IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - БЕЗ КОМЕНТАР
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БЕЗ КОМЕНТАР

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 84>
Автор
Порака
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2012 во 21:33

И за ова ли расправија треба?     


http://www.time.mk/read/c02246bb54/eb0a13011a/index.html

Изменето од Buggyman - 20.Август.2012 во 21:36
Homo homini lupus est...
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2012 во 23:38
  
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2012 во 13:49

намигнување

Како пилот, автомеханичар и стечаец станаа фармери

Необичен е животниот пат на тројца штипјани кои го препородуваат регионот на штипското село Горно Трогерци, од дамнина познато по својата револуционерност и христијанска култура која датира уште од 13. век. Носталгијата за родното огниште на своите прадедовци ги вратила тројцата штипјани кои со години биле по белиот свет, во родното село и таму станаа фармери. Селото кое беше пред изумирање и остана речиси без жители сега се препородува.

На пространите ливади и падини меѓу селата Балван, Врсаково и Три Чешми каде се наоѓа атарот на селата Долно и Горно Трогерци сега можат да се забележат и до 2.000 грла овци, крави и друг ситен и крупен добиток и илјадници хектари обработено земјиште. Од голема пустелија каде по распадот на ЗИК "Црвена Звезда" царуваше само лепливата и каллива земја, сега широките, зелени пространства се засадени со разни житарки и сето тоа благодарение на долгогодишниот пилот Станко Коцев, мајсторот за текстил Ангел Иванов и искусниот автомеханичар Ангел Данаилов, кој најавува земјоделски бум.

"Ќе направам во ридското Трогерци да има оризови полиња, како што тоа Кинезите го прават. И веќе почнав да ја реализирам таа замисла". 63-годишниот Данаилов кој десетина години работел во врвните автосервиси во Солун, Атина и Крит, но поради визниот режим морал да се врати во Македонија, сега во своето Горно Трогерци веќе успеал да зафати неколку изворски води и да направи базен од кој ќе наводнува неколку хектари напуштена земја.

Ако Ангел Данаилов е најпресниот повратник, прв и најзаслужен за препородот на Горно Трогерци е пилотот Станко Коцев кој располага со нова современа фарма на крупен и ситен добиток со 45 крави и 15 грла гоен добиток. Педесет и осумгодишниот Станко уште кога го надлетувал Штип и неговото родно село си велел дека еден ден таму ќе направи фарма и вели дека сега е пресреќен што тоа е стварност.
"Куќата на моите родители која беше во распаѓање, целосно ја реновирав. Спроведовме струја, а од некогашната селска чешма и од бунарите што ги ископавме, сега во своите домови имаме чиста и здрава вода за пиење", вели Коцев.

Мини фарма има и стечаецот Ангел Иванов кој по пропаѓањето на штипска "Македонка" се вратил во родното село. "Не само јас, се вратија и други кои потекнуваат од ова село. Овој атар располага со 2.000 хектари обработливо земјиште и 700 хектари пасишта".
Тројцата повратници го потенцираат најголемиот проблем, а тоа е немањето пристапен пат до селото. "Млекото не може да се откупува поради немањето пат. Има само импровизирани траги низ ридот што го направиле тракторите и џиповите.

Тодор Јовановски

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2012 во 15:55

„Владата му одобри на МЕПСО да влезе во милионска инвестиција во скијачки центри со вештачки снег во Крушево и на Пониква, за што компанијата сигурно ќе потроши уште неколку милиони евра, а дополнително објавува тендери за скијачки терени на „Галичица“.....


Плаќајте вие струја поскапа за 20-30 %  ..... барем ќе се скијате повеќе денови во годината....болен
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2012 во 02:40
21.08.2012, 15:59
Простотлук и необразованост во речникот за „Скопје 2014“



По три недели одмор, народните избраници се вратија во собраниските клупи

Ниту првиот работен ден на парламентарците, по тринеделниот одмор, не можеше да мине во релаксирана атмосфера. Финишот на маратонската расправа за „Скопје 2014’ се вжешти кога Силвана Бонева ги нарече необразовани кадрите на СДСМ, со кои од пред еден месец има нерасчистени сметки, бидејќи и' се смееја што го користи зборот „чужди“ (туѓи).

„Вие зборувате за идентитет, за јазик, а се смеете на јазикот со кој зборувале нашите предци, на кој пишувале Мисирков, Жинзифов, Миладинови... Тоа зборува колку сте необразовани“, реплицираше Бонева на говорот на професорката Ана Павловска Данева. Освен тоа, ја праша Данева зошто се срами од тоа што нејзиниот дедо се борел рамо до рамо со Тодор Александров.

„Вашиот простотилук доаѓа до израз секогаш кога немате факти. Студент на ваши години да зборува за необразованост“, реагираше пратеничката на СДСМ и поентираше дека од говорница се зборува на литератутен јазик, а тој на Бонева, според неа, е ужасно лош.

Дотогаш, расправата беше речиси млака и неинтересна. Од СДСМ алармира дека за мегаломанскиот проект досега се потрошени 500 милиони евра, што во услови на голема сиромаштија и невработеност, како и постојаното зголемување на цените на струјата, бензинот и на парното, е во најмала рака невкусно. Од ВМРО-ДПМНЕ стигнуваше стандарден одговор. Во недостиг од аргументи да се одбрани плафонскиот скок на бензинот и нелогичните случувања со парното, од владејачката партија ги нападнаа политичките конкуренти за продажбата на ЕСМ, што, според нив, било причина за сето лошо што и' се случува на струјата. (Г.А.)


АЈДЕ АИРЛИЈА... ПРОЕКТЧЕВО СИТНО ПО СИТНО ОД ПРЕДВИДЕНИ 120 РИПНА НА 200 ПА НА 300 А ПО НАЈНОВО И НА 500... КАДЕ ИМА ДИМ ИМА И ОГАН....

ОВА НЕ Е ВО ОДБРАНА НА СДСМ ЗАШТО СУМ КАТЕГОРИЧНО ПРОТИВ НИВ, ТУКУ ЧИСТО СЕИРЏИСКИ И ОД ЉУПОБИТНОСТ... А ТОА ШТО ПРОЕКТОТ СКОКА НА ЦЕНА СЕКОЈ МЕСЕЦ ТОА ДОПРВА ЌЕ ТРЕБА СЕ НАДЕВАМ НЕКОЈ ДА ГО ДОКАЖУВА, ЗОШТО И КАДЕ....


The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2012 во 02:48
Македонија доби 46,4 милиони евра за изградба на пругата кон Бугарија



Договорот за заемот го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорката за транспорт на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Сју Барет

Македонија и официјално доби 46,4 милиони евра од Европската банка за обнова и развој со коишто од почетокот на следната година ќе почне изградба на делницата Куманово – Бељаковце од пругата што треба да не поврзе со Бугарија.

Договорот за заемот го потпишаа денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорката за транспорт на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Сју Барет.

Условите под кои ЕБОР и го доделува заемот на Македонија, истакна Ставрески, се исклучително поволни, со рок на отплата од 15 години и грејс период од четири години. Каматната стапка за заемот е шестмесечен ЕУРЛИБОР плус еден отсто и моментно изнесува 1,7 проценти.

Проектот предвидува рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридорот 8 на делницата Куманово – Бељаковце, со должина од 30,8 километри. Градбата ќе почне во првиот квартал на 2013 година и ќе заврши во 2017 година, а работите ќе ги координираат Министерството за транспорт и врски и ЈП Македонски железници Инфраструктура.

Според вицепремиерот Ставрески, железничката пруга кон Бугарија конечно ќе стане реалност, а бенифитите ќе бидат зголемена конкурентност на Македонија, пониски трошоци за транспорт и алтернативна транспортна рута за стопанството.

- По 20 години ветувања и почнати и нереализирани проекти, односно почнат проект што не беше реализиран до крај и претставуваше само загуба на средства, конечно оваа Влада обезбеди финансии за реализиција на еден од најзначајните транспортни коридори за железничката пруга од Куманово до Бељаковце, а во продолжение и делот од Бељаковце до Крива Паланка и од Крива Паланка до границата со Република Бугарија. Тоа ќе овозможи да се подобри конкурентноста на Македонија, да се обезбеди транспорт на стоки и луѓе со пониски трошоци, како и уште една алтернативна транспортна рута за македонските производители и компании, рече Ставрески по потпишувањето на договорот.

Тој оцени дека фактот што проектот се реализира во соработка со ЕБОР како значаен и познат меѓународен партнер дава кредибилитет оти овој пат за разлика од 90-тите години кога беше неуспешен, ќе биде целосно завршен и Македонија ќе добие уште еден транспортен коридор, нагласи Ставрески, потсетувајќи дека со помош на ЕБОР во Македонија се реализираат повеќе транспортни проекти, како што е подорбувањето на регионалната и локалната мрежа, завршувањето на автопатот на Коридорот 10, енергетското поврзување на Македонија со Бугарија...

Директорот за транспорт во ЕБОР Барет истакна дека ставењето во функција на железничкиот коридор е стратешки за Македонија и ќе и овозможи пристап и пократка рута до пристаништата на Црното Море, како и забрзување на регионалните поврзувања. Завршувањето на овој коридор ќе отвори нова трговска рута и ќе ја подобри регионалната интеграција во полза на растот на Македонија и нејзините соседи. Со тоа се очекува да се стимулира и регионалната економија, бидејќи протокот на транспортот ќе биде полесен, истакна Барет.

Проектот е поддржан и со грант во износ од четири милиони евра, обезбедени преку програмата на ЕУ за инвестиции на Западен Балкан. Тие пари се наменети за изработка на проектната документација, подготовка на тендерот и помош при имплементација. Со проектот ќе се воведе и енергетски менаџмент систем, што ќе биде поддржано со грант од 175.000 евра, обезбеден од Централната европска иницијатива.

Министерот за транспорт Миле Јанкиески информира дека целата документација е веќе подготвена и се очекува тендерот за избор на градежна компанија за делницата Куманово – Бељаковце да биде распишан кон средината на следниот месец.

- Исто така, Владата продолжува со ангажман околу обезбедување пари и потребна техничка документација за останатите делови од пругата. Веќе се обезбедени финансии кои ќе бидат искористени за надзор на работите на делницата Куманово – Бељаковце, а е објавен и тендер за избор на консултант што ќе ги изработи проектите за делницата Бељаковце до Крива Паланка. Се очекува тие активности да завршат до 2015 година и да почнат градежните работи, рече Јанакиески.

Досега ЕБОР има инвестирано над милијарда евра во преку 80 проекти во Македонија.

Хмммм.. ова е се супер само има еден проблем.. пругата од другата страна не е ни започната а од тоа што се збореше пред извесно време Бугарија нема ни интерес да ја започне... Така да ние ќе си ја направиме ама на крајот ќе стојат банкини... и да не испадне да никне колонија на шиткачи на старо железо покрај пругата па да испадне КАКО ДОШЛЕ ТАКА ОШЛЕ....
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2012 во 18:50
Да не било СКРИЕНА КАМЕРАзбунетост Ама заборавиле да им ги вратат паритесмеење

Патарина дигни, полиција стој!


Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2012 во 18:53
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Да не било СКРИЕНА КАМЕРАзбунетост Ама заборавиле да им ги вратат паритесмеење

Патарина дигни, полиција стој!




ццццц.....изненадување
штом има повеќе сведоци, сигурно има нешто.....али добра финта....хи, хи...
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2012 во 15:38

Запленети и повлечени 43 милиони неквалитетни акцизни маркички

Царината и МВР открија и запленија 43 милиони парчиња акцизни маркички кои не биле оргинал – претежно намененти за цигари и алкохолни пијалоци. Од царината се категорични – не е оштетен буџетот бидејќи и со ваквите маркички ќе се плаќале давачките кон државата - единствено се работи за манипулација на печатницата која ги произведува.

Запленети и повлечени 43 милиони неквалитетни акцизни маркички
Производителот на акцизни маркички кој и во изминативе три години по договор ги печател акцизните маркички е откриен како пред истекот на договорот испечатил и пуштил акцизни маркички кои не се според пропишаниот квалитет и ги немаат сите потребни заштити. На овој начин печатницата сакала да заштеди бидејки ваквите неквалитетни маркички се 3 до 4 пати поефтини за правење.

- Доброто во сето ова е барем тоа што ние навремено, незнаејки за ваквата ситуација имаме склучено интервентен договор за набавка на акцизни макрички. Во тек е печатење, производство и дитрибуција, односно првично замена на одземените а потоа и печатење на нови - рече Ванчо Каргов директор на Царинската управа.

Царината и службите на МВР со специјални техники и натаму ги проверуваат магацините каде се дистрибурани спорните акцизни бандероли. За производителот на бандероли кој имал три годишен договор со државата вреден милион евра е поднесена соодветна пријава. Проценките се дека на крајот пред истекот на договорот се испечатени 115 милиони неквалитетни бандероли и стекната е противравна корист од над 150 илјади евра.

Игор Манасиевски

Па дури и фирми блиски до власта (или биле блиски), почнале да си прават малверзации со договорите.. Или има нешто во позадина, а кој да знае.. Ние мораме да го проголтаме секое исфрлање од страна на власта небаре сме тоа тетките од Ред Лајт дистрикт.

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2012 во 18:54
http://www.primetime.mk/do-koga-vaka-dragi-makedonci/

Колумна: Филипијада
без влакна на јазикот


До кога вака, Македоници? До кога ќе бидеме држава која ги отстранува комунизмот и социјализмот, а притоа чекори по некоја модифицирана верзија на комунистичките, социјалистичките, или екстремно фашистичките идеологии. До кога ќе ги лустрираме екскодошите, а ќе ги забораваме моменталните кодоши, до кога ќе живееме во држава во која на премиерот ќе му се пеат песни? (Никола, Никола, мајка го роди народ да води кон светла иднина, Никола Груевски Господ го прати, верба да врати во Македонија) До кога ќе живееме во држава во која опозицијата се буди само кога ќе намириса лични интереси? До кога вака, драги Македонци?
Живееме во едно чудно општество, каде народот е поделен на Македонци и Албанци, портокалови и сини, патриоти и предавници, големи и секако мали Македонци. Живееме навидум сплотен, но екстремно раздвоен живот со тензични граници, живееме во ерата на севозможното, каде голиот шета по улици, а облечениот паралдисува во некоја затворена просторија.
Секогаш тропаме на погрешна врата, живееме или можеби преживуваме во некој фиктивен свет, а забораваме да ги отстраниме закоравените розови очила, во кои едноставно сме заљубени. Мирно го пречекуваме поскапувањето и клечиме пред нозете на сиромаштијата, а корупцијата и радикалниот национализам ја кројат нашата бедна судбина.
Кои сме ние како Македонци? Народ, кој секогаш имал проблеми со некого, кој секогаш се обидувал да се докажува, дури и во моментите кога немало потреба за тоа. Велат дека сме Словени, дека нашето потекло е словенско, велат дека сме Бугари, дека сме Срби, Грци… велат дека сме антички Македонци, дека сме илјада други сваштарии…
Живееме во држава која го слави Илинденското востание, а притоа имаме сосед кој им се поклонува на Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, живееме во држава каде му се поклонуваме на големиот Александар Македонски, а притоа имаме сосед кој ја слави истата историја, живееме во држава каде црквата ја гледаме како спасител од непријателите за зачувување на македонскиот идентитет, а притоа имаме сосед кој не ја признава Македонската Православна Црква, живееме во држава во која живеат Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми и секако Еѓипќани, но антички Еѓипќани.
Зар не ви се сврте во главата? Зар не ви е јасно дека тоа што се обидуваме да го докажеме, едноставно не може да се докаже, зар не ви е јасно дека на овие простори минувале многу народи и окупации, дека луѓето се претопувале, а народите едноставно менувале. Ниту Грците не можат да кажат дека се чисти антички Грци, како ни секој друг народ од Балканот кој нема чисто потекло од она што го пропагира во својата историја.
Не се проблем историјата и нашето потекло, проблем е моменталната состојба во Македонија, проблем се сиромаштијата, корупцијата, убиствата, како и розовите очила со барокни рамки. Сте се запрашале ли зошто постои толкава омраза меѓу Македонците и Албанците, а постои ли, или е наметната од страна на високите структури? Додека народот пее за мир, некој постојано сака војна… Да, се’ е возможно во оваа мала централно-балканска држава.
До кога вака, Македоници? До кога ќе бидеме држава која ги отстранува комунизмот и социјализмот, а притоа чекори по некоја модифицирана верзија на комунистичките, социјалистичките, или екстремно фашистичките идеологии. До кога ќе ги лустрираме екскодошите, а ќе ги забораваме моменталните кодоши, до кога ќе живееме во држава во која на премиерот ќе му се пеат песни (Никола, Никола, мајка го роди народ да води кон светла иднина, Никола Груевски Господ го прати, верба да врати во Македонија) До кога ќе живееме во држава во која опозицијата се буди само кога ќе намириса лични интереси? До кога вака, драги Македонци?
Homo homini lupus est...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2012 во 19:19
Турли тава од коментар... тага ... што покажува недостаток на животно искуство и новинарски квалитети... ... но вишок од нерасчистени незадоволство и јад насобрани од сите страни на светов.

Потпис на младоста. среќа
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2012 во 17:58
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Турли тава од коментар... тага ... што покажува недостаток на животно искуство и новинарски квалитети... ... но вишок од нерасчистени незадоволство и јад насобрани од сите страни на светов.

Потпис на младоста. среќа


Јас мислам дека не си во право, исто така се сложувам со анализата дека нашето општество е БАШ такво какво е кажано вп статијата. Ако говориме за младоста и зрелоста, тогаш какви млади недозреани политичари имаме? Дали за нив не важи твоето "недостаток на животно искуство"??
Homo homini lupus est...
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2012 во 14:45
Пред 20-30 минути тркнав до продавница паралелно имаат и фурна до неа... ме пратија да купам зејтин.. идам јас со 100-че у рука, кога тетката ми куца на фискална и ми вика 115 денари... Аууууууууу викам од кога? Од денес.. набавна цена е 100 денари, ми вика тетката... и дадов 100-чето и викам чекај ќе ти донесам уште 15 денари...А вика тоа не е ништо, за некој ден лебот 30 денари ќе биде.. Од денес маам строго штедење на зејтин и леб (барем здрав живот ќе живеам).. пржење јок, можда у манџа само и толку.. салата само со сол ќе си јадам (па сеа шкрипела меѓу зуби), ма нека шкрипи меѓу зуби се додека не шкрипи у новчаник.. Нека ни е за аирлија поскапувањето... Бтв, ќе дадам сега оглас откупувам користено масло од сендвичари.. Слушнав упола било поевтино... Барем салатата ќе ми има вкус на помфритче (ако не можам да го јадам барем ќе го вкусам). А мевце па ќе си купувам паштети и саламчиња.. Се пребацувам на здравиот живот тревопасните животни што го живеат.. Можда чат пат ќе си купам од тоа пластичниот (читај растителниот) кашкавал колку да си израдувам душичката малце..
Вегетаријан рулззззззззззззззззззз да
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2012 во 15:18

„Порше Македонија“: Бевме блокирани на аукцијата на МВР!

  • Објавено: пред 4 минути
  • Прочитано: 86
  • Печати

„Порше Македонија“ тврди дека им било оневозможено учество на електронската аукција за тендерска постапка на Министерство за внатрешни работи за набавка на 150 моторни возила.
„Во 12.22 часот ни беше оневозможен пристапот до веб страната на Јавни набавки https://www.e-nabavki.gov.mk на којашто во тек беше аукција за набавка на 150 моторни возила на МВР на РМ бр. 17/2-05/2012. Иако во потребното поле поднесовме пониска понуда во износ од 209.500.00,00 денари, системот не направи освежување на податоците. Со оваа постапка нарушено е нашето право до крај да учествуваме на оваа јавна набавка и да поднесеме пониска понуда од веќе објавената“, реагира компанијата.
Оттаму најавуваат жалба до Бирото за јавни набавки и до Тендерската комисија при МВР, а како доказ ќе достават и видео снимка од последните минути на Аукцијата во која јасно може да се види нефункционирањето на системот за јавни набавки и нивната оневозможеност да поднесат пониска понуда.
Тие обезбедиле и доказ од Македонски Телеком дека сите интернет конекции на „Порше Македонија“ во наведениот период совршено функционирале.

Хммммммммммммм местенки и при електронските аукции... Аман бре.. ептен јако лоби и голема паричка се врти.... 


The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 84>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.