Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Март.2016 во 16:33 |
Некои страста ја разбираат само како физичка привлечност кон други лица, додека други страста ја пронаоѓаат во работата и секојдневието. Се прашувате кои се најстраствените знаци во Зодијакот? Овие 3 знаци вложуваат огромна страст во сè што прават: Овен Овенот е страстен секогаш и постојано. Такви се и на работа, и во кревет. Сакаат да освојуваат, но вниманието може да им го задржат само интересни луѓе, додека на другите нема да посветат ни минута. Забавни се, но и сами бараат забава, бидејќи не поднесуваат досада. Работите во животот ги прифаќаат со многу страст, поради што често се многу агресивни и подготвени за кавга. Сакаат провокации, бидејќи знаат дека тоа води кон страстен завршеток. Тие никогаш не се рамнодушни - или се караат или страсно сакаат некого. Лав
Лавот, како што кажува и самото име, е вистински ѕвер – и во борба и кавга и во кревет. Едно е сигурно, ако ги заинтригирате, ќе завршите во кревет со кралот. Хедонистичкиот начин на живот не подразбира кавги, па затоа ретко ќе ги вовлечете во такво нешто. Но, кога ќе влезат во такво нешто, кршат сè околу себе токму заради нивната страст. Освојувањето на срцето на Лавот е многу тешко, но ако успеете во тоа очекувајте страст и голема љубов. Покажуваат голема страст, но ја очекуваат истата и од партнерот. Страста не изостанува ни при работењето, бидејќи сакаат да бидат на тронот и да ги победуваат другите. Лавовите се страствени во сè што прават, бидејќи сакаат да бидат најдобри и на сè гледаат како на натпревар и борба за превласт. Скорпија
За Скорпијата се вели дека е најстраствениот хороскопски знак. Иако сакаат да доминираат и покажуваат страст во креветот, тие се и многу емотивен знак. До нив е многу тешко да се допре и многу е тешко да ја пробудите нивната страст, а оној кој ќе успее во тоа може да се надева на возбудлива ноќ која долго ќе ја памети.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Март.2016 во 09:37 |
Секој има по некоја тајна која се обидува по секоја цена да ја задржи скриена длабоко во себе и да не ја покаже пред другите. Сепак вашиот хороскопски знак ги издава вашите стравови и вашите најголеми тајни, но не грижете се, тоа сепак ќе ви донесе повеќе корист отколку штета. Овен Овенот лесно станува зависен од луѓето кои ги сака, но никогаш нема да го признае тоа, бидејќи се плаши дека таквата зависност ќе биде погрешно сфатена. Бик
За разлика од другите знаци Бикот е тој кој е способен за голема посветеност и стабилна врска. Иако има изразена сексуална природа, тој ќе чека сè до моментот кога ќе се почувствува целосно сигурен за да го покаже тоа. Близнаци
Длабоко во срцето Близнаците чувствуваат голема несигурност во врска со љубовта и потребно им е постојано убедување дека се на вистинскиот пат. Зборувајќи постојано и премногу, луѓето често мислат дека Близнаците кажуваат сè што им паѓа на памет, но вистината е дека нивните вистински чувства се секогаш длабоко скриени. Рак
Најмногу од сè Раковите се плашат од тоа дека ќе бидат повредени, па овој страв ги прави многу ранливи. Како што подлабоко ги запознавате така тие ќе се отвораат пред вас и ќе попуштаат во својата одбрана, затоа бидете трпеливи и имајте разбирање. Лав
Целата та потреба од докажување, потреба од внимание е само маска со која Лавот ја прикрива несигурноста во себеси. Лавовите имаат една карактеристика која се нарекува „лажна самодоверба“, а најголемиот страв им е дека некој може да го открие тоа. Девица
Иако Девиците навидум изгледаат смирено, приземјено и резервирано во нив често се случува вистинска ерупција од мисли и чувства. Иако ништо од тоа нема да видите на површина во себе, најголемиот проблем со кој се спротивставуваат е нивниот сопствен критицизам.
Вага Најголемата тајна на Вагата е што таа може да тргне во очајна потрга по љубов доколку се почувствува многу осамено и очајно. Ваквиот очај може да ја доведе до промискуитет и безуспешна потрага по љубов. Сепак доброто е што со текот на годините ова се намалува и зрелите Ваги речиси и да го немаат овој проблем. Скорпија
Скорпиите имаат многу тајни и уживаат во тоа. Не се изненадувајте ако ви е потребно многу време за да ги дознаете дури и најосновните работи за нив. Нивната најголема тајна е дека знаејќи многу за нив ќе бидете чекор пред нив и во еден момент ќе го искористите тоа. Стрелец
Стрелците се отворени личности па оттука потекнува и нивната најголема тајна – стравот од врзување. Иако на моменти им се допаѓа идејата за долгорочна врска штом почнат да стануваат дел од такво нешто чувствуваат паничен страв и често знаат да избегаат. Јарец
Јарците имаат скриена желба да бидат најдобри во сè што прават. Заради тоа ретко покажуваат знаци на слабост, а нивната најдлабока тајна е стравот од неуспех. Само наведете некој од нивните неуспеси и веднаш ќе се обесхрабрат и ќе заборават на сите успеси кои ќе постигнале. Водолија
Водолиите се секогаш опкружени со луѓе но сепак, на моменти се чувствуваат многу осамено. Нивната најголема тајна потекнува од чувството на оддалеченост и неповрзаност со луѓето околу нив. Гледајќи дека понекогаш другите имаат чувства кои тие не ги почувствувале ги прави да се чувствуваат осамени и изолирани. Риби
Огромната срамежливост е веројатно нивната најголема тајна, ова особено важи за машките припадници на овој знак. Рибите се најранливиот знак во зодијакот па затоа бидете многу внимателни како разговарате со нив бидејќи само еден погрешен збор може да ги доведе до депресија.
Изменето од Valerija - 19.Март.2016 во 09:37
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Март.2016 во 20:51 |
Сите хороскопски знаци имаат свои посебни карактеристики кои ја одликуваат нивната природа. Некои од нив можат да бидат посмирени, додека други немаат многу трпение и не умеат да ја контролираат својата импулсивност. Во продолжение прочитајте за 3-те хороскопски знаци на кои импулсивноста и динамичноста им се главни особини. ОвенОвните се на врвот на оваа листа бидејќи нивниот владетел е Марс или богот на војната. Тие неретко знаат да изгубат контрола и за да се смират им е потребно повеќе време и напор. Најчесто размислуваат во таа насока која гарантира успех најпрвин за нив, а потоа за другите. Меѓутоа, иако се потешки за соработка и понекогаш не сакаат да ги признаат своите грешки, сепак Овните никогаш не се откажуваат и токму поради нивната силна огнена волја, моќ и блага ароганција се секогаш успешни во кое и да било поле на животот со кое одлучиле да се занимаваат. ЛавНа сите ни е позната поговорката „Не го вознемирувајте лавот додека спие“. Лавовите не се толку агресивни кога не се предизвикани. Ним не им многу грижа за тоа што се случува околу нив, но затоа не сакаат кога некој ги вознемирува без причина. Доколку некој се обиде да ги симне од нивниот трон, тогаш ќе се најде во канџи од кои нема да може лесно да избега. Лавовите генерално не ги сакаат расправиите и не се мешаат во нив, но знаат да бидат многу незгодни кога некој ги провоцира и ги става нивните ставови под знак прашалник. Тие се многу вешти, способни и самоуверени и можат лесно да се ослободат од секоја пречка која ќе им застане на патот. СтрелецСтрелците секогаш ја погодуваат целта и ако некој се обиде да ги спречи во нивниот успех, тогаш знаат да бидат многу агресивни. Стрелците имаат високо мислење за себе и често тоа е добро оправдано. Тие се темпераментни, силни, страсни и посветени, но не умеат добро да тактизираат, па затоа понекогаш не можат да се согласат на компромисите и заедничките решенија. Но, нивната цел им е секогаш јасна и видлива и ќе направат сѐ за да ја исполнат, а ако се осмелите да ги исфрлите од ритам, тогаш целата негативна енергија ќе ја насочат кон вас.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Март.2016 во 20:53 |
Исто како што секој месец е различен, така и секој хороскопски знак носи свои специфични карактеристики кои го одликуваат само него. Затоа, доброто познавање на луѓето е клучно за да дознаете како да ги расположите и да ставите насмевка на нивното лице. Во продолжение прочитајте ги најсоодветните комплименти кои можете да им ги дадете на сите хороскопски знаци кои гарантирано ќе им го разубават денот. Овен„Не постои начин на кој нема да бидете успешни во животот.“
Бик„Вие сте најдосетливата личност која сум ја запознал.“
Близнаци„Вие сте многу креативен гениј.“
Рак„Ме сакате подобро од сите други.“
Лав„Ви се восхитувам.“
Девица„Толку сте паметни, што ми е тешко да го следам вашиот интелект.“
Вага„Не знам како ќе ги решев сите мои проблеми ако не ве познавав.“
Скорпија„Никогаш не ми е доста од вас.“
Стрелец„Не постои досаден ден кога вие сте тука.“
Јарец„Вие сте најинтелигентниот и најприлагодливиот партнер кој некој може да го посака.“
Водолија„Има повеќе добро во светот затоа што вие сте се родиле.“
Риби„Вие сте многу помудри и подлабоки од другите луѓе.“
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Март.2016 во 20:55 |
Илјадници години човекот барал знаци и знаење во ѕвездите. Астрологијата настанала 2000 години пред новата ера и внимателно била проучувана од древните Индијанци, Маи, Грци, Кинези и Арапи. И не само тоа, таа била користена како начин за проучување на човечките особини и мотивации, како што покажуваат истражувањата на Карл Јунг. Со помош на набљудување и анализа се открило дека постои корелација помеѓу движењето на небесните тела и животот на Земјата. Но, и покрај тоа многу луѓе имаат различни ставови за астрологијата. Додека некои се скептични и сметаат дека тоа не е наука, други се колнат во астрологијата, наведувајќи силни аргументи во нејзин прилог. Според астрологијата, задоволството и духовниот мир можат да се пронајдат врз основа на вашите особини. Во продолжение ќе ги пронајдете дванаесетте различни астролошки особини и препораки кои ќе ви помогнат да најдете внатрешен мир. ОвенВие сте страствени, динамични и самоуверени, имате бурен живот и често сте импулсивни. Како да пронајдете рамнотежа: - Одржувајте рамнотежа – во распоредот најдете време за релаксација.
- На работа обидете се да бидете продуктивни.
- Канализирајте ја вашата енергија на вежбање или трчање.
- Најдете рамнотежа и со релаксирачки активности како готвење, читање или градинарство.
БикВие сте сигурна, топла и одлучна личност, меѓутоа некогаш можете да бидете тврдоглави и посесивни. Како да пронајдете рамнотежа: - Не отфрлајте ги туѓите гледишта.
- Кога чувствувате дека сте заглавени, најдете мир во природата.
- Бидете свесни како вашите постапки влијаат на другите.
- Обидете се со медитација да ги насочите вашите мисли.
- Истражете го светот на мирисите и лечете се со ароматерапија.
БлизнациВие сте интелигентна, сестрана и темпераментна личност, но од друга страна можете да бидете и нервозни и недоследни. Како да пронајдете рамнотежа: - Не работете премногу.
- Хранете се балансирано и не прескокнувајте оброци.
- Научете да ги опуштите нервите, со растителни масла и топла бања.
- Одморете го мозокот.
- Научете ги техниките на дишење и секојдневно практикувајте ги.
РакВие сте грижлива, интуитивна и заштитничка душа, но често се борите со промена на расположението, осетливост и неможност да се опуштите. Како да пронајдете рамнотежа: - Не заборавајте да се грижите за вашите сопствени потреби, тоа не е себичност, туку е важно за вашата благосостојба.
- Практикувајте медитација, јога и таи чи.
- Живејте според вашиот ритам.
- Научете да поставувате граници.
- Отфрлете сѐ што не ви е потребно.
ЛавВие сте храбра, креативна и посветена личност, но сакате да давате заповеди и немате голема толеранција. Секогаш сакате да сте во право. Како да пронајдете рамнотежа: - Развивајте ја способноста да слушате, така што ќе им допуштите на другите да дојдат до израз.
- Секој ден одвојувајте време за себе и правете нешто што сакате.
- Избегнувајте зачинета и мрсна храна која ви ја одзема енергијата и ви ја поместува рамнотежата во организмот.
- Пијте многу вода.
ДевицаВие сте аналитична, практична и работлива личност, но некогаш знаете да претерате со перфекционизмот, а знаете да бидете и претерано критични и немирни. Како да пронајдете рамнотежа: - Откажете се од рутината и бидете спонтани.
- Опростете – и на себеси и на другите.
- Излезете од вашиот мозок и влезете во своето тело.
- Заменете ја негативноста со прифаќање.
- Направете распоред за спиење и одморете го вашиот мозок.
ВагаВие сте романтична и идеалистичка личност, но понекогаш знаете да бидете наивни, претерано попустливи и неодлучни. Како да пронајдете рамнотежа: - Направете список на задачи кои треба да ги завршите – тоа ќе ви помогне да останете организирани и да избегнете стрес.
- При носење важни одлуки, наведете ги сите причини „за“ и „против“.
- Покажете ги вашите чувства преку песна, сликање или јога.
- Допуштете си уживање, но бидете умерени.
СкорпијаВие сте страствена, интуитивна и привлечна личност, но исто така знаете да бидете љубоморни и опсесивни. Како да пронајдете рамнотежа: - Практикувајте смирувачки техники кога сте под стрес, како на пример длабоко дишење, визуелизација и слично.
- Обидете се со хидротерапија како начин за смирување на духот и телото.
- Простете им на другите за да избегнете бескрајни расправии.
- Секогаш гледајте ја поголемата слика и немојте да се губите во деталите.
СтрелецВие сте искрени и добронамерни. Имате смисла за филозофија и хумор, но исто така често сте оптимистични без причина, знаете да бидете неодговорни и немирни. Како да пронајдете рамнотежа: - Користете го спорт за насочување на енергијата.
- Научете како да најдете рамнотежа меѓу оптимизмот и реалноста.
- Преиспитајте го вашиот живот.
- Научете свесно да ги контролирате чувствата.
- Најдете радост во малите нешта.
ЈарецВие сте духовита, практична и дисциплинирана личност, но понекогаш тоа се граничи со фатализам и песимизам. Како да пронајдете рамнотежа: - Откажете се од лошите врски и опкружете се само со позитивни луѓе.
- Мислете на своите вредности и соништа секогаш кога носите одлуки.
- Како вашиот внатрешен дијалог влијае на вас? Ако е негативен, работете на вашата самодоверба.
- Опуштете го телото и умот низ практични вежби.
- Запомнете дека среќата е избор.
ВодолијаВие сте инвентивни, имате слободен дух и секогаш сте пријателски расположени, но исто така може да бидете непредвидливи и емоционално нестабилни. Како да пронајдете рамнотежа: - Бидете автентични.
- Направете распоред на вашите активности, така што ќе најдете време за себе.
- Ценете ја ранливоста и фактот дека тоа ве прави посилни.
- Бидете свесни за сегашноста.
РибиВие сте осетлива, сочувствителна и имагинативна личност, но исто така можете да бидете таинствени и несигурни. Како да пронајдете рамнотежа: - Ослободете се од сѐ што ви создава стрес.
- Немој да се сожалувате и избегнувајте ја улогата на жртва.
- Дајте му слобода на романтичниот ум, но не заборавајте да се вратите на земјата.
- Научете да наоѓате рамнотежа помеѓу левата и десната хемисфера на мозокот.
- Развијте здраво ниво на скептицизам и тоа ќе ве заштити од манипулации.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Март.2016 во 20:59 |
Астрологијата не е секогаш тука за да ни ги открие нашите најдобри особини и да ни помогне да ја пронајдеме нашата сродна душа. Понекогаш, таа се врти малку и на темната страна и ни ги открива нашите најлоши особини. Во продолжение прочитајте какви личности би биле доколку го живеевте животот по најлошото сценарио и кога би биле антагонистите во сопствената животна приказна. ОвенВојник, лидер, склон кон игри и интриги, импулсивен, што е последица на неговиот колеричен темперамент. Луѓето ги гледа како објекти, посебно жените и оние кои се поразлични од него, и откако ќе ја заврши комуникацијата, ги турка на страна и ги заборава. Овните се добри економисти и обично добро заработуваат. Како маани можат да им се издвојат гордоста, брзоплетоста и егото, а во најлош случај можат да бидат садисти. Познати личности родени во знакот на Овен: Казанова, Марлон Брандо, Никита Хрушчов, Адолф Хитлер БикТемпераментен, дипломат, тврдоглав и мрзлив, освен ако не е добро платен за работата. Материјалист, често успешен во политиката и воените дела, но и во економијата и финансиите. Мецена за уметностите, а има талент да создаде нешто и сам. Ужива во храната, виното и доброто друштво. Како карактерни маани му се издвојуваат непопустливоста, склоноста кон алкохолот и љубомората. Познати личности родени во знакот на Бик: Сократ, Тито, Макијавели БлизнациПривлечни но ладни, интелигентни но неемотивни, самокритични но сакаат да ги критикуваат и другите. Бројот на лоши особини им е еднаков на бројот на добри особини. Контрадикторен, дуален знак кој денес вели едно, утре друго, а потоа го преанализира сѐ она што го кажал. Познати личности родени во знакот на Близнаци: Платон, Лорка, Паскал, Сартр РакВоден знак со променливо расположение кој се пронаоѓа во секоја професија, но му треба време за да се одлучи само за една. Поетска и уметничка душа, емотивен, темпераментен, не покажува слабост кога е повреден или кога нешто му смета. Ја цени самотијата, но има потреба и од социјализација. Понекогаш склон на пороци. Познати личности родени во знакот на Рак: Тесла, Рокфелер, Фрида Кало, Хенри VIII ЛавДиктатор, не ги признава своите грешки, секогаш сака да биде во право, мирен е само кога е свесен дека е послаб од луѓето во околината каде што се наоѓа. Понекогаш може да биде добар дипломат. Вешт манипулатор, способен да ја натера масата да го сака и почитува и покрај неговите мотиви и методи. Кога има моќ, тогаш навистина има моќ. Исто како и со кралот на џунглата, така и со лавовите најдобро е да се нахранат и да им се даде простор за да не ја тиранизираат околината. Познати личност родени во знакот на Лав: Наполеон Бонапарта, Мусолини, Карл Јунг, Коко Шанел ДевицаСамокритични, добри во сѐ што работат, понекогаш тврдоглави и мрзливи. Аналитичен и импулсивен знак со променлив карактер. Боемска душа, што подразбира комар, алкохол, секс и рокенрол. Познати личности родени во знакот на Девица: Толстој, Мајкл Џексон, Фердинанд Порше, Агата Кристи ВагаЕдинствениот воздушен знак кој знае искрено да ги покаже своите емоции. Склони се кон убавите и ретки работи и се добри декоратори. Со вистинските луѓе знаат да бидат добри пријатели, а со погрешните, најголеми непријатели. Како карактерни маани им се издвојуваат неодлучноста, тоа што не знаат што сакаат и што можат да очекуваат од себе, тоа што многу трошат и што понекогаш можат да бидат невротични. Познати личности родени во знакот на Вага: Алфред Нобел, Мигел де Сервантес, Франц Лист, Еленор Рузвелт СкорпијаМистериозни, понекогаш депресивни, успешни во динамичните работи. Неверојатно привлечни, многу љубоморни, импулсивни и ја обожаваат одмаздата. Склони на кршење и деструкција на себе и на сите околу нив. Како маана им се издвојува тоа што често знаат да уживаат во пороците. Ракот и Скорпијата се непобедлива комбинација, а со Бикот ја достигнуваат чистата страст. Познати личности родени во знакот на Скорпија: Леон Троцки, Пабло Пикасо, Марија Кири, Кристофер Колумбо СтрелецФилозоф, безгрижен, луд возач, често коцкар и општ хазардер. Никогаш не се откажува, ниту пак сака да признае кога ќе направи грешка. Нивниот збор мора секогаш да биде последен, но често знаат и мудро да молчат. Не ја сакаат конзервативната природа, максимално се отворени и склони кон дебатите. Веруваат повеќе во науката и фактите, отколку во некоја виша сила. Со нив е многу тешко да се соработува. Познати личности родени во знакот на Стрелец: Марк Твен, Волт Дизни, Џими Хендрикс, Френк Синатра ЈарецМатеријалисти, тврдоглави, своеволни, можат да бидат одлични математичари или програмери. Ако се согласат да направат некоја работа, ќе ја сработат до совршенство. Ги прифаќаат само цврстите докази за која било тема, посебно духовноста, и е тешко да ги разубедите. Цинизмот и ароганцијата не им се непознати, а понекогаш знаат и туѓите успеси да си ги припишат на свое име. Познати личности родени во знакот на Јарец: Исак Њутн, Ал Капоне, Мартин Лутер Кинг Џуниор, Умберто Еко, Молиер ВодолијаПаметни, понекогаш скоро генијални, сестрани со променлив карактер и плитки емоции. Генерално добри пријатели, но луѓето знаат да им замерат поради нивната искреност и отвореност. Сакаат да се шегуваат, понекогаш знаат и да навредат, но способни се да бидат и хумани. Од една страна се алтруисти, а од друга страна знаат да бидат и злобни. Познати личности родени во знакот на Водолија: Линколн, Томас Едисон, Џејмс Дин, Галилео РибиМоже да се каже дека сите знаци се обединети во знакот на Рибите. Се соочуваат со кризи на идентитетот, дивергентност која предизвикува една поделеност на сите страни, контрадикторност и најсилно изразено променливо однесување. Интелигентни, генијални, немилосрдни и неверојатно добри тактичари. Од сите знаци, астролозите велат дека Рибите имаат најголема веројатност да станат ладнокрвни убијци. Познати личности родени во знакот на Риби: Ајнштајн, Нострадамус, Мојсеј, Шопен, Микеланџело, Коперник
Изменето од Valerija - 21.Март.2016 во 21:00
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Март.2016 во 08:11 |
Топлите денови ни пристигнаа, заедно со календарската пролет. Што може да очекувате од нив? Нова љубов, поголема енергија или подобро здравје? Зависно од хороскопскиот знак и поставеноста на планетите, откријте за што е идеална оваа пролет: Овен Без никакви сомнежи оваа пролет ќе бидете полни со енергија и ентузијазам. Најповолниот период ќе трае до 18-ти април, кога ќе бидете витални, силни, ќе имате доволно елан за нови деловни почетоци, а најмногу од сè од рака ќе ви одат соработките со поединци во странство. Од 18-ти април би можело полека да ви се активираат некои проблеми од минатото, па тој период не е поволен за било какви ризици. Бидете внимателни на секој чекор. Во љубовта исто така после 18-ти може да се вратите на стари проблеми, а решенијата ќе ви делуваат како невозможен поим. Сепак, со помош на својата внатрешна сила ќе го надминете кризниот период. Не се предавајте на депресијата и апатијата. Бидете физички активни кога сте нерасположени, движете се, шетајте и бидете во друштво на пријатели. Бик
Во текот на оваа пролет ќе бидете максимално насочени кон љубовните случувања и стекнувањето на нови познанства, ширењето на кругот на пријатели, излегувања, дружења... Може да очекувате позитивна атмосфера и во поголемиот дел од пролетта ќе бидете во добро расположение. Амбициите ќе ги исполните во текот на април, кога ќе бидете нешто поагресивни и поангажирани на работен план. Ќе имате желба да водите, да се докажете и да останете на врвот. Месец мај пак, ќе ви донесе нова љубов. За сите слободни Бикови мај е поволен период за нови врски кои ќе прераснат во стабилни партнерства. Ако веќе имате партнер - ќе успеете да го подобрите односот и љубовта да процвета. Оваа пролет ќе се чувствувате добро во своја кожа и ќе ширите позитивна енергија каде и да се појавите. Близнаци
За вас поволниот период трае до 29-ти април. Сепак, не може да се каже дека сè ќе ви оди лесно оваа пролет, дури и кога положбата на планетите ви е наклонета. Можно е повремено да чувствувате недостиг на енергија. До 29-ти април паметно е да се посветите на работата, да бидете активни и посветени на тимската работа, како и на сите прилики да дојдете до подобрување на финансиите. од 29-ти април до 23-ти мај ве очекува негативен период кога не треба да планирате патувања или почетоци на важни обврски. На љубовен план подобро ќе се снајдат слободните Близнаци затоа што ќе имаат шанси за флерт на секој чекор. Ако сте во врска или брак - партнерот ќе сака да ви наметне нови правила и одговорности кои нема да му одговараат на вашиот разигран и слободен дух. Рак
Може да очекувате мирна, весела и прекрасна пролет без многу стрес и гужви. Евентуално во текот на април може да бидете во гужви и нервози, па затоа во овој период најдобро е да се посветите на деловните можности за напредок и да ја подобрите комуникацијата со надредените. Од мај веќе влегувате во мирна фаза во која сте стабилни и на свој терен. Љубовта ќе ви се појави - во тоа нема сомнежи. Очекувајте познанство со личност која ќе биде прилично упорна во своите намери да ве освои. Како и секогаш, до последен момент нема да покажете дали сте заинтересирани или не, но кога ќе дојде до врска, ќе се топите во љубовната атмосфера. Родените во третата декада од овој знак сепак би требало да внимаваат, посебно кога се работи за безбедноста во сообраќајот и здравствените проблеми. Лав
Вие сте знак кој веројатно оваа пролет ќе има најмалку компликации и проблеми. Ќе имате доволно енергија, оптимизам и поддршка, па може да бидете максимално активни на сите полиња. Ве очекува бурен љубовен период затоа што ќе бидете привлечни за спротивниот пол. Ќе освојувате каде и да се појавите, исклучиво на база на страста и физичката привлечност со која зрачите. Затоа, ќе освојувате исклучиво партнери за површни врски. На работен план ќе биде онака како што планиравте, со тоа што нема да имате многу време за одмор. Не спиете доволно, но не губите многу. Оваа пролет е идеален период да го обликувате своето тело и да ослабете некој килограм. Поволниот период ќе ви трае до 29-ти мај, искористете го паметно. Девица
Големи се шансите оваа пролет да не знаете каде се наоѓате, во секоја смисла. Можно е обврските да ве притиснат од сите страни и да немате доволно време за себе. Гледањето на филмови и излежувањето низ дома ќе бидат мисловни именки. На работа ќе бидете максимално активни, па таман кога ќе ги завршите обврските, ви пристигнуваат нови. Многу Девици ќе работат без слободен ден или тој слободен ден ќе го поминат во решавање проблеми, ако не деловни - тогаш семејни. Имате впечаток дека ништо не е под контрола, а тоа никако не ви одговара. Пролетта ќе си поминува, а вие ќе имате впечаток дека ниту еден ден не сте им посветиле на саканите. Забавете малку во периодот од 29-ти април до 23-ти мај.
Вага Највозбудливите случувања на љубовен план ви доаѓаат токму во месец април. Во тој период конечно ќе излезете од зимскиот сон, па ќе бидете во потрага по партнерство, љубов и хармонија. Самотијата не терен на кој добро ќе се снајдете, па затоа од април зграпчете ја приликата за врска и не ја пуштајте. Ќе најдете партнер или партнерка која совршено одговара на вашите физички идеали и не треба да се двоумите дали да го направите првиот чекор. Покрај динамичните и доминантни личности конечно ќе си ги вратите насмевката, страста и еланот. Минатото оставете го и не кревајте ако ве бараат лицата кои сте ги оставиле. На работното место сè ќе ви оди под рака, иако покрај љубовните успеси, работните нема да ви бидат приоритет. Скорпија
Нема сомневање дека сакате да верувате во љубов, но оваа пролет ќе ви се докажува спротивното. Секое утро и секоја ноќ се заспивате мислејќи на пари. Сè друго ќе оставите на страна и ќе смислувате нови начини да дојдете до заработка. Не може да се каже дека ќе се збогатите преку ноќ, но дефинитивно ќе ја подобрите финансиската состојба. Работете напорно, никој ништо нема да ви подари. Колку и да заработувате ќе сакате повеќе, па ќе ги поместите сопствените граници. Доколку сте во брак или врска, партнерот ќе се обиде повторно да ве освои во текот на месец мај. Затоа, колку и да заработувате, парите не може да ви го загреат креветот. Не ги игнорирајте емоциите и внимавајте на приоритетите. Стрелец
Оваа пролет ќе бидете оптоварени со одговорности и ограничувања. Внимавајте на своето здравје. Во еден момент ќе ви изгледа дека имате доволно сила за сè, а веќе во следниот ќе се чувствувате префорсирано и ќе се препуштите на обичната настинка. Пред да правите било што, зајакнете го својот имунитет. Не дозволувајте заради работа и стрес да си го запуштите телото, здравјето нема цена. Во текот на оваа пролет многу Стрелци ќе имаат шанса да пораснат и да станат посериозни, во спротивно бегањето од обврските и одговорностите може да ви донесат штетни последици. Во љубовта немате многу трпение и нежност, фокусирани сте на своите потреби, па ситуацијата нема да биде најидеална. Нешто полесна љубовна ситуација доаѓа со самиот крај на пролетта. Јарец
Оваа пролет ќе се движите нанапред, но не многу брзо. Не може да се каже дека времето ви влијае позитивно на ентузијазмот, но во секој случај сонцето ќе ви влијае позитивно. Држете се до плановите кои ги имате зацртано. Не дозволувајте било кој да ве убеди во некои лажни вредности и да ви ветува големи работи и лесни пари - по свое искуство би требало да знаете каква завршница имаат овие ветувања. Мај ќе биде поволен за преговори, но ништо не потпишувајте до 23-ти мај. Во љубовта ве очекуваат позитивни искуства, посебно со личности од блиска околина - работното место или соседството. Ќе ви се вратат некои прекрасни емоции кои сте ги заборавиле. Не ви се брза, па затоа дајте си време и трпение да уживате во флертот и запознавањето. Водолија
Нема да имате многу турбулентни случувања и драстични промени во текот на оваа пролет. Имате прилично стабилни очекувања во главата, фокусирани сте на своите цели во работата и покрај тоа наоѓате доволно време за дружби, излегување и привлекување на вниманието. Добро ќе се чувствувате при склопувањето на нови познанства или обновувањето на стари пријателства. Може да се каже дека конечно се враќате во елемент и нервозата која ја чувствувавте во текот на зимата полека исчезнува. Вашиот вечен оптимизам се враќа. Ако сте во брак очекувајте убави случувања во кругот на домот и семејството во текот на месец мај. Искористете го периодот до 29-ти мај, затоа што потоа може да ви се вратат некои проблеми од минатото. Риби
Вие сте вечен сонувач и оптимист кој со убавото време гледа нови, убави прилики да започне нови поглавја. Имате големи планови за иднината, но сепак, оваа пролет не би било лошо да се спуштите на земја. Оваа пролетна фаза не ви е поволна за работа. Можете да очекувате доста притисок, што од страна на надредените, што од самите себе, затоа што ќе им робувате на големите амбиции, наместо тие да ви послужат за успех. Тешко ќе се опуштате и ќе наоѓате време за мирување. Љубовта ја оставивте некаде зад себе. Не е дека немате прилики за флерт, само не сте доволно мотивирани. Оваа пролет ќе бидете во потрага по некој добар и цврст партнер, наместо по емотивен. Попатните авантури се возможни, но нема да дозволите да ви одземат премногу време и енергија.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Март.2016 во 08:06 |
ДОЗНАЈТЕ ГИ НАЈДЛАБОКИТЕ ТАЈНИ НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИСепак вашиот хороскопски знак ги издава вашите стравови и вашите најголеми тајни, но не грижете се, тоа сепак ќе ви донесе повеќе корист отколку штета. Овен Овенот лесно станува зависен од луѓето кои ги сака, но никогаш нема да го признае тоа, бидејќи се плаши дека таквата зависност ќе биде погрешно сфатена. Бик
За разлика од другите знаци Бикот е тој кој е способен за голема посветеност и стабилна врска. Иако има изразена сексуална природа, тој ќе чека сè до моментот кога ќе се почувствува целосно сигурен за да го покаже тоа. Близнаци
Длабоко во срцето Близнаците чувствуваат голема несигурност во врска со љубовта и потребно им е постојано убедување дека се на вистинскиот пат. Зборувајќи постојано и премногу, луѓето често мислат дека Близнаците кажуваат сè што им паѓа на памет, но вистината е дека нивните вистински чувства се секогаш длабоко скриени. Рак
Најмногу од сè Раковите се плашат од тоа дека ќе бидат повредени, па овој страв ги прави многу ранливи. Како што подлабоко ги запознавате така тие ќе се отвораат пред вас и ќе попуштаат во својата одбрана, затоа бидете трпеливи и имајте разбирање. Лав
Целата потреба од докажување, потреба од внимание е само маска со која Лавот ја прикрива несигурноста во себе. Лавовите имаат една карактеристика која се нарекува „лажна самодоверба“, а најголемиот страв им е дека некој може да го открие тоа. Девица
Иако Девиците навидум изгледаат смирено, приземјено и резервирано, во нив често се случува вистинска ерупција од мисли и чувства. Иако ништо од тоа нема да видите на површина, најголемиот проблем со кој се спротивставуваат е нивниот сопствен критицизам. Вага Најголемата тајна на Вагата е што таа може да тргне во очајна потрга по љубов доколку се почувствува многу осамено и очајно. Ваквиот очај може да ја доведе до промискуитет и безуспешна потрага по љубов. Сепак доброто е што со текот на годините ова се намалува и зрелите Ваги речиси и да го немаат овој проблем. Скорпија
Скорпиите имаат многу тајни и уживаат во тоа. Не се изненадувајте ако ви е потребно многу време за да ги дознаете дури и најосновните работи за нив. Нивната најголема тајна е дека знаејќи многу за нив ќе бидете чекор пред нив и во еден момент ќе го искористите тоа. Стрелец
Стрелците се отворени личности па оттука потекнува и нивната најголема тајна – стравот од врзување. Иако на моменти им се допаѓа идејата за долгорочна врска штом почнат да стануваат дел од такво нешто чувствуваат паничен страв и често знаат да избегаат. Јарец
Јарците имаат скриена желба да бидат најдобри во сè што прават. Заради тоа ретко покажуваат знаци на слабост, а нивната најдлабока тајна е стравот од неуспех. Само наведете некој од нивните неуспеси и веднаш ќе се обесхрабрат и ќе заборават на сите успеси кои ќе постигнале. Водолија
Водолиите се секогаш опкружени со луѓе но сепак, на моменти се чувствуваат многу осамено. Нивната најголема тајна потекнува од чувството на оддалеченост и неповрзаност со луѓето околу нив. Гледајќи дека понекогаш другите имаат чувства кои тие не ги почувствувале ги прави да се чувствуваат осамени и изолирани. Риби
Огромната срамежливост е веројатно нивната најголема тајна, ова особено важи за машките припадници на овој знак. Рибите се најранливиот знак во зодијакот па затоа бидете многу внимателни како разговарате со нив бидејќи само еден погрешен збор може да ги доведе до депресија.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Март.2016 во 12:35 |
ЖЕНИТЕ ВО ОВОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК СЕ НАЈДОБРИ ЗАВОДНИЧКИ
Изменето од Valerija - 24.Март.2016 во 12:38
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Март.2016 во 12:39 |
ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ЧИЈА БИВША ЉУБОВ ЌЕ ИМ СЕ ВРАТИ ВО ЖИВОТОТ Доколку сте помислиле дека сте избегале од минатото, подгответе се за спротивното бидејќи неколку непланирани средби можат да ве навратат на стари спомени. Токму тоа целосно ќе ги смени вашите планови, па затоа ќе имате и само 2 избора – да стапите во брак или целосно да се заборавите еден со друг. Само 3 хороскопски знаци до крајот на оваа година ќе имаат конфузни љубовни ситуации, па откријте дали и вие сте едни од нив… 1. Овен Минатото се подготвува да ве потсети. Во овој случај нема да важи онаа реченица: „Минато, те молам опрости ми“, бидејќи како што досега сите врапчиња на гранките научиле – кармата секогаш доаѓа. Некоја ваша бивша љубов ќе воспостави контакт со вас така што ќе ви се јави со зборовите: „Те барам како пријател, да видам како си и што правиш…“ Токму во тој момент играта може да започне. Има големи шанси околу ноември да се смирите и да започнете сериозна врска, па можеби дури и брак. Па, нека ви е со среќа, време беше да се смирите! 2. Близнаци Близнаците ќе вкусат дел од „колачот“ кои судбината и кармата им го подготвуваат. Припадниците на овој знак најчесто лесно се провлекуваат низ големи и застрашувачки настани, но изгледа дека овој пат нема да можат да побегнат од духовите од минатото. Оние кои се осамени веќе подолго време, дури сега успеваат да остварат силно и стабилно партнерство, додека пак, оние кои се во емотивни односи ќе налетаат на преиспитување на цврстината на својата врска. Нешто во вас ќе ве натера да контактирате со некој кој одамна не сте го чуле, а за кој сè уште ве врзува нешто длабоко од внатре. 3. Рак На Раковите не им е сè мед и млеко. Ситуацијата изгледа вака: Вие во секое поле од животот чувствувате притисок, вклучувајќи го домот, партнерството, бракот, па дури и работата. Проблемите на емотивниот план ќе успеете да ги решите со мир, трпение, истрајност и решителност. Но, и вам ве следува борба со духовите од минатото. Вие нема да можете да одолеете да одговорите на еден повик од онаа личност која сè уште го чува вашето срце, па ќе отрчате по уште една доза пред да продолжите понатаму со вашиот живот. За оние Ракови на кои љубовта во текот на целата година им бегала, ќе имате шанса за нова во декември, па обидете се да не ја пропуштите таа можност.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Март.2016 во 18:03 |
КЛУЧНИ СЕКС АДУТИ НА СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАКСексот со нив тешко може да се движи во рутина. Во однос на нивната издржливост – ретко ќе ве остави разочарани. Тие се многу спонтани и сакаат своите партнери да ги изненадуваат со подароци. На нив секогаш може да сметате – да се борат за вас ако тоа е потребно. Припадниците на овој знак се склони кон возбуда и авантура – со нив никогаш нема да биде досадно. БикКарактеристично за Бикот е што има најлојален карактер во зодијакот и знаат да чувствуваат безгранична почит кон партнерот. Многу се сензуални и тоа се одразува во сексуалниот живот. Имаат силно либидо и важно за нив е туѓото задоволство. Во моменти на стрес, Бикот секогаш ќе биде таму за да ви овозможи комфор и да се грижи за вас. БлизнациТие прво се навистина заинтересирани за многу теми и затоа уживаат во проучувањето на партнерот и сите негови интереси. Нивниот мозок работи брзо и генерално се многу духовити, но и секогаш ќе се смеат духовитоста нивниот партнер . Со нив не ќе мора да се грижите за недостаток на комуникација – тие се вистински експерти за отстранување на секоја непријатна тишина. Пријателството е многу важно за нив и нивниот партнер пред се треба да му биде пријател, а потоа љубовник. Навикнете се на нивните секси провокации. РакИмаат вродена природа да се предадат на другиот. Покрај нив не треба да се плашите да ги окажете чувставата. Најомилениот начин на ракот да го поминува времето е да биде прифатен од својот партнер. Секогаш се обидуваат сексот да биде полн со страст и емоции. Исто така инвестираат време и енергија домот да биде топло и удобно место и за партнерот. ЛавСо нивната сила и самодоверба се многу привлечни. Тие знаат како да ги покажат своите чувства, така што нема да ви недостигаат бакнежи, прегратки и допири. За лавовите вљубеноста е најубавиот дел од животот затоа љубовта никогаш не ја земаат здраво за готово. Благодарение на својот креативен и страстен карактер, тие се одлични љубовници. ДевицаСекогаш ќе биде таму за да даде поддршка на партнерот кога е најпотребно. Имаат широко поле на интерес, затоа со нив лесно ќе разговарате на било која тема. Под студената надворешност се крие кревка и топло внатрешност, која се гледа во полн сјај во љубовта. Исто така се стремат кон совршенство во сите области на животот, што се одразува и во сексот – секогаш се потготвени да биде подобро. ВагаВагата со својата препознатлива шармантна и романтична природа, дури и по многу години од врската нема да запре да го заведува партнерот. Предиграта за нив е многу важно и секогаш ќе издвојуваат доволно време за да бидат сигурни дека партнерот е среќен. Нивната желба за убава и стабилна врска значи дека потенцијалните конфликти сакаат да ги решат со мирен разговор. ШкорпијаКомбинацијата од страст и силен интезитет на либидото што ја има Шкорпија е гаранција за добар секс! Меѓутоа љубовната врска, за разлика од обичниот флерт, ја градат многу сериозно и се лојални партнери. Нивниот мистериозен карактер и вечна мистерија е предизвик за партнерите, што придонесува за возбуда во врската. СтрелецСо оптимистички пристап кон животот Стрелецот во врската носи позитивност, слобода и подготвеност за компромис. Тие се секогаш искрени, па можете да сметате на целосната вистина и во најлоша ситуација. Припадниците на овој знак се и идеалисти, па секогаш го гледаат најдоброто во своите партнери. Со оглед дека има многу енергија, водење љубов со Стрелец е вистинска спортска активност! ЈарецКарактеристично за овој знак е тоа што се спремни кон постигнување на длабока, значајна и долготрајна врска. Практични се во животот и во однос на чувствата, така што ќе се избегне драма во секоја прилика. Во сексот се отворени и преземат иницијатива , а нивното моќно либидо не се намалува со возраста. ВодолијаДоколку сте во врска со Водолија ќе направи да се чувствувате како да сте во љубов со вашиот најдобар пријател. Водолија живее во свет на идеи и креативност, токму затоа вие ќе бидете во можност да ги споделите. Исто така ако вашиот партнер е Водолија ќе си го запгатите дефинитивно љубовниот живот – тие се омилени меѓу знаците. Поради нивната креативна природа, се перверзни во кревет. РибаПрипадниците на овој знак се многу сензуална и подготвени за секс во секое време и насекаде. Рибата ја изразува својата љубов и восхит секогаш на оригинален и речиси поетска начин. Тие се подготвени да се жртвуваат за доброто на врската. Со оглед на тоа дека се големи романтичари, љубовта ја доживуваат како онаа од филмското платно.
Изменето од Valerija - 26.Март.2016 во 18:03
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Март.2016 во 10:04 |
ОВА СЕ ПАРОВИТЕ КОИ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ СЕ ОСУДЕНИ НА ПРОПАСТ: ВИДЕТЕ КОИ ЗНАЦИ НИКАКО НЕ СЕ ЗА ВАС!Некои врски, ако верувате во астрологијата, едноставно не можат да успеат. Затоа поштедете се себе си од разочарување па видете кои знаци никако не се за вас. Овен и Близнаци Овните се секогаш расположени за нови љубовни авантури, па често во врска се впуштаат непромислено. Не сакаат луѓе кои многу кукаат. Не се согласуваат со Рибите, кои се премногу емоционални за нив, со Близнаците постојано се расправаат и со Девиците. Бикот никако со Стрелец Со Биковите управува Венера, па тие се совршени за сериозна врска, но дури кога ќе најдат некој што им одговара. До тогаш уживаат во врскички. Најлошо се согласуваат со Овен, со кој поради јаките карактери често се расправаат, со Близнаците и со Стрелците. Близнаците не се согласуваат со Рибите Близнаците лесно се вљубуваат, но исто така лесно и престануваат да сакаат ако се разочарани. Ги одбиваат предвидливи луѓе. Во љубовта најлошо се согласуваат со Бик, кои се премалку амбициозни за нив, со Рак кои се премногу предвидливи и со Риби. На Ракот не му оди со Овенот Раковите се романтични души кои сакаат да се трудат околу вистинската љубов. Ги одбива егоизмот, а во врските најлошо се согласуваат со Стрелецот и покрај големата привлечност, затоа што никогаш не се сигурни во нив. Освен тоа, лошо функционираат и со Близнаци. Лавот не може со Близнаците Лавот во врската сака да почувствва сигурност и дека е на прво место на партнерот. Ги одбиваат луѓе кои постојано се грижат и пренесуваат лоша енергија. За нив најлоши партнери се Близнаците, кои премногу размислуваат, Рибите, кои ненамерно ќе ги повредат и Јарците. На Девицата не и одговара Вагата Тие внимателно го избираат партнерот, па тешко донесуваат одлука за некого да се врзат. Ги одбиваат пасивни луѓе и оние кои мудруваат. Најлошо им е со Овен, кои се поставуваат директорски над нив, но не им е сјајно ни со Вага, кои не ја разбираат нивната критичност. Вагата не се согласува со Ракот Вагите ги одбиваат оние кои лажат и кои не им оставаат впечаток дека се доверливи. Не можат со Девиците, кои се премногу комплицирани за нив, со Шкорпии кои им се премногу песимистични и со Раковите кои се премногу традиционални. Шкорпијата не функционира со Овенот Таа бара врски во кои ќе се чувствува исполнето. Најлоши се во комбинација со Овенот, со кои често се расправаат, со Близнаци кои ја поттикнуваат нивната љубомора, и со Стрелец со кои не се чувствува сигурно. Стрелецот не може со Бикот Тие во љубовт сакаат се или ништо. Ги одбиваат меланхолични и оние кои не знаат што би со себе. Стрелците се најлоши во комбинација со Бик, кој за нив е премногу посесивен, со Рак кој не е спонтан и со Девица. Јарецот не е за врска со Овен Јарецот на прв поглед изгледа како љубовта да не му е важна, но всушност така се брани од разочарувања. За нив не се врски со Овен, кои ги сметаат за нестрпливи и наивни, со Близнаци затоа што мислат дека немаат идеал кон кој тежат, како ни со Стрелец. Водолија и Бик Лесно се вљубуваат, но во врската се чувствуваат како да се заробени. Ги одбиваат неморални и провидни луѓе. Тие во љубовта не се согласуваат со Бик, затоа што не можат да им дадат сигурност, со Раковите кои им се досадни и со Девиците. Рибите не можат со Овен Рибите бараат идеален партнер од соништата, а ги одбиваат оние кои се однесуваат неразумно и оние кои имаат површни погледи на живот. Не се согласуваат со Овните кои им се агресивни и нетактични, со Близнаци кои немаат разбирање за другите и со Лавовите кои лесно може да манипулираат со нив.
Изменето од Valerija - 27.Март.2016 во 10:05
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Март.2016 во 18:17 |
Токму поради фактот што Сатурн се наоѓа во Стрелец, припадниците на овој знак, особено оние кои се родени во првата декада, ќе се најдат пред големи животни искушенија. Но, тоа не значи и дека овие нешта ќе имаат лош крај. Сè зависи од распоредот и положбата на клучните планети во наталната карта на Стрелците. Истото нешто ќе се случи и со припадниците на знаците Риби и Девица, поради квадратот кој Сатурн од Стрелец го прави врз нивното Сонце. Ова можат да го забележат и Близнаците, поради опозицијата на Сатурн во нивното Сонце. Изгледа Близнаците најдолго ќе го чувствуваат овој лош период, кој може да премине дури и во следната година, односно сè додека Сатурн се наоѓа во знакот на Стрелец. Што се однесува до Раковите и Јарците, тие ќе почувствуваат потешкотии во првата декада од јули, додека Овните во првата декада од април. Вагите можат да поминат без големи потешкотии во пролетните месеци, но кога Уран ќе биде во транзит низ Овен, ќе им донесе ненадејни и бурни промени на животното поле. Најтешките денови, односно најбурните, ќе ги доживеат оние знаци кои имаат истакната Месечина или лични планети во Стрелец, Близнаци, Риби, Девица, Овен, Рак, Јарец или Вага. Имајќи го тоа на ум, Јарците имаат најголеми шанси да бидат подложени на огромни искушенија. И тоа не поради нивната вродена склоност на мака и патење, туку поради положбата на Плуто во соѕвездието Јарец.
Изменето од Valerija - 27.Март.2016 во 18:17
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Март.2016 во 08:58 |
ШТО ВЕЛИ ХОРОСКОПОТ: ДАЛИ ПАРТНЕРОТ ВЕ ЛАЖЕ?Овен Мажите родени во знакот на Овен вообичаено многу бурно реагираат на какво било обвинување за работа за која се всушност виновни. Според тоа, ако вашиот партнер е Овен и на вашите обвинувања наместо само да се насмее реагира прилично агресивно – тогаш веројатно и вие имате сериозна причина сериозно да се налутите! Бик Биковите се типично сигурни во себе и самосвесни но стануваат прилично несигурни кога се обидуваат нешто да сокријат или пак да излажат. Ако почнат да покажуваат изразена љубомора, немојте да се тешите мислејќи дека тоа е така поради тоа што ве сака. Најверојатно тоа ќе значи дека има некои проблеми кое се обидува да ги сокрие од вас. Близнаци Кога Близнаците ќе почнат да се бранат од далеку и да ви велат да не им дишете во врат, да ги оставите на раат да прават што сакаат, дека вие не мора да знаете се што прават и сл. тоа значи дека се сомнителни дека нешто матат. Мажите родени во знакот Близнаци обично сакаат да разговараат за се и сешто и да разменуваат информации, а почнуваат да кријат само тогаш кога навистина имаат што да сокријат! Рак Раковите се многу среќни и задоволни ако го минуваат времето со семејството или партнерот, па така, ако одеднаш почне да ви изгледа оддалечен или расејан, тогаш сигурно има нешто што го мачи а не сака да ви го каже. Раковите не сакаат да бидат сами подолго време, па доколку сте попречени да поминувате многу време со него, тој лесно може да почне да си го минува времето со некоја друга! Лав Мажите родени во знакот Лав можат да станат опседнати со контролата и да почнат да прават кавги со кои само сакаат да го свртат вниманието од нивните активности. Според тоа, доколку забележите дека партнерот Лав често иницира кавги и почнува да ви кажува што смеете а што не смеете да правите, ваквото негово однесување слободно можете да го протолкувате како маска зад која сака да сокрие нешто. Девица Мажите родени во знакот на Девица се многу емотивни и мили, но кога се обидуваат нешто да сокријат тие ги оттргнуваат емоциите од гласот и разговорот. Ако одеднаш стане рамнодушен и ладен или пак на пример почне да ви вели дека можете да правите што сакате, тоа него не го интересира, тогаш имате силни причини да станете сомничави дека нешто крие! Вага Мажите родени во знакот на Вага се многу умешни во лажењето кога знаат дека немаат друг избор. За да се спасат самите, тие прибегнуваат кон емотивна манипулација така што прават партнерката да се чувствува како грозна личност само и само затоа што споменала нешто сомнително. Скорпија Скорпијата знае да стане прилично непријатна кога крие нешто. Ако одеднаш почне да ве напаѓа со лоши коментари и забелешки на вашиот изглед или интелигенција, можете да бидете сигурни дека со тоа всушност се обидува нешто да сокрие и да го сврти вниманието од нејзините лоши постапки. Стрелец Стрелците се прилично релаксирани и безгрижни така што даваат м,ногу јасни знаци дека се обидуваат нешто да сокријат. На пример, ако повеќе пати го прашате за истата работа може во секој нов одговор да изменува одредени детали од приказната. Ако навистина ве мами со друга, може да биде толку невнимателен што лесно ќе пронајдете пораки, телефонски броеви, па и женска облека во неговиот стан. Јарец Кога маж роден во знакот на Јарец почнува да лаже, неговата главна стратегија е да ја префрли вината на партнерката. Дури и да го фатите во лагата, ќе се обиде и тоа да го сврти против вас и да ве обвини дека вие сте го довеле до таква ситуација. Доколку се уште не е фатен, а нешто мати, ќе забележите дека има помалa доверба кон вас. Водолија Мажот Водолија може да биде многу убедлив во лагите, затоа што без разлика во каква ситуација ќе се најде тој ќе остане ладен и ќе ве гледа во очи и ќе ве лаже. За да дојде до ваква ситуација прво емотивно ќе се оддалечи, што можете да го протолкувате како знак дека нешто не е во ред. Тој ќе се обиде да се повика на вашата логика а не на вашите емоции. Риби Мажите родени во знакот на Риби имаат совест и лесно се издаваат кога лажат. Ако одеднаш забележите дека се труди повеќе и прави повеќе работи за вас отколку вообичаено, ако почне да ви купува подароци, да ви се јавува по сто пати или да ви помага во домот, најверојатно чувствува вина поради нешто.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|