IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Македонците од Егејска Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонците од Егејска Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 40>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2010 во 03:00
На мировната конференција во Бук*решт, Македонија беше поделена на три дела. Секоја од балканските нации која приграби дел ги засили одамна почнатите пропаганди за однародување на населението, за корнење на македонските корени и идентитет и наметнување туѓ. Пропагандите почнуваа да пустошат и да го прекрстуваат народот. “А народот ти е прост и гладен: за едно решето жито што сакаш ќе ти се пише, и Грк, и Србин и Бугарин ќе стане. Да има друго и друго ќе стане, не се трае за јадење. Некои и по три пати на ден го менуваат името и ги тепаат децата за да плачат: кога плачат, децата не им бараат јадење – забораваат дека им се јаде”.
Таткото на современа Грција, Елефтериос Венизелос, на радост на Македонците во Грција и официјално изјавува : “Славомакедонците не се чувствуваат ни како Грци ни како Бугари”. Таа идеја била прифатена и од некои европски политички фактори . И така, врз основа на оваа политика, иако сосема нерадо, грчката влада се согласува да го создаде Абецедарот, буквар напишан на македонски народен јазик и латинично писмо, наменет за описменување на Македончињата во македонскиот дел под Грција ( Егејска Македонија ).
Под притисок на владите во Белград и во Софија, но и поради стравот на Атина од дополнително самоосвестување на етничките Македонци, Абецедарот се уништува.
Речиси целиот тираж е уништен при фингиран напад врз возот што го пренесувал букварот од Атина на теренот во Егејска Македонија. Сепак, спасени се извесен број примероци на ова печатено сведоштво за еден поразличен однос на грчката влада кон Македонците макар и во една сосема куса историска инстанца.

ТЕРОРОТ НА МЕТАКСАС

Набргу по “меката” политика во однос на македонското прашање и изјавите од највисоките грчки политичари дека “Славомакедонците” не се ниту Грци ниту Бугари, започнува политика на систематско одродување на Македонците. Во тој период во Мала Азија, Турција, се случува хуманитарна катастрофа и стотици илјади Грци се принудени да ја напуштат Турција. Дел од нив се населуваат во Македонија, со што се врши промена на демографската структура на населението. Во 1926 г. се носи злогласниот Закон за деноминација на топонимите, со што Грција го заокружува проектот за целосна грцизација на Егејска Македонија. Сè што има словенски топоним, град, река, планина, па сè до последното село или што-годе друго има словенски топоним, Грците го преименуваат. Дел од топонимите на местата што постоеле во античко време се преименува на тој начин. Останатите или се преведуваат, или им се даваат сосем нови имиња на грчки јазик. Така, Воден станува Едеса, Лерин - Флорина, Сботско - Аридеа, Костур - Касторија. Не останува во официјална употреба ниту еден македонски топоним, ниту една планина, река, село... иако местата така се нарекуваат со векови. Истовремено на македонското население му се менува презимето, со додаваката “с” или “у” на крајот од презимето. Со тоа се дозаокружува проектот за бришење на секаков траг на македонството во Грција. Но, и покрај сè, луѓето не забораваат кои се, ниту кој им е мајчин јазик, иако не можат да го изучуваат на училиште, или да го чујат на богослужба в црква.
Најстрашниот терор врз македонското население се врши со доаѓањето на власт на генералот Јоанис Метаксас. На 4 август 1936 г. тој воведува фашистичка диктатура во Грција. Демократскиот живот во земјата се суспендира, припадниците на левицата и на малцинските групи се прогонуваат и се затвораат, се прогласува апсолутна вредност на нацијата, се воведуваат нацистички поздрави и симболи, а земјата забрзано се фашизира. Во тие рамки, најстрого се забранува и употребата на македонски јазик. Дури и старците Македонци ги тераат да одат во вечерни школи за да учат грчки јазик. Вера Фотева си припомнува дека како мало девојче одела в училиште заедно со мајка ì и баба ì. “Дури и старата мајка мораше да учи грчки. Пустата, никогаш не го имаше научено грчкиот, а Метаксас ја натера со сила, на старост ‘ да го учи’ мелодичниот и милозвучен грчки јазик”, како што велеа. За секој кажан македонски збор, на улица, на пазар, на погреб, па дури и дома, следуваа остри казни. Не смееше ни животните и добитокот да ги потераш по македонски. Многумина се испраќаат на затворска интернација по грчките каменити острови. Единствената вина им беше што се Македонци и што кажале по некоја дума на мајчиниот јазик.
“Ја земаат земјата сосе гробови, а без гробови немаш ни роднини. Од секаде ги бркаат ендопјите (Македонците - домородното население во Егејска Македонија), а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе. Полицајците на Метаксас, сите од Јужна Грција доведени, ти дежураат под устата, под ушите. За кажан македонски збор те клукаат со сол, а вода не ти даваат, те полнат со рицинус, со струја и спици... Со гол газ на гол мраз им го бришат на луѓето паметењето на мајчиниот јазик”.

ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Во такви услови на терор врз македонското население избувнува Втората светска војна. По неуспешниот обид на Бенито Мусолини да ја окупира Грција, интервенира Адолф Хитлер со неговиот моќен “Вермахт”. Грција набргу капитулира, а по капитулацијата, Грција е поделена на три окупациски зони, германска, италијанска и бугарска. Најголемиот дел од Егејска Македонија потпаѓа под окупација на Бугарија. Доаѓа “Охраната” – и бугарските комитаџии и контрачетници со нивната пропаганда дека се ослободители на македонското население. Повеќето од Македонците ì одолеваат на пропагандата на Софија и со пушка в рака застануваат на страната на ЕЛАС и ЕАМ (политичкото крило на партизанското движење) во борбата против германските и бугарските окупатори. Македонците се борат рамо до рамо со грчките партизани. “Охраната” го врбува населението да прејде на страна на Бугарите, но комунистичките дејци во агитпропот ја шират веста што народот одамна сака да ја слушне: “Еден ден ќе победи нашата партија. И веќе ќе нема човек на човека роб, ќе може слободно да зборуваме и на својот македомски јазик ќе учиме!” Многумина ì пристапуваат на ЕЛАС од идеолошки антифашистички мотиви, но голем дел од Македонците секако и поради исправниот став на грчката Комунистичка партија кон македонското прашање. На Македонците им се ветува целосна рамноправност во Грција ако победи ЕЛАС и Комунистичката партија на Грција, официјализирање на македонскиот јазик и отворање училишта на македонски. КПГ за време на војната де факто го признава македонското малцинство. На ослободените подрачја, веќе почнуваат да излегуваат и првите весници на македонски јазик.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2010 во 03:02
Грчките комунисти и борците на ДАГ со децении не можеа да му простат на Тито што “им заби нож в грб” среде војната и долги години тој беше прогласуван за главен виновник што ДАГ беше поразен во тригодишната војна со монархофашистичките сили на Грција. Генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис уште во 1949 г., а и потоа, велеше дека доколку знаеле за предавничката улога на Тито што ќе ја одигра, немало воопшто ниту да почнуваат оружена борба. Врз тие премиси и македонските раководители на НОФ (Паскал Митревски, Минчо Фотев, Евдокија Белева - Вера, Павле Раковски, Уранија Јурукова и други, сè на сè 11-мина) беа осудени од страна на КПГ во логорот Бурели во Албанија и пратени во интернација најпрвин по затворите во Москва, а потоа и во логорот Вуркута во Сибир. Борците на ДАГ по војната, особено Грците, во 1949 г. дури и штрајкуваа со глад во прифатилиштата во Југославија барајќи да им биде овозможено да заминат во земји на вистинскиот социјализам, сметајќи ги Југославија и Тито како отпадници на комунизмот, а позната е и острата пресметка во Булкес меѓу приврзаниците на Захаријадис и Сталин од една страна, и титоистите од друга страна. Захаријадис и раководството на КПГ беа огорчени што Тито во 1948 г. ја затвори границата на Југославија со Грција, го прекина дотурот на помош со оружје, муниција, формации, со еден збор ја секна целата логистика. Од 1948 г., по судирот на Тито со Сталин и резолуцијата на Информбирото, дури и ранетите борци на ДАГ кои дотогаш беа пренесувани на територијата на Југославија (Вардарска Македонија - главно болницата во Катланово) беа враќани од југословенските граничари.
Но, посматрано од историска дистанца, Тито немал друг избор. Откако бил изолиран од комунистичката интернационала, а врз Југославија имало перманентна закана од воена интервенција, тој морал да бара сојузници во западните земји. Притисокот на американскиот и британскиот амбасадор во Белград да прекине помошта за грчките партизани била огромна. Таа состојба е многу пластично објаснета со реченицата: “Исток нè отпишуе, запад не нè запишуе”, што ја искористи и режисерот Столе Попов во антологискиот филм Среќна нова 1949-та. Цената што морал да ја плати Тито за да добие помош од западните земји била прекин на помошта за ДАГ и стивнување на тонот за македонското национално малцинство во Грција. Оттогаш југословенското раководство ќе почне да го одмолчува македонското прашање во Грција кое ќе биде жртвувано во име на добрите релации на Белград со западните земји и со Атина. Македонците, по кој знае кој пат, беа жртви на поделбите и одлуките на големите лидери на големите нации, на големата светска мапа. Претходно, Сталин ги жртвуваше и Македонците од Грција и сета грчка левица уште во 1944 г. Сталинистите и оние што го поддржуваа Захаријадис беа во право дека Тито ги предаде, но и тие гледаа само дел од сликата. Нив најпрвин ги предаде Сталин кој да помогнеше уште во 1944 г., немаше да се случи ниту Варкиза ниту Граѓанската војна, или сето тоа ќе имаше сосема поинаков тек. Всушност, од избувнувањето на војната до 1948-ма Тито беше единствениот нивен искрен пријател и сојузник. Неговата кавга со Сталин доведе до тоа и тој да им го заврти грбот.

КРАЈОТ НА ДАГ

Откако Југославија во 1948 г. ја затвори границата, ДАГ беше осуден на пропаст. Истовремено беше засилена американската воена помош за владините трупи во Грција. Претседателот на САД, Хари Труман, издејствува во американскиот Конгрес за тоа време фантастични 300 милиони долари воена помош за владините сили во Грција. Борците на ДАГ, оставени сами на себе, без никаква помош, немаа веќе шанса да се справат со модерно опремените грчки трупи, чија воена логистика беа англиските и американските офицери.
Американскиот генерал Ван Флинт се обиде да го уништи ДАГ во познатата операција Терминус за целосно уништување на партизанските трупи. Весникот Акрополис најавува дека до почетокот на летото “словенско-комунистичкото движење”, како што провладиниот печат ја нарекува ДАГ, ќе биде целосно уништено. Разработена до ситни детали од американските и англиските штапски офицери, операцијата Терминус се состои од 3 дела: Орел, Сокол и Чавка. Иако владините трупи во однос на борците на ДАГ биле во надмоќ 10 спрема 1, помогнати со најсофистицираното оружје од Британија и САД, операцијата Терминус со која требаше да се изврши опколување на единиците на ДАГ завршува со тотален неуспех, зашто партизаните на генерал Маркос со вешта тактика на герилска борба ги избегнуваат сите обиди за опкружување, нанесувајќи им тешки загуби на непријателите.
Кон крајот на 1947 г. во Атина доаѓа американскиот генерал Чемберлен, начелник на разузнавачката служба за Блискиот Исток кој со шефот на американската воена мисија во Грција генерал Ливси носи план за натамошни операции против ДАГ, со таканаречени “модерни”, а всушност со терористички методи. Со операциите на теренот потоа раководи американскиот генерал Ван Флинт. Како последица на тактиката целосно да се исчистат селата кои се поддршка на ДАГ, и од каде што борците се снабдуваат со храна, во Грција се создаваат околу 600 илјади бездомници, принудни емигранти во сопствената татковина. Но и тој нема успех. Со серија храбри маршеви ДАГ го избегнува опкружувањето и им нанесува порази на владините трупи. Но, потоа доаѓа до судирот меѓу Тито и Сталин, до раскол во самата левица. Легендарниот генерал Маркос е сменет од врховен командант на ДАГ и испратен најпрвин во затвор во Тирана, а потоа во прогонство во еден град во Сибир. Захаријадис се обидува логистиката што ја добива од Југославија да ја замени со Албанија. Но, за тоа нема реални услови. Во 1949 г. ДАГ беше осудена на пропаст и по серијата порази на Вичо и Грамос на 30 август ДАГ дефинитивно ги прекинува воените дејства.

ТРАГЕДИЈА ШТО ТРАЕ

Последиците од војната 1946-1949 г. беа стравични. Голем дел од македонското население во Грција погина во воените дејства. Десетици илјади Македонци беа принудени да ја напуштат Грција и да емигрираат во Југославија или други земји од социјалистичкиот лагер. Некои беа однесени во логорите на смртта, по каменитите грчки острови каде што беа измачувани, и убивани. Истата судбина со нив ја делеа и сите грчки левичари, демократи кои се бореа против грчкиот монархофашизам. Тие луѓе со години живееја како емигранти, надевајќи се дека Грција еден ден ќе им признае дека тие се вистинските херои што ја ослободија Грција од германско-италијанско-бугарската окупација, и дека до крај, доследно се бореа за демократска и слободна Грција, која нема да биде вазал на големите сили. Повеќето од нив не само што воопшто не ја дочекаа таа сатисфакција, туку воопшто и никогаш не се вратија да ги видат своите родни огништа.
Делумно неправдата кон борците на ДАГ ја исправи владата на Андреас Папандреу во 1984 г. кога им беше дозволено на сите бегалци што се декларираат како Грци по род да се вратат во Грција. Но, со овој закон продолжи дискриминацијата врз сите оние грчки граѓани што се чувствуваат и изјаснуваат како Македонци. Траумите од грозната војна се чувствуваат и ден-денес, и во Грција и во Македонија. Напластената омраза, мистификации и идеолошка нетрпеливост, засега не дозволува еден објективен поглед на историските случувања и евентуално национално и идеолошко помирување што би требало да го направат веќе третата генерација млади луѓе по оваа трагедија.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2010 во 13:45
Kazete neshto poveke za komendantot na Batalionot Goce od Egejska MK -  Козмас Спанос-Аминтас


Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2010 во 13:48
najdov

debela rabotata

http://modern-macedonian-history.blogspot.com/2007/12/gotse-elias-demakis.html
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2010 во 13:54
Originally posted by да          бе да бе напиша:

Kazete neshto poveke za komendantot na Batalionot Goce od Egejska MK -  Козмас Спанос-Аминтас




Имаш поназад на темата за ова, дури и за несогласувањата на Македонците со КПГ, за преминувањето под команда на НР Македонија и слично. Да не се повторуваме постојано.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2010 во 13:59
Originally posted by да          бе да бе напиша:

najdov

debela rabotata

http://modern-macedonian-history.blogspot.com/2007/12/gotse-elias-demakis.html


газење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеењегазење%20од%20смеење

Грците велат бил бугарски, на бугарската www.promacedonia.com велат батаљонот бил грчки, а сите се плашат да видат што кажуваат борците. Да не е смешно, ќе е жално.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2010 во 15:41
Eгејскиот народен херој Мирка Гинова ( прв дел )
Егејскиот народен херој Мирка Гинова ( втор дел )

Песна за Мирка Гинова

---------------------------------------------------------


Разговор со еден Македонец

Убаво е да се види како младите се будат полека, па дури и во Солун, како го зборуваат македонскиот јазик.среќа


Изменето од Македон - 08.Мај.2010 во 22:33
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2010 во 15:37
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2010 во 02:08
Maкедонците од Негуш

прв дел

втор дел

трет дел

четврт дел


петти дел

-----------------

Браво за момците кои свиреа, прекрасна изведба, немам коментар. Само така ќе ги одбраниме песните од осакатувањето кое се случува на истите во Грција.

Како што вели и песната "Егејски Мајки:"

Крвта со вода не се менува...признајте еднаш сме Македонци...ние што тешки маки тргнаме, својата судба ја поплакаме...само што пеја песни нашинцки, само што мисла на македонцки...

голема вистина...за жал...тага
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2010 во 02:49
Благодарение на mungos80 големо%20гушкање, дојдов до една прекрасна книга за Егејските Македонци и Бугарија. Овде многу јасно пишува што им правела Бугарија на Македонците, бегалци во Бугарија, кои се декларирале Македонци, за тоа како се деклрарирале истите и во Бугарија, за односот на младите бегалци, па и кои мерки биле преземени против таквите, секако со согласност од страна на Бугарската Комунистичка Партија, која се грижела да ги воспита во "вистински дух". Според пишаното, девет од десет луѓе имале македонско национално сознание. Дури и кога ќе се видат бројките, во Бугарија, за разлика од Нaродна, односно Социјалистичка Република Македонија.

Егејските Македонци и бугарската идентитетска политика

Чоли, ова би сакал особено ти да го прочиташ, па и да си спомнеш за дискусијата околу можноста Васил Ивановски да ја напушти Бугарија и да се врати во НР Македонија. Со вакви мерки "за воспитание во правилен дух", дури и да сакал да прелета, немало да успее!

Во однос на тие кои од НР Бугарија биле префрлени во ФНР Југославија во 1945 година, како што пишува и во книгата, подоцна можеле да си поднесат барање и да си одат во НР Бугарија, во Југославија, не се грижеле толку многу сите да бидат воспитани во правилен дух, па кој каде сакал може да си оди. Прашањето зошто само неколкумина поднеле е јасно очигледно.намигнување

И последно, но не и најмалку важно, интересно е зошто во земји кои по резолуцијата на Информбирото имале лоши односи со Југославија има и друштва на Македонците, бегалци од Егејска Македонија, кои постојат и денес, а знаеме дека НР Македонија застанува на страната на КПЈ во конфликтот со Информбирото, додека за бугарски друштва на истите бегалци нема ни збор.




Изменето од Македон - 18.Април.2010 во 03:06
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2010 во 23:52
Василка Сукаловска-Поповска

По патот здогледав жена од долното маало, која викаше на цел глас
бидејќи маџирите ја силувале пред нејзиниот болен маж. Претходно синот и го раниле, зашто им се спротивставил кога сакале да им ги земат воловите.


Интервју со Стелијо Самарџиев:
Знам што сум, јас сум Македонец и токму поради тоа имам полициско досие од мојата 14та година во Грција. Сега имам 21 година и сум претседател на Младината на Виножито. Соочен сум со многу напади од страна на грчки националисти, ми се случи и да ме следат на мои патувања и да ме убедуваат и одвраќаат од моето убедување дека сум Македонец, но кој може тоа да ми го одземе се прашувам?
--------------------------------------------------------------------

Може ли човек ова да му го направи некому само затоа што е различен од него...
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2010 во 16:17
На 03.05.2010 во Егејска Македонија, Грција, излезе македонскиот весник Нова Зора. Овој весник претставува продолжение на борбата на македонскиот народ во Грција, за зачувување на својот јазик, култура и идентитет. Истиот излегува на грчки и македонски, секако, поради тоа што не сите Македонци таму го знаат нашиот јазик. Во него има доста статии кои се однесуваат и на македонската историја, како што е статијата за Катерина Андреева (Цвета), како и за смртта на војводата Гоце Делчев и македонските села во Егејска Македонија.

НОВА ЗОРА

Секоја чест на Македонците во Егејска Македонија.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2010 во 21:00
Секоја чест,денес има причина за да бидиме горди.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2010 во 20:53
Вчера го најдов Абецедарот на интернет, на некој ако му треба Абецедаро
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 40>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.