|
БИЗНИС ВЕСТИ, НОВОСТИ, ИНФОРМАЦИИ... |
Внеси реплика | страница <1234 36> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Винарската визба „Тиквеш“ е избрана меѓу 30-те водечки глобални вински брендови на еден од најзначајните и најпознати светски саеми за прехранбена индустрија - СИАЛ во Франција.
Според зборовите на одговорните луѓе од СИАЛ, „Тиквеш“ го заслужи своето место во друштвото на водечките светски винарии „поради иновативниот приод во работењето, постигнатиот комерцијален успех и додадената вредност која придонесува кон стимулирање на пазарот на вино“. Во групата 30 топ светски винарии, покрај „Тиквеш“, која е единствена од Југоисточна Европа, се наоѓаат и 16 вински брендови од Франција, три од Австралија, по два од Германија и Аргентина и по еден од Португалија, Шпанија, Италија, Нов Зеланд, Чиле и Кина. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Oсвен „Хилтон“, хотел тука сакаат да изградат и други познати светски брендови. Се работи за 6.000 метри квадратни државно земјиште, кое чини 10 евра од квадрат, а кој ќе го добие ќе се знае на 30-ти овој месец кога ќе се отворат понудите во Mинистерството за транспорт и врски.
Mенаџерите на овој познат светски синџир на хотели веќе 2 години ја скенирале оваа локација. Локацијата е атрактивна поради убавините на езерото кое е најголемо вештачко езеро во Европа, каде моментално се градат цели елитни населби со приватни плажи. Тука куќи имаат многу наши политичари, бизнисмени и луѓе од јавниот живот, а веќе е развиен и такси превоз со чамци по езерото. Огласот за државното земјиште за приватните куќи ќе се објави следниот месец. Со тоа се планира овој крај целосно да заживее, а покрај езерото ќе се гради и регионалниот пат Брод-Скопје кој ќе поминува низ националниот резерват „Јасен“. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Малопродажната цена на нафтените деривати од ноќеска на полноќ поевтинува од 5,50 до 7,00 денари за литар, во зависност од типот на дериватот.
Одлуката, која ја донесе Регулаторната комисија за енергетика на денешната редовна седница, се образложува со падот на цената на суровата нафта на светските берзи од 22,25 проценти за последните две недели. Литар ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 поевтинуваат за седум денари, со што новата цена изнесува 57,50, односно 59 ден/лит, додека литар МБ-96 се намалува за 6,50 денари на 61 денар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ИВ) од ноќеска ќе се продава за 54,50 ден/лит, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ) 43,00 ден/лит и Екстра лесно масло за домаќинство-1 (ЕЛ-1) изнесува 43,50 ден/лит, со што овие деривати поевтинуваат за 5,50 денари за литар.Истовремено поевтинува и малопродажната цена на мазутот М-2 за 6,894 ден/кг со што новата цена изнесува 22,673 ден/кг.
Согласно најновата корекција, малопродажните цени на дериватите во просек поевтинуваат за 14,81 проценти, додека рафинериските цени поевтинуваат за 20,56 проценти. Изменето од anastea - 27.Октомври.2008 во 15:49 |
|
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ММф одлучи.......
Меѓународниот монетарен фонд одлучи да им помогне на Украина и Унгарија во финасиската криза со која се соочуваат.
Се планира на Украина да и бидат позајмени преку 16 милијарди долари а постигнат е договор и со Унгарија за значителен финансиски пакет, чии детали ќе се објават за неколку дена.Унгарија ќе прими многу повеќе, бидејќи нејзината зависност од странските банки и финансиски институции е многу поголема од украинскатаИ Украина и Унгарија се заглавени во последната болна фаза од смалените банкарски кредити, како и светското опаѓање на реалната економија. Вести од Виена......
Извештаите од Виена велат дека австриската влада им дала повеќе време на службениците да го приватизираат националниот авио-превозник Аустријан Ерлајнс кој носи загуби. Крајниот рок е продолжен до крајот на годината. Германскиот авио-превозник Луфтханса засега е единствениот наддавач. Луфтханса во текот на викендов побарала од австриската влада да преземе и повеќе од половината од долгот на Аустријан, кој е нешто повеќе од една милијарда долари. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Индустриското производство во Македонија во септември пораснало, во однос на истиот месец од претходната година, за 15,7 отсто, соопшти ДЗС.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - септември година, во споредба со првите девет месеци од изминатата година бележи пораст од 10,4 отсто. Истовремено, индексот на индустриското производство во септември 2008 година, во однос на просечното производство во 2005 година, бележи пораст од 34,3 отсто. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Вадење на руди и камен во септември година, во однос на просечното производство во 2005 година, бележи пораст од 31 отсто, во секторот Преработувачка индустрија порастот изнесува 42,3 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас и вода е забележано опаѓање на производството од 19,2 отсто. Според главните индустриски групи, производството во однос на 2005 година, бележи пораст кај: Интермедијарни производи, 89.4%, Капитални производи за 12.5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 48.8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 12.4%, додека бележи опаѓање кај Енергија за 15.8%. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова во споредба со истиот месец минатата година претставува зголемување од 9,5 отсто, додека во однос претходниот месец таа е речиси непроменета, односно е помала за осум денари. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август изнесува 25.758 денари (околу 418 евра), што во споредба со минатата година претставува зголемување од 7,7 отсто. Најголем пораст на просечната месечна исплатена нето-плата, во однос на претходниот месец, е забележан во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас и вода, Земјоделство, лов и шумарство и Здравство и социјална работа.Најголемо зголемување на годишно ниво има во секторите: Градежништво, Сообраќај, складирање и врски и Здравство и социјална работа. Во август 2008 година, 8,4 отсто од вработените во Македонија не примиле плата што е за 2,9 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. --------------------------------------------------------------------------------------------За граѓаните струјата поскапува... Додека на вработените во електродистрибутивните компании платите им пораснале...
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Царинските формалности на еден шалтер
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Народната банка од 15 ноември во оптек ќе пушти нови пари - кованици во апоени од 10 и 50 денари, кои сега се книжни банкноти. Кованиците ќе ги имаат истите обележја како што ги имаат банкнотите во апоени од 10 и 50 денари. Кованиците паралелно ќе се користат во оптек со книжните пари се додека банкнотите постепено не бидат исфрлени од прометот. Ваквата одлука е донесена врз основа на анализа на досегашните трошоци на НБМ за издавање на книжните пари во апоени од 10 и 50 денари. Овие банкноти, според НБРМ , учествуваат со 52% од вкупниот број на банкноти во оптек, но, имаат рок на траење од 1 до 1,5 година. Годишниот трошок за нивното производство изнесува околу 20 милиони денари. Со издавањето на кованите пари од 10 и 50 денари, чиј период на користење ќе биде значително поголем од тој на банкнотите со соодветна номинална вредност, според пресметките на НБРМ, годишната заштеда би изнесувала од 11 до 12 милиони денари.
Овие кованици се изработени во Централната банка, каде што пред неколку месеци е преселена машината за ковање на денарите откако фабриката "Сувенир" во Самоков, која беше единствена ковачница на железните македонски пари, отиде во стечај. Поништени над 140 милиони банкноти |
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
i posle kazi NEMA inflacija |
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Таман работа! Нигде немам кажано дека нема инфлација... Кованиците постепено ќе ги заменуваат книжните банкноти, додека овие конечно не се исфрлат од употреба. Тоа поради трошоците, не заради инфлацијата...
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дуќанџиите повторно ќе требаат да даваат пари за фискалните апарати, но овој пат депатриотизацијата ќе ги чини од 2,5 до 4 милиони денари. Уставниот суд не се согласува со правилникот на Министерството за финансии за одделувањето на македонските производи во фискалните сметки, образложувајќи дека со неговото спроведување стопанските субјекти немаат ист третман на македонскиот пазар, што е противуставно. Оттаму објаснуваат дека на фискалните сметки нема да може да стои ниту логото „Да купуваме македонски производи - За наше добро“, ниту прометот од македонските производи. Поради ова, судот поведе постапка за оценување на уставноста и на законитоста на правилникот. - По утврдувањето на текстот за решение за поведување постапка, истото решение го доставуваме и до носителот на актот, во случајов министерот за финансии, определувајќи рок во кој имаат право да се изјаснат за донесениот правилник. По завршување на рокот, без разлика дали е добиен одговор или не, предметот се става на седница и Судот носи конечна одлука. Тој период според досегашната практика трае до два месеца - велат од Уставниот суд. Досега, кога судот повел постапка за оценување на уставноста на некој закон, во 99 проценти била донесена одлука за укинување или за поништување на законот. Според Стојмен Михајловски, професор по уставно право, доколку Уставниот суд донесе одлука за поништување, тогаш тоа ќе значи како правилникот да не е донесен и тогаш државата има обврска да им ги врати парите на трговците. Но, ако се донесе одлука за укинување, тогаш одлуката се иззема од правниот поредок од денот на правосилноста на одлуката на Уставниот суд и државата нема обврска да им ја надомести штетата на даночните обврзници. Од Министерството за финансии не коментираат за одлуката на Судот. - Уставниот суд е крајна инстанца и каква и да биде одлуката, Министерството за финансии ќе постапи во согласност со одлуката - велат од Министерството. Во моментов во земјава има околу 55.000 фискални апарати во употреба. Од овластените сервисери велат дека доколку фискалниот апарат е под гаранција, тогаш ќе биде потребно да платат само 2.700 денари за промена на фискалната меморија и на софтверот, а доколку гаранцијата е помината, тогаш трошокот за еден фискален апарат ќе биде 4.400 денари. Доколку Уставниот суд донесе одлука за укинување или за поништување на правилникот на Министерството за финансии за изглед на фискалните сметки, тогаш ваквиот акт престанува да важи и патриотските фискални ќе се сметаат за незаконски.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На денешното јавно отворање на понудите било констатирано дека согласно предвидениот рок понуди испратиле конзорциумот составен од RAMBOLL од Данска и GAZOPROJEKT од Полска, конзорциумот составен од ПРОСТОР ДОО-Куманово, GASTEK BG од Бугарија, PETROL од Словенија и ЕНЕРГО СИСТЕМ - Скопје, како конзорциумот составен од HPC HARRESS PICKEL CONSULT AG- Германија преку ХПК-Бугарија ЕООД од Бугарија и МАК-2000 АД од Скопје, Македонија. Во следниот период Комисијата за спроведување на јавната набавка ќе изврши евалуација на пристигнатите понуди, по што ќе биде одбран најповолниот понудувач.Операторот кој ќе биде избран ќе има обврска во рок од два месеци по склучување на договорот да предложи најмалку еден правец од магистралните гасоводи, а по давањето согласност, треба да го изработи во рок од девет месеци. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Едношалтерскиот систем во работењето воведе Царинската управа, со што стопанствениците со поднесување на едно барање по електронски пат ќе ја завршат целата царинска процедура.
Примената на овој систем започна денеска, а се очекува значително да биде скратено времето и средства за завршување на царинските постапки.Системот ќе го користат увозно-извозните компании, шпедициите и над 15 државни институции, а ќе функционира 24 часа, седум дена во неделата. Македонија е првата земја во регионот која воведе електронски начин на обработување и процесуирање на документите. Со овој систем ќе се надмине просторната оддалеченост на сопствениците на фирмите од градовите каде што Царината нема свои експозитури. |
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- me nasmea |
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
Внеси реплика | страница <1234 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |