IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Припадник на МВР претепа момче до смрт
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Припадник на МВР претепа момче до смрт

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 29>
Автор
Порака
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2011 во 18:03
Неверојатни сте.
Дали постои кај нас, барем мала можност, најмала....да во Македонија постојат луѓе кои независно размислуваат?
Дали чувствувате барем минимум потреба да ги испочитувате младите кои конечно после 20 години најдоа начин да се изјаснат, да проговорат, да дувне во оваа земја мало ветерче на демократија....?
Со вакво размислување практично ја убивате демократијата во Македонија, и наместо да ја славите храброста на младата интелигенција, вие ја валкате.

После ваков настан, кој поочигледно не можеше, притоа и потрагично, да ги покаже системските маани на оваа држава, вие очекувате мирно да се набљудува сето ова, но она што практично го посакувате, е да не се поремети привидната хармонија на власта, т.е. да не се повикаат институциите на одговорност. И за Персеј, мора да повторам дека мислам прво на морална одговорност, а потоа на се друго....
Практично вам ви е повеќе грижа за да се оддржи и заштити оваа власт, отколку што ви е грижа за граѓанството, во кое иронично нели, и вие спаѓате.

Човек со малку сенс во себе, ќе се запраша која е симболиката на изборна победа на партија која е веќе 5 години на власт и добива уште 4+, да заврши во крв. Да бевме политички и државнички освестен народ, секое семејство ќе излезеше на граѓански протести, наместо опозицијата да собира поени, а власта да ја дисквалификува младата интелигенција, што е најмалку речено, срамота.
И уште нешто.... истата таа победа заврши со сомнително апсење на противникот кое фрли сенка врз изборниот процес, а притоа пораката во позадина гласи, нека се плашат оние кои ќе зборуваат против нас, зошто ова може да ги снајде.

После се ова, нека не се лутат тие кои се лутат, кога ќе речам дека на мнозинството Македонци не знам што треба да им се случи за да се освестат и зрело државнички да реагираат.
Тука ги изземам младите на протестите, поддршка за нив во секој момент, нека стануваат/ме се погласни и погласни да


Изменето од Kali - 15.Јуни.2011 во 18:07
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 05:40
Конечно некој со светски граѓански став! да 
 
 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 08:29
 povtorno zen ., i povtorno ., ne zne chovek da se smee ili da plache so tvoite umereni postovi., ., vo tvojata fantazija seushte ste tolku silni shto ., a koj toa tamu smee neshto da vi protivrechi ili ne daj bozhe neshto vi shlapne vo lice ., tvojata intelektulna servilnos vo rakavici ., prodavaj mu ja na drug., ., tolku ste nezhni  i svileni., shto  ., samo za maramchinja ve biduva ., ako kazham navistina za shto ve biduva navistina ke se uvredishплазење., postov docni bidejki nemav namera poveke da se zamaram ., so formaciski lugje., koi od svoe jas nemaat ni j., a za zapirki i tochki ., narochno taka ti pishuvam ., za da se chudish., i malku da ja razmrdash sivata masa., aj bidi mi zhiv i zdrav ., vaka od sabajle so ubavo da ti odi denotнамигнување
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 14:40
Ова шо си го напишал во целост , каква врска има со убиство на млад човек во центарот на градот ?
Ти кажав да не ми се обраќаш лично со навреди !

Ај пробај овака...
За се шо сакаш да посочиш како мој недостаток докажи го во мој коментар , значи нагласи го или издвој го делот во кој јас покажувам сервилност , покажи каде мојата фантазија е изразена каде покажувам дека делувам во формација !

Ти реков дека немаш основно познавање на комуникација !
Дебатирај со аргументи , покажи дека не сум во право !
Многу ти е полесно да етикетираш , чисто за да можеш на секој мој нареден коментар да не се осврнуваш на напишаното туку на мене лично.
Пред се треба да имаш минимум интелект за да можеш текстот до крај да го прочиташ НО кога веќе си ме `обележал` не се ни трудиш да разбереш туку едноставно после првата реченица следи....`ајде бе тој овакков или онаков`

Ти поставив неколку прашање нема одговор туку само лични навреди . Впушти се во разговор да видиме колку ти сече црпката и дали ти служи само за потшишување!

И немој да лажеш дека поради мене е твојот ретардиран стил на изразување , овака пишуваш цело време и со секого.
Едноставно ти си тоа и таков си .
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 17:46
Дечки дајте бе на темата пишувате,никого не го интересира муабетот ваш.

Ве молам
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 22:07
Originally posted by Kali Kali напиша:

Неверојатни сте.
Дали постои кај нас, барем мала можност, најмала....да во Македонија постојат луѓе кои независно размислуваат?
Дали чувствувате барем минимум потреба да ги испочитувате младите кои конечно после 20 години најдоа начин да се изјаснат, да проговорат, да дувне во оваа земја мало ветерче на демократија....?
Со вакво размислување практично ја убивате демократијата во Македонија, и наместо да ја славите храброста на младата интелигенција, вие ја валкате.
ИМА..и еве го неговото размислување за тоа:
намигнување
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 23:01
 
 
 
 
 

Кој ги организира протестите кои повеќе од една недела треба да искажат револт за загинатото момче? Дали индивидуалниот револт или нешто сосема друго ги натера младите луѓе да излезат на улица, неколку дена без барања, а потоа со нелогични цели.

 Трагичната смрт никого не остави рамнодушен. Сите сочувствуваа со болката на семејството на момчето кое загина, но некој тоа го правеше за себе, а некој по наредба на друг.

Апелите од семејството на момчето, да не се политизира случајот и да им се овозможи на институциите да си ја вршат својата работа, не помогнаа.

-Смртта на Мартин не смее да се употреби за добивање на политички поени. Случајот не треба да се политизира и треба да оставиме институциите да си ја вршат својата работа, изјави братот на загинатото момче.

Во истражувањето за протестите, к*рир побара одговори од стручни лица од експертските кругови. Дел од нив не сакаа да коментираат за овој случај, но неколумина посочија дека не станува збор за спонтан собир, туку за целосно организирано сценарио и дека лицата кои го водат овој протест, се истите кои учествуваа на протестите за „Скопје 2014“, против црквата на плоштад.

Според  истражувањето на Сител, во прилогот „ Политичка позадина на протестите за убиството на Мартин“ , токму користење на какви било елементи кои може да иницираат незадоволство и нивно претварање во протести, беше главниот совет, што словенечките пи ар експерти му го дадоа на Црвенковски во Проектот надеж.

Политичките мотиви ги разоткрија организаторите кои деновиве се профилираа како неформалини лидери на протестите. Станува збор за луѓе блиски или дел од невладини организации, кои со години соработуваат со СОРОС и Владимир Милчин.

Според Сител, Петар Стојковиќ и Кирил Ефремовски, кои деновиве дадоа изјави како организатори на протестите, на своите профили преку кои криејќи се зад трагичниот настан удираат по Власта, по полицијата, по министерството и по неистомислениците, се момци блиски до првиот човек на Сорос.

А во име на оваа невладина, учествувале на повеќе протести, но и на тренинг обука во Белград за организација на протести. Протестите во организација на Сорос, по фактите за обуката во Белград, јасно кажува дека ваквите собири се прават со меѓународни пари за мешање во домашната политика, што секако е опасно за државата. Но не и за оние кои во име на опозициските структури се водат од единствена цел- да наштетат на Власта.

За поврзаноста Белград- Сорос за организација на протести, пишуваше и новинарката Мирка Велиновска во својата колумна за Нова Македонија.

Таа потенцираше дека А1 телевизија за време на предизборниот молк емитуваше дебата со директорот на Б92, Веран Матиќ, телевизија која во времето на Милошевиќ претставуваше симбол за отпор, а сега лажно се претставува како независен медиум, бидејќи е во сопственост на грчки газди и политички партнер на владејачката демократска партија. Попрецизно, Б92 е под целосна контрола на грчкиот капитал и на белградскиот градоначалник Драган Ѓилас (потпретседател на владејачката демократска странка), кого оваа телевизија го смета за свој духовен водач. Според Велиновска, Гилас е мајстор за пропаганда. Продавајќи ја, тој стекна огромно богатство и политичка моќ и претставува балканска варијанта на Сорос. Неговата екипа од некогашното граѓанско движење „Отпор“ денес се занимава со организација на,,спонтани“ граѓански револуции, преврати и безредија.

-Господинот Веран Матиќ, како угледен гостин, на своите домаќини Владе Милчин и компанија, во време на изборниот молк им приреди ретко задоволство што тие го плаќаат, за да слушнат она што сакаат, заклучи Велиновска со што јасно посочи дека меѓу овие движења и организации, специјализирани за буни и протести, постои очигледна поврзаност.

По вчерашниот прилог на Сител, Петар Стојковиќ се огради од обуките и од поврзаноста со Милчин и покрај јасно приложените фотографии. Според него, единствената поврзаност е тоа што Владимир Милчин е негов професор на факултетот за драмски уметности, што сепак јасно укажува под чие менторство деновиве делува.

Протестите секојдневно продолжуваат.

Толпата на граѓани побараа оставки, одговорност, моќ, а сето тоа непоткрепено со логична причина. Иако МВР го разреши случајот, а виновникот се наоѓа во притвор, протестантите бараат министерката и портпаролот на министерството да си поднесат оставка. И да сносат прво морална, а потоа и кривична одговорност.

МВР сепак излезе во пресрет на барањата на протестантите и ги исполни сите барања кои беа во нивна надлежност. Делот од барањата кои не се под ингеренции на министерството, ќе се препуштат до надлежните институции.

Во извештајот на МВР беше потенцирано дека дел од барањата на протестантите, се истото она што од нив го бараше СДСМ.

-Барањето на замена на СВКПС со „Независен систем на контрола“ е легитимно и впрочем беше дел од програмата на СДСМ. Не може да исклучиме дека опозицијата истото ќе го покрене во Собранието и мнозинството пратеници ќе се произнесат по него согласно мандатот кој им го имаат доверено граѓаните. За политички барања постојат соодветни процедури во демократски избраните институции, кои впрочем изминативе години во неколку наврати ги користеше СДСМ, стои во одговорот на МВР за барањата.

Македонскиот полициски синдикат ја осуди постапката на полицискиот службеник, но побара поединечните постапки да не ја генерализираат полицијата.

-Како репрезенти на полициската професија и еснаф, не можеме да ја разбереме, ниту оправдаме постапката и потребата еден настан, извршен од поединец, да се генерализира и злоупотребува за неоснован напад врз целокупниот полициски состав. Својот висок професионализам, посветеност во извршувањето на работните обврски и врвен патриотизам, македонските полицајци го докажаа во сите најтешки моменти на нашата татковина, од времето на нејзиното осамостојување, обидите за нејзина дестабилизација и деинтеграција, во борбата со криминалот и другите општоопасни дејствија, стои во соопштението на синдикатот.

Под мотото „Стоп за полициската бруталност“ овие млади луѓе повторно ќе излезат на протест. Ќе протестираат под диригентска палка на луѓе чија цел е политичка, не сфакајќи дела тој факт е најголемата бруталност во состојбата.

....к*рир......


Изменето од zamislena - 16.Јуни.2011 во 23:08
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 23:30
Реакција на одговорот на МВР по доставената претставка...by Протестира.ме

Ние Граѓаните на РМ, кои веќе 10-ти ден протестираат на улиците во Скопје би сакале да се заблагодариме за ажурноста и брзиот одговор на Министерството за внатрешни работи по основ на нашето протестно барање против полициска бруталност. Но, иако тоа ја докажува нивната спремност за брза реакција, сепак, како група млади луѓе целосно ослободени од било каков притисок, воопшто не сме задоволни од одговорите на МВР по основ на нашите барања, туку сме згрозени од иронијата и цинизмот на одговорот кој не доликува на формален одговор од државна институција.

Дополнително, МВР во едно од своите соопштенија за јавност во текот на вчерашниот ден призна дека до 2006 година работело под влијание на СДСМ, а од 2006 година е под влијание на ВМРО ДПМНЕ, оттука не ни е јасно со кој рационален аргумент може да се спротистават на иницијативата за Независен систем на контрола од страна на независна група граѓани.

Исто така сме особено разочарани од нивото на свесност на МВР за концептот на човекови права. За МВР човековите права се гарантирани затоа што сме добиле визна либерализација и затоа што Македонија членува во поткомитетот против тортура при ОН. Тоа е точно ако човекови права значат закон за државјанство, Охридски рамковен договор и пар стратегии за заштита на Роми (условите за визна либерализација под 4 точка), и ако Буркина Фасо и Мексико ги сметаме за земји каде се почитуваат човековите права, бидејки и овие две земји учествуваат во поткомитетот против тортура при ОН.

Имено, својот одговор МВР повторно го насочува кон партиски војници и го потврдува својот став дека светот е црно-бел. Дали припадниците на МВР заборавија дека некогаш и тие беа млади, убави и независни?

Во нашиот свет има многу бои и слободна критичка мисла, затоа во следниот период ќе доставиме коментар по однос на одговорите на нашите барања доставени од МВР.

Воедно би сакале да го увериме полицискиот синдикат дека во нашите барања јасно стои нашиот став за повторно регулирање на одредени норми и правила кои очигледно не функционираат во нашиот правен систем, без притоа да го напаѓаме целиот полициски состав. Критиката и преиспитувањето се основни човекови постулати олицетворени во максимата “повторувањето е мајка на знаењето”. Затоа ќе Ве замолиме уште еднаш да ги прочитате нашите барања со здрав разум и чиста мисла и да ни се придружите во креирањето на подобра идинина бидејќи и ние сме ваши деца!
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2011 во 08:57
 da se zloupotrebuva tragedija na vakov nachin e vo najma raka nevkusno.,
 rakovodstvoto na protestite neka odgovori od kade chelnici i aktivisti na opozicioneri megju nivnite redovi., organiziranje na vakvi sobiri podrazbira i potreba od finansiski sredstva., ., shto dva dodaten motiv deka ne se raboti za samoorganiziranje., visokiot moral na uchesnicite vo kvazi neutralen protest  ja vidov pred nekoj den., koga pominuvajki pokraj mladata ni nasha idnina od nivnite mobilki echeshe muzika kako koj so vkusot od ceca pa se do dzhez., nesto e trulo vo celava ovaa rabota., vamu zhalime i barame  vamu ., sekoj si slusha muzika., neviden dvoen i amoralen moral., bi mozhel da nabrojuvam ushte biseri od ovaa cirkuzujada na uchesnicite i organizatorite no ., pomalku zborovi poveke kazhuvaat
 
 ima edna stara narodna pogovorka  a vo sluchajov bi se odnesuvalo za organizatorite., kolku shto go zhalat momcheto i vo negovo ime baraat pravda tolku gospod zdravje da im dade .,
 nema ljutish dokolku ste iskreni ke imate zdravje dokolku ne vie mislete mu ja., aj pozdrav
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2011 во 10:40
Не гледам што има толку застрашувачки во тоа што на протестите има членови од опозицијата...па не очекувате сигурно некој вмровец да застане на чело на протестите.... ќе добие одма "а ла Брат Љубе" порција .......смеење
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2011 во 11:10
 
 
 И не е толку застрашувачки....
 туку е доказ дека протестите се организирани
со намера .....и тоа од Опозицијата ..... 
а не ...спонтани ....како што сакаат тие да ги прикажат ......
Кон врв
ljoce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 197
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ljoce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2011 во 19:24
Originally posted by zamislena zamislena напиша:

 
 

 И не е толку застрашувачки....

 туку е доказ дека протестите се организирани

со намера .....и тоа од Опозицијата ..... 

а не ...спонтани ....како што сакаат тие да ги прикажат ......
Па нормално дека се со намера... И да , имаше некој опозиционер со цел да му се згади на протестантите да протестираат. комунистиве се како Бабарога за да разбркува народ... Којзнае колку ги плаќа грујо наш... Интересни се , само гледај колку опадна присуството на протестите одкога ги видовме левичарите да го искажат својот револт против власта.
Се што било,поминало и се што ќе биди ќе помини.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2011 во 19:56
Би се послужил со една мисла на германски свештеник ,од времето на НАЦИЗМОТ де,кога Џиги-Миги(Хитлер)зел замав со својата Наци(национал)партија,а неговите СС-единици,тогаш сеуште млади,борци жедни за крв,се истакнувале,па рекол:
- Тргнаа по комунистите,а ние молчевме,
Потоа тргнаа по Евреите,ние пак молчевме,
и кога дојдоа по нас - веќе не остана никој да го крене гласот.
Ете и јас имам мало дете,утре ќе порасне,каде ќе порасне?
Само немојте и овде политика да најдете,јас веќе страдам од овие,еден ден може би ќе биде некој од ВАС.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2011 во 15:51
Им забранија да протестираат пред Мајка Тереза, замислете....
Правеле ѓубрезбунетост

Ееееј, кој потег ли е тоа....

Понекогаш, навистина останувам без зборови.

Колку да се забележи, Скопје после вмровскиот митинг беше полн со хартии од сендвичи, цигари, и стакла по улиците. Нели, тие ги донесоа казните за фрлање ѓубре на улица ( кои јас ги поздравив намигнување )

П.С. Многу, многу срамота за сите кои ги потценуваат младите и им ја одземаат силата со тоа што ги прогласуваат протестите за опозиционерски. Читајќи ги на нет, тие со сета сила се борат против секоја партија која им одмогнува на овој или оној начин, и се борат за своето право на мислење и став, т.е. кое оваа власт им го одзема.

Ако нешто ме вади од кожа, тоа е непочитувањето на слободата на мислење, кое стана бренд на владеењето на оваа власт.


Blog: Kontraprotesti


Изменето од Kali - 20.Јуни.2011 во 17:14
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 29>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.