IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Фито терапија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фито терапија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2010 во 16:58
Бреза – лековита билка

Брезата (betula pendula) е билка со тенки, витки гранчиња и бела мазна кора, која може да се лупи на листови, тенки како лист хартија. Безата може да израсне од 10 до 25 метра во височина. Цветните реси се долги 3-4 sm, а се развиваат заедно со лисјата.


Постојат две врсти на бреза: бела или обична бреза и цветна или северна бреза. Во фитотерапијата и двата вида на бреза имаат еднаква вредност и примена.

За лек се собира сокот, ресите, листовите и кората. Сокот се вади кон крајот на февруари и во март. Лисјата се бераат во пролет, кога се млади и потполно развиени. Тие имаат специфичен мирис и горчлив вкус. Лисјата треба да се сушат на ладно и проветрено место, а никако на сонце. Брезовите лисја содржат околу 8% танин, околу 8% шеќери, малку етерично масло, смола, горчливи материи, сапонозиди и друго.Кората се собира во пролет и есен.

Брезата е една од најдобрите диуретични билки, со многу јако дејство. Од пупките и листовите на брезата се припрема чај, кој е еден од најдобрите природни диуретици. Тој помага во исфрлањето на вишокот на водата од организмот, помага во намалувањето на отоците, кои се јавуваат поради слабост на срцето или заболувања на бубрезите. Бидејќи чајот од бреза ја зголемува функцијата на бубрезите, односно елиминацијата на водата од организмот, тпј и помага и во исфрлањето на штетните отрови од телото. Според тоа, брезата е природен „чистач“ на организмот. Воедно, чајот од бреза врши и дезинфекција на мочните патишта.

Чајот од брезовите лисја не треба често да се пие, бидејќи има и други лековити билки со слично дејство во поглед на излачувањето на урината, но тој посебно се препорачува за растварање на бубрежните каменчиња и за нивно побезболно исфрлање.

Брезовите лисја се користат многу успешно и за лекување на кожни заболувања, лишаи, ги отстранува белковините од урината, ја исфрла кислеината од организмот, па се користи како природен лек за грозница, ревматски заболувања и водена болест.


Во пролет, кога ќе почнат да циркулираат соковите, се пробушува дупка во брезовото стебло. После тоа , дупката се затвара со дрвен клинец. Од едно стебло може дневно да се собере околу 4- 5 литри сок, а околу 170 литри во сезона. Честото бушење на едно исто стебло штетно делува на дрвото, му се намалува отпорноста према габичните инфекции. Брезовиот сок е богат со шеќер, па доколку го загреваме до вриење, се добива брезово вино.

Сокот и виното од бреза се одличен природен лек за лекување на атеросклероза, гојазност, бубрежни каменчиња и други бубрежни заболувања.


Природни рецепти од бреза
Чај против водена болест:

5 g листови од бреза, 5 g рузмарин, 5 g листови коприва, 10 g коњско опавче (equisetum arvense) и 10 g листови од боровинка. Една лажица од оваа мешавина се прелива со 2 децилитри врела вода. Оладениот чај може да се заслади со мед.
Чај против ревматизам и гихт:

Применете иста количина на листови од бреза, листови коприва и кора од крушина (Rhamnus frangula). Чајот пригответе го и пиете го исто како и во претходно наведениот рецепт.
Пролетно чистење на организимот:

Од стеблото на брезата се исцедуваат 5-6 лажици сок и се меѓа со козјо мелко и мед, или со малку вино. Овој напиток се пие во пролет за прочистување на крвта.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2010 во 16:59
Еукалиптус

Еукалиптусот е долговечно зимзелено дрво, разгрането, високо над 50 метри. На едно дрво се наоѓаат два вида гранки, односно лисја.


Еукалиптус

По потекло, еукалиптусот е од Тасманија и Австралија, Но, денес се одгледува во многу земји со топла клима. Постојат преку 700 врсти на аукалиптус, а најголем број од нив доаѓаат од Австралија, додека мал број на врсти успеваат во Нова Гвинеја и Индонезија.
Лековити својства

Се користат исушени листови од дрвја стари над 3 години. Од нив се прави и етерично масло. Лисјата може да се собираат во секое време, бидејќи билката е зимзелена, но за лековити се сметаат само оние собрани кога цветаат дрвјата. Собраните листови се тврди, дебели, кожести, ситно брадавичести, со копјестојајцевиден изглед и свиткани во вид на срп. Имаат специфичен мирис, а вкусот им е ароматичен и горчлив.

Етеричното масло се добива со дестилација со водена пара на сувите листови и цветни пупки. Тоа е составен дел на разни препарати за лекување на ревматските заболувања.

Етеричното масло од еукалиптусот обично се користи како лек за смирување на воспалението на горните дишни патишта и како средство за полесно изфрлање на слузта, односно за полесно искашлување. Се користи и како течност за испирање на устата. Често етеричното масло влегува во составот на препаратите за нега и хигиена на забите.

Во ароматерапијата, маслото од еукалиптус се користи за намалување на болка, за лекување на депресија, за ублажување на астма, артрит, главоболка и како помош при откажување од пушење.

Најчесто маслото од еукалиптус може да се купи без лекарски рецепт, но во тој случај лицето треба внимателно да се придржува на советите на неговиот лекар и да ги прочита упатите на производот, затоа што прекумерна количина од ова масло може да предизвика сериозни последици.

Еукалиптусот не им се препорачува на трудниците, доилките, малите деца и доенчињата, осебно не во близнина на лицето и горните дишните патишта.

Еукалиптусот, исто така, може да предизвика алергиски реакции. Затоа доколку лицето е склоно кон алергии, треба претходно да се консултира со својот лекар. Во случај на појава на алергиски знаци, треба веднаш да се престане со користење на маслото од еукалиптус и лицето веднаш да се јави на лекар.

Кај лицата кои секојдневно користат одредени лекови, по препорака на доктор, комбинирањето на еукалиптусот и одредени врсти на лекови (на пример: седативи, антидепресиви или лекови за дијабет) може да доведе до здравствени потешкотии, па затоа е потребно тие лица претходно да се консултираат со својот лекар.

Чајот од билката се дава при воспаленија на горните дишни патишта (бронхит, бронхијална астма, трахеит, фарингит, ларингит и слично). Чајот од еукалиптус се препорачува и при воспаление на мочните патишта, бидејќи делува антисептично и антивоспалително.
Чај од листови од еукалиптус:

А лажица суви лисја се попаруваат со 300 милилитри врела вода и садот се остава да стои покриен 20 минути. Се процедува и се пие по 100 милилитри, 3 пати на ден.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2010 во 17:00
Глуварче

Глуварчето (Taraxacum) спаѓа во родот на билки и е од фамилијата Asteraceae. Тоа е повеќегодишна билка со жолти цветови.

Глуварчето успешно расте на секое земјиште, но најмногу му одговараат ливадите и тревниците, пустите места и напуштените ниви. Расте и покрај патиштата и околу населените места.

Глуварчето цвета од март до октомври.

Допирот со свежиот млечен сок може да предизвика алергиска реакција на кожата.

Глуварчето го јакне организмот и му помага на телото да се ослободи од отровите. Глуварчето е природен лек и за многу заболувања.

Уште древните народи знаеле дека глуварчето има лековити својства, а дека сокот исцеден од младото глуварче го подобрува нарушеното здравје.

Латинскиот назив на глуварчето е Taraxacum. Во превод тоа значи „дива салата“, бидејќи неговите здрави листови оддавна се ценети во исхраната.

Глуварчето е познато по својата лековитост. Но, тоа е и многу хранлива билка богата со витамини А, Б, Ц, со минерали (посебно со калиум, натриум и магнезиум) и со органски киселини. Пролетната салата од глуварче се прави од сосема млади листови, кои се берат пред цветањето на билката и надвор од населените места.

Во народната медицина, глуварчето се применува за јакнење на организмот и за пролетно чистење на крвта. Од него може да се прави чај, сируп или вино.

Коренот од глуварчето има сложен хемиски состав. Млечниот сок од глуварчето содржи: хетерозиди, јагленохидрати, минерали, и други корисни состојки, па често се користи за лекување на камен во жолчната кеса, камен во бубрегот, за атеросклероза и многу други заболувања.
Глуварче за чистење и јакнење на организмот

На лицата со нежно здравје им се препорачува салата од свежи, сосема млади листови и корен од глуварче, зачинета со лимонов сок и маслиново масло. Ваквата салата или чистиот сок од глуварче ја прочистуваат крвта, ја подобруваат крвната слика, како и го чистат организмот од наталожените отрови. По ваквото чистење на организмот доаѓа до ублажување на реуматските симптоми и исчезнување на многу кожни заболувања, кои се често последица на загаденоста на организмот со токсини.
Глуварче како природен лек за атеросклероза и камен во бубрегот

Во современата медицина глуварчето има големо значење како средство кое помага во нормализацијата на размената на материите во организмот. Со тоа, глуварчето делува благотворно при некои заболувања, како на пример при: гихт, реуматизам, кожен осип, фурункулоза (гнојни чиреви на кожата) и гојазност.

Во Бугарија, глуварчето широко се применува и како средство за лекување на атеросклерозата, а глуварчето во Германија и Полска се користи и како природен лек против каменот во бубегот и како еликсир во периодот на реконвалесценцијата (опоравувањето) по прележаните тешки инфективни заболувања.
Глуварчето за подобар апетит и подобро варење на храната

Листовите на глуварчето се богати со каротиноиди, со витамини како. А, Б1, Б2 и Ц, со минерали (посебно калиум, калциум и магнезиум), стеарини, инсулин, каучук, холин, органски киселини, соли на калиум и калциум и смоли.

Горчливите материи од билката го подобруваат апетитот и го подобруваат варењето на храната. Исто така, глуварчето, како и сите други горчливи билки, го стимулира излачувањето на жолчката.
Глуварчето како природен лек за црниот дроб и жолчната кеса

Коренот и листот од глуварче се користат во лекувањето на болестите на црниот дроб и жолчната кеса, за лекување на камен во жолчната кеса, како и како природен лек за колит (воспаление на дебелото црево), жолтица, запек... Коренот се собира во пролет, кога е најсочен, а листовите се берат пред цветањето на билката.
Глуварчето како сировина за добивање на лекови

Во современата медицина и во фармацевтската индустрија, коренот од глуварчето се користи како сировина за добивање на лекови, бидејќи истражувањата и фитохемиските студии покажале дека тој содржи: горчлив гликозид тараксицин, полисахариди, инсулин, сахароза, белковини и многу други корисни материи.
Глуварчето како додаток на јадењата

Младите листови од глуварчето може да се додаваат и на други свежи салати, да се ставаат во чорби, да се од нив прават вкусни и здрави сосови и да се додава на месото печено на жар.

Правите гурмани тврдат дека закиселените или маринирани цветни пупки од глуварчето се одлични за правење на разни вкусни и здрави сосови и преливи.

Лековите на база на глуварче не треба да се земаат подолго од месец и пол дена, бидејќи прекумерната доза може да ги оптерети органите за варење и да предизвика несакани ефекти. Ако се користи во препорачаните количини, глуварчето е еден од најјаките лекови од природата.

За лек треба да се користи глуварче кое расте во чиста средина. Урбаното глуварче го филтрира загадениот воздух и ги апсорбира отровите, па затоа не се препорачува, бидејќи може повеќе да му наштети отколку да му помогне на организмот.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,656 секунди.