|
Припадник на МВР претепа момче до смрт |
Внеси реплика | страница <1 910111213 29> |
Автор | |||
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Прашања на кои треба да добиеме одговор!
-Дали убиството е извршено „на свиреп или подмолен начин“ (за што следува казна затвор најмалку десет години или доживотен затвор)? Зошто никој не ја обезбедил потенцијалната „crime scene“ откако медицински лица констатирале смрт, и кој и зошто го одвлечкал телото на починатиот од сцената на злосторството? -Дали имало помагање во извршување на кривичното дело? Според Кривичниот законик (КЗ), за помагање се смета и „...однапред ветено прикривање на кривичното дело на сторителот, на средствата со кои е извршено кривичното дело, на трагите на кривичното дело...“. -Кои лица се одговорни за „Непријавување на кривично дело или сторител“? Во моментот кога било сторено кривичното дело, во близина имало голем број на службени лица и други очевидци. Според КЗ, „Службено лице кое свесно ќе пропушти да пријави кривично дело за кое дознало во вршењето на својата должност, ако за тоа дело според законот може да се изрече казна затвор од пет години или потешка казна, а делото се гони по службена должност, ќе се казни со парична казна или со затвор од една до три години.“ (чл. 364.) -Дали имало „Помагање на сторител во извршено кривично дело“? Според КЗ, „Тој што ќе скрие сторител на кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност или со прикривање на орудијата, трагите, предметите или на друг начин ќе му помогне да не биде откриен... ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“ Но, „Тој што ќе му помогне на сторител на кривично дело за кое е пропишана казна доживотен затвор, ќе се казни со затвор од една до десет години.“ Во случајов, постојат повеќе индиции дека имало прикривање на убиство на свиреп и подмолен начин, кривично дело за кое е предвидена казна доживотен затвор. Оттаму, сите што помагале свирепото убиство да биде „заташкано“ цели 40 часа, треба да бидат осудени и да добијат затворска казна од една до десет години. Кои се мотивите на прикривањето на свирепото убиство, кое се случило пред да бидат објавени резултатите од страна на ДИК? Зошто кривичното дело е „признаено“ од страна на МВР дури откако е објавен извештајот на набљудувачите на ОБСЕ и по бурните граѓански протести? -Кои одговорни лица од МВР им дадоа на медиумите лажни информации на 06.06 дека не е сторено кривично дело убиство, туку дека на момчето „му се слошило“, и кои одговорни лица во МВР соопштија лажни информации дека „првични траги на насилство нема“? -Кои одговорни медицински лица констатирале смрт кај жртвата, и зошто истите не пријавиле дека смртта настапила како резултат на тешки телесни повреди? |
|||
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Насловот е преземен од медиумите, односно мојот коментар е преземен од друга тема и како прв со кој почна дискусијата излегува дека јас сум автор. Инаку се согласувам-тогаш се сметаше дека бил припадник на Алфите, но сега кога се знае дека е од Тигрите можеби и треба да се смени насловот. Околу шпекулациите-па веќе нема шпекулации. Судска медицина докажа дека момчето е убиено, кривецот се пријавил и му е одредена мерка притвор. Јавноста не се смирува, бара објаснение за многу нејаснотии околу овој случај.И како што објасни Зен според законот е јасно што следува. Пак ќе кажам-жалосно два млади живота уништени. |
|||
pecok
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мене чисто ме интересира што ќе се случеше и какви протести ќе имаше кога хипотетички убиеното дете ќе беше албанче, а не македонче?
И зошто до сега сите настани на полициска бруталност што излегле во јавноста (а ги има многу) биле врз македонци, а никогаш врз албанци? И што кажува тоа за нас македонците? Граѓани од втор ред? Неслога? Глупавост? Затупеност? Незнаење како? Протестите се смешка. Исто како оние од стечајците кои со години со шатори кампуваа пред собрание. Си помогнаа тие нешто? Си го подобрија својот статус? Што добија со кампување пред собрание освен реума? Добра ноќ Македонијо, каде и да си... Ода на гадоста Изменето од pecok - 09.Јуни.2011 во 18:04 |
|||
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Треба да се смени насловот бидејќи mamаmd може да влече легално-правна одговорност (ако некој се сети да ја гони). Има еден куп судски одлуки за интернет по светов во последно време и не би сакал еден со-фирумец да го јаде стапот, а и овој форум да добие доза негативна пропаганда. Плус, фактички не е точно напишаното.
Легално-правната одговорност може да биде само индивидуална. Ти збориш за применета политика (policy) -- која секако треба да се развива за да нема вакви случаи во иднина. Изменето од Persej7 - 09.Јуни.2011 во 18:12 |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ова е првиот коментар кој беше во друга тема и кој заради актелноста на темата е префрлен во нова тема со овој наслов кој беше актуелен и користен такаречи од сите медиуми во земјава за што според праксата на форумот сум информирана на ЛП. Значи процедурата на овој форум тече според правилата кои никогаш не се кршат. Мојот коментар околу несоодветноста на насловот е САМО заради тоа што веќе се знае кој е убиецот. Сепак за промената одлучуваат админите или модераторот на подфорумот Политика. Нејсе. Сега на ТВ го гледав братот и чичкото на момчето па се испотресов. Посебно ме расти апелот нивни до медиумите да не се политизира случајот, да не ја оцрнуваат личноста на убиеното момче и да го нарекуваат криминалец. |
|||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Злоупотребувам смрт на еден дечко за политички цели???? Како не ти е срам!!! Ти, кој пишуваш небаре си портпарол на владата!!! Јас сум јако опозиционо настроена, но не сум член ни симпатизирам ниедна партија, ниту ми паѓа на памет да и правам услуга на некоја партија преку нечија трагедија!!! Каде го виде тоа мое злоупотребување? Тоа што реков дека институциите мора да преземат одговорност, тоа ли? Одговорноста која ја бара народот ти пречи? Институциите, полицијата, за ништо не смее да биде повикана, тоа ли е проблемот? Кога ја слушнав Јанкуловска на изјава вчера како вели не се чувствува одговорна за ова, како можам да не реагирам на тоа?? Тоа што опишувам дека живееме во држава во која е силно присутна агресија и бес насекаде, во училиштата, на улица, во домовите, тоа ли е злоупотреба за политички цели за тебе? Само бесчувствителен човек може да си дозволи да и прави услуга на некоја партија да собира поени на вакви настани. Но, зарем можеме да замижиме и да не побараме одговорност од институциите? Зарем можеме да замижиме кога вакви насилија нам се почесто ни се случуваат? Зарем не е човечки да се свртиме позади и да се запрашаме зошто толку насилство меѓу нас? Те молам немој да ми зборуваш за злоупотреби. Ова нас сите не засега, и ти би требало како човек да ја побараш одговорноста. Нејсе.... Сакам да кажам дека се согласувам со форумџиите дека овој немил настан покрена многу прашања.... Се согласувам дека треба да се преиспита начинот на регрутирање на полицијата, дека треба да поминуваат психолошки тестови, треба да имаат слецифични обуки за справување со стрес, за емоционална интелигенција-за самоконтрола, за себеуправување, за адекватна проценка на ситуација....дека треба да одат често на психолошки проценки...психолог би увидел доколку еден полицаец има диспозиции за вакво дело, кое е очигледно во афект направено... Исто така, доколку е точно дека овој човек бил во конфликтот 2001, многу од овие луѓе не добија психијатриска помош, а многу од нив страдаат од посттрауматски стрес...жалосно е да се случат вакви ситуации, па да се сетиме на тоа што е обврска на една држава спрема бранителите... Изменето од Kali - 09.Јуни.2011 во 20:38 |
|||
pmmladen
Сениор Регистриран: 21.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 333 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
x
Изменето од pmmladen - 15.Февруари.2015 во 23:58 |
|||
ljoce
Сениор Регистриран: 24.Мај.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 197 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако не се салам припадниците на МВР нека одат да се лекуваат!!! А не да тепаат луѓе!!! Па нека биле и криминалци но за тоа дали се и што се, тие немаат мозок да одлучат туку тоа треба да го направи судија. Изменето од ljoce - 09.Јуни.2011 во 21:49 |
|||
Се што било,поминало и се што ќе биди ќе помини.
|
|||
pecok
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Полиција не смее да тепа. И да сум криминалец нивна работа е да ме уапсат. Потоа на суд да се утврди што како. Нели демократија сме, демократско општество? |
|||
pmmladen
Сениор Регистриран: 21.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 333 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
x
Изменето од pmmladen - 15.Февруари.2015 во 23:57 |
|||
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Тоа се обидувам да ти кажам, доколку можам да допрам до твојата свест во целата таа хистерија и бес што те опфатиле. Легално-правно не можеш да бараш таква одговорност. Односно можеш, ама во друг систем - во комунизам. Некако си ги измешала лончињата. Одговорност можеш да бараш само од тој што го сторил делото и од неговите помагачи. А тие веднаш беа приведени од МВР и против нив се води истрага. Затоа реков твојот коментар е несоодветен, а дека смрди на политички мотивиран - и тоа стои. Изменето од Persej7 - 09.Јуни.2011 во 22:43 |
|||
pecok
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Прикривање и заташкување на убиство е соучесништво.
п.с. Не беа веднаш приведени. Официјално веднаш изјавија дека момчето починало од природни причини, т.е. немало трагови на насилство. |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Една тронка на светлина која се појавува во ова мрачна ситуација даваат младите кои дигнаа глас против непромислени постапки на поединци во полицијата. Социјалните мрежи стана поле каде младите разменуваат свои ставови за ваквите несакани појави. Еве една хронологија на настанот
Твитерџиите ја "притиснаа" полицијата |
|||
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Нема никакво прикривање ни заташкување на убиството. Напротив, вовлечените во случајот се во притвор и се води истрага против нив, а сослушани се и земени изјави од сите 15 сведоци. На самиот почеток од немилиот настан, односно во првата изјава со која се појави Котевски, беа наведените искази што си ги посочил. Но сето тоа се смени откако ги добија официјалните резултати. Пази се работи за прв ден од разврската на едно кривично дело и тоа ден после избори. Проблемот е што Македонската јавност сака се да и биде точно кажано во истиот момент. Мене ми изгледа дека повеќето не разбираат што е тоа истрага и како се води. Додатен проблем е за да се задоволи јавноста, портпаролите излегуваат и кажуваат неофицијални информации, а тоа е голема грешка. Значи првата изјава беше според дадените извештаи на полициските службеници кои вечерта биле на местото на настанот, а кои -- сега е веќе сосема јасно -- се обиделе да се покријат меѓу себе. Но после МВР веднаш се поправи посебно откако доби официјални информации од вештакот. Треба да се чекаат и следат СИТЕ информации, а не да се шпекулира и хистериише. Изменето од Persej7 - 09.Јуни.2011 во 22:42 |
|||
Внеси реплика | страница <1 910111213 29> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |