потоа од 36.191 ха земја е создаден државен сектор на социјалистичкото земјоделско стопанство на кое му се доделени 24.942 ха земја, а на државните стопанства и селските работни задруги 7.930 ха. Фондовите земја за распределба не беа во можност да го задоволат гладот по земја на 117.757 сиромашни селани, односно 70,84% од земјоделското население. Тоа значи на еден селанец просечно се паѓало по 1,74 ха земја, што претставува минимум, потоа имало 44.567 средни земјоделци, односно 27,04%, што поседувале 309.922 ха земја или 52,38% од обработливите површини, и богати селани - 3.480 поседници што држеле во сопственост 70.259 ха односно 11,87% од вкупните обработливи површини.

Основната цел на оваа аграрна реформа беше да се задоволи гладот за земја на сиромашните селани, потоа да се зголеми и унапреди земјоделското производство и, што е најзначајно, со реформата да се создадат неопходните услови за создавање и развој на социјалистичкиот сектор во земјоделството. Според овој Закон за аграрна реформа и колонизација од 23 август 1945 година, според француски согледувања, се предвидуваше 50.000 утра конфискувана земја (утро е мерка за површина и едно утро содржи 57.547 ари, а еден ар содржи сто метри квадратни) во Бачка и во Срем (Војводина) да им се разделат првенствено на борци од Народноослободителната војна, инаку посиромашни селани од Македонија и од другите краеви на тогашна Југославија,< Archives diplomatique... Nantes... vol. 8 - белешки и документарни студии...> а за што на располагање имале околу 70.000 куќи во селата во Војводина, Барања и Славонија кои биле напуштени пред се' од жители со германско потекло т.н. фолксдојчери и од други соработници на окупаторот во текот на германската окупација на Југославија. На 29 август 1945 година со законски акт е основан Аграрен совет со задача да раководи со аграрната реформа и колонизацијата. До крајот на мај 1946 година 40.000 семејства со околу 210.000 лица беа населени во Војводина.<Исто таму...> Според истиве француски извори, во средината на 1946 година нивниот број е зголемен на 45.000 семејства со околу 250.000 лица. Во почетокот на 1948 година 42.194 семејства, дојдени од разни региони на југославија, вклучувајќи ја и Македонија, беа колонизирани во Војводина, а вкупниот број на колонизирани семејства од Југославија, според француски извори, изнесуваше 65.000 и нивното потекло беше од сите краеви: Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.

Многу југословенски официјални архивски извори, состојбата на преселените колонисти во Војводина до 1 ноември 1946 година од сите краишта на Југославија изнесуваше 43.472 семејства односно 235.123 лица, од кои од Македонија 1.575 семејства односно 9.244 лица.<Архив Југославије, Београд, фасц. 97/1-10 - Извештај о стаљу пресељених колониста на територију Војводине. Преглед пресељавање ранијих колониста Космета и Македоније - За овие прегледи, како и поопширно за аграрната реформа види: Лазар Лазаров, општествено-економскиот развој... цит. дело; истиот автор. Општествено-политичките организации... цит дело.>

Првите форми на земјоделски задружни кооперации на територијата на Македонија, според француски извори, се основани непосредно по ослободувањето 1945 година. Меѓутоа, за да се сфати процесот на формирањето на земјоделски задруги и кооперации од општ тип, треба да се нагласи дека тие постоеја и пред Втората светска војна, беа основани под различни форми на земјоделско организирање. Новите земјоделски задруги и кооперации во основа имаа за цел и задача да го зголемат кооперативниот задружен сектор, да ги унапредат средствата за производство и да го усовршат и зголемат производството во областа на земјоделството. Така, за секое село или група помали села биле основани такви земјоделски задруги и кооперации со обврска да ја подготват трансформацијата на земјоделското индивидуално производство во кооперативно-задружно производство од општ тип. На крајот на 1948 година, според анализите на француските експерти, како и од официјалните податоци од Министерството за земјоделство на Македонија и Југославија во целина, се гледа дека биле основани 3.862 земјоделски задруги и кооперации од општ тип со преку 2,3 милиони семејства, односно тоа значи дека била постигната опфатеност на сите селски семејства во земјата.< Archives diplomatique... Nantes... vol. 8. >

Системот на колективизација што започна во 1949/50 година во Југославија најмногу напредуваше и дојде до израз на територијата на Македонија: “бројната состојба на новоформираните колективи особено се зголеми во текот на 1951 година опфаќајќи 62% од обработливата површина”, додека колективизацијата за целата територија на тогашна југославија не поминуваше ни 25% од обработливата површина. Затоа француските експерти го поставуваат отворено прашањето: “како да се објасни оваа исклучителна состојба во Македонија, дали е резултат на слепото извршување на директивите од југословенското раководство и притисоците од надлежните органи во Македонија над македонското селанство или можеби на недоволниот и организиран отпор против ваквиот погрешен систем”.<Исто таму...> Отпорот против колективизацијата се зголеми и стана очигледен во текот на 1952 година, кога селаните бараа да ги напуштат колективите. Тогаш, според француските аналитичари, сојузната влада на Југославија примени сила и други принудни мерки и методи за да опстои колективизацијата.<Исто таму...> Владините директиви се состоеја во колективизација на сите гранки во областа на земјоделството. Извесни нејзини олеснителни мерки за задругарите во директивите беа да не плаќаат данок на доход, туку само на 3% од производстото и сл., но и овие мерки не ги дадоа очекуваните резултати да се сочува и унапреди системот на колективизацијата.<Исто таму...> Незадоволителните резултати во новоспроведениот систем на колективизација, а посебно отпорот на селаните, ги принуди југословенските раководни власти да се обидат да ги задоволат и богатите и сиромашните селани, односно за богатите селани се избра решение да се легализира распуштањето на земјоделските колективи врз основа на Одлуката од 30 март 1953 година, а за сиромашните селани настојуваа да останат како земјоделски работници и, што е најзначајно, ја ограничија сопственоста на земјата до 10 ха.<Исто таму... Nantes... vol. 8. Иако оваа одлука е донесена во март 1953 година, таа била очекувана и за неа се знаело уште од 1952 година, што го признава и самито Едвард Кардељ во својата статија во в. “Борба”, од 29 март 1953 година, при што нагласува дека се слуша многу често сред јавносто мислење дека колективите се создавани со сила и дека всушност целта на колективизацијата била да се трансформира земјоделството во социјалистичка ориентација на здружниот систем.>

Француските официјални аналитичари во развојот на Македонија разграничуваат два периода. првиот, до 1948 година, односно до Резолуцијата на Информбирото и вториот, по Резолуцијата па навму.<Исто таму...> Така, во периодот по Резолуцијата доаѓа до зголемување на цените и нивната либерализација, а посебно на прехранбените животни намирници, што осетно се одрази на и онака нискиот стандард на населението. <Исто таму...>

Трансформацијата и развојот на здружниот сектор во земјоделството, според согледувањата и оценките на францускиот амбасадор во Белград, од 1948 година го попречуваа две основни пречки што властите не ги прикриваа. едната од овие пречки е материјалната ограниченост, а таа се одразила и со недостиг од земјоделска механизација, а втората пречка е психологијата, односно селанецот гледаше со недоверба на новите реформи што му се нудат и на фаворизирање на задругарството од дрржавата по секоја цена, а посебно “што селаните се должни да и' предадат на државата повеќе од 50% од нивната раколта”.< Archives diplomatique. де Министере дес аффаирес етрангерес... Paris... serie З Europe, sous-serie, Yougoslavie, vol. 76 - Б. Епинат - француски амбасадор во Белград, 11 октомври 1948 година, предмет: “Селанското прашање во Југославија” - до својата екселенција г. Роберт Шуман - француски минстер за надворешни работи - Париз.> Така, според изнесувањето на Лазар Колишевски на седницата на извршниот совет на НР Македонија посветена на земјоделството од ноември 1955 година, во француските извештаи се истакнуваат две основни причини за незадоволителните резултати во земјоделството, од една страна, недостиг на квалификувани кадри и од друга, лошата организација на овие земјоделски задруги, но сепак проблемот со кадрите е значаен, бидејќи земјоделските задруги рапсолагале со 21.000 ха обработлива земја а имале само 7.000 земјоделски работници од кои најголемиот дел се неквалификувани.<Исто таму...>

Ваквата погрешна политика мошне негативно се одрази врз земјоделството што се наоѓаше во фаза на опаѓање наместо посакуваната ревитализација, а беше очекувано и осиромашувањето на земјоделското население: “за да се отклони оскудицата со животни намирници и да се изнајдат основи за индистријализацијата, владата се нафрлува исклучиво на селаните принудувајќи ги да даваат задолжителни делови од приносите... со еден прогресивен данок што достигаше и до 80% од нивниот доход, кој веќе е многу опаднат...,...владата пристапи и со други ирационални акти и во 1948/49 година пристапи кон колективизацијата, т.н. “доброволна”, чии резултати ќе бидат катастрофални во сите сфери на животот, а посебно во ревитализацијата на населението...,...ова беше владеење на некомпетентните...”.< Archives diplomatique... Nantes... Fond, Etat General des fonds... serie, Скопје, vol. 9... Белешки и документарни студии...> Овие француски согледувања и оценки колку и да се преостри, сепак не се далеку од реалноста.

Изменето од mungos80 - 12.Јануари.2010 во 19:48
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 19:49
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 19:50
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Уставен суд
 
 
И јас го читав истото...и не сум знаел дека тие закони потекнуваат од 1946....изненадување
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2010 во 23:15
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 19:06
Интересна тема во однос на развојот,т.е. уништувањето на македонското општество,како држава на повеќе етникуми,а во основа без одредена развојна ,би рекол национална свест.Овде би се надоврзал и на прашањето за бугаризацијата на македонецот кој по потрага за егзистенција не бира средства што и како ќе се пише или декларира,па така денес имаме доста млади Бугари,со нивни дипломи кои веќе работат во нашите школски институции,ги образоваат нашите поколенија,а се разбира резултатите ќе ги видиме покасно како и оние што ги гледаме од аграрната реформа која се спроведувала во некое минато време.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
ThePPPTrooper Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
АнтиКомунист..

Регистриран: 12.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 581
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThePPPTrooper Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 20:19
Развојот на демографската структура на населението во Република Македонија е многу интересен, динамички, и разновиден главно поради извонредната географска позиција на нашата земја во централниот дел на Балканскиот Полуостров, начинот на кој населението е распоредено, етничките карактеристики, и бројните политички, социјални, и економски промени.
Не постојат официјални пописни податоци за бројот на населението во Република Македпнија во 19от век и во првите 20 години од 20от век. Како и да е, врз основа на испитувања, проценки, и калкулации, забележано е дека во 1900 година имало 908.000 жители во областа на сегашна Република Македонија, а во 1931 имало околу 940.000 жители.
Првите официјални пописи се направени помеѓу двете Светски војни, кога Вардарскиот дел на Македонија го претставуваше Вардарската регионална единица управувана од Бан. Така, на пример, сопред пописот од 1921, вкупнипт број на жители во Македонија бил 808.724. Во следнипт попис од 1931, бројот на жители се зголемил до 949.958.
По завршетокот на Втората светска војна, во Република Македонија се организирани седум официјални пописи. Според нив, бројот на жители постојано се згплемува, што може да се види табелата:





Изменето од ThePPPTrooper - 13.Јануари.2010 во 22:00
Those who wants to live, let them fight, and those who does not want to fight in this world of eternal struggle, do not deserve to live!
Кон врв
ThePPPTrooper Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
АнтиКомунист..

Регистриран: 12.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 581
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThePPPTrooper Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 20:49
Западниот дел на Република Македонија покрива површина од 43.1% од вкупната површина на земјата. Овој регион исто така има најголем број на населби, 47.2% од вкупнипт број. Во 1994, 39.0% од вкупното население на Република Македонија живеело во овој регион. Западниот регион на Македонија е значително населен со Албанско население. Поголемиот дел од порастот на населението во овој регион се должи на високата стапка на пораст помеѓу Албанското население и големиот број на имигранти од Косово. Населението во западниот регион на Македонија се покачил за 268.611 жители или 54.6% од 1961 - 1994 година.
Источниот дел на Македонија покрива 27.4% од вкупната површина на Република Македонија. Има најмал број на населби, кои се 26.6% од вкупниот број. Источниот дел на Македонија е помалку населен регион, со само 18.5% од вкупното население во нашата земја. Од 1961, бројот на населението се зголемил за 57.259 жители, или само 19.0%.


Изменето од ThePPPTrooper - 13.Јануари.2010 во 22:08
Those who wants to live, let them fight, and those who does not want to fight in this world of eternal struggle, do not deserve to live!
Кон врв
ThePPPTrooper Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
АнтиКомунист..

Регистриран: 12.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 581
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThePPPTrooper Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2010 во 21:33
Врз основа на демографското “ПРАВИЛО НА 70” (логаритамот на Непер од 2 близок до 0,70), според кое за 1 % годишно природно салдо бројот на населението ќе се дуплира на секои 70 години, со 2 % годишно природно салдо бројот на населението ќе се дуплира на секои 35 години (70 : 2) итн. Кога годишната стапка на прираст е поголема од 2,8 % се констатира демографска експлозија.

Во случајот на констатираниот годишен прираст на албанското население од 4,75 % (за периодот 1953 - 1994), според ова правило, бројот на населението ќе се дуплира на секои 14,75 години или на секои 15 години, додека македонското население, со просечен годишен раст од 1,46 % ќе се дуплира на секои 48 години. Од ова произлегува дека може албанската етничка група да стане мнозинско население по 2025 година. Почитувајќи ги демократските права на наталитетот и просторот не е тешко да се заклучи дека еден ден може да дојде до “внатрешна инвазија”.

Според овие прогнози, кои не ги земаат предвид и ефектите од мултипликацијата на актуелниот раст на населението, во 2025 година вкупниот број на Македонци би изнесувал 1.757.703, додека бројот на албанското малцинство би изнесувал 710.510 жители.


Изменето од ThePPPTrooper - 13.Јануари.2010 во 22:32
Those who wants to live, let them fight, and those who does not want to fight in this world of eternal struggle, do not deserve to live!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.