|
ФИФА СП (Мундијал) |
Внеси реплика | страница <1 1011121314 38> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е што му е на првенството за да не бидам доволен ?
|
|
bingo
Сениор Регистриран: 25.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 2522 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
абе не се пиши доволен него задоволен ок
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се знае дека во првите натпревари на сите големи натпреварувања се влегува по малку резервирано и играта на фаворитите не е баш таа што се очекува.Денешната игра на Холанѓаните е разбирлива бидејќи играа со Данска една квалитетна репрезентација , во натпревар во кој грешките одлучуваат , така беше и денес.Холанѓаните се мои фаворите на ова СП и се надевам дека порелаксирано ке играат со Камерун и со Јапонија и ке прикажат поквалитетна игра.Ако се оди според предвиденото најдобрата утакмица која што Холандија би ја одиграла ке биде таа во 1/4 финалето
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Холандија до првата победа на Мундијалот
Јоханесбург, 14 јуни 2010 (МИА) - Во првиот натпревар од денешната програма на „Сокер сити“ во Јоханесбург во дуелот на двете европски селекции Холандија извојува победа со 2:0 против Данска. Она што не успеаја да го направат холандските напаѓачи во 46-тата минута го стори данскиот фудбалер Симон Поулсен кога со помош на Даниел Агер ја затресе мрежата на својот голман Соренсен. Победата Холандија ја потврди на пет минути пред крајот на мечот кога одбиената топка по ударот на Елиа во голот ја смести Дирк Кујт. Првото полувреме мина во знакот на „лалињата“ кои имаа повеќе од играта, но без зрела шанса. За разлика од нив Данска опасно се закани со ударите на Бендтнер, а потоа и на Ромендал и преку Каленберг се во период од десет минути. Но, мрежата на Стекеленбург остана не затресена. При резултат од 1:0, Холандија се закани преку Снајдер кој со удар од 18 метри за малку ќе го совладаше противничкиот голман, но топката ја погоди пречката. На три минути до крајот Афелај биеше кон противничкиот гол, но Поулсен кој си постигна автогол овој пат расчисти од пред празната мрежа. Во вториот натпревар од групата Е во Блоемфонтиен играат Јапонија и Камерун со почеток во 16 часот, додека денешната програма ќе биде комплетирана со првиот дуел од Ф групата – светскиот првак Италија во Кејп Таун од 20 часот и 30 минути игра со Парагвај. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јапонија минимално го победи Камерун
Блемфонтен, 14 јуни 2010 (МИА) - Репрезентацијата на Јапонија со минимален резултат од 1:0 го совлада Камерун во вториот натпревар од групата-Е на Светското првенство во Јужна Африка. Попладневниот меч во Блемфонтен јапонските фудбалери го одиграа дефанзивно и дисциплинирано во одбраната која успешно ги скроти „лавовите“. До полниот плен Јапонија стигна со голот на Хонда во 39-тата минута кога го искористи центаршутот на Мацуиа и со прецизен удар го совлада противничкиот голман. Камерунците неколку пати се заканија со удари од далечина и тоа беше се во „пријателското“ прво полувреме. Вториот дел започна со поофанзивна игра на африканската селекција, но бункерот на „самураите“ одолеа на нападите, а на десет минути пред крајот Јапонија пропушти контра за 2:0. Кога се очекуваше крајот на мечот Камерунците преку резервистот Еман ја погодија пречката, а Вебо во судиското надополнување не искористи убава шанса за израмнување. По одигрувањето на првото коло во Е-групата водат Холандија и Јапонија со по 3 освоени бода, Камерун и Данска се без бодови. Вечерва во терминот од 20 часот и 30 минути се игра дуелот меѓу светскиот првак Италија и Парагвај |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да се забранат вувузелите!
Вувузелата, инструмент кој е заштитен знак на Јужна Африка, од почетокот на Светското првенство предизвика бројни полемики меѓу фудбалерите, навивачите и целокупната спортска јавност. Звукот кој го произведува вувузелата се споредува со оној на рој од неколку илјади пчели и главно впечатокот е дека со него се задушува вообичаената атмосфера на фудбалските натпревари. Шефот на организацијата на Светското првенство, Дени Џордан изјави дека може да ги забрани вувузелите на стадионите само ако за тоа постои реална основа, односно ако некоја од нив во моменти на лудило заврши на теренот или слично. Капитенот на Франција, Патрис Евра ја обвини буката што ја произведуваат вувузелите за лошото издание на неговата репрезентација на мечот против Уругвај во првото коло од Мундијалот. "Ноќе не можеме да спиеме поради вувузелите, луѓето почнуваат да свират уште од шест часот наутро. Исто така, поради нив не можеме да се слушнеме на теренот", изјави Евра. Навивачите од Јужна Африка не гледаат во вувузелите ништо лошо. "Тоа е наш начин да ги мотивираме играчите, да ја искажеме среќата и чувствата што ги имаме додека сме на стадионот. Навикнавме на нив и без вувузелите не можеме да уживаме во натпреварите. Тоа е традиционална работа во Јужна Африка", вели 23-годишниот Сази Млватика. Шефот на организацискиот одбор на СП, Дени Џордан призна дека буката можеби ги иритира љубителите на фудбалот, но и дека организаторите се обидуваат да го намалат влијанието на вувузелата. "Се обидуваме да воведеме некаков ред. Баравме да не се слушаат вувузелите барем додека се слушаат химните или за време на најавите на фудбалерите. Тешко е, но се обидуваме да го најдеме најдоброто можно решение. Некои поединци, можеби и телевизиски станици кои го пренесуваат Мундијалот исто така ни се жалеа што ваквите работи ги решаваме во од. Искрено, и јас повеќе би сакал да се слуша пеење на натпреварите. Реално, не е за верување дека вувузелите навистина ќе бидат забранети на Светското првенство, особено ако се знае дека претседателот на ФИФА, Сеп Блатер е на став дека овој инструмент е вообичаен дел од јужноафриканскиот фудбалски фолклор како што се тапаните или песните во другите фудбалски култури. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова со Вувузелите ме вади од контакт додека гледам фудбал.
На сите досегашни мечеви не слушнав навивање на публика освем овие свирките ,гледаш фудбал и слушаш пчели
Под хитно да ги забранат овие инструменти
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
BZZZZzzzzzzzzz....
|
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имаш слика, гаси тон (ако ви сметаат вувузелите)
Секое светско првенство треба по нешто да е специфично, ова е по вувузелите и по елипса-топките... |
|
ZOTE
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 627 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
абе да му текне на неко јда ги увезе и да прави бизнис па после по цела еврпа да зујат
или пак секој странски навијач а ги има многу да си земат п оеден сувенир и псоле да го донесат на стадион п оцела европа леле што ќе биде тогаш |
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Se si mislam deka ova zujalicive se nekoja finta. Niednas ne dadoa nekoj u publika kako duva u niv...
Garant na razglas pustaat snimka od nekoj osarnik... Inaku, Japan se pokaza denes. Honda postigna pogodok, Subaru i Mitsubishi bea vo senka, a nidge gi nemase Toyota i Mazda. Nisan bio tu... U narednata utakmica moze kje poigraat i Kawasaki I Yamaha... Изменето од Marko Polo 1 - 14.Јуни.2010 во 23:38 |
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"pa da je BMW pa da razmislim" но заради повреда БМВ ќе го пропушти ова светско првенство,но тука се Mercedes, Audi i Porsche заедно со нивната дружина Opel и VW кои исто така не се за потценување Изменето од Schatzii - 15.Јуни.2010 во 11:16 |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Словачка испушти победа во последната минута во дуелот со Нов Зеланд
Рустенбург, 15 јуни 2010 (МИА) - Во својот дебитански натпревар на Светските првенства репрезентацијата на Словачка испушти победа во последната минута против Нов Зеланд играјќи нерешено 1:1. Натпреварот се одигра во Рустенбург, а стрелец на голот за Словачка во 50-тата минута беше Роберт Витек. Тоа воедно е првиот гол за Словачка на Светските првенства. Првата шанса за изедначување на Нов Зеланд ја имаше Фреинц Шмелц во 88 минута, но беше крај голот. Израмнувањето стигна во третата минута од судиското продолжение кога Винстон Рид ја затресе мрежата на голманот на Словачка. Ова е првиот гол за Нов Зеланд на Светските првенства во второто учество. По нерешениот резултат во групата Ф сите четири селекции (Италија. Словачка, Парагвај и Нов Зеланд) имаат по еден бод со иста гол разлика 1:1. Денеска на програмата покрај овој натпревар се уште и дуелите од групата Г каде од 16 часот во Порт Елизабет играат Брегот на Слоновата коска против Португалија, додека во терминот од 20 часот и 30 минути на „Елис Парк“ во Јоханесбург играат Бразил и Северна Кореја. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kakva be slovacka, bese cist offside nivniot gol....napred nasiiiii.....
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
Внеси реплика | страница <1 1011121314 38> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |