IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Лустрација и кога ќе се проветриме?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лустрација и кога ќе се проветриме?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 26>
Автор
Порака
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2009 во 21:16
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Лустрацијаизненадување... предизборни местенкиизненадување Која ли е вистинатазбунетост
СЕ РАЗГОРЕА ИСТОРИСКИТЕ ДУХОВИ, КОЈ ПОВЕЌЕ ГО САКАЛ ТИТО



Сите глумат, а целта им е единствена: ,,кој што повеќе да го измами народот,,.лутина

Ајде после изборите да се направи анкета па да видите што тогаш ќе се кажува.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 02:30
Сведок е лице повикано на суд, кое треба да изнесува факти, а не мислења и тоа не може да се поистовети со кодош или соработник со некогашните тајни служби, кој треба да биде предмет на лустрација, укажуваат експертите. Законските одредби се јасни. Според нив, предмет на „проветрување“ треба да бидат лицата носители или кандидати за јавни функции, кои не се евидентирани во досиејата на органите на државната безбедност како тајни соработници или тајни информатори при оперативно прибирање известувања и податоци или наредбодавци или корисници на такви информации.

На професорот по кривично право Гордан Калајџиев целата приказна со лустрацијата не му е симпатична, зашто се темели врз полициски списи, кои во принцип се неверодостојни и зад нив, смета тој, секогаш се кријат двојни, па и тројни игри. Но, категоричен е дека една граѓанска обврска не смее да се етикетира.

- Сведок е лице повикано на суд, кое под правна закана за соодветна казна има обврска и должност да сведочи, односно да изнесува факти, а не мислење - вели тој. ВМРО-ДПМНЕ објасни дека за своите обвинувања се послужи со документи од јавен карактер. Се работи за пресуда на струшкиот општински судија за прекршоци со која Шишков, за прекршување на јавниот ред и мир и вербален деликт, е осуден на затворска казна од 90 дена.

Професор Ѕвонимир Јанкуловски е дециден дека не смее да има какви било градации на помал или поголем, повеќе или помалку кодош, зашто кодош е кодош. Со образложение дека целиот систем е исполнет со денунцијанти, а некои и јавно познати секојдневно, како што вели, се смеат од малите екрани, има разбирање за настапот и обвинувањата на владејачката партија.

- Суштината на лустрацискиот процес е остварување на транзициска правда. Тие што учествувале во денунцирањето за остварување лична корист треба да се отстранат од демократскиот систем за да може тој да се прочисти. Меѓу декларативните заложби и комплетната незаинтересираност процесот на лустрација конечно да почне, сосема нормално е наталоженото незадоволство и нанесеното зло да излезат на површина. Има премногу живи сведоци и жртви на еден систем, кои повеќе не можат да молчат - вели тој.
----------------------------------------------------------------------------------------------

Законска обврска на комисијата за лустрација е да ги провери сите потпишани изјави од политичарите кои се кандидираат на овие избори, дали имаат досие за соработка со тајните служби, како кодоши.
Политичките партии најдобро да се воздржат од вакви изјави во предизборието и да ја остават комисијата да си ја заврши својата работа, како што е предвидено со законот.
Од комисијата беше најавено дека ќе ги проверат и актуелните функционери. И ако некој од нив излажал, а се пронајде дека бил соработник на службите, неговото име ќе биде објавено во дневните весници.
Ако го истераат ова до крај, ќе паднат многу маски...
На многу насмеани фаци ќе им се заледи насмевката со која секој ден “срдечно“ ни се обраќаат!

 
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 15:53
 kaj nas se se trca kako prle pred magare... ne pocnata lustracijata se vadat dokumenti po potreba...e arno ama posle ne bile dokumenti...bile tralalajki...izleguva,,,jatrvive pak si vadat aferi...i pak tuzbi za klevetenje. Pa posle sudovite bile krivi...pa za drugi predmeti ne ostanuva vreme od ova tuzenjevo na funkcionerive edni so drugi shto se tuzat....
Место лустрација партиски кодошења
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 15:57
jas vo prvo odelenje go cinkarev Milan oti mi ukrade gumicka
pa go pratija na goli otok
sega kje me tuzaka i kje me lustriraat
тага
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2009 во 16:21
Како што оди работата, со лустрацијата ќе се почека дуси после изборите. Еден од кочничарите е и Михајло Маневски, министер во владата на Груевски, кој е задолжен покрај другото да им обезбеди соодветен простор на членовите на комисијата (во повеќе медиуми самиот Маневски беше спомнуван како “кандидат“ за лустрацијанамигнување):

Маневски ја кочи лустрацијата

Михајло Маневски ја закочи лустрацијата. Министерот за правда сеуште не создава можност Комисијата чија грижа е кодоши и соработници на тајната полиција да не станат функционери да стартува со својата работа.
Законот е дециден. До денот на изборот на Комисијата, Владата обезбедува основни технички и просторни услови за почеток на работата. Комисијата беше избрана на 14 јануари. Но, до денеска тие не ја одржале ниту конститутивната седница, бидејќи Комисијата нема канцеларија.

Како што дознаваме, пред неколку дена им биле понудени простории во Македонска телевизија, но тие не задоволувале елементарните услови за работа камоли строгите безбедносни критериуми за манипулирање со класифицирани документи, обврска што ќе ја има Комисијата, дознава АЛФА од членови на ова тело. Министерот Маневски кој со одлука на Владата е определен да обезбеди услови за работа на Комисијата денеска одби да одговара на новинарски прашања. Од неговиот ресор велат дека доцнење има, но дека се прават напори на лустраторите да им се најде простор за работа.
 
Стојан Андов кој ја иницираше лустрацијата вели дека не е предвидена санкција за функционерите што ја кочат лустрацијата, не извршувајќи ја обврската да и обезбедат на Комисијата просторни и финансиски услови за работа.

Комисијата нема да профункционира пред изборите. Членовите сеуште немаат ниту безбедносни сертификати. А, процедурата за нивно добивање трае неколку месеци. Без нив тие ќе немаат пристап до досиејата. Изјавите на кандидатите на овие избори дека не биле полициски денунцијанти се чуваат во ДИК. Ќе бидат проверувани откако ќе ги заземат функциите. Кога ќе проработи Комисијата за верификација на фактите.
Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за наводна соработка на еден од кандидатите со полициските служби за Андов е избрзана реакција која предизвикува збрка а не е регулирана со законот за лустрација.



Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 16:53
Црвенковски се плаши од лустрација
Само фактот дека во времето на Црвенковски како премиер, а Хари Костов како министер за полиција, за Мендух Тачи како пратеник се водело досие во тајната полиција, е доволно Црвенковски да биде предмет на лустрација.
Ако мислите поинаку образложете зошто, или деманторајте.

,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
rabani Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 02.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rabani Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 19:55
CRVENKOSKI KE KAZI DEKA NEZNAE NISHTO
VRANISHKOSKI KE JA PREZEMI ODGOVORNOSTA(A OVAJ IMA PASOS DIPLOMATSKI)
BRANKO MU GO AMNESTIRA SIN MU OD ZATVOR
TAKA DA BRANKO SI GO IMA POKRIENO GAZENCETO
USHTE ODAMNA
AKO GAFERI I TACHI ODAT VO KOALICIJA SO BRANKO, TACHI CHE ZABORAVI NA MINATOTO VO IME NA PODELBA NA VLASTA
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 17:46
“Јавно ја поднесувам иницијативата за проверка на точноста на изјавата на Љубомир Фрчкоски дека не бил соработник или наредбодател на службите за државна безбедност од идеолошки причини. Јас тврдам дека претседателскиот кандидат во својата изјава заверена во ДИК лаже. Ова го правам на овој начин, јавно, затоа што поинаку и не можам. Едноставно, комисијата за лустрација нема канцеларија, нема архива, нема печат, а македонскиот граѓанин мора да знае за каков претседателски кандидат се работи.“

Ова за „Нова Македонија“ го изјави Јордан Ристовски од Канада, еден од многуте жртви на контраразузнавачките служби и на наредбите за следење од идеолошки и политички причини.
„Фрчкоски во периодот од 1992 до 1996 година како министер за внатрешни работи издавал наредби со кои се повредени моите права, гарантирани со Уставот. Тој не ја кажува вистината“.

Кумановецот Петровски вака и се обраќа на комисијата за верификација на факти (попозната како комисија за лустрација) во Собранието. Под псевдонимот Црни, Петровски бил следен и прислушуван од СДБ како член и финансиер на тогаш опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатот на СДСМ и другите кандидати, во согласност со новите законски прописи, мораше да достават нотарски заверена изјава дека не издавале наредби ниту биле корисници на информации со кои се прекршувани или ограничувани основните права и слободи на граѓаните од политички или од идеолошки причини.
Во неговиот обид да ја спречи кандидатурата за претседател на Фрчкоски, овој поранешен бизнисмен, сега политички азилант во Канада, се соочил со неочекуван проблем - комисијата не функционира, нема простории, нема печат, и тоа во момент кога е најпотребна, пред изборите.

Агим Мехмети, претседателот на комисијата за лустрација, само ги крева рамениците.
“Запознаен сум со таа иницијатива, но што да правам кога сè уште не е во функција комисијата за верификација на факти. Требаше да профункционира од завчера, но катот во МРТВ што ни е доделен не е подготвен. Јас правам сè што е во моја моќ“ - вели Мехмети.

Азилантот Петровски во 2000 година си го подигнал досието од МВР. Тврди дека наредбите за негово следење се давани со наредба и потпис на Фрчкоски. Во неговото досие стои дека тој се занимавал со разузнавачка активност. Како член и финансиер на ВМРО-ДПМНЕ, според досието на СДБ, тој контактирал со Огњан Петров, началник на одделение при Министерството за трговија на Бугарија. Оперативецот на СДБ тврди дека има потврдени сознанија дека Петров е агент на бугарската тајна служба. Петровски како претставник на ВМРО-ДПМНЕ требало да обезбеди максимална поддршка на Бугарија за вмровските фирми. Меѓутоа во 1993 година, СДБ утврдила дека прислушувањето на телефоните „не ги дало очекуваните резултати“ и решиле да престанат со следењето. Од имињата со кои Петровски телефонски разговарал во очи паѓаат Љубиша Георгиевски и Томе Далавера (Томислав Стојановски, таткото на Драган Даравелски).

За претседателскиот кандидат Фрчкоски ова се подземни игри.

“Немам коментар. Мислам дека станува збор за истата личност што поднесуваше кривични пријави пред извесно време. Јас не коментирам полициско-политичко подземје“ - ни изјави Фрчкоски.

Петровски лани понесе кривична пријава против Фрчкоски поради прогонот од МВР, но таа беше отфрлена од обвинителството поради застареност.

„Поднесов кривична пријава против Фрчкоски, Томислав Чокревски, Слободан Богоевски, Зоран Верушевски, Сиљан Аврамовски и другите полициски функционери, кои, со намера да ми нанесат штета од идеолошки и политички причини поради мојата политичка определба како припадник и финансиер на ВМРО-ДПМНЕ, во 1992 година ми отвориле досие под псевдонимот Црни и на тој начин повеќе години противуставно и незаконски собирале сознанија за мојот приватен и деловен живот, со тајно следење и набљудување, тајно фотовизуелно снимање и документирање, тајна контрола на писма и други пратки, прислушување телефон, и притоа добиените сознанија ги користеле за планско, систематско, организирано и смислено дискредитирање на мојата личност и семејство, како и уништување на мојот бизнис. Доказите се недвосмислени. ‘Независната’ обвинителка Драгица Михајловска во јануари ја отфрли мојата пријава поради тоа што наводно изминале 10 години од правењето на последната службена белешка на СДБ, која ја поседувам. Мал проблем е што последната белешка од мојот прогон, која ја имам, датира шест месеци пред истекот на рокот“, изјави Петровски лани на 29 септември за „Нова Македонија“.
-----------------------------------------------------------------------------------------------

Дали и ова ќе биде уште една аферичка во богатото куферче на Фрчко, кандидатот за претседател?
Петровски од поодамна се обидува да ја открие вистината за неговото полициско досие, но очигледно тоа на некои структури не им одговара.
Дали се чека да поминат изборите, дали од страв да не се открие валканиот веш, дали од страв за сопствените глави...

Што ако ова е вистина?
Смееме ли да имаме претседател кој така лежерно дава лажни изјави, во интерес на освојување на највисока државна функција?!
 


Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 17:51
nema da e pretsedatel
taka da ne se sekirajte
toj e HARLEKIN na izborite
ocigledno sekoi izbori treba da imaat nekoj harlekin големо%20гушкање
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 18:10

Само уште еден доказ од многуте во пропаднатата политичка кариера на фрчкоски дека не треба и не доликува да имаме председател како него,а камо ли да се даде глас за негова поддршка.

Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 18:11
nekoj naredbodavatel a nekoj samo sorabotnik i marioneta ............ голема%20насмевка duri i na stranski ......намигнување

Изменето од miroslav_g8 - 25.Март.2009 во 18:12
Кон врв
dras Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 858
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dras Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 23:38
...ајде бе кој кого лаже,..што тоа човекот излажал,....дали Вие мислите дека Вашето е точно!?....
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 14:45
Фрчкоски може да се најде во ситуацијата на Доста Димовска

На претседателскиот кандидат на СДСМ Љубомир Фрчкоски не му е сигурна претседателската функција дури и кога би победил во вториот круг, на 5 април. Поранешниот финансиер на ВМРО-ДПМНЕ Јордан Петровски, кој тврди дека бил прислушуван по наредба на Фрчкоски, е сигурен дека познатиот професор нема шанси ниту да стане ниту да остане претседател.

- Јас сум следен и прислушуван во 1990-тите години, кога Љубомир Фрчкоски беше министер за внатрешни работи. На документите се пречкртани имињата на сите функционери што давале наредба за прислушување на моите телефони, но јас сепак од МВР ги добив написмено имињата на началниците од СДБ. Потписот на Фрчкоски го нема, ама тој беше министер тогаш - вели Петровски, кој денес е политички азилант во Канада.

На прашање што ако Фрчкоски ја префрли одговорноста на пониските структури од тој период, Петровски вели:

- Тогаш зошто беше прогонувана Доста Димовска? Таа беше првообвинета во аферата „Големото уво на власта“, кога биле прислушувани повеќе новинари. Токму поради тоа тогашниот претседател Борис Трајковски ја аболицира. Не може за Фрчкоски да важат други правила. Министерот за внатрешни работи е тој што ги потпишува налозите за следење на комуникациите. Единствено што може, делумно, да оди во негова полза е една шпекулација што стигна до мене. Наводно во тој период, 1993 година, на ниво на Влада се носеле одлуки за тоа кога и кој треба полициски да се обработува од идеолошки и политички причини. Јас се обидувам да го најдам тој документ ако воопшто постои, но сепак Фрчкоски пак ја има одговорноста според новиот закон - вели Петровски.

Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 14:47
sekoj sega nesto tvrdi a dokazi joktur .............. eve , i jas mozam da recam deka nekoj mi gi cita LP .............. kje poveruvate li vo toa bez konkretni dokazi ili ne ? голема%20насмевка
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.