|
Уапсен Велија Рамковски |
Внеси реплика | страница <1 1213141516 22> |
Автор | |||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А Премиер Велија ќе биде највероватно
|
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Добра идеја за нова тема |
|||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ама ќе треба и Латас да го "вметнат",инаку ќе нема кој да врши пренос од ...ќелијата.
|
|||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|||
Генерал Митре
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор бадајалџија Регистриран: 19.Ноември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 646 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Можат и Неделко Миленковски да си го земат таму..Демек туристички водич да им биде.. Сепак добро е запознат со околината во Шутка.
|
|||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
..а што кога ќе го ослободат Велија ,и ќе се жали во Стразбур ли беше тоа...па кога ќе треба да му платиме оштета за се и сешто..КОЈ ТОГАШ ЌЕ ОДГОВАРА за овој циркус?
..не е само да не палат со снимки како да е ова "Долина на волците"...туку треба да има ЕФЕКТ![што се стори со царинарниците..што со инкасаторите?сега уште треба да им се плати... велат,АКО НЕ ТИ ДОЈДЕ ПОЛИЦИЈА ДОМА,НЕ СИ БИЛ ДОМАЌИН. |
|||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Доброволно се јавувам за ПАРАСПУР |
|||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако Велија отиде во Стразбур ќе го уапсат за батачињата |
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
малце пари се лапнаа од буџети, па им недостигаа и овие на Велија
абе смешки, некој што ги потроши сите пари од буџетот безмилосно, на неисплатливи проекти, со заебана документација или често, без документација , сега да ми попува колкав бил криминалот на затајување данок и тоа пази, само еден затајувач е битниот, од стотици и уште нешто, сега им текна да апсат луѓе? после четири години владеење... |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па незнам дали ги има претежно на таквите ги сечат доле, а ако имаа тие такви оној синму немаше да се крие во мишја рупа |
|||
BoaVista
Сениор Регистриран: 24.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 124 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Интервју со проф.д-р Гордан Кајалџиев, професор на Правниот факултет.
ОД ПРОЦЕДУРАТА ПРАВАТ ТЕАТАР Деновиве вниманието на јавноста одново го преокупира спектакуларно апсење во најновата епизода од борбата на актуелната власт со криминалот и корупцијата. На ова се фокусирани и експертите, меѓу кои е и д-р Гордан Калајџиев, професор на Правниот факултет во Скопје. „Нема сомнение, вели тој, дека државата има право и обврска да ги гони лицата за кои постојат сомненија за сторени кривични дела. Никој не смее да биде над законот и секој мора да одговара за своите постапки. Но, во држава во која владее правото, државата е должна тоа да го стори во согласност со правните прописи, со почитување на законските процедури и правата на осомничените. Процедурите се тие што ја легитимираат акцијата на власта. Начинот на кој постапуваме со осомничените е огледало на нашата цивилизација. Со почитувањето на правата на осомничените ние ги воздигнуваме правата на секој од нас и ја чуваме општата атмосфера на слобода. Ако државата почне да ги крши процедурите што самата ги востановила, таа не е веќе правна држава, тоа е повик за анархија“. Деновиве одново бевме сведоци на спектакуларни апсења. Ги почитува ли полицијата правните прописи и процедури? - Со години упорно укажувам дека ваквата практика ги крши Уставот, законите и човековите права. Нашиот Устав и законите, дури и повеќе од меѓународните стандарди изразуваат голема недоверба во полицијата, врз основа на традиционално лошите практики. Имено, за ограничување или за одземање на личната слобода може да одлучи само судот. Полицијата има право да лишува од слобода само тогаш кога случајот е таков што едноставно не може, односно нема време да се дојде до судска одлука. Тоа се ситуации каде што лице е затечено при вршење кривично дело за кое се гони по службена должност или непосредно потоа, кога се уште постои реална опасност од одлагање. Уставот и законите, во таков случај, како исклучок, допуштаат полицијата да апси без судска наредба, бидејќи едноставно нема време за таа да се прибави, а државата мора итно да реагира. Во сите други случаи, полицијата треба прво да го убеди јавниот обвинител, кој е единствен овластен да одлучи дали ќе гони и кого, а тој, пак, од истражниот судија треба да побара, односно да го убеди дека против определено лице постои основано сомнение за сторено кривично дело, за судот да поведе истрага и евентуално лицето да го притвори, ако постојат дополнителни основи за тоа. Ако судијата најде дека тоа е основано,прво ќе нареди приведување на лицето, па откако ќе го сослуша, против него може да поведе истрага и евентуално да го притвори. Тоа значи дека за дела од типот на финансиски криминал и слично, полицијата не може самата да апси, па потоа осомничените да ги приведува во станица или пред истражен судија! Дали ова е јасно уредено во правните прописи? - Апсолутно. Тоа е убаво објаснето и во учебниците по право и во полициските прирачници. Нашата полиција, сепак, се оглушува и упорно си тера по старата практика. Не само што апси без судска одлука во ситуации каде што тоа прописите не го допуштаат, туку осомничените ги задржува во полиција по правило 24 часа, како да е тоа некое право на полицијата, иако тоа законот го допушта само за строго определени случаи. Тоа се проверка на идентитетот на сторителот, проверка на алибито и нужни полициски истраги допуштени во оние ситуации на затеченост на дело и итност за кои зборувавме понапред, каде што полицијата навистина има нужна потреба да изврши определени проверки и слично. Тоа, како што знаеме, не е случај во последниве настани. л Зошто во сите случаи експонирани во медиумите редовно има определување притвор? - Притворот, според домашните и меѓународните прописи, е крајна мерка, ултима ратио. Во светот е нормално обвинетите да се бранат од слобода со определена гаранција. Притворот обично се користи за сторители на тешки дела, како убиства, силување и слично, или каде што опасноста од бегство е навистина реална. За економски криминал, за кој навремено се обезбедени докази, гаранцијата е сосема доволна. Нашата практика, спротивно на сите прописи и светски тенденции, масовно посега по притворот, мерка која е тешко да се оправда за лица за кои има претпоставка дека се невини, додека тоа не се докаже во една фер постапка пред судот. Органите на прогонот и судот дури и не се обидуваат да покажат дека основите поради кои законот допушта притвор навистина постојат, туку само ги парафразираат законските прописи. Посебно медиумски експонираните случаи кај нас по дефиниција повлекуваат притвор, што може да се објасни само со пропагандни цели и лажна сериозност во справувањето со криминалот и корупцијата. Зошто тогаш полицијата упорно ги крши прописите, како што велите? - Реално, нема потреба за тоа. Незаконитите постапки на полицијата со тоа, не само што ги кршат правата на осомничените, туку ги загрозуваат практично и судските процедури што следат и оставаат лоша слика за полицијата и власта во целина. Претпоставувам дека целта е да се демонстрира моќ, решеност во справување со криминалот, но веројатно и да се покаже силата на власта и да се застрашат луѓето. Затоа и непотребното апсење и претресување ноќе, водење на луѓето со лисици, со специјалци со маски и слично. Со тоа непотребно се крши пресумпцијата на невиност, угледот и достоинството на личноста. Што е најчудно, судиите и обвинителите, не само што ја толерираат ваквата незаконска практика, туку и учествуваат во неа, а понекогаш и ја иницираат. Тешко може да се објасни ова. Главната причина е тоа што овие се во дослух и работат по договор, неретко по диктат на полицијата.Целата процедура, на крајот, е само обичен театар. Може ли државата да прогласува за криминалци лица, за кои уште нема поведено ниту постапка? - Јавните прес-конференции и сличните настапи на претставниците на извршната власт не смеат да одат подалеку од резервирани информации за тоа дека се води истрага и слично, за определени кривични дела, при што мора да се почитува пресумпцијата на невиност на лицето чија вина допрва треба да се утврди во постапка пред судот. Изјави со кои тие се карактеризираат како сторители и криминалци и изнесување на доказите преку медиумите не се само повреда на пресумпцијата на невиност, туку сериозно ја доведуваат во прашање непристрасноста на судот и можноста обвинетите да добијат фер судење. Згора на ова, изнесувањето на доказите е повреда на тајноста на постапката, односно истрагата и сериозно ја загрозува истата. За ова постојат повеќе одлуки на судот за правата на човекот во Стразбур. Во државите кои држат до интегритетот на судските постапки, ова се смета за сериозно дело против правосудството. Кај нас полицијата свесно ги „жртвува“ овие принципи, само за да покаже некаква ефикасност и бескомпромисност во борбата со криминалот. Вистинска ефикасност и професионалност не се докажува со спектакуларни апсења, со прислушувања на секој и секаде, арбитрерни претреси и слично, туку со макотрпно собирање докази во една законита процедура. Деновиве бевме сведоци на силен притисок врз судиите. Можеме ли воопшто да зборуваме за независност на судството во Македонија? - Независноста на судството никогаш не била во поголема криза. Или барем откако јас се занимавам со оваа проблематика. Последниве случувања на разрешување судии за наводно погрешни одлуки во конкретни случаи се вулгарен притисок на извршната власт врз судиите, непримерен за една европска држава. Ова за мене е пострашно од повредата на процедурите при апсењата, прислушувањата или претресите. Врховниот суд и судскиот совет, наместо да го штитат судството од притисок, станаа алатка за негово инструментализирање. Здружението на судии сега, исто така, е составен дел на овој „тројански коњ“, кој однатре го растура интегритетот на судството. Кулминација на ваквото безобѕирно застрашување на судиите е изјавата на премиерот дека сите судии што ќе пуштат на слобода „докажани криминалци“, ќе бидат разрешени или ќе мора да си поднесат оставка! Вакво нешто нема видено ниту една демократија, барем не во Европа. Да не се лажеме, и досега имало притисоци, Македонија никогаш не била некој пример за правна држава, ама ова што се случува деновиве е допирање на дното. Луѓето не разбираат дека не се работи само за некој осомничен или за некој судија, се работи за правната држава! Судот е суд само ако е слободен да суди според законот и без притисоци од извршната или која било друга власт. Ако нема независно судство - нема ни поделба на власта, нема владеење на правото, нема човекови права и слободи, нема демократија! Под привид на борба со криминалот, правната држава се претвора во полициска! Тоа мора да запре. Во суштина, тоа не и одговара ниту на власта, иако на прв поглед може да и донесе определени поени на сметка на таа навидум бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата. Но, порано или подоцна, ќе и се врати. |
|||
ansasho
Сениор Регистриран: 08.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 127 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Човек како газда Велија затвор е блага форма на казна.
|
|||
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Стигнаа до 17 милиони евра, но работава ако се разоткрие се' може да тера и многу над 100 милиони.
Да краде, да се заборави од крадење. Имотот на Рамковски официјално се проценува на 30тина милиони евра, што според полициското искуство е два до три пати повеќе во реалноста. Сé уште не сме ја виделе целата „Пајажина“ http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122810837557&id=9&setIzdanie=22169 Изменето од Persej7 - 28.Декември.2010 во 20:06 |
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
more...moze i 100 milijardi da izlezat...za toj shto saka tolku da bidat!
..inache , ne e vazno kolku milioni se ,..ako zgreshil ...treba i da pati poradi toa,... ...ama , problemot e shto toj "sobata" treba da ja deli so mnogu takvi vo zemjava i toa megju drugite i so site komplet od nejziniot vrv, pa posle moze da se kaze deka makedonija e vistinska drzava na ...vistinski narod! |
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
Внеси реплика | страница <1 1213141516 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |