|
Спортска наука. |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еве и реализација на ударот уширо + блок со колк.
http://www.youtube.com/watch?v=RB-afURlP9w&feature=related |
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кошарка. Како правилно да шутираме, а сликата на шахата ја има во сликата на членот кој го постирал видеото, значи исто како стискање, а потоа шут спрема главата, а главата спрема кошот.
http://www.youtube.com/watch?v=lcS7XImX1IM |
|||
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Единствено играм фудбал...Другото не се замарам баш....Е сега, што не ме бива, тоа е друга работ,ама знам некои основни работи, како правилен шут, одбрана, дриблинг (е тука посебно растурам) итн...Доста се испофалив...
|
|||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако, ако супер е за женско да знае фудбал... Фудбалот ги јакне нозете и колковите. Шутот дава цврстина на стапалото. Подавањето волја за дисциплина и несебичност. Дриблингот, го релаксира мозокот. Одбраната ги зајакнува градите, во случај на примање на топката. А фалењето, е фалењето е света работа, треба почесто да си се фалиме, оти ако ние не се пофалиме тогаш кој ќе не пофали... |
|||
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
За фалењето си во право Инаку кога и да играм фудбал, сите се разбегуваат од терен...Најверојатно несакаат да настрадаат, а тоа ептен често се дешава Сега во последо време и не играм толку...Во шмизла фазон сум, ама планирам да се поправам |
|||
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ооо па ти се си испомешала, нели знаеше дека сега работа на машките е да се шмизлат...? |
|||
MaRgRini
Група Регистриран: 06.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 70 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ajde nesto za tenis sega. Znajme deka site igraci igraat razlicno no ima tuka nekoja tehnika a i mozokot e atkivet ,se igra planirano HaaA?
|
|||
DDarko
Сениор Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
од тенис појма неам знам нешо пинг понг така малку...
|
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
еве ги основните правила на тениската игра во синглови и двојки: 1.Терен Тенис се игра на поле во форма на правоаголник со должина од 23.77метри и ширина од 8.23метри за синглови, и 23.77х10.97 за двојки. Мрежата е растргната на средината на игралиштето, а висината е 1.07 кај краевите и 0.91 кај средината на мрежата. 2.Линии Играчите започнуваат еден спроти друг од двете страни на мрежата. Еден го започнува поенот(сервер), а другиот чека серверот да сервира (рисивер). Двете линии што се наоѓаат од страната по должината на игралиштето ги одредуваат пропорциите на полето за сингл/дабл. Внатрешната линија е за синглови, а надворешната за дабл-игра. Линија којшто го сече полето на едниот играч на два дела се нарекува сервис линија, поради тоа што сервисот не смее да оди подалеку од таа линија. 3.Начин на рачунање на поените 1 гем - 4 освоени поена (15, 30, 40, гем.) 1 сет - 6 гема Мечот трае во зависност од тоа колку сета треба да се освојат за да се победи. На големите натпреварувања за жени победата значи освојување на 2 сета, а кај мажите треба да се освои 3 сета. Серверот и рисиверот си ги менуваат улогите на еден гем. Изменето од bijonse1 - 12.Декември.2009 во 23:06 |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
еве нешто за жените:
Кинезиологијата или со други зборови спортската наука потврдува дека луѓето кои се движат или физички се активни, односно спортуваат или вежбаат имаат подобро здравје и подолг живот. Физичката активност преку фитнес програмите за вежбање или спортувањето поврзано со натпревари е од особено значење за секоја жена во современото општество. Овие активности и кај мажите и кај жените вршат позитивни промени и од биолошки и од психолошки, а и од социолошки аспект. Кај нас вежбањето на жената во однос на мажот е изедначено од раѓање до стапување во брак. Потоа, голем број жени заради обврските со семејството се откажуваат од спортските активности, со што се создаваат и некои здравствени проблеми. Без оглед на возраста, за секоја жена може да се направи фитнес програма за вежбање, која во комбинација со оптимална исхрана ќе овозможи слабеење и формирање на подобра фигура и убавина со поголемо позитивно расположение и зајакнато здравје. Заради биолошките специфичности на жената се препорачуваат посебни програми за вежбање за време на менструалниот циклус, за време на бременост, како и за периодот на климактериум. Голем број научни истражувања ги потврдуваат позитивните ефекти кај жените кои организирано вежбале во овие специфични периоди од животот. Гојазноста како еден поизразен проблем кај жените често пати се решава со строги диети без вежбање. Овој приод може да даде релтивно брзи ефекти, но во однос на здравјето не се препорачува. Секако дека диета комбинирана со вежбање е најдобриот начин за слабеење, каде здравјето се подобрува со позитивно расположение, со поголеми физички способности и со висок елан за работа. Кардиореспираторното, односно аеробното вежбање во комбинација со вежбите за флексибилност е најповолно за слабеење и одржување на тежината на телото во оптимални рамки. Одењето, трчањето, планинарењето, возењето велосипед, пливањето и другите циклични движења на фитнес справите претставуваат основа за избор на активности со кои ќе се постигнат позитивните промени во женскиот организам. Особено по четириесетата година, кога почнуваат климактерични промени често проследени со депресии, се препорачува фитнес програма прилагодена на здравствениот статус, со која без сомнение има големи позитивни ефекти, особено во емоционалниот живот на жената. Кај помладите жени се препорачува физичка активност со спортување или фитнес програми, меѓудругото и од превентивен аспект за ублажување или спречување на болна менструација, за полесно носење на плодот за време на бременост, за намалување проблеми со стерилност, остеопороза, проширени вени, главоболка, акни на лицето и друго. Ќе бидеме она во што веруваме, онолку колку што веруваме!................. јееееееп |
|||
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Кардиоваскуларниот или со други зборови кардиореспиратиорниот, односно
аеробниот фитнес е најмасовно применуваната фитнес компонента....................
каде вежбите се изведуваат во најоптимални услови за работа на срцето и белите дробови, а транспортот на кислород до секоја клетка е обезбеден. Сите циклични движења: одење, трчање, возење велосипед пливање, веслање се основа за кардиоваскуларниот фитнес бидејќи циркулацијата на крвта, дишењето и нервната регулација на мускулниот систем се во физиолошка хармонија, а ефектите гледано од здравствен аспект се најдобри. Без оглед на возраста, полот, физичката подготвеност и здравствениот статус овој вид на фитнес се препорачува како основа на сите фитнес програми. Со три пати неделно вежбање од по триесеттина минути за неколку месеци позитивните ефекти резултираат со генерално зајакнување на здравјето и подигнување на работната способност. Се разбира, овие ефекти ќе бидат поголеми доколку фитнес програмата биде комбинирана со оптимална исхрана. Овој начин на вежбање особено е најефикасен за луѓето со поголема телесна маса заради вишок на масно ткиво. Одењето, трчањето и возењето велосипед, покрај во природни услови, може да се изведуваат и на фитнес справи во домашни услови на мал простор, а со исти ефекти. Подвижната лента односно тредмилот, орбитрекот и фиксниот велосипед се едни од најефикасните справи за кардиоваскуларниот фитнес, бидејќи за секоја личност според индивидуаланите физиолошко-биомеханички карактеристики може да се регулира оптоварувањето. Топењето на мастите е голема потреба за многу од нас, а најефикасната фитнес зона за таа намена е кога срцето работи од 60-70% од максималната фрекфенција. Според повеќе истражувања потврдени во практика максималната срцева фрекфенција односно максималниот пулс за секоја особа се одредува кога од бројот 220 за машките и 226 за женските ќе се одземат годините. Кога се поврзува вежбањето со исхраната се препорачува кардиоваскуларниот фитнес да се изведува во предпладневните часови од денот кога сеуште организмот е во фаза на елиминација на распадните продукти од исхраната од претходниот ден. Во тој период покрај вежбањето кое врши прочистување на организмот и овошјето помага во детоксификацијата од метаболичките процеси. Вишокот на енергија од исхраната да не се создава во масно ткиво, исто така, покрај овошниот доручек се препорачува во попладневните часови земање на скроб со зеленчук, а последниот оброк може да е комбинација од белковина и зеленчук. Ваквиот приод во исхраната од искуство покажува позитивни здравствени ефекти и оптимално трајно одржување на телесната маса, каде количината на земање храна нема поголемо влијание. Овој начин на вежбање со консумирање на храна која не е многу мешана, без сомнение дава многу позитивни ефекти во подобрување на срцевата и белодробната функција, со намалување на крвниот притисок и холестеролот, со подобрување на крвната слика и имунитетот како и намалување на психичките проблеми................... |
|||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |