Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
marchi.be
Нов член
Регистриран: 08.Март.2016
Статус: Офлајн
Поени: 30
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Март.2016 во 14:32 |
od posledniov komentar na valerija bogami si procitav nesto sto mi e 1000% pogodeno samo sakam da gi prasam ostanatite clenovi dali veruvaat vo horoskop?
|
|
Орка
Сениор
Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Март.2016 во 17:48 |
Мене ми е знакот таков,да пишано ми е да не верувам.
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Март.2016 во 21:32 |
ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК ЌЕ ВИ ПОКАЖЕ ДАЛИ ЌЕ ИМАТЕ СРЕЌА ВО ЉУБОВТАМаните ( лошите особини) својствени за секој хороскопски знак најчесто се причина да дојде до раскинување на врската. Кога човек знае каде греши, многу се поголеми шансите следен пат да не ги повтори истите грешки. Според вашиот зодијачки знак дознајте каде најчесто грешите во љубовта. Вашиот хороскопски знак ви ги открива грешките кои ги правите на љубовно поле. Проверете: Овен Самоувереноста на овенот, која на почетокот на врската можеби била привлечна за другиот партнер, со текот на времето може само да се претвори во пречка. Овните мораат да поработат на својот егоизам и понекогаш да го стават партнерот на прво место. Компромисот исто така е основа на секоја добра и квалитетна врска. Нивните брзоплети реакции понекогаш знаат да претставуваат проблем во врската, бидејќи на другите им е тешко да се справуваат со нивните изливи на бес. Бик Биковите кои се во долга и стабилна врска, често знаат да се запостават. Тие се чувствуваат пријатно, па претеруваат со храната и пијалаците, не внимавајќи на физичкиот изглед, што после некое време на партнерот може да му стане непривлечно. Покрај тоа, тие стануваат и мрзливи за романтика, а партнерот почнуваат да го сфаќаат здраво за готово. Биковите се склони на партнерот долго да му замеруваат за истите грешки и секогаш ги водат истите кавги. Близнаци Близнаците се склони кон флерт, па партнерот покрај нив може да се чувствува несигурно. Не оставаат впечаток на стабилност и сигурност, поради што саканата личност мисли дека не може да се потпре на нив. Имаат тенденција често да го менуваат мислењето и расположението, а тоа е уште една карактеристика која им пречи на другите. Рак Раковите уште на почетокот од врската стануваат зависни од партнерот, а спомнувањето на заеднички живот и брак во рана фаза од врската, секого може да преплаши. Кога се во врска, партнерот станува центар на нивниот свет, поради што тие често се чувствуваат загушено. Лесно се навредуваат и се многу чувствителни, па многу лесно можат да останат повредени. Лав Големото его на лавот е нешто со кое партнерот треба да научи да се носи. Не е лесно да се живее со личност која лесно се навредува и која после тоа со денови му замерува на партнерот за истата ситница. Лавовите секогаш се ставаат себеси на прво место и тоа со текот на времето станува вистински проблем. Не ги признаваат своите грешки, а покрај тоа се склони кон флертување, па партнерот покрај нив не се чувствува баш сигурно. Девица Срамежливите девици тешко ги откриваат своите вистински емоции, па нивниот партнер не знае што всушност тие чувствуваат. Живеењето со девица може да биде многу напорно бидејќи тие се премногу критични и секогаш знаат да најдат маана во сè. Тежнеат кон совршенство, но не сфаќаат дека треба да уживаат во малите, обични работи, кои го прават животот совршен. Нивната опседнатост со чистотата и здравјето, знае да иритира. Вага Љубовниот живот на вагите знае да биде хаотичен, бидејќи честопати одбираат погрешни партнери, кои не се добра основа за врска. Кога се во врска, се многу неодлучни и постојано размислуваат дали нивниот партнер е оној вистинскиот. Освен тоа, претставниците на овој знак се многу склони и кон флерт. Не сакаат да се расправаат, па го кажуваат она што нивниот партнер сака да го чуе, што може да стане проблем, бидејќи искреноста е темел на секоја успешна врска. Скорпија Скорпиите секогаш тежнеат да одат на сѐ или ништо, па не е лесно да се следи нивниот чекор. Во врските стануваат љубоморни и посесивни, па неретко го гушат партнерот. Освен тоа многу се таинствени, па љубената личност секогаш се чувствува како Скорпијата нешто да крие од нив и не е потполно искрена. Скорпиите се злопамтила кои никогаш не простуваат сосема, а ситните кавги редовно ги претвораат во долготрајни караници, исполнети со обвинувања и обиди за емоционална манипулација. Стрелец Стрелците се честопати нечувствителни и невнимателни, па ги повредуваат чувствата на нивниот партнер, а не се ни свесни за тоа. Живеат за возбуда и акција и затоа сѐ им досадува брзо. Нивниот партнер се чувствува како да мора постојано да биде интересен, што му создава голем притисок. Најголемиот проблем во љубовните врски на стрелецот, е неговата потреба да има потполна слобода и свој посебен социјален живот, а тоа секако не им одговара на многу негови партнери. Јарец Јарецот е отсутен и дистанциран додека не стекне потполна доверба во неговиот партнер, а тоа е многу долготраен процес, поради што неговиот партнер ќе се исфрустрира. Во ниеден случај не е лесно да се живее со меланхолична личност која се грижи за секоја ситница, а неговиот песимизам се пренесува и на околината. На јарците им недостасува спонтаност, тие се многу оптоварени со нивната работа, поради што животот со претставник на овој знак, станува монотон. Водолија Потребата на водолијата за слобода и индивидуалност може да биде исцрпувачка за нејзиниот партнер, кој понекогаш се чувствува дека сите други луѓе на светот ѝ се поважни од него/неа. Богатиот друштвен живот на Водолијата, ги прави многу нејзини партнери љубоморни. Во некои случаи недостатокот од интимност и романтика може да доведе до оддалечување на партнерите. Воедно, љубената личност секогаш знае што Водолијата мисли, но не знае што чувствува, бидејќи таа избегнува да зборува за емоции. Риби Рибите живеат во свој свет и честопати го идеализираат нивниот партнер, но нивните нереални очекувања е навистина тешко да се задоволат. Честопати се впуштаат во врски со личности кои не ги заслужуваат или личности кои имаат тајни љубовни врски настрана. Обично имаат комплициран љубовен живот, а поради нивната пожртвуваност спремни да се трпат многу, а тоа нивните партнери често ги искористуваат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Март.2016 во 19:01 |
АКО ОВОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ВИ КАЖЕ „ТЕ САКАМ“, ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА ВЕ ЛАЖЕАко ви кажат дека ве сакаат можеби би требало таа изјава да ја заверат на нотар. Станува збор за родените во знакот Близнаци. За нив зборовите „Те Сакам“ се исто како „Добар ден“ и немаат никакво значење. Доколку ги потсетите дека ви ги изговорил овие зборови што би требало да ги сфатите сериозно, тој ќе се прави наудрен. Доколку се сети дека ви изјавил љубов, ќе каже дека само се шегувал. На Близнаците им треба многу време за да се врзат, но најмногу и над се, најмногу се сакаат себе си. Она што е сигурно – со нив во врска неможе да ви биде здодевно. Знаат да бидат духовити, забавни, авантуристи, но врзувањето и бракот тешко им одат од рака. Ако се вљубите во близнак бидете внимателни, затоа што секогаш ви се заканува опасност да ви го скрши срцето. Дури и кога тоа го прави на своја штета. Може да страда затоа што не сте заедно, да му биде тешко, но тоа нема да го признае ниту под тортура.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Март.2016 во 20:11 |
Месец април е време на големи промени, некои хороскопски знаци ги очекуваат флертувања и љубовни предизвици, па ќе уживаат без да размислуваат за последиците, а други ќе се одлучат да се борат за својата врска. Што ве очекува на љубовен план во април? ОвенАко веќе подолго време сте сами, во текот на април нема да имате потреба да се грижите за вашиот љубовен статус. Ова ќе биде време кога нема да знаете што да правите со бројните можности кои вас буквално ви доаѓаат пред нозе. Личност во знакот Лав би била одлична комбинација за авантура, а подоцна можеби и за сериозна врска. Препуштете се на емоциите, но не ја занемарувајте вашата интуиција. На крајот на април припадниците кои се во врска ќе имаат помалку искушенија, а проблемите во врската ќе можат да ги пребродат само ако вложат повеќе напор и го уверат партнерот во својата посветеност. БикАприл е ваш месец, бидејќи токму тогаш ќе можете да им покажете на поранешните љубовници дека вам одлично ви оди без нив. Ова ќе биде месец кога вашата силна личност, став и неодолив шарм ќе дојдат во прв план и едноставно ќе бидете во центарот на вниманието. Марс ќе ви даде сила, па конечно ќе успеете да го направите првиот чекот. Ако веќе подолго време сте сами, на еден Овен можете слободно да му кажете „Да“ без воопшто да размислувате. БлизнациИгривите Близнаци секогаш го добиваат тоа што го посакуваат, а на почетокот на пролета опасно посакуваат еден од огнените знаци. Со оглед на тоа што шармот и флертот ви се второ име, треба да ги искористите и да заведете некој Лав или Стрелец. Во втората декада од месецот лошата комуникација во врската може да доведе до расправии, па ѕвездите ги советуваат Близнаците да посветат малку повеќе внимание на нивниот партнер, доколку сакаат врската да продолжи. РакРомантичните Ракови не мораат повеќе да чекаат, бидејќи пролетта и април ќе ги исполнат нивните очекувања кога е љубовта во прашање. Полето на љубовта потполно ви се отвора веќе од средината на април кога ќе запознаете интересна личност на работа или на некое неочекувано место. Сатурн можеби ќе ви врати некој од минатото, но одлуката останува на вас дали да се вратите на стариот љубовен предизвик или дали ќе дадете прилика на некоја потполно нова личност. ЛавКако и секогаш, кога доаѓа убавото време и пролетта, огнените Лавови не можат да се смират и се склони на флертување и љубовни авантури повеќе од вообичаено. Секако, ретко кој ќе остане имун на вашиот шарм, посебно во април. Оние кои се веќе долго време сами ќе запознаат некоја личност поради која пеперутките повторно ќе проработат. Една Девица или Скорпија ќе бидат одличен избор за врска или авантура. Лавовите кои се во врска во април ќе одлучат дали сакаат да ја спасат својата врска или да ја прекинат. Не носете одлуки во бес и пред нив добро размислете. ДевицаМожеби се плашите да се сретнете со некој од минатото, но токму тоа ќе ви се случи во април. Размислете дали е можеби нешто што сте го очекувале и нешто на што сте се надевале претходните месеци. Април е месец кога многу подобро е да останете сингл, бидејќи само еден лош избор може повторно да ви донесе проблеми.
ВагаПролетта и април ќе ви донесат во животот некоја млада личност на која тешко дека ќе останете имуни. Без грижи, релаксирајте се и не размислувајте за последиците, бидејќи конечно ќе дојдат вашите пет минути. На Вагите кои се во врска, ѕвездите им препорачуваат конечно да соберат храброст, да кажат „Да“ и да не ги одложуваат плановите за заедничка иднина. Крајот на април носи мали несогласувања помеѓу партнерите кои можат да ги решат само ако се потполно искрени и не ги слушаат приказните од страна. СкорпијаСтрасните Скорпии долго чекаа да дојдат нивните пет минути кога се во прашање љубовта и врските. Токму сега можат да земат оддишка, бидејќи во април сè ќе се одвива по нивните планови. Без оглед на статусот, Скорпиите толку ќе уживаат во вниманието на спротивниот пол, што постои можност да се појави флертување и на работното место. Сепак, внимавајте да не бидат тоа надредените, па следниот месец да ја изгубите можноста и за љубов и за работа. Сконцентрирајте се на некоја личност во знакот на Лав или Јарец со кои ве очекуваат убави заеднички моменти. СтрелецАприл на слободните Стрелци ќе им донесе многу позитивна енергија кога е во прашање љубовта. За нив нема да постојат никакви препреки во однос на освојувањето на личности од спротивниот пол. Токму затоа, оваа пролет може да ви се случи да западнете во забранета љубов. Стрелците кои неодамна раскинале, ѕвездите ги советуваат да не се враќаат на минатото, туку да ја остават моменталната ситуација таква каква што е. Во април ве очекуваат бројни предизвици и нови ситуации кои морате да ги искористите на вистинскиот начин. ЈарецЈарците ќе мораат уште малку да бидат трпеливи и да го почекаат нивното време за љубов. Април ќе биде месец кога ќе ги лечите старите љубовни рани и ќе се подготвувате за нова животна епоха. Ѕвездите ги советуваат Јарците да не избрзуваат во донесувањето на одлуки кои се поврзани со нивниот љубовен статус. Дозволете времето да одлучи наместо вас. Јарците кои се во врска ќе имаат помалку недоразбирања во втората декада од април. ВодолијаСлободните Водолии во текот на април ќе уживаат со полни гради. Убавото време, добрата енергија и љубовниот занес ќе ве раздвижат и конечно ќе ги признаете вашите емоции на некој од огнените знаци. Најдобро од сè е што вашата внатрешна сила и позитивните вибрации ќе ве натераат да не се плашите од одбивање, ниту од последиците. Слободно релаксирајте се и излезете на јавни места, бидејќи токму тука може да ве чека вашата сродна душа. Водолиите кои се во врска ќе се концентрираат на плановите за заедничка иднина, но една расправија во април ќе им ја разниша моменталната сигурност. РибиЕмотивните Риби во текот на април ќе се соочат со бројни искушенија. На прво место ќе се запрашате дали да ѝ дадете втора шанса на старата врска или дали можеби подобар избор е да излезете на пијачка со некоја Скорпија. Што и да изберете, не морате да се грижите за исходот. Април е месец во кој ќе бидете поштедени од разочарувања и емотивни рани. Рибите кои се во врска ќе уживаат во заедничките моменти со саканата личност и токму сега ќе посакаат уште посериозна врска.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Април.2016 во 13:04 |
ХОРОСКОП: ЉУБОВНИ КОМБИНАЦИИ КОИ СЕ ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА СТРАСТ И ГОЛЕМИ ЕМОЦИИВо Зодијакот постојат повеќе љубовни комбинации кои се олицетворение на страст и големи емоции, па токму таквите привлечности се неизбежни. Дознајте на кој хороскопски знак сте слаби и барем еднаш во животот ќе го имате за партнер. 1. Овен и Вага Веќе при првото среќавање на овие знаци се појавуваат искри. Енергијата и сексуалноста на Овенот и шармот и префинетоста на Вагата создаваат силна хемија. Оваа љубовна врска е голем предизвик за двете страни, па тешко дека ќе одолеат да не се пробаат како пар. Проблемите во односот може да настанат кога пристојното однесување и начин на живот на Вагата ќе започнат да го нервираат Овенот. Вагата од друга страна пак, ќе се обиде да го направи Овенот попристоен. За врската да успее, потребно е овие два знаци својата природа да ја спојат во заеднички активности, наместо да се препираат. 2. Бик и Скорпија
Кога нежниот Бик ќе се отвори пред Скорпијата и во неа ја види страста која ја носи, доаѓа до огромна сексуална поврзаност. Кога ќе влезат во врска не можат да се заситат еден од друг, но кавгите се исто така неизбежни. Бикот се изморува од темпото на Скорпијата, додека на Скорпијата и пречи пасивноста на Бикот. Само ако страста од спалната соба може да се пренасочи кон заедничко дружење, работите може да се подобрат. 3. Близнаци и Стрелец
Привлечноста меѓу овие два знака не е само физичка, туку се одразува и на ментално ниво. Љубопитните Близнаци и Стрелците кои вечно филозофираат, ги обожаваат меѓусебните разговори. Близнаците може да ги изнервира само ставот дека Стрелецот сè знае најдобро, додека Стрелецот може да му замери на партнерот за повремената незаинтересираност и склоноста кон озборување. Решението е во заедничките патувања. 4. Рак и Јарец Чувствителноста на Ракот и моќта на Јарецот претставуваат совршен спој. Страста може да биде кратко попречена од емоциите на Ракот, а Јарецот повремено да го игнорира, додека на Јарецот може да му здодее неодлучноста и несамостојноста од другата страна. Задолжително мора да се потсетуваат дека не се само партнери, туку и љубовници, ако сакаат да успеат. 5. Лав и Водолија
Кралот на светот не може да и одолее на слободната Водолија која го признава само својот авторитет. Бунтовничкиот дух е освежување за Лавот, додека за Водолиите најпривлечна е харизмата на Лавот. Преголемата потреба за внимание на Лавот и противењето на Водолиите може да доведе до сериозни проблеми. Спасот мора да го најдат во креветот, далеку од сите луѓе и познаници. 6. Девица и Риби
Девицата сака ред, а Рибите ги одбива рутината, па затоа ова е доволно спротивно за да се привлечат. Врската ја гледаат како единствен начин да си го променат животот, па Девицата обожава да ја научи Рибата на ред, додека Рибата ја учи Девицата како да се опушти. Во одреден момент несериозноста на Рибите може да и попречи на Девицата, а потребата за контрола на Девицата да биде препрека за другата страна. Подготвеноста на компромис може да ја спаси врската.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Април.2016 во 15:32 |
ТВРДОГЛАВ, УПОРЕН, ЕНЕРГИЧЕН И РЕАЛЕН: ОВА Е НАЈДОБРИОТ ЉУБОВНИК ВО ЗОДИЈАКОТ!Тврдоглави, упорни, енергични, реални. Ова се најважните особини на Биковите. Иако тврдоглавоста се смета за нивна најголема особина и мана, љубовта е место каде што Биковите апсолутно се докажуваат. Се сметаат за најголемите љубовници во Зодијакот, сакаат да ги привлекуваат луѓето, но никогаш не преземаат иницијатива. Бикот е личност која поседува сила која раздвижува планини, со својата упорност и неоткриената тајна на љубовните вртлози. Биковите се познати по својата практичност и реалност. Нивната конкретна смисла за реалност ги восхитува луѓето околу нив кои таквите квалитети не ги познаваат. Можете заради тоа да ги обвините дека воопшто не знаат да фантазираат или дека романтичноста низ нивната призма делува толку сиромашно. Ќе ве држат за рака, ќе се шетаат под полна месечина или во прекрасна природа, а притоа радосно ќе раскажуваат како денес го зготвиле гулашот. Што се однесува до љубовта и љубовните интриги, овие луѓе најчесто имаат среќа. Венера, планетата на благосостојба и љубов, се наоѓа во центарот и управува со нивниот знак, но не со оној откачен стил како кај Вагата, туку на еден практичен и допирлив начин. Донесува врзаност за реалноста, здрава смисла и желба за поседување. Сакаат да бидат опкружени со убави нешта, убави мажи или жени, луксузни предмети, уметнички слики. Убавината во нивниот живот е многу застапена и изразена. Околу себе создаваат чувство на пријатност и опуштеност, па дури и во канцелариите внесуваат ситници кои ја отсликуваат нивната душа. Иако се крајно практични, имаат смисла да го одберат партнерот. И тоа обично е партнер кој е романтичен и со богата фантазија, нежен дух, поетични. Навидум чиста спротивност од нив. Понекогаш Биковите изгледаат затворени и неприступачни, но едноставно не допуштаат на било кој да им го троши нивното време и стрпливост. Знаат секому да му речат: Стоп! Припадниците на овој знак се познати по оптимистичката филозофија и практичното усмерување. Сакаат да им помагаат на другите и ја сакаат уметноста. Уживаат во добри книги или претстави, и најмногу во гурмански подготвени јадења. Нивната одмереност, постојаност и реалниот пристап на животот се легендарни во Зодијакот. Најголема мана на овој зодијачки знак е тврдоглавоста и тоа до тој степен што околината често ги смета за дрски и непристоји. На второ место се посесивноста и љубомората. Кога ќе го одберат партнерот, не го испуштаат од вид, сакаат да имаат целосна контрола на она што го прави. Често претеруваат во јадење и пиење или избегнување на спортски активности заради што имаат и здравствени тешкотии. Динамични се, упорни и енергични, но кога ќе завршат со некоја работа, истиот миг стануваат пасивни и троми. На работен план никогаш не постапуваат импулсивно и непромислено. Многу се внимателни, и не им дозволуваат на другите да им пречат во нивните планови. Газат се друго за да ги остварат своите цели. Големи се ентузијасти дури и во најтешките животни ситуации. Изгледаат како нескршливи и полни со сила. Меѓутоа нивната тврдоглавост е особина која често ги кочи во животот, а сепак тие од неа не отстапуваат. Бидејќи животната филозофија им е насочена кон практични нешта, не си дозволуваат некои нереални соништа или цели. Но потребата секогаш тие да се во право ги тера да се спротивставуваат на авторитети или на сите оние кои сакаат да го сменат нивното мислење. Во тие мигови доаѓа до израз нивниот недостаток на такт, нееластичност на духот, како и недостаток на дипломатија. Но, благодарејќи на својата упорност, сепак постигнуваат големи успеси. Прилично се чувствителни на околината и на туѓите мислења и секогаш одат во крајност – ако не се согласувате со мене, значи сте против мене. Навистина, би требало малку да се потактични во животот. Интелектот им е приземен, со реални цели и амбиции. Љубовта пак им е храна. Без неа едноставно тешко живеат и многу патат. Мораат да сакаат, да поседуваат некого, дури и да е тоа погрешна личност. Ако се обидете да им го поместите нивниот дневен распоред и планови, бидете сигурни дека одеднаш ќе се соочите со бесен Бик подготвен да ве набоди со роговите и тоа без да извадите црвено платно. Сами сте виновни! Биковите и парите секогаш одат заедно. Се разбира, не се сите Бикови богати, но бидете сигурни дека не се ни сиромашни и секогаш имаат црн фонд. Својот дом и кралство тие го градат секогаш споро, но цврсто и сигурно. Во секоја секунда знаат колку пари имаат до ситници, дури и во малите касички, ги знаат цените на сите производи и заколнати непријатели се на расфрлање пари. Својот имот го чуваат и шират многу внимателно!
Се согласувам
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Април.2016 во 21:43 |
Проверете со кои хороскопски знаци се сложувате, а од кои треба да “бегате“
Дознајте со кои хороскопски знаци одлично се сложувате, а од кои би требало да се дистанцирате. Ако сте Овен тогаш ве привлекува Вагата, добро ви е и со Лавот и Стрелецот, не е лошо со Водолијата и Овенот, а бегајте од Ракот и Јарецот. Ако сте Бик, ве привлекува Шкорпијата, добро ви е со Девицата и Јарецот, не е лошо со Ракот и Рибата, а бегајте од Лавот и Водолијата. Ако сте Близнаци ве привлекува Стрелецот, добро ви е со Вагата, Овенот и Водолијата, не е лошо со Бикот и Лавот, а бегајте од Девицата и Рибите. Ако сте Рак ве привлекува Јарецот, добро ви е со Шкорпијата и Ракот, не е лошо со Бикот и Девицата, а бегајте од Вагата и Овенот. Ако сте Лав ве привлекува Водолијата, добро ви е со Стрелецот и Овенот, не е лошо до Вагата и Близнаците, а бегајте од Шкорпијата и Бикот. Ако сте Девица ве привлекуваат Рибите, добро ви е со Јарецот и Бикот, не е лошо со Шкорпијата и Ракот, а бегајте од Стрелец и Близнаците. Ако сте Вага ве привлекува Јарецот, добро ви е со Шкорпијата и Близнаците, не е лошо со Стрелецот и Лавот, а бегајте од Јарецот и Ракот. Ако сте Шкорпија ве привлекува Викот, добро ви е со Рибите и Ракот, не е лошо со Јарецот и Девицата, а бегајте од Лавот и Водолијата. Ако сте Стрелец ве привлекуваат Близнаците, добро ви е со Овенот, Лавот, Бикот и Ракот, не е лошо со Водолијата, а бегајте од Рибите и Девицата. Ако сте Јарец ве привлекува Ракот, добро ви е со Бикот и Девицата, не е лошо со Рибите и Шкорпијата, а бегајте од Овенот и Вагата. Ако сте Водолија ве привлекува Лавот, добро ви е со Близнаците и Вагата, не е лошо со Овенот и Стрелецот, а бегајте од Ракот и Шкорпијата. Ако сте Риби ве привлекува Девицата, добро ви е со Ракот и Шкорпијата, не е лошо со Бикот, а бегајте од Близнаците и Стрелецот
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Април.2016 во 21:46 |
Хороскопски знаци кои сами си создаваат проблеми
Некој е роден под среќна ѕвезда, но тоа не може да се каже за следниве три хороскопски знаци… ДЕВИЦА Девицата е претерано педантна и опседната со перфекција во секоја смисла. Кога е нервозна или напната се смирува со средување или чистење на домот. Нема да се смири се додека не биде наместено според нејзина замисла. Проблемот е во тоа што се такви и со животот, се мора да биде организирано и на место. Кога нештата ќе тргнат спротивно од нивните замисли, веднаш ќе почнат да се преиспитуваат зошто се токму нив им се случува. Тешко се соочуваат со било кој проблем, па често знаат од ситница да направат драма. ВАГА Вагата не поднесува неправда и на сите начини се труди нештата да ги истера на прав пат. Но, Вагата неправдата ја гледа насекаде и постојано е во костец со неа. За неа најголема неправда е стареењето и тоа тешко го поднесува. Нема никогаш да се помири со тој факт. Ќе оди на третмани и разно разни зафати само за да ја задржи својата младост. РИБИ Рибите живеат во свој паралелен свет и ретко кога гледаат на нештата реално. Кога ќе се најдат во ситуација да се соочени со реалноста делуваат бурно и непресметано. Токму затоа ретко кога ги симнуваат своите розови очила. За нив светот е онаков каков што го гледаат и не отстапуваат од својата визија. Затоа кога ќе се најдат пред реален проблем не знаат како да се носат со него. Не ретко подлегнуваат на некој порок за да се соочат со ситуацијата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Април.2016 во 15:31 |
ОВОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК УБЕДЛИВО Е НАЈЛОШ ВО ВРСКА!Не им е гајле како се чувствувате и што вие сакате туку само она што ќе им биде нив во корист и како да ве искористат … Тоа е СТРЕЛЕЦОТ. Покрај тоа што се познати по тоа што се друштвени, позитивни и слободни во секоја смисла, стрелците во никој случај не се добри во врска. Затоа што им е потребна – слобода. Поради таа слобода, нема да бидете земени во предвид во нивните планови и размислувања, тоа себично суштество води сметка само за себе и да си ги задоволи сопствените потреби. Вашите чувства не се важни, бидејќи нивните се на прво место, а за вашите нема време. Не сака да ги признае сопствените грешки, а кога ќе им го воочите прави се за максимално да ве обвини вас. Кога станува збор за спротивна ситуација – спремни се да ви мудруваат цела ден и ноќ. Тие се подготвени да се врзат, но навистина не се однесуваат на тој начин кога се во врска или брак. Се претвараат во своја полза.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Април.2016 во 17:48 |
ЉУБОВЕН ХОРОСКОП: ДАЛИ ВРСКАТА КОЈА МОМЕНТАЛНО ЈА ИМАТЕ Е ОНАА ВИСТИНСКАТА?Хороскоп кој ќе им се најде на сите жени кои се во потрага по љубов или се двоумат дали врската која моментално ја имаат е онаа вистинската. Конечно одговор на најголемата љубовна дилема – дали да бегате од него или да останете до крајот на животот? Еве кој маж е за првото, а кој за второто: Жена ОвенВие во љубовта: За вас љубовта е страст и возбуда. Сакате да флертувате и лесно ја освојувате целта. Откако еднаш ќе го освоите мажот кој го сакате, подготвени сте на се за да го задржите. Проблеми во љубовта: Премногу се потпирате на инстинктите и одите со глава низ ѕид, наместо да направите пауза за анализирање. Обично жалите за својата импулсивност. Сродна душа: Младите ловци како што се Стрелецот и Лавот се најдобар „плен“. Не е за вас: Сентименталниот Рак може да ви ги раздвижи емоциите, но бара премногу. Жена БикВие во љубовта: Еден од најромантичните знаци кои сонуваат за совршен принц кој ќе ги држи за рака и ќе ги опсипува со подароци. За возврат, ќе ви биде задоволство да го разгалите. Не играте игри и не сакате мажи кои си играат со емоциите. Трпението и одлучноста ви се најдобри сојузници. Проблеми во љубовта: Понекогаш сте многу резервирани кога треба да го подарите срцето некому. Ослободете се од стравовите за љубовта да може да започне. Сродна душа: Машките Риби се привлечни за вашите емоции, но силните Скорпии прават срцето да ви заигра. Не е за вас: Од зборувањето нема ништо корисно, а тоа е се што Близнаците можат да ви понудат ако се решите на љубовна врска со нив. Жена БлизнациВие во љубовта: Мајстори во флерт, но не сакате никого да повредите. Сите го обожаваат начинот на кој се кикотите и си играте со косата. Но, и вие уживате додека ги играте овие игри и флертувате, барем додека не најдете маж покрај кој ќе сакате да се смирите. Проблеми во љубовта: Потребен ви е простор и мажот кој се лепи за вас како пијавица нема шанси. Не сакате љубоморни момци, ниту оние кои се трудат да ве смират. Сродна душа: Ве привлекуваат самостојните Водолии, но идеални за вас се Стрелците кои ќе го одржат вашиот авантуристички дух. Не е за вас: Можеби физички ќе ве маѓепса некој Јарец, но тој едноставно не знае да се снајде со вашата независност. Жена РакВие во љубовта: Потребен ви е маж кој ќе знае да се мази како и вие, но во исто време ќе ги почитува вашите старомодни мислења. Важно ви е семејството да го сака вашиот партнер. За идеален состанок ја сметате вечерта помината дома, гледајќи филмови. Проблеми во љубовта: Емоциите за вас се сè на светот, па ако случајно некој ве повреди се затворате во својот оклоп и патите во тишина, со големи количини чоколадо. Сродна душа: Нежната страна на Девицата излегува на површина кога сте заедно. Не е за вас: Мажот во знакот на Водолија ќе ве задржи заинтересирани, но ќе ви даде многу помалку отколку што очекувате. Жена ЛавВие во љубовта: Како Лавица, сакате да сте главни на поле љубов. Момците по малку се плашат од вашата самодоверба и независност додека не ве запознаат. Длабоко во душата сте дива мачка која сепак сака да има само еден маж до крајот на животот. Предани сте и тоа го очекувате за возврат. Проблеми во љубовта: Понекогаш вашата гордост ви ја попречува љубовта затоа што тешко признавате каде сте згрешиле. Сродна душа: Близнаците и Стрелците ви гаратираат возбудлива врска, но покрај Ракот се чувствувате најсигурно и сакано. Не е за вас: Тргнете се подалеку од Девиците кои се ужасни критичари и ја плашат вашата самодоверба. Жена ДевицаВие во љубовта: Љубовта за вас е приватна работа и не сакате да зборувате на таа тема. Вашиот љубовен стил е да оставите се под знак прашалник, попрво отколку да го направите првиот чекор. Мора тој да ви се доближи за да се отворите и да го импресионирате. Проблеми во љубовта: Склони сте на брзо откачување, после само еден разговор. И понатаму би биле пријатели со бившите, но ако не размислуваат зрело како и вие, лесно одат во заборав. Сродна душа: Ви одговара сензибилитетот на Јарците. Не е за вас: Ве одбиваат луѓе кои се мајстори за драма. Пример – Лавови. Жена ВагаВие во љубовта: Вашите магични моќи ви дозволуваат да бидете со маж каков што ќе посакате и истиот ќе го натерате за секунда да се заљуби во вас. Но, тоа не значи дека не сте пребирливи, напротив. Момчето мора да изгледа добро и да знае да се облекува. Проблеми во љубовта: Понекогаш премногу сте заљубени во самата љубов, без да ја сакате личноста која е покрај вас. Тоа е резултат на тоа што сте роден идеалист и го гледате само она што сакате да го видите. Сродна душа: Ракот ќе ве обожава како ниту еден друг маж. Не е за вас: Одолејте им на Овенот и на Водолијата затоа што не размислуваат толку романтично како вие. Жена СкорпијаВие во љубовта: Не се плашите да се борите за љубов. Штом фрлите око на некој, инстинктивно знаете што треба да правите за да го добиете. Сакате кога конците се во ваши раце. Емоциите ги држите заклучени додека не се осигурате дека може да му верувате. Потоа нема поинтензивна љубов од вашата. Проблеми во љубовта: Вашата љубомора се гледа од километри. Ако и се предадете се претворате во чудовиште, затоа обидете се да ја чувате заклучена некаде подалеку од вашиот партнер. Сродна душа: Слободно предајте им се на Рибите и Раковите. Не е за вас: Потребно ви е многу поголемо внимание отколку што Стрелецот има да ви понуди. Жена СтрелецВие во љубовта: Опуштени сте на тема љубов, па немате потреба од драми и заморувања. Сакате типови на мажи кои знаат како добро да се забавуваат, имаат авантуристички дух и се спонтани. Потребно е и да ви ги почитуваат мислењата такви какви што се. Длабоко во срцето копнеете по патувања, па често ве привлекуваат мажи со егзотичен изглед. Проблеми во љубовта: Вашето срце без проблем оди од еден на друг маж, заради што може да стекнете лоша репутација. Во суштина, може да ви се верува, но момците се несигурни затоа што сте претерано искрени и кажувате се што мислите без цензура. Сродна душа: Најдобро е да бирате мажи со слободен дух како Водолија или Близнаци. Не е за вас: Мажите родени во знакот на Рак се премногу чувствителни и приземни за вас. Жена ЈарецВие во љубовта: За вас љубовта е сериозна работа. Нема шанса да го доведете вашето срце во опасност, освен ако не сте сигурни дека чувствата ви се возвратени. Сакате да ја испитувате околината, а потоа полека да запловите во врска. Во вашите романтични приказни голема улога имаат информациите и мислењата од пријателите. Проблеми во љубовта: Кога еднаш ќе воспоставите љубовна врска, вие сте за долги патеки. Со вас раскинувањето е речиси невозможно заради вашата одлучност врската да успее. Сродна душа: Бикот и Девицата ве разбираат подобро од било кој. Не е за вас: Вашата внимателна природа ги одбива жестоките Лавови и Овни. Жена ВодолијаВие во љубовта: Независни сте, па најголемата грешка која партнерот може да ја направи е да ја загрози вашата слобода. Не сакате љубовта да управува со вашиот живот. Во петок сакате да бидете со него, но затоа во сабота сакате да се журкате со пријателите. Ако тоа не му одговара, кажувате збогум. Проблеми во љубовта: Внимавајте да не ги одбивате мажите премногу често, затоа што ретко кој повеќепати би се борел за нешто што нема цел. Сродна душа: Момчето родено во знакот на Девица е добар избор затоа што и тој си ја сака слободата. Не е за вас: Лавот кој сака да го обожавате не е добар избор, иако меѓу вас постои неверојатна хемија. Жена РибиВие во љубовта: Вие сте романтичар кој целосно верува во сродни души. Всушност, подготвени сте да ја превртите земјата за да ја пронајдете вашата. Откако ќе ја најдете, ќе направите се за да ја сочувате, дури и по цена неговите потреби да дојдат пред вашите. Проблеми во љубовта: Потребен ви е емотивен дечко кој ќе ги разбере вашите емоции. Ако не е на исра бранова должина како вас, се затворате и врската почнува да тоне во неразбирање и незадоволство. Сродна душа: Ракот може да ви ги возврати емоциите кои ги имате подобро од било кој знак. Не е за вас: Егоцентричниот Овен ужива во вашето внимание, но го искористува вашето срце.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2016 во 19:41 |
Овенот е еден од најимпулсивните и најтврдоглавите хороскопски знаци. Бестрашни, спонтани и енергични, на оние личности кои се родени во овој знак ништо не може да им застане на патот. Токму поради таа нивна импулсивност и по малку див карактер, многумина имаат потешкотии да ги разберат. Затоа, во продолжение прочитајте ги 10-те вистини за Овенот кои ќе ви помогнат полесно да ја сфатите неговата суштина. 1. За Овенот не постои фразата „Мора прво да научите да ползите, пред да знаете како да одите“. Овенот прво дејствува, а потоа мисли. Тој нема време прво да ползи, а потоа да оди бидејќи животот поминува толку брзо, а Овенот сака да искуси сѐ. Ползењето му се чини досадно и бавно, а одењето и трчањето се за него многу подобра опција. Овенот е енергичен и брз од моментот кога ќе се разбуди. 2. За Овенот да го заврши тоа што ќе го започне е монументален успех.Овните започнуваат многу работи и понекогаш не стигнуваат сите да ги завршат. Тие едноставно имаат толку многу идеи, што не можат во целост да се посветат само на една. Затоа се фокусираат на сите и чекаат да видат каде тоа ќе ги одведе, а неизвесноста дополнително ги возбудува. 3. Овенот во сѐ гледа натпревар. Тие имаат силен натпреварувачки дух и победата им е многу важна. Да се биде втор за Овенот значи да се биде последен, па затоа и поразот не го прифаќаат толку добро. Тие ќе дадат сѐ од себе за да победат и да ја остварат целта. 4. Овенот не знае што значи реченицата: „Немој да разговараш со непознати“. Ако некоја непозната личност го привлече вниманието на Овенот, тој веднаш ќе ѝ пријде и ќе започне разговор со неа. Тој обожава да запознава нови луѓе и на тој начин да го проширува својот видик. На Овенот му е потребен широк круг пријатели и познаници бидејќи кога повремено ќе се „засити“ од еден пријател, мора да побара друг. Тие шират познанства и пријателства со луѓе од најразлични карактери, бидејќи се сложуваат со сите. 5. Овенот секогаш ќе го каже своето искрено мислење. Овенот не знае да го држи јазикот зад забите, но во тоа тој не гледа никаков проблем. Неговиот стил не е да ги заобиколува и разубавува нештата, тој искрено ќе каже како стојат работите и ако некој тоа не може да го прифати, тогаш тоа е негов проблем. Со својата искреност, Овенот не сака ниту да повреди некого, ниту да биде дрзок, но често луѓето не можат да го разберат неговиот силен карактер и остар јазик. Меѓутоа, Овенот нема да се менува поради другите луѓе, тој ќе чека во неговиот живот да дојдат личности кои ќе го прифатат онаков каков што е. И тоа е сосема во ред. 6. Овенот може во моментот да го промени мислењето. Поради неговата импулсивност, Овенот често знае да го промени своето мислење во секунда. Таков е во сите аспекти на животот, па дури и во љубовта – во еден момент се чини како да се заљубува во некој/а, а веќе во друг момент му се допаѓа некој/а нов/а. Овенот смета дека животот дава толку многу шанси и штета е нешто да се пропушти. 7. Овенот има огромно срце, иако тоа некои не го гледаат. Под нивната гласна и доминантна природа, во Овенот се крие едно големо срце кое лесно може да се скрши. Луѓето често мислат дека е невозможно да се повреди Овенот, но тоа е така затоа што овој горд хороскопски знак знае добро да ги сокрие своите чувства и емоции. Овните силно ги сакаат семејството и пријателите и ќе ги штитат до самиот крај. 8. Овенот никогаш не одбива ново искуство. За Овенот не постојат граници, ништо не е забрането ниту претерано. Овенот ќе ја проба секоја храна, ќе патува каде и да му се даде можност, ќе разговара со што повеќе личности и ќе биде во врска со најразлични луѓе. За Овенот не постои ништо што тој не може да го направи, неговиот ум признава само дека сѐ е возможно. 9. Овенот секогаш ќе делува самоуверено, дури и кога не се чувствува така.Кога се чувствува несигурно, Овенот тоа никому нема да го открие. Во секој момент ќе одржува репутација на горд, искрен и отворен знак бидејќи тоа се квалитети кои другите му ги припишуваат и на кои им се восхитуваат. Овните знаат дека самодовербата ќе ги однесе далеку во животот и секогаш се трудат да делуваат самоуверено дури и кога се исплашени и несигурни. 10. Овенот е склон да се префрла од една љубовна врска во друга. И Овенот во тоа не гледа никаков проблем. Тој едноставно сака да го испита теренот пред да одлучи да остане со некој или не. Доколку ги завлекува работите, другата личност може да биде повредена. Овенот бара длабока, предана врска и своето срце нема да го даде на кој било.
Изменето од Valerija - 08.Април.2016 во 19:42
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Април.2016 во 19:45 |
ЧЕТИРИ ЖЕНИ ВО ХОРОСКОПОТ КОИ НЕ СЕ ПЛАШАТ ОД НИШТОТие се опасни, диви, богати со знаење и зборови, подготвени за нов скок, не се плашат од ништо и затоа се непобедливи. Дали и вие ги имате овие карактеристики? Ако сте еден од овие 4 хороскопски знаци, со сигурност: Овен Жените родени во знакот на Овен се непобедливи затоа што обожаваат да победуваат. Само имаат една негативност – одат до крајност на деструктивност. Лав Тие се полни со самодоверба и секогаш подготвени за скок од висина. Каде и да се појават привлекуваат внимание, па ретко кој маж нема да се сврти по нив. Од Лавиците зрачи сексапил, а прочуени се по желбата за докажување. Скорпија Опасна, зафркната Скорпија која знае кога да биде безобразна, а кога фина и мила. Добро знаат да го проценат времето кога е соодветно да бидат една од двете спротивности. Тие ветуваат многу работи кои другите нема шанса да ги исполнат. Рак Жените ракови се непобедливи благодарение на една сосема поинаква тактика – полни се со лажно разбирање. Но, кога ќе дојде крајот на преправањето, внимавајте. Опасноста дури тогаш почнува.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Април.2016 во 10:12 |
ХОРОСКОП: НА КОЛКУ ГОДИНИ ЌЕ ЗАПОЧНЕ ТВОЈАТА ВИСТИНСКА СРЕЌА?Се смета дека во животот на секој човек има период во кој се му врви по вода – работа, учење, љубов, пари… Што не значи дека и во останатото време нема да е среќен, но особено во оваа фаза тревогите и негативните емоции се сведени на минимум. Да си замислиме дека животот е еден круг поделен на четири временски сектори – детство, созревање, зрела возраст и старост. Во секој сектор има по три зодијачки знаци. И тие зодијачки знаци се чувствуваат најсреќни во периодот кој нивниот сектор го опфаќа. Сектор 1: 0-21 година Хороскопски знааци: Овен, Близнаци, Бик Тие се енергични, импулсивни, често егоистични, љубопитни и нивната движечка сила е секогаш личен интерес. Исто како децата. Во периодот од 21-вата година тие треба да ја искористат максимално секоја можност. Да не се плашат да бидат себе, колку и критики да добиваат. Се што решат, можат да го постигнат со леснотија. И нека овие цели не бидат ситни, туку такви кои долго време ќе им носат дивиденди. Сектор 2: 22-40 години Хороскопски знаци: Рак, Лав, Девица Комуникативни, суетни, држат до своето и се разбираат од се. Токму како еден млад човек, кој скоро ја добил својата самостојност и веќе се чувствува “голем човек”. Тие имаат 2 двигатели – желба да се потисне другиот и интересите на семејството и пријателите. Во периодот од 21-40 години, овие знаци ќе се чувствуваат вистински почитувани и сакани. Од нив зависи колку ќе имаат корист од тоа. Во принцип не се фанови на големите цели, но вистина е дека дури ни тие нема да и се спротивстават на “среќната фаза”. Сектор 3: 41-53 Хороскопски знаци: Вага, Шкорпија, Стрелец Фер, може да им се верува, гледаат на поинаков начин на животот. Но исто така се и малку арогантни со постојана желба да те водат и да те учат лекции за животот. Исто како еден веќе зрел човек, кој видел и научил многу. Нивната движечка сила е реализација на амбициите. Во периодот од 41-вата до 53-тата година тие ќе чувствуваат хармонија со себе. Тоа е фаза на блаженство, нови хоризонти и исполнување на емоции. Сектор 4: 54 години – длабока старост Хороскопски знаци: Јарец, Водолија, Риби Мудри, често вознемиени за нешто, понекогаш сочувствителни, понекогаш апсолутно груби. Исто како возрасен човек кој видел се, испитал се и знае како да се однесува во дадена ситуација. Движечката сила на овие знаци е спроведување на колективните цели. Ставете ги во тим, дајте им задача и само за неколку часови тие ќе се полни со таленти и идеи. По навршувањето на 54 години, ги чекаат многу успеси, многу задоволство и доволно слободно време, кое ќе го посветат на себе и своите најблиски. Ако воопшто постои нешто како “блажена старост”, тогаш таа е резервирана токму за овие 3 хороскопски знаци.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|