IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАТЕНИКОТ МУХАМЕД

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 34>
Автор
Порака
Ebu-Hurejre Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 667
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ebu-Hurejre Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2007 во 00:14
Belicke gabe vi se obidite vasi , za razlika od vas nie znaeme tocno koa se objaveni ajetite i koja bila pricinata koa nekoj ajet se objavil , i Ajetite nie si gi toluvame so drugi Ajeti ili Hadisi , taka da nie nisto ne tolkuvame so toa mene mi se cinelo taka ili jas vaka si go svakam toa ..........za razlika od Biblijata , k*r'anot se znae kako se tolkuva , koa nie bi dozvolile da se tolkuva k*r'anot onaka kako sto toa sekoj individua si go svaka samiot , neminovno so tek na vreme bi stanalo popara kako sto e Biblijata , no elhamdulilah sto Allah s.w.t ni ima ostaveno nacin kako da se tolkuva задоволство
Кон врв
Sahih Bukhari Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Декември.2007
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 389
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sahih Bukhari Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2007 во 00:23
Sekoja cest Ebu Hurejre... Allah neka bide zadovolen so tebe i so Efendija....
I so site koi se trudat da ja prezentiraat vistinata!!!

i ushte bi dodal eden velicenstven ajet:

21.18. Nego isitnom suzbijamo laz, istina je ugusi i lazi nestane, a tesko vama zbog onoga sto o Njemu iznosite!

OUR DIGNITY IS IN ISLAM!!!
Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2007 во 13:51
сите постови надвор од темата се избришени
држете се до темата ве молам
среќа
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 11:41
Тоа што јас го постирам се цитати од Мухаммед!
 

Алах повеќе се радува за покајанието на Неговиот роб отколку што се радува некој од вас кога ќе ја најде изгубената камила на која се натоварени неговите залихи, а е изгубен во пустина без вода и храна.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 11:41

Возвишениот Алах  ја пружа Својата рака во текот на ноќта за да го прими покајанието на оние коишто грешеле во текот на денот, а дење ја пружа раката за да го прими покајанието за оние коишто грешеле во текот на ноќта, сè додека Сонцето не се појави на запад (пред Судниот Ден).

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 11:41

Алах, Возвишениот и Големиот, го прима покајанието од робот сè до моментот кога душата ќе му застане во грлото при смртта.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
efendija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај efendija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2007 во 21:45
“Внимавај на Аллах па ќе го најдеш пред тебе. Знај за Аллах во богатство, а и Он ќе знае за тебе во сиромаштија! Знај дека она што ќе те прескокне нема да ти се случи, а она што ќе ти се случи, нема да те прескокне! Знај дека помошта на Аллах е по стрпливоста, среќата по несреќата, леснотијата по тешкотијата!”


"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2007 во 17:52

Наполеон Бонапарта

 

Вели: „Мојсеј верата во Бога му ја објавил на народот, Исус на римскиот свет, а Мухамед на целиот свет. Арабија била паганско место. Шест века по Исус, Мухамед го запознал светот со верувањето во единствениот Бог, кој е Бог на Авраам, на Мојсеј и на Исус.

Аријаните и другите секташи го полудеа светот со дискусиите за тројството: Отецот, Синот и Светиот дух. Во меѓувреме, Мухамед објави дека Бог е еден, а тројството ја наметнува идејата на идолатрија.“[1]



[1] „Велики људи о Мухамеду“ (Божјиот мир нека е над него), Гласник, бр. 1-2, јануари-февруари, Сараево, 1965, стр. 19.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2007 во 17:53

 

Принцот Ото фон Бизмарк

 

Политичар и голем државник, основач на Германија, познат кај народот како „железен лидер“, вели:

„Мухамед е неверојатен човек. Не случајно Бог не извади некого друг на светската сцена на настаните. Мухамед, жалам што не сум твој современик. Оваа книга, чијшто учител и проповедник си ти, не е твоја книга. Таа е божествена книга. Да го негираш неговиот извор е исто толку смешно колку да зборуваш за неточноста на егзактните науки. Затоа човештвото само еднаш виде таква уникатна личност каква што беше ти, и веќе нема да има можност да види некого сличен.

Јас, со најголема почит, се поклонувам пред твојата величествена појава.“[1]



[1] Види Rinia Islame, оп. цит., бр. 10, стр. 11

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2007 во 17:54

Симон Оклеј и Едвард Гибон

 

Во „Историја на Сараценската Империја“, Лондон 1870, стр. 54, пишуваат:

„Бесмртното верување на Пратеникот ја заслужува нашата восхит, како пред, така и по победата. До ден-денес, по сите тие векови на развој и напредување, идејата за еден Бог не можела да се помрачи со какви било идоли, ниту неговиот доблестен живот не се свел на сомнеж, а содржината на тој живот е верувањето во Бога и етичкото однесување.

Колку неправедни се известувањата на луѓето од Западот за Мухамед, кој сам во тоа време, во далечната пустина, инсистираше на тие принципи, опфаќајќи ја и објективноста и обидот за знаење.“[1]

Тие исто така велат:

„Ние веруваме во еден Бог, а Мухамед, Неговиот Пратеник, е скромната и неменливата појава на исламот.“[2]

 



[1] Д-р Фадлурахман Енсар, оп. цит., стр. 41.

[2] Памфлетот: „Дали го познавате овој човек?“

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2007 во 17:54

Вашингтон Ирвинг

 

Во едицијата „Мухамед и неговите наследници“, за Пратеникот на Бога акцентира:

„Мухамед ги поседуваше највисоките интелектуални особини, имаше жива имагинација и неверојатно помнење. Тој никогаш не ги разликуваше луѓето, затоа и простите луѓе го сакаа. Во миговите на најголемата победа, по неговата победа над непријателите, него не го опфати мегаломанијата. Никогаш не дозволуваше да му се направи посебна почит, на пример при влегување во соба. Луѓето ги ценеше и ги почитуваше само според длабочината на верувањето, неговото покажување во практиката и извршувањето на добрите дела.“[1]

„Иако беше сериозен и достоинствен, тој понекогаш се шегуваше, беше насмеан и полн со хумор. Се вели дека имал насмевка што маѓепсува. Неговото лице беше малку поцрвенкасто, какви што вообичаено се лицата кај останатите Арапи. Меѓутоа, во моментите на воодушевеност, неговото лице имаше некаков чудесен блесок, кој неговите ученици го објаснувале како натприроден блесок на Пратеникот на Бога...

Бил скромен во начинот на живеење, умерен во јадењето и строг приврзаник на постот.“[2]

Меѓутоа, во делото „Биографија на Мухамед“, стр. 72, пишува:

„Мухамед беше печатот на веровесниците и најголемиот од пратениците кои Алах ги испрати да го повикуваат човештвото да го обожаваат само Него.“

„Однесувањата на Мухамед во Мека потврдуваат дека тој бил веровесник, пратеник, а не водач победник. Тој се покажа сомилосен и толерантен кон сограѓаните, иако тогаш поседуваше сила. Меѓутоа, тој својот триумф и победата ги круниса со милост и прошка.”[3]

„За време на ширењето на исламот, Пратеникот доживуваше многу тортури и жртвуваше многу. Дури многумина се сомневаа во вистиноста на неговиот повик. Поминаа неколку години без да доживее некој голем успех.“[4]

„Во текот на проповедањето на Објавата, беше изложен на понижување, напади и тортури до толку што беше принуден да го напушти родното место и да мигрира во друго место. Таму се оддалечи од уживањата на животот и од обидите да се збогати, само заради ширење на верувањето.“[5]

„Војничките победи не предизвикаа мегаломанија и тврдоглавост кај Пратеникот. Тој се бореше заради ислам, а не за лична корист. Дури и на врвот од славата, Пратеникот ја чуваше скромноста и едноставноста. Негова цел беше да формира една голема држава, а тоа беше исламската држава. Владееше со праведност и никогаш не се потруди неговото владеење да го направи владеење за неговото семејство.“[6]



[1] Д-р Фадлурахман Енсар, оп. цит., стр. 38.

[2] Л.С.Б. „Немуслиманите за Мухамед“. оп. цит., стр 107.

[3] Ибид стр. 233

[4] Ибид стр. 95, 96.

[5] Ибид стр. 300.

[6] Ибид стр. 302, 303.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2007 во 17:55

Рене Крусет

 

Во неговото дело „Цивилизацијата на ориентот“, пишува:

„Кога Мухамед започнал да го проповеда исламот, бил млад и благороден, преполн со сила за праведна пресуда. Тој останал далеку од местото во коешто живеел. Во времето кога ги повикал Арапите да веруваат во еден Бог, тие биле задлабочени во идолатријата. Тој бил одлучен да ги оддалечи луѓето од идолатријата кон чистиот монотеизам.“[1]



[1] Ибид, стр. 6.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2007 во 17:56

Хјустон Смит

 

Во делото “Religions of Man”, Mentor Books, стр. 203, вели:

„Бил искрен и сакан од неговите луѓе, благороден и сожалив човек. Секогаш чувствувал тага за човечките страдања и се покажувал подготвен да им помогне на другите, а посебно на сиромашните и на неспособните. Поради неговото чувство на почит, обврзување и верување, се здобил со висок епитет како ,праведниот‘ и ,доверливиот‘.

Многубошците, непрекинато жедни за чуда, барале од него знаци и докази преку чудата како доказ за неговото пратеништво. Тој го одбил ова. Тој постојано го кажувал к*ранскиот ајет: ,Бог не ме испрати да правам чуда, туку да ги учам другите. Возвишен да е мојот Создател. Јас не сум ништо повеќе освен човек испратен како пратеник‘.

Од почетокот до крајот тој го одбивал секој труд за глорификација на неговата личност, велејќи (к*ранските цитати): ,Не ви велам дека Алаховите богатства се во моите раце, ниту дека ги знам скриените тајни, или дека сум ангел... Јас сум пратеник на Божјите знаци, кои ги барате.‘ Ова не се зборови на Мухамед, туку на носителот на Алаховата порака, упатени кон луѓето.

Доволно е само внимателно да ги набљудуваш небесните тела кои непрекинато се движат во вселената, совршениот ред на универзумот, дождот што паѓа за да ја оживее земјата, палмите кои се наведнати од нивните плодови, бродовите што пловат во морињата за да им служат на луѓето – сите овие се чуда за тие што ги набљудуваат. Зарем е можно сите овие да се создадени од еден каменит бог? Колку е бесмислено барањето на знаците кога целиот свет е знак! Во времето на бездни, Мухамед го проповедаше студирањето на совршенството на универзумот, што исламското знаење го издигна над христијанското.“[1]

 



[1] Улве Азиз ус-Самед, оп. цит., стр. 23-24.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2007 во 17:57

Хенри де Кастро

 

„Потврдено е дека Мухамед не прочитал ниедна света книга, ниту пак се потпирал на некоја верска доктрина пред него. Знаеме дека Мухамед чувствувал голем замор и доживувал големи душевни тегоби пред да се запознае со прифаќањето на објавата. Алах го создал по природа таков што целосно и се посветил на верата. Имал потреба да се одвои од луѓето, оддалечувајќи се од обожавањата на идолите и од верувањето во многу божества, кое го измислиле христијаните. Омразата кон овие две работи му била длабоко вкоренета во срцето. Овие две доктрини биле како игли во неговото тело.

Овој човек, кој ги доживеал четириесеттите години, кулминација на знаењето, кој се одликувал со остроумност и жива имагинација, како и со голема сила на сфаќањето, барал од луѓето на истокот непрекинато да повторуваат: ,Алах е Еден‘, ,Алах е Еден‘. Овие зборови ги повторувале сите муслимани по него. Во меѓувреме, нам христијаните ни недостасува нивната содржина, поради нашето оддалечување од монотеизмот...

Во првиот период (во Мека), не можеме на Мухамед да му го одречеме потполното убедување и искреноста во верувањето. Не му се поколебало верувањето во срцето ни за трошка, дури и за време на вториот период (во Медина).

Не бил наклонет кон украсите на овој свет и не бил алчен. Бил воздржан и сè додека не заминал од овој свет, никогаш не посегнал по пченичен леб. Иако се оддалечил од залудните амбиции, сепак успеал да го достигне највисокото место во арапските земји. Но, тој не се приклонил кон тоталитаризамот. Немал трон, ниту министерство, ниту чин.“[1]



[1] Д-р Имадудин Халил, оп. цит., стр. 108-109.

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 34>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.