IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Четвртата заповед : САБОТАТА!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Четвртата заповед : САБОТАТА!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 31>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2010 во 23:39
Originally posted by sk sk напиша:


I ushte neshto, zoshto mislish deka Pashata treba da se jade so stap vo race?


Затоа што така заповедал Бог.

„А јадете го (Пасхалното јагне) вака: со препашана половина, со обувки на нозете и со стап во раката. Јадете го набрзина: тоа е Господова Пасха.“ (Излез 12:11, Библијата)

Originally posted by sk sk напиша:

Sukkot....bash eve ide sega...sleden praznik...poentata na Sukkot e da te/me potresi na privremeniot zivot na zemjata, za da ne se vrzime za zemnite raboti. Kako shto se senicite privremeno mesto za ziveenje, koe e ne e stabilno i sigurno za zivot, takov e i ovoj zemski zivot.

Mislam deka slikata ti e dovolno jasna za Pashalnoto jagne, koj e i shto e, i toa proroshtovo e ispolneto. No sepak pomenot na toa treba da se drzi, pomenot na toj nastan so ukazuvanje na Pashalnoto jagne.
...

Pomini edna nok za vreme na Sukkot nadvor, pod otvoreno nebo, napravi svoj privremen dom, razmisluvaj za zivotot toj den sam, ti, senicata i Bog, i od sledniot den ke bidesh pomudar od predhodniot den. Ima mnogu golema poenta toj praznik. Mu pokazuva na sekoj covek kolku e vrzan za svetot. Ne sekoj moze da pomine nok taka. ili pomini podolg period. Ke razberesh poveke za samiot praznik i mudrosta vo nego.

Primer, napravi dom od kartonski kutii pokrien so granki, najdi neshto kade ke sednesh ili spiesh od materijali od prirodata, probaj da najdesh hrana toj den/denovi od prirodata, ostavi gi telefonite, kompjuterite, grizite, razgovaraj so Boga...

Da, treba da se drzi toj praznik.


sk, сметам дека таквиот начин што го предлагаш за одбележување на старозаветните празници е неприфатлив за Бог. Тоа би ти го потврдил секој рабин, секој евреин. Во Мојсеевите книги (Тората) има строго заповедани упатства како да се празнуваат тие празници.

Пасхата: Печено јагне со бесквасен леб и горчливо зеље. А јадете го вака: со препашана половина, со обувки на нозете и со стап во раката. Јадете го набрзина: тоа е Господова Пасха. (Излез 12:11)

Бесквасните лебови:
Да ги потсетат евреите на времето кога нивните татковци немаа време да потквасуваат леб при нивното бегство од Египет.
„Пази го празникот Бесквасни лебови - јадејќи пресен леб седум денови, како што ти наредив - во одреденото време во месецот Авив, зашто во месецот Авив излезе од Египет.“ (Излез 34:18)

Ноќта на бдеењето: Да ги потсети евреите на ноќта кога Господ бдееше за да ги избави нив од Египет.
„Онаа ноќ што Господ ја бдееше за да ги избави нив од Египет, оттогаш за сите Израелци, во сите нивни поколенија, е ноќ на бдеење во чест на Господа.“ (Излез 12:42)

Сениците: „Живејте под шатори седум дена. Сите родени Израелци нека престојуваат под шаторите, за да знаат вашите поколенија, дека Јас ги населив Израелевите синови под шатори, кога ги изведов од Египетската Земја.“ (Левит 23:42-43)
„и го славеа празникот Сеници, како што е пишано: принесуваа секојдневно паленици на број одреден за секој ден. “ (Езра 3:4)

Како што гледаш, покрај упатствата кога и како треба да се одбележуваат, од Бог е заповедана и причината/целта зошто треба да се одбележуваат т.е. од Бог е заповедано точно каков спомен треба да им освежи одредениот празник на евреите.

Сепак овие празници се однесуваат на евреите и само на евреите, да ги потсетат на нивното избавување од земјата каде што беа робови - Египет. Секако дека тоа има алегорија и за нас нееврејските христијани денес (како што и ти забележа, нас Бог не избавил од земјата на гревот), но сепак на нас ни е заповедано да одбележуваме друг новозаветен празник: Господовата спомен вечера, и слично како на евреите, и нам ни се дадени упатства како треба да ја одбележуваме (со раскршување на леб и чаша вино), и кажано ни е во чиј спомен треба да го одбележуваме тој празник:

„„Земете, јадете, ова е Моето тело, кое се крши за вас. Правете го ова за Мој спомен!” Исто така и чашата, по вечера, и рече: „Ова е чаша на Новиот Завет во Мојата крв. Правете го ова, секојпат кога пиете, за Мој спомен!” Зашто, секојпат кога ќе го јадете овој леб, и ќе пиете од оваа чаша, ја навестувате Господовата смрт, додека дојде Тој. “ (1 Коринтјаните 11:24-26)

Инаку, скоро сите старозаветни еврејски празници имаат пророчка димензија и се поврзани со делото на Христос, службата на црквата и нејзиното прославување. Но за тоа ќе пишувам во некоја друга прилика.
Поздрав!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2010 во 23:41

Обрезанието, нејадењето на одредени јадења, држењето на празници, млади (нови) месеци, саботи, ... е сенка која не’ упатува кон - Христос - Прачистата БОЖЈА Светлина, во Кого е полнотата на Суштината и Вистината!


Џабе мие грапчењето и фиксирањето кон сенката, ако Светлината БОЖЈА, Мудроста БОЖЈА, Милоста БОЖЈА - Христос - не изгрее во моето срце и не ме ослободи од темнината!
   


На сите што веруваат и не веруваат на Совршената Вистина, одсрце им посакувам да бидат помилувани и ослободени од проклетсвото.


АМИН













Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 515
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 09:44
EvAngelos, jas nema da odam protiv zborovite na Boga. Drzi gi kako shto veli Bog.

Edna rabota e nevistinita, a toa e deka tie se odvivaat samo za evreite. Evrei ne izlegle samo od Egipt, tuku potomci na Avramovo seme, evrei i muslimani, kako i dojdenci koi so vera i zelba da mu sluzat na Boga se priklucile kon potomcite na Avramovoto seme. I site imale isti zakoni. Denes coveshtvoto si sozdalo sistem na kade sekoj si go velica svoeto sfakanje, a go umalovazuva svakanjeto na drugiot. Vo celata taa covecka malverzacija niz godinite, Bozjiot zbor ima malku znacenje, zatoa shto lugje so svoite svakanja se drznale da gi menuvaat i komentiraat Bozjite zborovi potpirajki se na svojot avtoritet, na svoeto bogatstvo i drugi vlijatelni faktori. So toa lugjeto go izednacuvaat svojot zbor so Bozjiot i svoeto razmisluvanje so Bozjieto.

Se dodeka ne se razbere deka lugjeto nemaat pravo na promena na Bozjiot zbor, do togash ke postojat religii, raspravii megju religiite, vojni, teoloshki diskusii (namestvo poslushnost kon Bozjite zborovie), raspravii, itn. Najdolem gubitnik od seto ova e covekot, zoshto negoviot zbor nema nikakvo vlijanie vrz Bozjiot zbor. Bash naprotiv, nie ke bideme sudeni SPORED NEGOVITE ZBOROVI i spored TOLKUVANJETO NA NEGOVITE ZBOROVI OD NEGOVA GLEDNA TOCKA. Kako ke kaze ON taka ke e. A ON kaza deka Negoviot zbor e NEPROMENLIV.

Ako covek ne razbira neshto i ne moze da izleze od svojata intelektualna kutija, ne treba da go stava Boga vo negovata intelektualna kutija na razmisluvanje i da gleda spored coveckoto svakanje. Naprotiv, promenata kaj covekot treba da se sluci, a ne kaj Bozjite zborovi.

Idejata deka neshto se slucilo pred 2000 godini, i sega e senka, treba da se zameni e tocno protiv Bozjite zborovi koi velat nema promena se dodeka sme pod isto nebo i ista zemja. A nie sme. I od ovde treba da se preispitaat coveckite religiozni zaklucoci. Ako moeto mislenje e sprotiv Bozjite zborovi, pa makar i zvucelo logicno, sepak e greshno, zoshto tie se vo konfrontacija so Bozjite zborovi.

Za na kraj, eve ja dijagnozata: lugjeto se neposlushni kon Bozjiot zbor i skloni da kreiraat svoi pravila so koi mislat deka ke se izednacat so Bozjite zborovi. Eve edna prikazna koja ja staviv na drug post, koja tocno go objasnuva coveckiot problem:

Eden covek imal sin, shkoluvan koj zavrshil golemi shkoli. Covekot imal shtala kade gi cuval kravite. Eden den, covekot trebal da odi na dolg pat i go zamolil svojot sin da ja zavrshi rabotata koja on ja pocnal. Mu rekol da ja ofarba shtalata vo bela boja.

Otkoga tatkoto otishol, sinot pocnal da ja sprema shtalata. Koristejki go seto svoe znaenje reshil da mu pomogne na tatko si. Videl deka tatko mu se macel so nosenje seno sekoj den vo shtalata, i reshil da napravi sistem taka da sekoja krava dobiva seno vo isto vreme, taka da tatko mu nema da se maci tolku. Drugo, ja ofarbal shtalata vo zelena boja zoshto na toj nacin kravite davaat poveke mleko, mislejki deka se vo priroda. Napravil i sistem za dotur na voda do sekoja krava. Ja iscistil odnadvor i odvnatre i cekal da se vrati tatko mu.

Koga se vratil tatko mu, sinot sakal da mu pokaze shto napravil. Otishle zaeno vo shtalata i sinot mu objasnil kako funkcioniraat sistemite koj toj gi napravil. Togash potekle solzi od ocite na tatkoto. Sinot koga go videl toa, mu rekol na svojot tatko: ne placi, toa go napraviv za da ti pomognam zoshto ti si me pratil da zavrsham shkolo.

Tatkoto mu rekol na sinot: ne placam zaradi toa. Placam zoshto ti ne go poslusha mojot zbor.

Taka i nie lugjeto, si dodavame raboti vo ustata na Boga (so dobri nameri), a vo sushtina ne go slushame Nego.

Kolku i da se logicni nash*te postovi, dokolku se protiv Bozjiot zbor i nivno tolkuvanje spored Boga, tie se greshni.

Изменето од sk - 21.Септември.2010 во 09:48
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 12:15



   Nasite navredlivi zborovi i nasite greski-grevovi ne mozat da gi pokrijat smokvenite listovo,kako i golotinjata na Adam i Eva.
Nasite greski moze da gi pokrie nesto drugo i nekoj drug.

www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 12:31
sk, ме интересира, што претставува за тебе Божји Збор? Целата Библија или одреден дел од неа?
Ова е неопходно да го разграничиме за понатамошната дисксуија.
Поздрав! големо%20гушкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 515
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 12:35
Ona shto Bog go rekol preku Mojsej (Zakonot-Torata) i Prorocite. I bash tamu Sinot Bozji veli da go barame (Matej 5:17-19)
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 13:04
Значи според тебе Божји Збор се само 5те Мојсееви книги и книгите на пророците? А книгата на Јов? Соломоновите изреки? Псалмите? Евангелијата? Посланијата? Откровението?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 515
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 13:09
Sekade kade Bog licno kazal neshto.

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 13:43
Дури и тие делови во Библијата каде што Бог зборува лично, дури и тие се напишани од луѓе, посредници. Зошто би им верувал ним дека тоа што го напишале се Божји зборови?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 515
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 13:51
Toa e tocno. No do sega nemam sretnato nitu eden dokument kade licnite zborovi na Boga se smeneti, a i licno sum osvedocen za nivnata vistina. Ako neshto e tocno kaj Bozjite sledbenici od vremeto na Mojsej e toa deka tie verno go imaat preneseno Bozjiot zbor na koza pa na hartija. Drug dokaz za nivnata verodostojnost e deka Sinot Bozji ne se protivi na Bozjite zborovi, tuku naprotiv gi potvrduva. On ja imal Torata, ja znael "napamet", taka da bi ni kazal nekade ako nekoj zapis ne e spored Bozjiot zbor. Takvo neshto nema.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 14:08
Да, но Синот Божји не ја потврдил само Тората и Пророците, туку и книгата на Јов, Псалмите, Соломоновите изреки - бидејќи нели тој цитирал и од нив. Исто така Синот Божји цитирал и од оние места од стариот завет каде што Бог не говори лично, туку говорел Мојсеј, Давид и сл. Синот Божји им вети на апостолите дека ќе им го прати Духот на Вистината (Светиот Дух) кој ќе ги упати во целата вистина. Тие го запишаа новиот завет.

Христовите апостоли заедно со Светиот Дух одлучиле дека нееврејските народи не мора да се обрежуваат, ниту да ги извршуваат сите останати заповеди и регулативи кои Бог им ги даде во стариот завет преку Мојсеј, туку само да се возджуваат од блудство, принесена храна на идоли, крв и удавено. И секако да ги извршуваат Христовите новозаветни заповеди.
Павле во посланието до евреите ни објаснува дека новиот завет се темели на ново свештенство, не по редот на Арон, туку по редот на Мелхиседек и дека единствен свештеник и првосвештеник е Исус Христос, вечен свештеник кој не умира, свештеник кој нема потреба да принесува животиснки жртви затоа што Самиот се принесе како жртва за очистување на нашите гревови.
Со тоа по неопходност дојде и до промена на Законот.

„Зашто, ако се промени свештенството по неопходност станува и промена на Законот.“ (Евреите 7:12)

За адвентистите е крајно богохулство Божјиот закон да се смени, но тоа е библиска вистина. Бог го дал законот (со посредство на ангели) и Бог има суверено право да го смени. Бог не го прекршил стариот завет, туку човекот. Затоа Бог воспоставил нов завет, за да му понуди спасение на човекот кој не можеше и сеуште не може да се спаси преку придржувањето на Мојсеевиот закон.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 515
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 14:18
Ova e tocno zoshto e potrebno da se drzi Bozjiot zbor, a ne covecki. Zborovite na bilo koj covek mora da se vo potpolna soglasnost so Bozjite zborovi za da se kaze deka toa e Bozji covek.

"Бог го дал законот (со посредство на ангели) и Бог има суверено право да го смени." - Bog ima potpolno pravo na toa, i On go iskoristil Svoeto pravo koga rekol deka NE SE MENUVA NEGOVIOT ZBOR. Takvo pravo imal i Sinot Bozji i on rekol deka Negoviot zbor nema da pomine dodeka ne mine ova nebo i ova zemja. Taka da Oni go iskazale svoeto pravo na ne menuvanje na nivnite zborovi. Nashe e da gi pocituvame Nivnite prava.

Se drugo e od coveka.
Кон врв
sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 515
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 14:23
Stihot vo Evreite 7:12 zboruva za vrakanje na sveshtenstvoto tamu kade i shto bilo pred grevot. A zakonot e "promenet", vraten tamu kade shto i bil pred grevot, vo srcata na lugjeto. Promeneta e formata na istiot princip, zatoa shto ziveeme vo vremeto na ocistuvanje od grevot kaj lugjeto i kaj se drugo od zemjata. Vo toj proces na ocistuvanje ne e smenet principot, tuku formata - od necisto, vo cisto.

Zarem ne gledash deka veke navlegovme vo covecka diskusija za Bozjite zborovi, namesto tie da se prifatat onakvi kakvi shto se, bez covecki dodavki i interpretacii? Ovaa e stara igra i pocnala od Adam i Eva. Eva go tumacela Bozjiot zbor na nacin kako i svbele ush*te. Istoto i denes. "Isti bomboni, drugo sovremeno pakuvanje"
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 14:36
Божјите зборови, онакви какви што се, без човечки додатоци и интерпретации велат дека нееврејските христијани не го наследуваат старозаветниот јарем:

„Тогаш станаа некои од фарисејската следба, кои поверуваа, и рекоа, дека треба да бидат обрезани и да им се нареди да го пазат Мојсеевиот Закон. Апостолите и старешините се собраа да ја разгледаат таа работа и бидејќи настана големо расправање, Петар стана и им рече:
...
Зошто сега Го искушувате Бога, ставајќи им на вратот на учениците јаремот, кого ни нашите татковци ни ние не можевме да го носиме?

Светиот Дух и ние одлучивме да не ставаме на вас никакво друго бреме, освен овие потребни работи: да се воздржувате од жртвуваното на идолите, од крв, и од удавено и од блудство; ако се пазите од тоа, добро ќе направите.“ (Дела 15, Библијата)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 31>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,143 секунди.