|
Залудно работи, залудно не седи |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„Џабе работи, џабе не седи„ е секако многу стара пословица и се си мислам дека е повеќе од мотивирачки карактер отколку заповеден.
Кога се зборува конкретно за волонтерска работа или подобро кажано доброволна, се подразбира доброволно откажување од слободното време и вложување труд во добри, повисоки цели.
Доброволната работа треба стриктно да биде поттикната од несебични побуди, само-мотивација и исклучиво за развој и личен допринос кон колективното.
Преку доброволната работа се градиме како личности, развиваме подобри работни навики и стекнуваме нови искуства и знаења.
Сетто ова е убаво кога не е под принуда и доколку волонтерот ја вложува својата енергија и време на вистинското место, Но, тоа е опција за луѓе кои веќе се во платен работен однос или за ученици, студенти кои се приклучуваат на хуманитарни проекти од било кој тип за да се стекнат со практично знаење и постари генерации на луѓе кои имаат одвишок слободно време и желба да помагаат и да бидат корисни.
За жал во едно општество какво што е Македонското моментално волотерството е поим за експлоатација без никаква парична надокнада на поединецот. Имено многу работодавци го злоупотребуваат овој начин да манипулираат со вработените.
Луѓето во немајкаде се нафаќаат да работат се и сешто надевајќи се дека преку бесплатната работа ќе го заслужат своето платено раб.место.
Треба строго да е регулирано по кој основ се прима вработениот и кои права може да ги оствари, дали тоа ќе биде привремено неплатено и делумно платено или некоја друга комбинација. Обично и многу често секој секого гледа да го зафркне кога е во подредена положба.
Задолженијата и обврските треба да се прецизно дефинирани без разлика дали се работи за хуманитарна организација или профитабилна организација без притоа да се доведува вработениот во заблуда и да се искористува.
Волонтерството не е нешто што се работи под принуда, туку е отворена можност за луѓе кои „Можат и Сакаат„ и како такво и треба да остане.
Доброволната работа не ги плаќа сметките и не става леб на маса, тоа е повеќе од јасно но има свои предности како професионално усовршување, лична надоградба, отвара нови видици и можности, и запознавање луѓе од најразлични професии кои решиле да се инволвираат од најразлични причини а во исто време и на прво место се помага на луѓе, животни, природата, културата, архитектурата и ред други работи.
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9425 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dobro e da se bide trudoljubiv |
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4489 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи, залудна може да е само онаа работа која се противи на Мудроста БОЖЈА ! (Матеј: 7:26) Се' друго, што и да правиме - или “не правиме“ - не е залудно ! (Лука 10 : 40 + ...) Contemplation & Contemplation et action.
|
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |