IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - "Изгубените" години Исусови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

"Изгубените" години Исусови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 8>
Автор
Порака
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2009 во 13:55
Originally posted by Majkl Majkl напиша:


Изричито се укажува на тоа дека Исус од Назарет никогаш не патувал некаде за да изучува некакви духовни мудрости или спиритуални техники. Тој бил самиот отелотворена Божја Мудрост и благодат па соодветно на тоа немало никаква потреба истата да ја изучува. Но активностите кои се вистински битни се претежно токму оние кои ги наоѓаме во Евангелијата.


Суштината ,т.с целата галама околу оваа тема која најповеќе ја туркале теозофите ,а по нив како папагали и сите NEW AGE групи,е што сака да се каже дека Господ Исус Христос всушност и не кажал ништо ново туку дека само копирал од учењето и религијата на Индија(како од хинду така и од будизмот).
Тука лежи суштината на сите тие такви тврдења,а тоа е да се отфрли Еванглието.
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 03:51
Sushtinata e deka vernicite se plashat oti istrazhuvanjata kje otkrijat raboti koi mozhebi kje ja dovedat vo somenezh nivnata vera. Znachi branenjeto i zadrzhuvanjeto na dogmata, po sekoja cena, e povazhno od pronaogjanjeto na vistinata.

Bidejki verata ne e nauka da se bazira na fakti, tie ne se potrebni za nejzinoto postoenje. Ushte povekje, tie mozhat da bidat kontraproduktivni, pa i destruktivni. Zatoa, drzhenjeto ponastrana od niv, kako i nivnoto postojano agilno kritikuvanje i anatemisuvanje e najsigurna garancija za neprecheno opstojuvanje na organiziranata i institucijaliziranata religija.

Za vernikot najbolnoto neshto e soochuvanje so fakti i argumenti koi bi go dovele vo prashanje negovoto veruvanje. Zatoa za nego sekogash kje bidat eres site dokazi i istrazhuvanja, bez obzir kolku da gi ima i kolku da se ochebijni vo svojata prezentacija.

No ima i takvi lugje za koi otkritijata se intrigantni i inspirativni, bez da ja dovedat vo prashanje esencijata na nivnoto versko ubeduvanje. Bez obzir dali vo Isus se veruva kako vo Bog ili kako vo prosvetlen chovek, nesporen fakt e deka toj bil najvazhnata lichnost koja postoela na zemjava. Toj e chovekot chij sto zhivot kontinuirano i sekojdnevno ima najznachno vlijanie vo svetov.

Изменето од Messenger - 25.Март.2009 во 06:07
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 11:43
Ако зборот религија и вера си ги заменил со зборот култ,не би можел повеќе да се сложам со тебе месинџер!
Страв од критичко размислување,истражување и разговор со луѓе кои не се согласуваат со нашите ставови(понекогаш и дури могу радикално различни) не е својствено за верниците од, како што велиш, "организираната религија"(иако мислам дека терминов не е најсреќно одбран, но ОК..).
Психолошки нестабилни личности,многу несигурни во себе и идеалисти од најразличен ков се луѓе кои,како што велиш, "се плашат од истражување".Затоа и луѓето со ваквите "квалитети" се најомилена целна група на култовите.
Зашто го велам ова?
Ајде ко за проба обидисе аргументирано да разубедиш дека е во заблуда: јеховин сведок,муновец или пак член на комаја.
Првиот повторува како папагал(ко касета да голтнал!)и не ти дава да дојдеш до збор.Така да ако сте чуле еден пионер јеховин сведок сте ги чуле сите.
Вториот има НАРЕДБА да избегнува луѓе кои го критикуваат нивното движење(и бај д веј и луѓе кои ја прочитале Библијата).Додека третиот цело време се' се сложува со тебе (иако кога те гледа изгледа као да гледа низ тебе!) па послем да сфатиш дека уствари и не те ни слушал!   
И сега ај спореди го тоа кога си разговарал со православен(кој живеет светотаински живот),протестант(од класичните деноминации)па и ортодоксен муслиман.
Тие навистина те слушаат,го уклучуваат мозокот размислуваат за тоа што го велиш и на крај критички разговаараат за тоа.
Со други зборови на "организираната религија" не и требаат луѓе со на почетокот спомантите "квалитети" (кои ги сакаат култовите),да ја бранат религија и верата од друговерците.
Најчесто таа психолошка нестабилност и страв немаат врска со Бога и со верат туку се нешто на лична психолошка база,и секако дека треба да им се помогне на таквите луѓе.Но навистина е смешно за тој страв од "другиот и другото верување" да се обвинуват верниците генерално.
Демек не размислувале критички и се плашеле од "доказите".
Исто така потполно се сложувам со твојот став дека Исус е најважната личност што постоела на земјава,но со напомена дека има И ТО ТЕ КАКВА КВАЛИТАТИВНА РАЗЛИКА од тоа да се верува во него како Богочовек или само како просветлен,но сепак само обичен човек.
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 00:31

Ne postojat "izgubeni" godini od Isusoviot zivot. Vo Biblijata pisuva deka posle vrakanjeto od hramot koga Isus imal 12 godini , koga vo Erusalim se praznuvalo praznikot Pasha,togas se vratil so svoite roditeli vo Nazaret, napreduval vo mudrosta, vo telesnoto rastenje i vo milosta pred Bog i lugeto. Toj bil poznat vo Nazaret kako drvodelecot( vidi vo Marko 6:3), sto znaci deka se do pocetokot na svojata sluzba za Bog, Toj ziveel vo Nazaret i bil poznat kako sin na drvodelecot Josif, a ne kako "svetskiot patnik". Toj si ziveel skromno vo Nazaret i go nasledil tatkoviot zanaet, drvodelstvoto.

"I sleze so niv, pa dojde vo Nazaret ; i im bese poslusen.
A majka mu gi pazese site tie zborovi vo srceto svoe.

Isus , pak, napreduvase vo premudrosta i vozrasta, i vo blagodatta pred Boga i kaj lugeto"(Luka 2:51,52).

Znaci , nema nikakvi izgubeni godini, toj se do pocetokot na svojata sluzba za Bog ziveel vo Nazaret i bil poznat kako drvodelecot...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 06:04
Кинг Давид - многу едноставен и многу точен одговор на поставената тема.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 17:09
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Ne postojat "izgubeni" godini od Isusoviot zivot. Vo Biblijata pisuva deka posle vrakanjeto od hramot koga Isus imal 12 godini , koga vo Erusalim se praznuvalo praznikot Pasha...  ... ( vidi vo Marko 6:3), sto znaci deka se do pocetokot na svojata sluzba za Bog, Toj ziveel vo Nazaret i bil poznat kako sin na drvodelecot Josif, a ne kako "svetskiot patnik". Toj si ziveel skromno vo Nazaret i go nasledil tatkoviot zanaet, drvodelstvoto.

Znaci , nema nikakvi izgubeni godini, toj se do pocetokot na svojata sluzba za Bog ziveel vo Nazaret i bil poznat kako drvodelecot...

А не, КингДавиде. Не си во право. Нешто се имаш збунето или не си разбрал најдобро!намигнување
Тоа што велиш дека Исус имал 12 години не е точно, бидејќи 12 години било старо девојчето кое Исус го оживеал (или ако сакаш „го разбудил“ од спиење, бидејќи според Него, тоа не било умрено туку спиело - Марко 5:30), а тоа е убаво кажано во Марко 5:42, каде децидно стои: „ И девојчето стана веднаш и почна да оди, зашто имаше 12 години ...“!
А за она Марко 6:3, во право си дека така пишува, дека неговите назареќани не го препознале, па се прашувале „Не е ли овој дрводелец, Синот на Марија ...“, но како доказ за „твојата“ теорија ова не е одржливо, бидејќи ако Исус бил постојано присутен со нив (ако не бил долго време некаде настрана) тие немало за што да се прашуваат дали е тоа тој. Овака, бидејќи тие веднаш неможеле да го препознаат (после неколку години тој пораснал и ликот му се променил), затоа се прашувале „нели е овој ...“!

Што се однесува до „изгубените години“, верувам дека Исус ја имал посетено Индија и дека од таму имал попримено од нивната филозофија.
Впрочем, ако го споредиме неговото однесување, неговото учење за мирољубивост, за мирно прифаќање на неправда и насилство (ако некој те удри по левиот образ, ти нему заврти му го десниот...) со однесувањето и учењето на Махатма Ганди (мирно прифаќање на тортурата од британците и примена на ненасилен отпор), ќе забележиме голема сличност. Значи постои голема веројатност Исус да ги прифатил тие староиндиски учења, за подоцна да ги примени во својот роден крај.
За неговото патешествие (но и за многу други работи во врска со него) има убаво напишано во книгата: „Мемоарите на Понтиј Пилат“

(Оваа книга ја прочитав пред 4 години, но не беше моја, па би сакал да ја имам. Дали некој ја има, или пак знае каде да се најде?)

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 19:01
Златник - на ова се однесуваше коментарот на Давид (Лука 2):
41 И секоја година Неговите родители одеа во Ерусалим на празникот Пасха.
42 Кога му беа пак дванаесет години отидоа, според обичајот во Ерусалим, на празникот.
43 И кога ги поминаа деновите, на враќање дома, Детето Исус остана во Ерусалим, а Неговите родители не знаеја за тоа,
44 туку, мислејќи дека е меѓу сопатниците, изминаа еден ден пат и Го бараа меѓу роднините и познатите.
45 И кога не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го бараат.
46 И по три дни Го најдоа во Храмот како седи меѓу учителите, ги слуша и ги прашува.
47 А сите кои Го слушаа им се восхитуваа на Неговиот ум и на одговорите.
48 Кога Го видоа се зачудија и мајка Му Му рече: „Чедо, што ни направи така? Гледај! Татко Ти и јас се измачивме, барајќи Те.”
49 Тој им рече: „Зошто Ме баравте? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она, кое што е на Мојот Татко?”
50 Но тие не го разбраа зборот што им го рече.
51 И слезе со нив и дојде во Назарет, и им беше послушен. А Неговата мајка ги чуваше сите тие зборови во своето срце.
52 А Исус напредуваше во мудрост, во растењето и во благодатта пред Бога и пред луѓето.


За потоа во Лука 4 да рече:
14 И Исус се врати, во силата на Духот, во Галилеја и гласот за Него се разнесе по целата околина.
15 А Тој поучуваше по нивните синагоги и сите Го прославуваа.
16 И дојде во Назарет, каде што беше пораснал; влезе во саботен ден во синагогата, според Својот обичај, и стана да чита.

Прашањето кое го поставуваат:
22 И сите Му посведочија и им се восхитуваа на благодатните зборови, што излегуваа од Неговата уста. И велеа: „Не е ли Овој Синот Јосифов?”

Не се однесува на тоа дали го познале или не - а е поскоро форма на потврда, особено ако се има во предвид дека Исус навистина изгледа различно од моментот кога го напушта Назарет - затоа штo претходно оди во Јордан (каде што се крштева) и потоа 40 дена во пустината.
Само што се враќа од пустината (Лука 4:14), почнува да поучува по синагогите во Галилеја, за дури потоа да се врати во Назарет.
Така што - има поминато време од неговото напуштање, до неговото враќање.

Изменето од zidarski - 26.Март.2009 во 19:02
Do what is right, come what may...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 20:19
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


Ne postojat "izgubeni" godini od Isusoviot zivot. Vo Biblijata pisuva deka posle vrakanjeto od hramot koga Isus imal 12 godini , koga vo Erusalim se praznuvalo praznikot Pasha,togas se vratil so svoite roditeli vo Nazaret, napreduval vo mudrosta, vo telesnoto rastenje i vo milosta pred Bog i lugeto. Toj bil poznat vo Nazaret kako drvodelecot( vidi vo Marko 6:3), sto znaci deka se do pocetokot na svojata sluzba za Bog, Toj ziveel vo Nazaret i bil poznat kako sin na drvodelecot Josif, a ne kako "svetskiot patnik". Toj si ziveel skromno vo Nazaret i go nasledil tatkoviot zanaet, drvodelstvoto.

"I sleze so niv, pa dojde vo Nazaret ; i im bese poslusen.
A majka mu gi pazese site tie zborovi vo srceto svoe.

Isus , pak, napreduvase vo premudrosta i vozrasta, i vo blagodatta pred Boga i kaj lugeto"(Luka 2:51,52).

Znaci , nema nikakvi izgubeni godini, toj se do pocetokot na svojata sluzba za Bog ziveel vo Nazaret i bil poznat kako drvodelecot...



Navedeniot citat ne kazhuva nishto za temava, ama zatoa beshe dobar obid...

Ako se prochita celata sluchka od pochetokot, kje se vidi deka Isus bez znaenje i odobrenie na roditelite otishol vo hramot za da razgovara so sveshtenicite. Koga posle tri dena baranje majka mu preplashena go naogja vo hramot, go iskaruva za negovata postapka i zaedno so Josifa go odnesuvaat doma. Prviot del od citatot:

"I sleze so niv, pa dojde vo Nazaret ; i im bese poslusen."


kazhuva deka Isus poslushno se vratil ovoj pat so niv i razbirajki kako gi razbranuval dush*te na roditelite povekje ne napravil neshto takvo - od togash bil poslushen. Tolku. Anegdotata zavrshuva i nikade ne se kazhuva deka ponatamu zasekogash zhiveel vo Nazaret i deka nikogash ne mrdnal nadvor od toj grad. Veli samo deka toj den se vratil doma i od togash bil poslushen.

Vtoriot del od citatot:

"Isus , pak, napreduvase vo premudrosta i vozrasta, i vo blagodatta pred Boga i kaj lugeto"

Isto taka ne kazhuva nishto za mestata kade bituval vo slednite godini, no zatoa eksplicitno naveduva neshto izvonredno vazhno - kako sto napreduval fizichki, taka napreduval i umstveno! Sega, ovaa spredba megju fizichkoto i umstvenoto razvivanje ne e stavena nitu po nekoja sluchajnost, nitu po greshka.

Site znaeme deka decata ne se potpolno telesno razvieni i deka im treba odredeno vreme dodeka ne go dostignat svojot potpolen fizichki kapacitet. Toa e proces, neshto sto ne se dobiva so ragjanje, ne se dobiva kako ostavshtina ili gotovina, tuku treba da se stekne so vreme.

Paralelata so umstveniot razvoj e precizno postavena za da pokazhi deka Isus ne se rodil kompleten umstveno, kako sto ne bil nitu telesno. Citatov eksplicitno tvrdi deka Isus se ravival, rastel, se zbogatuval vo svojot um i mudrost so tekot na vremeto. Znachi deka toj ne bil umstveno na isto nivo na svoite 30 godini kako sto bil na svoite 12 godini.

Od tuka sledat dve krucijalni posledici interesni za site vernici od bilo kakvo ubeduvanje kako i za site nevernici:

1. Ako Isus se razvival umstveno, znachi toj uchel.

2. Ako toj bil bogochovek, edinstven ednoroden Bozhji sin koj bil lichno praten od Boga, koj e narechen Gospod Bog Isus Hristos, koj potpolno go znael Svetot na svojot Otec, kako ne go znael na 12 godini onoa sto go doznaval do svoite 30 godini vozrast? Zarem kako bogochovek, kako Gospod Bog, ne bil umstveno sovrshen, pa mu trebalo nekakvo uchenje i razvivanje da bide pomudar na 30 godini otkolku koga bil na 12 godini?

A ako go sledime toj citat kako verodostoen, iako krajno kontradiktoren so dogmata za deka Isus e Bog so site atributi koi sledat od tamu, ako go zememe zdravo za gotovo i prifatime deka Isus uchel i taka umstveno se razvival, ako imal obichaj da diskutira so prvosveshtenici i mudreci, togash "problemot" okolu negovoto uchenje i mestata kade sto go pravel toa stanuva potpolno irelevanten. Toa mozhelo da bide bilo kade, pa i vo Indija.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 20:50
Месинџер - 2 не е точно. Тој на 12 години го знае тоа што го знае и на 30 (во однос на Божествената своја природа). Погледни во Лука 2:49 (го имаш погоре во мојот пост.
Сепак - Христос има и човечка природа, а таа - постојано учи.
Да, можел да учи и во Индија. Но нема никаков доказ, ниту најмала потврда за тоа.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 21:12
Za toa, dali ima dokazi, potvrdi i slichno, kje vidime so razvojot na temava, no jas bi digresiral za moment na drugiot element koj, sakale ili ne, se nametnuva zaedno so uchenjeto.

Isus ima chovekova priroda, no toa e samo negovata materijalna, telesna manifestacija, dodeka duhvnoto/umstvenoto vo nego e bozhenstveno, neogranicheno i vechno isto kako i vo Boga. Luka ubavo naveduva deka chovechkoto/telesnoto se razvivalo so vozrasta/godinite, isto kako sto se razvivalo i umstvenoto/duhovnoto.

Shtom e taka, togash imame dve posledici od ovoj citat:

1. Citatot od Luka ne e verodostoen, pa Isus ne mozhel duhovno da napreduva bidejki Bog e sovrshen i ne mozhe da se usovrshuva povekje od sovrshenstvoto.

2. Luka e verodostoen i Isus ne e Bog i zatoa uchel i duhovno/umstveno napreduval vo periodot megju 12-ta i 30-ta godina na svojot zhivot.



Изменето од Messenger - 26.Март.2009 во 23:13
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 23:55
Правиш грешка...
Умственото е истотака дел од човечката природа на Исус!
Размислувањето, умственото знаење (наученото), мудроста, дискусиите - сето тоа е дел од човечката Негова природа.
Духот во Него е дел од Божјата Негова природа. А тоа - тој не го учи во ниеден момент, туку го има секогаш во себе - за тоа е доказ присуството на мудреците на неговото човечко раѓање, за тоа е доказ цитатот во Лука кога мајка му го наоѓа во синагогата итн...

Ти ги поистоветуваш умственото и духовното - затоа вадиш таков заклучок.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 01:06
A zarem toa ne e del od Bozhjeto soznanie? Zarem Bog toa treba da go uchi od lugjeto? Zarem Bog ne e seznaen?
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 01:06

Najprvo da mu odgovoram na Zlatnik...


за она Марко 6:3, во право си дека така пишува, дека неговите назареќани не го препознале, па се прашувале „Не е ли овој дрводелец, Синот на Марија ...“, но како доказ за „твојата“ теорија ова не е одржливо, бидејќи ако Исус бил постојано присутен со нив (ако не бил долго време некаде настрана) тие немало за што да се прашуваат дали е тоа тој. Овака, бидејќи тие веднаш неможеле да го препознаат (после неколку години тој пораснал и ликот му се променил), затоа се прашувале „нели е овој ...“!

Ako go procitas kontekstot ke vidis deka lugeto se cudele od kade ovoj covek, do vcera drvodelec, stana tolku mudar i pocnal da pravi cuda. Tie go prepoznale po izgledot, ama ne mozele da poveruvaat vo ona sto go gledaat(vidi Marko 6:2,3 i ke vidis deka tie se cudele od kade taa mudrost i mok vo nego, koga do skoro vreme go znaele kako drvodelec?

P.S. I jas bi se cudel i ne bi "prepoznal" nekoj obicen covek od mojata sredina da pocne da pravi neverojatni cuda:)

Inaku, toa sto vo Biblijata e narecen drvodelecot i sin na drvodelecot Josif jasno ni kazuva deka Isus pred da se krsti so Svetiot Duh vo Jordan i pred da pravi cuda bil obicen drvodelec od Nazaret, ne patuval nikada a najmalku vo Indija
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 01:14
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


... бидејќи ако Исус бил постојано присутен со нив (ако не бил долго време некаде настрана) тие немало за што да се прашуваат дали е тоа тој. Овака, бидејќи тие веднаш неможеле да го препознаат (после неколку години тој пораснал и ликот му се променил), затоа се прашувале „нели е овој ...“!



KINGDAVID, pa Nazareth ne bil New York, pa lugjeto da nemale shansa da se vidat megjusebno so godini, nemalo vo nego iljada drvodelci, nemalo stotina sinagogi i ushte tolku chuda od deca kako isus za da ne znaele koj bil isus i da se mislat i prashuvaat "neli ovoj beshe onoj drvodelecot...?"

OK, i ova ti beshe dobar obid...
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,314 секунди.