Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Август.2015 во 18:11 |
ХОРОСКОПОТ ВЕЛИ ДЕКА ЛИЦАТА РОДЕНИ ВО ОВОЈ ЗНАК СЕ НАЈДОБРИ ЛУЃЕДоколку упорно околу вас ги задржувате погрешните луѓе и пријатели, тогаш е време да погледнете во ѕвездите. Еве 10 причини поради кои во вашиот живот би требало да запознаете барем еден Овен. 1. Авантуристи сеТие се секогаш полни со луди и аватуристички идеи. 2. Зрачат со позитивна енергијаНивната енергија им помага со леснотија да преминат и преку најголемите „сопки“ во животот. Сепак, тие најчесто се обвинуваат себеси кога нешто не тргнало по зацртаниот план. 3. Оптимистични сеОваа нивна способност значително помага на луѓето кои ги опкружуваат, секогаш кога им се потребни поттик или поддршка. 4. Лојални сеТие никогаш нема да ве изневерат или да ги издадат вашите тајни. Доколку пред Овен започнете да ги оговарате неговите пријатели, знајте дека тоа нема да има убав завршеток. 5. Искрени сеТие никогаш не лажат од една едноставна причина – не знаат како! 6. Независни сеЗнаат да се грижат за себе, и не сакаат да побараат помош дури ниту кога им е очигледно потребна. 7. Посветени сеОва е особено убаво за нивните љубовни партнери, кои нема да мораат да се грижат дека по извесно време ќе бидат незабележени. 8. Сакаат да даваат, но не и да земаатТие се внимателни со парите и добри штедачи. Меѓутоа, Овните спаѓаат во онаа група на луѓе која повеќе се радува кога подарува, отколку кога зема подароци. Сепак, кога станува збор за нив самите, два пати ќе размислат дали да се почестат. 9. Амбициозни сеСекогаш тежнеат кон повеќе, и си поставуваат нови цели пред нив. 10. Овните се комбинација од сите горенаведени особиниШто ги прави одлични партнери или пријатели за цел живот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Август.2015 во 13:27 |
КОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ИМА НАЈМНОГУ СРЕЌА?Многу елементи влијаат на среќата. Среќата е да ја препознаете вистинската работа во вистинско време и да ја зграпчите шансата. Астрологијата често може да влијае врз вашата среќа. Еве што вели вашиот хороскопски знак. Овен Овните обично со помош на својот младешки дух знаат кога треба да “скокнат“ во ладна вода и храбро да бидат први во нешто што води до успех и среќа. Бик За да бидат среќни, на Биковите им треба добра организација и можност полека да го кројат својот пат без големи скокови. За нив најголема среќа може да биде изградбата на преубав дворец од песок кој нема да го сруши ниту еден морски талас. Близнаци За Близнаците несреќа е кога им е досадно, а среќа може да биде се останато. Проекти, размена на идеи и посебни вештини и интерес на “големите“ за нив, ги прави среќни. Рак Раковите наоѓаат задоволство во спомените. Во сеќавање им остануваат луѓето кои им значеле многу и кои поминале низ нивниот живот. Лав Лавовите среќа доживуваат во сјајот, гламурот и значајните моменти. Тие црпат енергија од овие возвишени ситуации кои ги прават среќни. Девица Се чувствуваат среќни кога знаат дека се потребни и неопходни некому. Нивна желба е да придонесат за подобар свет, па среќни се кога помагаат. Вага Вагите среќа наоѓаат во балансот, општата хармонија и не сакаат никој да ги вознемирува. Тие веруваат дека секој има своја мисија која може да влијае на општата среќа или хаос. Скорпија Скорпиите често гледаат среќа во победата. Животот за нив е боречка арена, и секоја ситуација во која се впуштаат е предизвик – да се победи со сила, вештина или љубов. Стрелец Стрелецот ја доживува среќата како чиста, едноставна работа како што е тапкање по рамото, насмевка на поминување, добра шега или вкусна храна. Тие знаат да се радуваат на мали н ешта. Среќа за нив е да ги бодрат другите или другите да ги бодрат нив. Таа нивна спортска дисциплина е прилично заразна, па не е ни чудно што другите се чувствуваат среќно во нивно друштво. Јарец Јарците најголема среќа наоѓаат во верноста кон другите. Често пати тие се среќни, а не се свесни за тоа. Јарците се вистински приврзаници на среќата. Кога прават некого среќен нивното срце е исполнето. Водолија За Водолиите среќа е да се биде индивидуалец. Да ги прави работите на сопствен карактеристичен начин, без стеги и притисок од страна, да ја следи својата визија… Риби Рибите среќа пронаоѓаат во сништата и мистериите. Но, нивната среќа не е комплетна ако нивниот живот нема поголема смисла, а тоа е – да им помогнат на другите во неволја.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Август.2015 во 13:33 |
ДОЗНАЈТЕ НА КОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК СТЕ СЛАБИ И БАРЕМ ЕДНАШ ВО ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ИМАТЕ ЗА ПАРТНЕРВо Зодијакот постојат повеќе љубовни комбинации кои се олицетворение на страст и големи емоции, па токму таквите привлечности се неизбежни. Дознајте на кој хороскопски знак сте слаби и барем еднаш во животот ќе го имате за партнер. 1. Овен и Вага Веќе при првото среќавање на овие знаци се појавуваат искри. Енергијата и сексуалноста на Овенот и шармот и префинетоста на Вагата создаваат силна хемија. Оваа љубовна врска е голем предизвик за двете страни, па тешко дека ќе одолеат да не се пробаат како пар. Проблемите во односот може да настанат кога пристојното однесување и начин на живот на Вагата ќе започнат да го нервираат Овенот. Вагата од друга страна пак, ќе се обиде да го направи Овенот попристоен. За врската да успее, потребно е овие два знаци својата природа да ја спојат во заеднички активности, наместо да се препираат. 2. Бик и Скорпија
Кога нежниот Бик ќе се отвори пред Скорпијата и во неа ја види страста која ја носи, доаѓа до огромна сексуална поврзаност. Кога ќе влезат во врска не можат да се заситат еден од друг, но кавгите се исто така неизбежни. Бикот се изморува од темпото на Скорпијата, додека на Скорпијата и пречи пасивноста на Бикот. Само ако страста од спалната соба може да се пренасочи кон заедничко дружење, работите може да се подобрат. 3. Близнаци и Стрелец
Привлечноста меѓу овие два знака не е само физичка, туку се одразува и на ментално ниво. Љубопитните Близнаци и Стрелците кои вечно филозофираат, ги обожаваат меѓусебните разговори. Близнаците може да ги изнервира само ставот дека Стрелецот сè знае најдобро, додека Стрелецот може да му замери на партнерот за повремената незаинтересираност и склоноста кон озборување. Решението е во заедничките патувања. 4. Рак и Јарец Чувствителноста на Ракот и моќта на Јарецот претставуваат совршен спој. Страста може да биде кратко попречена од емоциите на Ракот, а Јарецот повремено да го игнорира, додека на Јарецот може да му здодее неодлучноста и несамостојноста од другата страна. Задолжително мора да се потсетуваат дека не се само партнери, туку и љубовници, ако сакаат да успеат. 5. Лав и Водолија
Кралот на светот не може да и одолее на слободната Водолија која го признава само својот авторитет. Бунтовничкиот дух е освежување за Лавот, додека за Водолиите најпривлечна е харизмата на Лавот. Преголемата потреба за внимание на Лавот и противењето на Водолиите може да доведе до сериозни проблеми. Спасот мора да го најдат во креветот, далеку од сите луѓе и познаници. 6. Девица и Риби
Девицата сака ред, а Рибите ги одбива рутината, па затоа ова е доволно спротивно за да се привлечат. Врската ја гледаат како единствен начин да си го променат животот, па Девицата обожава да ја научи Рибата на ред, додека Рибата ја учи Девицата како да се опушти. Во одреден момент несериозноста на Рибите може да и попречи на Девицата, а потребата за контрола на Девицата да биде препрека за другата страна. Подготвеноста на компромис може да ја спаси врската.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Август.2015 во 13:35 |
Уште нешто интересно што хороскопот ќе ви го открие за вашиот карактер е типот на маска која што ја носите секој ден, пред останатите личности од различни причини. Дознајте што се крие под вашата маска и која е таа: Овен Овенот ја има маската на сожалување, бидејќи сака да го сожалуваат. И тоа секогаш му успева. Во суштина е ладнокрвна личност која иако сака да манипулира со останатите, знае и да ги сака со цело срце. Си ги знае своите граници и свесен е за својата маска на која веќе навикнал, бидејќи ја носи постојано. Бик
Бикот ја носи маската на пријателството, бидејќи се плаши да остане сам. Никогаш нема да ве избегнува доколку не му се допаѓате, но со време ќе ви се предаде, бидејќи доколку доволно долго глумите нешто, ќе започнете и да верувате во истото. Близнаци
Близнаците се дволични, но добродушни со маска на ладнокрвност. Понекогаш ја вадат кога знаат дека се во опасност и ја ставаат маската на Овенот, а тоа е маската на сожалувањето. Рак
Ракот иако сите го сметаат за најчувствителен знак во хороскопот, тој ја носи маската на љубовта. Често останува во врски кои знае дека не му одговараат доволно долго за да не ја извадат маската под која се крие личност која сака да ја пронајде вистинската личност. Лав
Лавот ја носи маската на гордоста, бидејќи се плаши од своите недостатоци и сака да биде недопирлив и бесчувствителен. Иако остава таков впечаток тој е кревка душа која знае да сака, но секогаш прави погрешен избор во љубовта. Девица
Девицата ја носи маската на педантноста, бидејќи сака да прикрие колку е всушност една неорганизирана личност која не се грижи за никој освен за самата себеси. Иако се смета за една од најладните знаци во хороскопот, кога ќе ја пронајде вистинската личност се препушта целосно и без резерва. Вага Вагата ја носи маската на одлучноста, бидејќи е неодлучна и не сака останатите да дознаат за тоа. Секогаш знае како да ви одговори дипломатски и погрешно на прашање поврзано со некоја одлука која треба да ја донесе, но е добар пријател кој знае да даде совет кога тоа е потребно. Скорпија
Скорпијата ја носи маската на искреноста, бидејќи лаже постојано, па понекогаш дури и верува во сопствените лаги. Знае да биде сентиментална кога ќе се заљуби, бидејќи се плаши да не биде излажена верувајќи во карма и бумеранг. Стрелец
Стрелецот е познат по својата прецизност и одлучност што е маска на неговата несигурност во себе. Знае да критикува, но не сака да го критикуваат и често се лути без причина. Јарец
Јарецот носи нарцистичка маска, бидејќи нема самодоверба и знае дека не е најдобар од сите како што остава впечаток. Нема капацитет за учење и често е љубоморен на тие што се подобри од него, но никогаш нема да го признае тоа. Водолија
Водолијата ја има маската на добрината, но длабоко во себе знае дека сака да ги повредува луѓето околу себе. Знае да цени и да простува, но кога еднаш ќе ја повредите, заборавете на неа. Риби
Рибите ја носат маската на верноста, бидејќи сакаат да изневеруваат, но без да бидат фатени на дело. Обожаваат отворени врски без обврски и го сакаат сексот повеќе од сите знаци во хороскопот. Брзо забораваат и често лажат. Која е вашата маска?
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Август.2015 во 12:44 |
НАЈГОЛЕМИОТ ЉУБОВНИК ВО ЗОДИЈАКОТ Е...Тврдоглави, упорни, енергични, реални. Ова се најважните особини на Биковите. Иако тврдоглавоста се смета за нивна најголема особина и мана, љубовта е место каде што Биковите апсолутно се докажуваат. Се сметаат за најголемите љубовници во Зодијакот, сакаат да ги привлекуваат луѓето, но никогаш не преземаат иницијатива. Бикот е личност која поседува сила која раздвижува планини, со својата упорност и неоткриената тајна на љубовните вртлози. Биковите се познати по својата практичност и реалност. Нивната конкретна смисла за реалност ги восхитува луѓето околу нив кои таквите квалитети не ги познаваат. Можете заради тоа да ги обвините дека воопшто не знаат да фантазираат или дека романтичноста низ нивната призма делува толку сиромашно. Ќе ве држат за рака, ќе се шетаат под полна месечина или во прекрасна природа, а притоа радосно ќе раскажуваат како денес го зготвиле гулашот. Што се однесува до љубовта и љубовните интриги, овие луѓе најчесто имаат среќа. Венера, планетата на благосостојба и љубов, се наоѓа во центарот и управува со нивниот знак, но не со оној откачен стил како кај Вагата, туку на еден практичен и допирлив начин. Донесува врзаност за реалноста, здрава смисла и желба за поседување. Сакаат да бидат опкружени со убави нешта, убави мажи или жени, луксузни предмети, уметнички слики. Убавината во нивниот живот е многу застапена и изразена. Околу себе создаваат чувство на пријатност и опуштеност, па дури и во канцелариите внесуваат ситници кои ја отсликуваат нивната душа. Иако се крајно практични, имаат смисла да го одберат партнерот. И тоа обично е партнер кој е романтичен и со богата фантазија, нежен дух, поетични. Навидум чиста спротивност од нив. Понекогаш Биковите изгледаат затворени и неприступачни, но едноставно не допуштаат на било кој да им го троши нивното време и стрпливост. Знаат секому да му речат: Стоп! Припадниците на овој знак се познати по оптимистичката филозофија и практичното усмерување. Сакаат да им помагаат на другите и ја сакаат уметноста. Уживаат во добри книги или претстави, и најмногу во гурмански подготвени јадења. Нивната одмереност, постојаност и реалниот пристап на животот се легендарни во Зодијакот. Најголема мана на овој зодијачки знак е тврдоглавоста и тоа до тој степен што околината често ги смета за дрски и непристоји. На второ место се посесивноста и љубомората. Кога ќе го одберат партнерот, не го испуштаат од вид, сакаат да имаат целосна контрола на она што го прави. Често претеруваат во јадење и пиење или избегнување на спортски активности заради што имаат и здравствени тешкотии. Динамични се, упорни и енергични, но кога ќе завршат со некоја работа, истиот миг стануваат пасивни и троми. На работен план никогаш не постапуваат импулсивно и непромислено. Многу се внимателни, и не им дозволуваат на другите да им пречат во нивните планови. Газат се друго за да ги остварат своите цели. Големи се ентузијасти дури и во најтешките животни ситуации. Изгледаат како нескршливи и полни со сила. Меѓутоа нивната тврдоглавост е особина која често ги кочи во животот, а сепак тие од неа не отстапуваат. Бидејќи животната филозофија им е насочена кон практични нешта, не си дозволуваат некои нереални соништа или цели. Но потребата секогаш тие да се во право ги тера да се спротивставуваат на авторитети или на сите оние кои сакаат да го сменат нивното мислење. Во тие мигови доаѓа до израз нивниот недостаток на такт, нееластичност на духот, како и недостаток на дипломатија. Но, благодарејќи на својата упорност, сепак постигнуваат големи успеси. Прилично се чувствителни на околината и на туѓите мислења и секогаш одат во крајност – ако не се согласувате со мене, значи сте против мене. Навистина, би требало малку да се потактични во животот. Интелектот им е приземен, со реални цели и амбиции. Љубовта пак им е храна. Без неа едноставно тешко живеат и многу патат. Мораат да сакаат, да поседуваат некого, дури и да е тоа погрешна личност. Ако се обидете да им го поместите нивниот дневен распоред и планови, бидете сигурни дека одеднаш ќе се соочите со бесен Бик подготвен да ве набоди со роговите и тоа без да извадите црвено платно. Сами сте виновни! Биковите и парите секогаш одат заедно. Се разбира, не се сите Бикови богати, но бидете сигурни дека не се ни сиромашни и секогаш имаат црн фонд. Својот дом и кралство тие го градат секогаш споро, но цврсто и сигурно. Во секоја секунда знаат колку пари имаат до ситници, дури и во малите касички, ги знаат цените на сите производи и заколнати непријатели се на расфрлање пари. Својот имот го чуваат и шират многу внимателно!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Септември.2015 во 15:39 |
КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ НАЈМНОГУ СЕ НЕРВИРААТ?Овен – овните се познати по тоа што лесно избувнуваат секогаш кога некој ќе ги предизвика. Никогаш не сакаат да им биде наредувано, а исто толку силно се нервираат кога некој ќе ги учи на нешта кои веќе ги знаат. Оние кои силно ќе им згазнат по живците, знаат и да добијат ќотек, но доколку соговорникот ги изнервира, но остане смирен, тогаш овните знаат брзо да се смират и да се извинат за својата избувливост. Бик – биковите најчесто се мирни и повлечени, па кога ќе се случат тие ретки моменти на покажување нервоза, луѓето околу нив не знаат како да реагираат бидејќи не се навикнати да ги гледаат во такво светло. Биковите вообичаено се нервираат кога се обвинети дека нешто не сработиле исправно или кога се загрижени хороскопски знациод каква било причина. Исто така, не сакаат да бидат потсетувани на грешките од минатото. Близнаци – кога близнаците ќе се изнервираат, тотално губат контрола и не обрнуваат внимание ниту на логика, ниту на разум и единствено важно е да го имаат последниот збор. Вообичаено близнаците не се нервираат лесно, што е една од нивните главни одлики како знак, но кога ќе успее некој да ги изнервира, тогаш ништо нема да ги спречи да изнакажат сè што им лежи на душа. Рак – раковите се многу грижливи и нежни, па најчесто се нервираат за сцени во кои токму овие карактеристики недостигаат. Исто така, мразат да бидат критикувани, но и кога некоја нивна добро сработена задача минала незабележано. Дури и кога силно ќе се изнервираат, раковите знаат да ги бираат зборовите кои ќе ги кажат за да не повредат некого. Исто така, немаат проблем да бидат „лошите“ во секоја ситуација, ако тоа помогне за општа среќа на околината. Лав – лавовите се грижливи, добродушни и прекрасни луѓе, но кога некој ќе им згреши, тогаш не се апсолутно ништо од тоа. Тогаш лавовите ги покажуваат своите канџи. Овие знаци, општо познато е, најмногу се нервираат кога некој сака да доминира над нив. Кога лавовите ќе го загубат разумот, тогаш како вистински грабливи мачки, сосема мирно го чекаат вистинскиот хороскопски знацимомент и ѝ се нафрлаат на жртвата. Понекогаш, дури и физички ќе се пресметаат ако има потреба од тоа. Девица – девиците вообичаено се мирни кога ќе бидат изнервирани, но ако се претера, тогаш знаат да експлодираат. Не знаат да губат, па кога ќе се случи тоа, знаат да ја исфрлат нервозата од моментот. Ги нервираат и нешта кои се надвор од правилата и кога нештата немаат ред. Сепак, не ја држат лутината и не се злопамтила. Вага – вагите ретко покажуваат нервоза, но ако тоа се случи, тоа значи дека некој ептен претерал. Типично за вагите е што се како темпирани бомби, па се смешкаат и се прекрасни до моментот кога најмалата капка ќе ја прелие чашата и ќе експлодираат. Вагите секогаш внимаваат како изгледаат и се однесуваат, и токму затоа ретко се видени да загубат контрола. Но, кога тоа ќе се случи, презентираат бес каков што ниту еден друг знак во зодијакот нема. Скорпија – скорпиите се познати како лошите момци на зодијакот и со нив лесно може да се влезе во конфликт. Тие сакаат да ги имаат нештата под контрола, па ако некој друг се обиде да ги влече конците во некоја ситуација, тогаш сè може да се очекува од скорпијата. Ако се скарате со скорпија, бидете сигурни дека и после многу години ќе си ја добиете одмаздата. Стрелец – стрелците лесно знаат да се налутат и за најмали ситници, но лутината знае да биде и многу забавна за соговорникот, бидејќи тогаш почнуваат да пелтечат, да забораваат зборови и да се губат во времето и хороскопски знаципросторот. Сепак, не се големи фанови на караници, па ќе глумат дека не се нервозни за соговорникот да се смири, по што и самите ќе заборават на проблемот и ќе им мине лутината. Јарец – јарците се претставуваат себеси како цврсти и недопирливи, но се многу емотивни одвнатре. Вообичаено во секоја ситуација ќе глумат смиреност иако во себе имаат вулкан од емоции. Но, кога границите ќе бидат преминати, тогаш вулканот избива на површина. Најмногу лути на тоа што морало да дојде до таква ситуација, јарците ќе го наведат противникот да се чувствува виновен и да мора да се извини и покае. Водолија – водолиите се гледаат себеси како смирени личности и мразат да губат контрола врз своите емоции. Најмногу се нервираат кога некој нема да ги разбере правилно или кога нема да ги земе за важни нивните ставови и мислења. Кога ќе се изнервираат, вообичаено гласно викаат, а може и да си заминат оставајќи сè зад себе, по што вообичаено се чувствуваат потиштено и почнуваат да се лутат на себе што не се изнавикале уште малку повеќе. Риби – на рибите им се важни туѓите чувства, па силно се трудат да не навредат. Но, кога тоа ќе го стори некој друг врз нив, тогаш работите се поинакви. Тогаш знаат да кажат и нешта кои не ги мислат, само да врата двојно посилно на нападот. Кога рибите ќе се изнервираат, нивниот креативен ум работи со максимален капацитет, па последиците кон соговорникот може да бидат страшни. Кога ќе се смират, вообичаено се каат за нештата што ги кажале, иако е предоцна.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Септември.2015 во 18:16 |
Хороскоп кој преку ноќ стана голем хит, баш затоа што ви ја предвидува иднината врз основа на тоа што сте правеле досега. Ако ве интересира каде ќе бидете и што ќе правите за 10 години, само пронајдете си го знакот: Овен - во среќен брак Бик - ќе купува миленик
Близнаци - FBI агент
Рак - ќе шета по голем број концерти и настани
Лав - бездомник без скршен денар
Девица - ќе игра околу шипка
Вага - во затвор Скорпија - ќе се заљуби во пороци и опојни дроги
Стрелец - милионер
Јарец - сопственик на успешна книжара
Водолија - ќе стане славен и познат лик
Риби - во ментална установа
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Орка
Сениор
Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Септември.2015 во 20:46 |
Па како нема да завршам таму... Кога девица која демек ми одговара најповеќе ќе игра на шипка.
|
|
outlook123
Сениор
Maya
Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Септември.2015 во 08:31 |
leleee ostanav bez pari..bezdomnichka! hahhaha ama zatroa kje spechalam nekoja para na onie koi kje stignat do mentalna ustanova hahahah
Изменето од outlook123 - 04.Септември.2015 во 08:32
|
едно е - не се две
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Септември.2015 во 08:46 |
Детето ви тргна на училиште? Или ве интересира како ќе се однесува за некоја година кога ќе почне? А, можеби и вие сакате да откриете какво дете сте биле како мали... Прочитајте си еден забавен хороскоп кој го опишува секое дете во училиште. Кој брише табла, кој си го мести приборот на работ од масата, а кој е најдотеран? Овен Малиот Овен уште од првата минута пробува да е главен. Во трчањето накај училиште никој нема да го запре, исто како и во освојувањето на училницата. Си седнува во прва клупа и од тогаш па до 10-ти јуни се обидува да ги наметне своите ставови и да биде претседател на одделението. Бик
Бикот е мирно дете, но ќе стане целосна спротивност ако некој му стапне на нерв. Покрај книгите и приборот, во неговото ранче секогаш има грицки и сендвичи, па знае и да си касне на сред час. Со задоволство ја прифаќа улогата на благајник во одделението. Близнаци
За Близнаците училиштето е рај, полн со деца и нови лица за запознавање. Тешко дека ќе ги замолчите додека зборуваат на час. За нив часовите се игра, која по само неколку дена може да им стане здодевна. Обожаваат да си наоѓаат нови соговорници на неколку недели. Рак
Раковите се мирни и добри деца, па брзо стануваат миленици на учителките. Одлично се сложуваат со девојчињата и не е чудо што сакаат да се дружат со нив, попрво отколку со бесните момчиња. Ако случајно се здружат со немирни деца, стануваат главни во сите бељи. Лав
Малиот Лав треба од почеток да го учите дека катедрата е место за учителката не за него. Од првиот час пробува да биде главен, а ако случајно му се понуди да биде претседател, тешко на соучениците. Лавовите се добри другари и сакаат да помогнат во неволја, но само ако и понатаму се во центарот на вниманието. Девица
Кога ќе видите совршено испишани тетратки, сочувани и завиткани книги во украсна хартија, наместен прибор и моливи подредени по големина, знаете дека на тоа место седи Девица. Вредни се, па нема да имаат проблем по цел ден да ја бришат таблата. Ако на некое детенце му треба помош - први се.
Вага Секогаш најубаво облечена и дружељубива, Вагата со задоволство ќе ја ишкрта таблата со цртежи. Ликовно им е омилен предмет, а фломастерите и боичките омилени од целиот прибор. Мирните Ваги со задоволство ќе ги решаваат кавгите во одделението. Скорпија
Харизматичното дете кое без многу труд станува лидер во одделението , секогаш е Скорпија. Мали бунтовници кои обично се закачаат и се потсмеваат на сите, а истовремено многу лесно се извлекуваат од ваквите ситуации. Добри другари се, но и многу немирни, па често се дежурни кривци. Меѓу први си наоѓаат симпатија. Стрелец
Стрелецот е главен истражувач во одделението. Сакаат да го прочепкаат секое ќоше и да откријат нешто ново. Школската табла не ја сакаат, но затоа географските карти им се омилени. Го обожаваат одењето на училиште, но само заради дружбите. Јарец
Секогаш е подготвен, вреден и одговорен, само чека шанса да го каже тоа што го знае. Мирен е и сталожен, а другарите секогаш може да се потпрат на него. Сака да учи, а најсреќен е кога учителката ќе го пофали. Плус, обожава кога има ред во одделението, наместо хаос и викотници. Водолија
Мал немирко кој ќе се пикне во секое ќоше од училницата и дворот. Водолиите по природа се љубопитни, па затоа сака да оди на училиште и секој ден да учи нешто ново. Уште од првиот ден лесно се врзува за одделението. Смислувањето нови игри и бркањето по ходници му се омилени активности. Риби
Ликовно и музичко се омилените предмети на малите Риби. Сите дечиња ќе ги проучуваат со денови и месеци, само за да откријат кој може да им биде најдобар пријател. За разлика од Овенот, Рибите сакаат кога се во последната клупа. Така се најдалеку од учителката, а можат да посматраат се околу себе.
Изменето од Valerija - 04.Септември.2015 во 08:47
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
outlook123
Сениор
Maya
Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Септември.2015 во 08:56 |
ne e tochno - za lavovite , tvrdam od iskustvo hahahah nema mali lavovi - sdk!
|
едно е - не се две
|
|
Орка
Сениор
Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Септември.2015 во 21:37 |
Нема везе ја увек сакав на втора клупа во среден ред до Розе. А и така беше.
Изменето од Орка - 04.Септември.2015 во 21:38
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Септември.2015 во 08:31 |
КОЈ Е НАЈМОЌЕН, КОЈ Е НАЈУБАВ, А КОЈ Е НАЈСЕКСАПИЛЕН ХОРОСКОПСКИ ЗНАК?Најмоќниот хороскопски знак Можеби ќе се изненадите, но тоа е хороскопскиот знак Риби. Да, овие романтичари со нежни души всушност имаат најсилен карактер, бидејќи собрале многу мудрост под велот на емоциите. Бидејќи што и да се случува, тие знаат како да се извлечат, без да се скршат. Најсексапилниот знак Тоа е Овенот. Овните се енергични, решителни, но најважно е тоа што од нив извира магнетизам, за кој нема објаснување. Дури кога конкретниот субјект не се одликува со голема убавина, сепак околу него има многу додворувачи. Тоа се должи на таа мистична, моќна сексуална енергија. Најпосветениот знак Тоа е Девицата. Таа ќе ви биде верна до гроб, таа ќе ве заштитува и ќе се грижи за вас. Може да негодува и да критикува, и да ве дразни со безбројните претенции, но вие знаете дека длабоко во нејзиното срце има место за вас. Штом ќе успеете да и го освоите срцето на Девицата, таа нема да ве изневери и ќе се грижи да ги задовили вашите потреби. А ако некој ја повреди, ќе го натера да жали до крајот на животот. Најопасниот знак Ова веројатно нема да ве изненади – тоа е Скорпијата. Ако реши да се одмазди, ќе оди до крај и нема да ја пропушти и најмалата шанса да ве заболи. Во исто време ако Скорпијата прави мудри планови, вие никогаш нема да дознаете, се додека не ве удри како гром од ведро небо. Затоа, што и да правите, не создавајте непријател Шкорпија. Најубавиот знак Што се однесува на убавиот надворешен изглед, природата била најдарежлива кон Стрелецот. Претставниците на овој знак се навистина убави, и лице и тело, но токму затоа се многу суетни и се грижат секогаш да изгледаат совршено. Што уште повеќе ја зголемува нивната привлечност. Најсреќниот знак Најсреќните се Близнаците. Тие по природа се оптимисти и има зошто. Ако близнакот почне да станува мрачен и негативен, само ќе страда во животот. Близнакот знае секогаш да биде на вистинското место во вистинското време. Неговата судбина е таква – што и да се случува, на крајот тој секогаш печали. Најсемејниот знак Дефинитивно тоа е Ракот. За претставниците на овој знак семејството е се! И тешко дека некој друг хороскопски знак би можел да им се фати на малиот прст во тој поглед, како и за воспитување деца, создавање топол дом, грижа и посветување на блиските. Не случајно е многу важно Ракот да си најде партнер со висок морал кој ќе знае да ја прочита неговата добра душа. Најкомуникативниот знак Штом стане збор за убедување, разбирање, дискусија, заштита или само слатки приказни, Вагите се неприкосновени. Тие умеат да го разгледаат прашањето од секој агол и да анализираат најразлични возможни сценарија за реализација. Но најважно е што умеат да најдат заеднички јазик со сите останати знаци. Ќе импресионираат и претседател и клошар. Најмистериозниот знак Тоа е Јарецот. И не знаеме дали мистериозен или потаен е вистинскиот опис. Или и двете заедно. Не само што не ги споделува мислите и чувствата, туку секогаш успева да биде ладнокрвен и не можеш да претпоставиш што точно се случува во неговата глава. Колку и да си добар психолог, додека Јарецот не посака да се отвори, никогаш ништо нема да дознаеш. Најпретставителниот знак Тоа е Бикот. Со своите совршени манири, ретко се изразува без тактика и умее веднаш да ги поправи работите, ако тоа се случи. Не сака конфликти и секогаш ќе помогне ако го замолите. Тој е толку префинет знак, благороден и умен, што во негово присуство те прави да изгледаш како селски глупак дојден да бара совет од некој мудрец. Знакот кој никогаш нема да го заборавите Секако, тоа е Лавот. Човек едноставно не може да му одолее ниту пак да го заборави тој кралски став кој секогаш се издвојува од толпата. Кога на тоа ќе го додадеме чувството на хумор, високиот интелект, префинетите манири и боемското присуство, овој знак навистина ќе те натера да се вљубиш за секунда. А после тоа ќе ти требаат месеци, или години, за да го избришеш Лавот од мислите. Ако воопшто некогаш успееш… Најекстравагантниот знак Екстравагантни, оргинални, модерни, со стил, како ѕвезди од големите екрани се Водолиите. Буквално од две парталчиња ќе направат комбинација како од високата мода. Имаат неверојатно чувство за стил дури и кога изгледаат нестандардно. И не само тоа. Самата нивна внатрешна енергија дава на знаење дека се нешто повеќе од другите. Дека ќе биде вистинска чест ако ти обрнат внимание.
Изменето од Valerija - 14.Септември.2015 во 08:31
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Орка
Сениор
Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Септември.2015 во 18:19 |
Мислаааааа има ли подобро од тоа кога другите зборат за тебе.
|
|